Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

241672421_318817120019918_2229773705397115344_n

„Сега ни е потребна светлина повеќе од било кога“, уметниците на Skopje Light Art District оддадоа почит на жртвите од Тетово

Продолжи фестивалот Skopje Light Art District, кој претходно беше прекинат порди трагедијата која се случи во Тетово.„На иницијатива на артистите, а на барање на публиката, вечерва продолжуваме со Skopje Light Art District, но без музика.We need light more than ever! “, стои во објавата на Фејсбук.Поради трагичниот настан, светлосните уметнички инсталации вчера беа активни, но без музика и звук, а уметниците испишаа пораки кои потоа беа проектирани на бината Школка.

Скопје | пред 4 години

kovid-tsentar-tetovo

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: За малку ќе останев внатре во болницата

Емши Ибим за медиумите на албански јазик изјави дека во првиот миг од пожарот се обиделе да го изгаснат, но не нашле противпожарен апарат во модуларната болница.– Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари – вели Ибим.Тој сведочи и дека шест дена се грижел за неговиот татко и брат кои биле во болницата затоа што немало доволно персонал. Тој додава дека пожарот започнла од собата број 3, се проширил во двојката и стигнал до првата. За жал не успеал да ги спаси, а за малку и самиот тој ќе останел внатре.– Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре – вели тој.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Марш во чест на загинатите од тетовската болница

Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот  во Тетово.Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи,  ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Македонија | пред 4 години

hqdefault

Груевски: Никој не ме тепал, вежбав и се повредив

Експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека веста физички напад врз него е лажна. Тој додава дека во изминатиот период вежбал, па така се повредил, а во моментов е во фаза на рехабилитација.Продолжуваат лагите, конструкциите и манипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат. Пред малку ми јавија дека некој портал објавил лажна вест дека сум бил физички нападнат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа. Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам. Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи.Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива. Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат.Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија. Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка. На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, манипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата.

Македонија | пред 4 години

buhova

Кој ќе го наследи Филипче, двајца директори се потенцијални министри

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова е можно да биде следната министерка за здравство, откако Венко Филипче се повлече од морални причини. Според извори на „Скопје1“, таа е најсериозниот кандидат, а по неа, се споменува и името на Виктор Исјановски, кој пак е директор на Здравствен дом-Скопје. Од нив засега нема потврда, ниту негирање дека премиерот Зоран Заев сака еден од нив да назначи на местото од Филипче.Според извори на „Скопје1“, а имајќи во предвид дека Бухова е дел и од Комисијата за заразни болести, таа е најсериозниот кандидат за наследник на Филипче. Таа одблиску ги знае состојбите со пандемијата, беше вклучена во носењето на одлуките поврзани со заштитните мерки и рестрикциите, притоа го познава здравството, неговите недостатоци и проблемите. За време на пандемијата, постојано беше присутна во јавноста, бидејќи институцијата со која раководеше, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, активно работеше во делот на издавањето на дозволи во нивна надлежност, заедно со решенијата за изолација.Од ова, се добива впечаток дека Виктор Исјановски е „план Б“, доколку, Бухова не прифати да биде министерка за здравство. За него, во изминатиов период се врзува и скандалот со бркањето од работа на долгогодишниот невролог, доктор Мирослав Гроздановски, откако ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“. Исјановски неколку денови по објавата на таблата му изготви решение со кое прво го премести да работи во поликлиниката „Бит пазар“, со образложение дека таму имало недостаток на кадар (кој патем го немало цела година), а потоа, го избрка и од работа. Одлуката за престанок на работниот однос ја донесе иако сам тврдеше дека нема кадар и докторот Гроздановски е неопходен во поликлиниките. За ова, директорот Исјановски доби големи критики од јавноста и фелата.Третото име кое се споменува е директорот на градската општа болница „8 септември“, Христијан Костов. Но, тој, нема афинитети да го земе министерското место во здравство.Министерот Венко Филипче вчера поднесе оставка од функцијата од морални причини откако изгоре модуларната ковид болница во Тетово. Тој кажа дека повлекувањето е од морални причини. Сега, се очекува премиерот Зоран Заев да ја прифати оставката и да назначи нов в.д. министер. Шансите дека Заев нема да го прифати понуденото повлекување се мали, особено имајќи во предвид на жестоките реакции од јавноста.

Македонија | пред 4 години

kiceec

Кичеец пак се враќа во затворот во Струга

Зорен Милески Кичеец од притворското оделение во затворот Шуто Оризари вечерва е транспортиран во затворот во Струга.Милески доцна попладнево бил вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината, потврдуваат за ТВ 24.Гостиварскиот апелационен суд го укина 30 дневниот притвор, кој почна да тече на 7 септември.Причина за да му одреди притвор беше страшната сообраќајна несреќа кај Стража во саботата, за која Кичеец е осомничен дека ја предизвикал, во која загина 34-годишен гостиварец и седуммина беа повредени.

Македонија | пред 4 години

apasiev-filipce-5

Апасиев по оставката од Филипче: Нас ли овие финти, бе министре?

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев реагираше откако министерот за здравство понуди писмена оставка до премиерот Зоран Заев. Тој смета дека станува збор, за како што пишува „финта“, бидејќи Филипче не дава туку нуди оставка, за која треба одлучи Владата дали ќе ја прифати.„Нас ли овие финти, бе министре? Оставка се дава како еднострана изјава на неотповиклива волја! Оставка не се нуди на некој (во случајов премиерот т.е. Владата), па да оставаш шанса да не ти ја усвојат - како што, ваљда, сте се договориле за да и замачкате очи на разгневената јавност. Оти, оставката од морални причини не зависи од ничија друга волја, освен од онаа на подносителот! Ама за тоа, треба да имаш етичка внатрешна вертикала и доблест која ти, за жал, не ја поседуваш“, напиша Апасиев.Иако вчера рече дека ќе чека да заврши истрагата, министерот за здравство Венко Филипче даде оставка од функцијата, како што веќе објави „Скопје1“. Причината за ова е моралната одговорност откако во Тетово изгоре модуларната болница и одзеде 14 животи на пациенти. Тој по констатирањето на оставката се враќа неврохирургија.„Пред граѓаните стоев транспаретно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Филипче за оставката: Жалам за загинатите, се повлекувам од морални причини

Иако вчера рече дека ќе чека да заврши истрагата, министерот за здравство Венко Филипче даде оставка од функцијата, како што веќе објави „Скопје1“. Причината за ова е моралната одговорност откако во Тетово изгоре модуларната болница и одзеде 14 животи на пациенти. Тој по констатирањето на оставката се враќа неврохирургија.„Пред граѓаните стоев транспаретно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата и министрите на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство. Од функциите се повлекоа и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, како и двајца директори од Клиничката болница во Тетово.Филипче на функцијата беше назначен во декември 2017 година, по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој беше избран за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 4 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

577 нови случаи, 30 починати лица од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово - 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип - 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци - 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од: Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица - 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш - 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1.Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.Направени се 5.362 тестови преку: ИЈЗ-504, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–92, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 18, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-329, Биотек-331, Систина-110, лабораторија Лаор-405, Синлаб-34, Ремедика-34, Плодност–59, Генеа-27, Никоб лаб-718, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-104, Ројал Медика –24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.051.Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 78798, Активни 5731Куманово 10651, Активни 859Тетово 10630, Активни 1192Прилеп 8789, Активни 269Гостивар 7848, Активни 726Битола 6842, Активни 266Велес 5886, Активни 231Охрид 5673, Активни 554Кавадарци 5596, Активни 186Струмица 5417, Активни 543Штип 5408, Активни 214Кичево 3772, Активни 494Струга 3699, Активни 618Кочани 3053, Активни 101Гевгелија 2321, Активни 71Неготино 2272, Активни 52Свети Николе 1764, Активни 121Ресен 1458, Активни 104Дебар 1424, Активни 208Радовиш 1403, Активни 100Крива Паланка 1316, Активни 63Берово 1168, Активни 58Делчево 1092, Активни 84Виница 982, Активни 41Пробиштип 876, Активни 55Валандово 763, Активни 33Богданци 539, Активни 31Крушево 518, Активни 20Кратово 496, Активни 53Македонски Брод 449, Активни 39Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 404, Активни 3Пехчево 304, Активни 8Македонска Каменица 283, Активни 24Дојран 138, Активни 3

пред 4 години

Bolnica-tetovo

Син си ја земал починатата мајка од тетовската болница, иако не ја давале бидејќи имала ковид

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.-Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информира дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

За три минути, изгоре цела ковид болница во Тетово сосе пацинети

Координаторот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини, утрово информираше дека пожарот во модуларната болница траел многу кратко време. Рече дека е чудно што толку брзо изгорело сè. Објасни дека пациентите сами се спасувале, нивни роднини се обидувале да ги извлечат преку прозорци. Не сакаше да шпекулира околу причините за пожарот, само нагласи дека за толку кусо време не можело да се употребат ПП-апаратите, кои, како што рече, ги имало во болницата.„Пожарот траеше три минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас, сите тие помагаа и, замислете, сè се случи за 3 минути. Цел град дојде ама сè веќе беше завршено. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеаја бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, вели Нуредини.На новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува. Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.„Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби да не се дозволува посета. Дали имало некој случај, не знам. Овде има и вработени во ковид-клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид-центарот“, вели Нуредини.

Македонија | пред 4 години

Mucunski

Муцунски е кандидат на ДПМНЕ за Аеродром, откриено името и за Карпош

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донесе одлука за кандидати за градоначалници на општините Аеродром, Карпош, Битола, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Долнени.Како што информираат од партијата, при изборот се воделе од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните.Во општина Аеродром кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Тимчо Муцунски доцент на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје каде предава Римско право, Реоторика и Правна аргументација.Тој е актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на партијата.За општина Карпош, избор на партијата е доктор Оливер Зафировски специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32-годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде бил и директор во периодот од 2006 година до 2017 година.Во 2016 година во рамки на Институтот го основал Центарот за цистична фиброза.Зафировски бил советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година и потпретседател на ОК Карпош во два мандата.Како кандидат за градоначалник на Битола, ВМРО-ДПМНЕ го номинира Тони Коњановски доктор специјалист епидемиолог, кој, како што велат од партијата, во време на ковид-кризата, ја потврдил својата висока професионалност, човечност и хуманост.Тој е и советник во Советот на општина Битола. Во изминатите години активно членува во Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.Кандидат за општина Струмица е Жан Дрвошанов дипломиран економист, со долгогодишно искуство од областа на финансиите и менаџирањето со сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.Кандидат за Кичево е докторот Александар Јовановски кој работи во сопствена приватна здравствена установа, со претходно работно искуство како професор по медицина во средното општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево.Во Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ ќе „истрча“ со Александар Рангелов дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први". Тој е актуелен советник во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка, фамилијарен човек, татко на две деца.Кандидат за челник на Старо Нагоричане е Велибор Денковски дипломиран на Филолошкиот факултет во Скопје на катедра за ПиТ француски и англиски јазик. Претходно работел и како наставник по англиски јазик во основни училишта на територија на општина Старо Нагоричане и Куманово, потоа и ангажиран во МИОА како поддршка на проектот компјутер за секое дете.Кандидат за градоначалник на општина Долнени ќе биде Ладо Глигороски, за кого од партијата велат дека е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.

Скопје | пред 4 години

235247538_2055028664645908_1609657782484412613_n

87 проценти од пациентите кои починаа минатиот месец не биле вакцинирани

87 проценти од починатите од коронавирус изминатиот месец не биле вакцинирани, додека 80 проценти од новозаразените, исто така, не биле вакцинирани, објави Министерството за здравство.Податоците се однесуваат за периодот од 6 август до 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.„Во период од 6.8. 2021 до 9.9. 2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во извештајот.Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцините на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, апелираат од МЗ.

Слајдер | пред 4 години

korona-4

256 нови случаи на коронавирус, бројката на починати повторно висока

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:  Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.Направени се 2.778 тестови преку: ИЈЗ-65, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0 ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-131, Биотек-140, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-9, Ремедика-0, Плодност–40, Генеа-0, Никоб лаб-606, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-71, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 78536, Активни 5919Тетово 10606, Активни 1283Куманово 10597, Активни 883Прилеп 8768, Активни 269Гостивар 7831, Активни 789Битола 6828, Активни 274Велес 5870, Активни 228Охрид 5664, Активни 550Кавадарци 5585, Активни 200Струмица 5399, Активни 576Штип 5394, Активни 220Кичево 3758, Активни 522Струга 3692, Активни 613Кочани 3038, Активни 98Гевгелија 2320, Активни 75Неготино 2271, Активни 56Свети Николе 1755, Активни 130Ресен 1451, Активни 112Дебар 1422, Активни 219Радовиш 1397, Активни 114Крива Паланка 1315, Активни 64Берово 1156, Активни 47Делчево 1087, Активни 79Виница 977, Активни 40Пробиштип 869, Активни 48Валандово 757, Активни 29Богданци 539, Активни 35Крушево 516, Активни 20Кратово 491, Активни 56Македонски Брод 445, Активни 40Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 402, Активни 1Пехчево 301, Активни 5Македонска Каменица 282, Активни 23Дојран 138, Активни 3

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-10-at-14.36.36

ВИДЕО: Прва снимка од пожарот во тетовската болница!

Се појави траорна снимка од пожарот на ковид центарот во Тетово. На материјалот се забележува евакуација на дел од пациентите од модуларната болница, но и брзината со која огнената стихија го голта целиот објект.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања