ТОП

Нема фотографија

Џафери: Оставките се поднесуваат до премиерот, а не до Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување, објави Сител.Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.– Прво и основно, членот на кој се повикува во Деловникот, тој член 184 не е основ за поднесување предлог за разрешување избрано и именувано лице од страна на Собранието. Член 184 се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување. Што се однесува до оставката на избрано, именувано лице, особено на член на Владата, тој оставката ја поднесува до мандатарот, до премиерот зашто надлежноста на Владата, како предлог на Влада е на премиерот, односно мандатарот и до него се поднесуваат оставките. Доколку ги прифати оставките ги доставува Собранието за понатамошна постапка. Го известува Собранието дека НН лице, член на Влада поднел оставка и таа оставка се доставува до Собранието, а на прва наредна седница се констатира престанок на функцијата на дотичното лице.Во однос на ултиматумот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе предлог-одлука за разрешување доколку Филипче самиот не ја достави оставката до Собранието, Џафери вели дека пратениците може да достават самоиницијатива за интерпелација. Според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.– Јас не можам да ја процесирам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот, рече Џафери за Сител.

Македонија | пред 4 години

korona-njemacka

23 починати, 464 нови заразени со коронавирус

Во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по 2, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран - по 1.Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од: Скопје – 183, Гостивар – 43, Куманово – 27, Струмица – 22, Битола – 20, Кичево – 19, Штип – 15, Свети Николе – 13, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8, Ресен и Богданци – по 7, Делчево – 6, Неготино – 5, Радовиш и Кратово – по 4, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3, Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г).Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.Направени се 4.553 тестови преку: ИЈЗ-215, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–41, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–280, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Авицена-215, Биотек-246, Систина-64, лабораторија Лаор-314, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–94, Генеа-15, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-79, Ројал Медика –42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.962.Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79298, Активни 5858Куманово 10743, Активни 898Тетово 10649, Активни 1184Прилеп 8818, Активни 281Гостивар 7869, Активни 688Битола 6863, Активни 265Велес 5930, Активни 257Охрид 5712, Активни 590Кавадарци 5619, Активни 192Струмица 5488, Активни 565Штип 5456, Активни 233Кичево 3794, Активни 483Струга 3716, Активни 630Кочани 3069, Активни 108Гевгелија 2327, Активни 72Неготино 2276, Активни 48Свети Николе 1777, Активни 117Ресен 1470, Активни 107Дебар 1433, Активни 216Радовиш 1421, Активни 110Крива Паланка 1322, Активни 64Берово 1177, Активни 58Делчево 1095, Активни 75Виница 990, Активни 45Пробиштип 876, Активни 50Валандово 768, Активни 34Богданци 539, Активни 24Крушево 518, Активни 18Кратово 506, Активни 58Македонски Брод 452, Активни 39Демир Хисар 418, Активни 10Демир Капија 404, Активни 3Пехчево 307, Активни 11Македонска Каменица 284, Активни 17Дојран 139, Активни 4

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев до ДИК: Имате ли обуки, како од Марс да сте паднале

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев се огласи на Фејсбук во врска со поднесувањето на листите за кандидати за советници и градоначалници.Тотален ХАОС при поднесување на листите за кандидати за советници и градоначалници:- секоја Општинска изборна комисија низ Македонија различно си го толкува Упатството за пополнување од ДИК (па така имате ситуација каде една листа поминува, а кај друга исто пополнета листа - тоа што не било проблем, станува „проблем“ и ти ја враќаат);- судовите не работеле за викенд, па нема кој да ги провери кривичните досиеја на кандидатите, иако течат законските рокови за потврдување или корекции;- по два пати ти ги бараат истите документи, иако веќе еднаш си ги депонирал во централата на ДИК;- ти бараат документи кои не треба да ти ги бараат;- ти бараат нотарски заверки, иако не треба;- некој ОИК имаат дежурства, некои работат до 16:00 ч.;- членовите на ОИК изиграваат графолошки вештаци, па споредуваат потписи од л.к. дали биле исти со потписите на изјавите...!?Добро бе, имате ли ОБУКИ таму во Државна изборна комисија пред избори. За да не се бламирате вака!? Живи бруки сте, мајке ми. Коо први избори да ви се, па од Марс да сте паднале.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски има план како да ги разреши Филипче и Хасани преку Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара оставка од министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, поради изгорената ковид болница во Тетово, каде загинаа 14 лица. Побара од двајцата министри да достават оставки до Собранието каде би биле констатирани, а доколку не ги достават, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе достават предлог за разрешување.„Оставив три дена бидејќи мислев дека ако се неспособни по работа, нема да бидат толку неморални. Но тие можеле да бидат двете работи заедно. Даваме рок до вторник, рано пред пладне, министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден“, рече Мицкоски„Доблесно би било пред седницата да ги достават оставките. Доклку не ги достават, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог за разрешување на министерот и заменик министерот, со поддршка од другите пратенички групи во Собранието. За два дена од денеска јавноста ќе дознае дали ја имаме поддршката“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

kotlar

Богдановиќ до Котлар-Трајкова: Повторно му „пукате во нога“ на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со реакција по повод интервјуто на Наташа Котлар-Трајкова, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар.Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:Почитувана госпоѓо Котлар-Трајкова, повторно сте во заблуда, повторно му „пукате во нога“ на ВМРО ДПМНЕ , партија која ве поддржува и повторно сакате да направите забуна кај граѓаните за она што јас и мојот тим го имаме постигнато во овие 4 години откако ја презедов функцијата градоначалник на Општина Центар. Центарци а и целата македонска јавност знаат дека штетниот проект „Скопје 2014“ „чедо“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ, партија која стои рамо до рамо со вас на изборите и од која вие јавно не се дистанциравте.Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не ве подучиле како настана „Скопје 2014“, чие идејно решение е и чија реализација. Истите тие Детални урбанистички планови за кои вие говорите(ДУП-ови) кои се сега на сила и Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), за периодот 2012-2022, кои Вие самата ги нарекувате „проблематични“, ги донесоа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чија кандидатка сте токму вие.Само за потсетување, Општина Центар два пати воведе „мораториум на градби“ и откако Уставниот суд ја укина последната општинска Одлука за неспроведување на ДУП-овите, може да се гради по старите планови.Но, да одиме со ред: и покрај сите опструкции, успеавме да донесеме 9 ДУП-ови, со кои зачувавме над 14.000 метри квадратни зеленило. Општина Центар е првата општина која воведе обврска за 20% зеленило во градежна парцела и задолжитилен неопходен број на паркинг места во градежна парцела.Во ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, во споредба со стариот план, кој предвидува 4043 м2 парковско зеленило, новиот предвидува 5889 м2. Избришан е објект за колективно домување, кој е заменет со локален парк од 262 м2 и пешачка патека. Во ДУП-от Ново Маало 1 избришан е хотел, а на негово место во соработка со Град Скопје, изведен памп трак на површина од 2927 м2.Во ДУП-от Мирче Мацан зголемен е училишен двор на сметка на објект за колективно домување, на површина од 922 м2. Во истот план намалена е парцела на трговски објект на сметка на 492 м2 ново парковско зеленило. Во ДУП-от Даре Џамбаз преместена е катна гаража и зачувано е постојно детско игралиште и парковско зеленило на површина од 808 м2.Во ДУП-от Пролет пренаменета е парцела на урбана заедница и таму ќе никне нова детска градинка, прва во населбата Пролет на површина од 1992 м2, за која процедурата е веќе започната. Во истиот план избришан е планиран верски објект, а на негово место предвидено парковско зеленило на површина од 804 м2. Дополнително, предвидени се нови 8788 м2 парковско зеленило. Во ДУП-от Тасино Чешмиче избришан е станбен објект, а на негово место е предвиден нов објект за здравствена заштита, на површина од 1996 м2.Вцртавме 5 нови детски градинки во ДУП-овите: Парк/Дебар Маало 2; Маџир Маало, Буњаковец и Крњево; 2 нови културни центри во ДУП-овите Парк/Дебар Маало 2 и Мал Ринг, а планираме и изведба на блоковски парк, на површина од 1061 м2 и повеќе мали паркчиња во ДУП-от Геолошки завод и Клинички центар. Општина Центар го поништи одобрението за катната гаража зад зградата на „Телеком“. Во предлог ревидираниот план Мал Ринг отстранети се вкупно 15 сендвичари-киосци во барок стил, а не е планирано „Газебото“ (ротондата) пред објектот на МЕПСО. Она што е многу важно е тоа дека е тргната обврската од претходните планови за ситенови објекти и реконструкција на постоечките фасади да бидат во барок и класицизам. Во Центар сврте бројчаникот и така вративме 30 милиони денари, пари на граѓаните од мостот ‘Око’.Во ревидираниот ДУП Мал Ринг (каде што се сконцентрирани најголем дел од градбите на Скопје 2014) ги нема сплавовите во Вардар, фонтана со споменик, дел од скулптурите. Трите неизградени сплавови нема да се градат. Отстранети се Шпански скали, за што се преземени соодветни дејства во ОЈО и покренати се обвиненија.Во ДУП Тетовска трошарина (во близина на тврдината Кале), поништивме одобрение за изградба на галерија, на Графички центар ДОО Скопје во стечај и ја активиравме банкарската гаранција. Во тек се рочишта за раскинување на договор за катна гаража кај Автомакедонија, на барање на сопственикот на земјиштето. За Треска – прифатена е иницијатива на група граѓани и архитекти за урбанистичко уредување налокацијата по пат на јавен конкурс. Формирани се комисија за јавна набавка и жири комисија за избор на идејно решение за локацијата.Програмската задача што е креирана од стручната Комисија, ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини за изградба на нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот. Општина Центар обезбеди ажурирана подлога, геодетска снимка на постоечките дрвја, односно 95 дрва се геореференцирани, нумерирани ифото-документирани. Дополнително е направена анализа на сопственоста на земјиштето и објектите, спроведени се нумерички анализи и анализи на планските документации.Според ова, беспредметни се тврдењата на кандидатката Котлар-Трајкова за некаква фарса, нерешителен и неодлучувачки мандат. Напротив, овој пат, за разлика од едно друго време, кога се носеа планови во 4 часот наутро, бројките и фактите го говорат сосема спротивното, ние работиме за интересите на центарци.

Скопје | пред 4 години

vakcini-9

За два дена аплицирани 23.221 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 758.622 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани, а вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани.„Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, велат од МЗ

Македонија | пред 4 години

beni

Бени Шаќири: Шилегов е самобендисан, нема да ги добие моите гласови

Со акутелниот градоначалник, Петре Шилегов сме познаници, не сме пријатели, изјави музичарот Арбен Бени Шаќири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Тој вели дека Шилегов е самобендисан и дека во вториот круг не би ги добил неговите гласови, иако Шилегов јавно рече дека Бени му е другар и дека неговите гласови ќе ги добие во втор круг.Најмногу ми пречи лицемерието, пасивен беше три и пол години и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година“, изјави Шаќири во гостување на Сител.-Најмногу ми пречи лицемерието, пасивен беше три и пол години, и сега прави офанзива во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година, додаде тој.За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.-Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор, рече тој.

Скопје | пред 4 години

stevanovic

Стевановиќ: Модуларните болници спасија многу животи, верувам дека се безбедни

Илјадници пацинети кои се лекуваа беа спасени, вели во интервју за РСЕ директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, откако пожарот во Тетово однесе 14 животи.- Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести. Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите, изјави Стевановиќ на едно од прашањата.Директорката тврди дека многу пациенти кои не верувале во болеста пред да дојдат на клинката, на цела среќа многумина од нив се излекувани и на еден многу потежок начин го смениле ставот и ја откриле вистината.

Македонија | пред 4 години

kurto-dudush

Курто нема да оди со СДСМ, туку со ДОМ и ЛДП за нов мандат во Шутка

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, сепак ќе учествува на локалните избори во својата општина, но како кадар на коалицијата ДОМ и ЛДП, дознава „Фокус“.Претходно, СДСМ одлучи наместо со Дудуш, да се трка во оваа општина со претежно ромско население со Ферат Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на оваа партија на последните парламентарни избори.Се очекува ДОМ и ЛДП денес да го промовираат Дудуш како свој кандидат.

Македонија | пред 4 години

mkd-355369

Одземени лиценци на три нафтени компании

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.На Друштвото за градежништво, трговија и услуги ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС. Исто така одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут – М1 (НС) на Друштвото за трговија, градежништво и услуги ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје. Додека на Друштвото за трговија со технички гас и опрема БАШИНО ГАС извоз-увоз ДООЕЛ Велес е одземена лиценцата за трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).Одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.„Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. Гуливер нема да смее да увезува и тргува со Еуродизел БС, додека Пертинакс нема повеќе лиценца за тргување и увоз со мазут – М1 (НС), а Башиногас нема да смее повеќе да увезува и тргува со течен нафтен гас (ТНГ). Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 4 години

kiceec

Кичеец уште викендов во притвор

Зоран Милевски Кичеец, осуденик на три години за случајот „Рекет“, ќе биде уште викендов во притвор, дознава СДК, по сообраќајната несреќа во која тој учествуваше, а во кое загина едно лице.Гостиварскиот основен суд вчера доцна попаладне го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец. Веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.Во меѓувреме Кичеец ќе го чека обвинението за сообраќајката, по што треба да биде појасно каков ќе биде неговиот затворски третман.Кога ќе биде поднесено новото обвинение, тогаш директорот на затворот Струга треба да формира комисија и таа одлучува за укинување на привилегиите што ги имал до сообраќајката.Соговорниците од Управата немаат одговор што ќе се случи од понеделник со слободното движење на осуденикот Милески. Велат дека тоа е ингеренција на директорот на затворот во Струга и дека за случајот на Милески, ќе се бара решение во Законот за извршување на санкциите.

Македонија | пред 4 години

ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски за Филипче: Ако имаше оставка ќе се поднесеше до Собрание

Илија Димовски, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за здравство Венко Филипче не поднел никаква оставка, бидејќи , како што вели, тој би ја поднел до Собранието, а не до премиерот Зоран Заев.„ Воопшто немаше оставка… Да беше оставка, ќе се поднесеше до органот кој го избрал, а тоа е Собрание на Република Македонија.-Да беше оставка, за неа не одлучува никој, туку Собранието ја констатира на првата наредна седница… (читајте Устав). Да беше по Устав и право, ама не е…Да беше по морал и етика, ама не е…“ напиша Димовски.Тој оценува што ќе значи ако премиерот Зоран Заев ја прифати и отфрли оставката на Филипче.„Ако Зоран Заев ја прифати оставката ќе ја згази СДСМ… Ако Зоран Заев не ја прифати оставката, ќе се згази себе“, вели Димовски.

Коментари | пред 4 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

22 починати, 609 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Тетово – 25, Куманово – 24, Струмица - 22, Гостивар – 15, Штип – 14, Кичево – 13, Велес – 8, Берово и Делчево – по 6, Кавадарци, Прилеп и Македонска Каменица – по 5, Радовиш, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Неготино – 3, Битола, Ресен и Гевгелија – по 2, Крива Паланка, Кочани, Валандово, Кратово и Виница – по 1.Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).Сите пријавени се починати во болнички услови.Направени се 6.542 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–84, ЦЈЗ Куманово-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-324, Биотек-588, Систина-107, лабораторија Лаор-439, Синлаб-46, Ремедика-42, Плодност–102, Генеа-7, Никоб лаб-853, ВФВ Медикал-145, Ели Медика-182, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.657.Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79074, Активни 5828Куманово 10701, Активни 884Тетово 10639, Активни 1175Прилеп 8803, Активни 276Гостивар 7865, Активни 727Битола 6859, Активни 281Велес 5906, Активни 243Охрид 5691, Активни 572Кавадарци 5614, Активни 198Струмица 5453, Активни 552Штип 5429, Активни 221Кичево 3787, Активни 496Струга 3714, Активни 631Кочани 3064, Активни 111Гевгелија 2326, Активни 74Неготино 2274, Активни 51Свети Николе 1769, Активни 122Ресен 1464, Активни 108Дебар 1429, Активни 212Радовиш 1418, Активни 111Крива Паланка 1319, Активни 64Берово 1177, Активни 60Делчево 1095, Активни 81Виница 986, Активни 44Пробиштип 876, Активни 51Валандово 768, Активни 37Богданци 539, Активни 31Крушево 518, Активни 20Кратово 501, Активни 57Македонски Брод 450, Активни 40Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 404, Активни 3Пехчево 307, Активни 11Македонска Каменица 284, Активни 20Дојран 138, Активни 3

пред 4 години

241512812_1145245629337057_637752155896196900_n

Од истрагата ќе зависи дали Заев ќе ја прифати оставката на Филипче и заменикот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово.Обраќањето ви го пренесуваме во целост:„Почитувани граѓани,Огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите.Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија.Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, упатувам благодарност до сите чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага.Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани,  но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори.Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања.Овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата, но целиот процес се води целосно транспарентно и според највисоките институционални стандарди и протоколи.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Директори тргнаа да се бунтуваат: Не ја прифаќаме оставката на Филипче!

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.-Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и за жал починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.– Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.– Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да не води, стои во писмото.Неоправданиот страв, стигма и дискриминација, посочуваат тие, не придонесуваат кон напредокот на кој целиме.– Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!, стои во писмото од директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.Извор: МИА

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања