ТОП

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев: Моралното чувство за оставка од министрите и директорите е за поздравување

Нема одлука што со оставките на министрите Венко Филипче и Или Хасани. Премиерот Зоран Заев смета дека е за поздравување тоа што поднеле оставка, тоа значи дека чувството за морална одговорност е разбудено. За него, тагата е голема, а извлечени се и поуки.„Јас ќе го повторам тоа што го кажав. Ќе чекаме да ги добиеме вештите наоди, форензичките извештаи. Постапката ја води ОЈО. Јас можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат, а тоа е експертски и професионално да се заврши, колку што може побрзо. Кога ќе бидат соопштени наодите, ќе го кажам и моето мислење за оставките. Моралното чувство за оставка кое го видовме од министрите и директорите е за поздравување. Член 8А е јасен, нема други решенија, не смее да се разрешување. Ако мислите дека целиот народ, Влада, Собрание треба да се распушти, нека го побара тоа. Знаеме да прифатиме одговорност“, рече Заев.Заев посочи дека се прават сите проверки и на останатите модуларни болници, кои кажа дека се привремени, а во кои се лекувале и ќе се лекуваат уште пациенти болни од коронавирус.„Чувството за морална одговорност е разбудено. Не може да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема. Сите ние сме од крв и од месо, болката е голема. Ние го следиме светскиот и европскиот примат. Заради етички и морални причини можат да преземат тие што сметаат. Треба да не дозволиме да не се случуваат вакви трагедии. Од оваа има поуки, се прават дополнителни проверки на модуларните болници, долг период пред нас ќе биде со долг мониторинг на ваквите проекти“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Нови 24 ученици заразени од корона, Царовска тврди дека нема потреба од онлајн настава

Засега нема потреба учениците од настава со физичко присуство, да преминат на онлајн настава. Ова го смета министерката за образование Мила Царовска. Таа додаде дека се следи состојбата, а ако има индикација да се промени сценариото за учење, тоа ќе се направи. Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.„Вчера новозаразени се 0.01 проценти. Што значи дека е помал бројот на новозаразени вчера во споредба со понеделникот. Епидемиолозите следат, тие дејствуваат врз основа на општина, регион. Досега нема индикација дека треба моделот да се менува. Кога ќе добиеме индикација, подготвени сме да постапиме. 240 илјади ученици се на училишта, а вчера процентот е 0.01, што е навистина низок број. Највисок интерес на учениците да бидат во училница“, рече Царовска.Таа смета дека одењето во училиште е во интерес на учениците.„Пандемијата треба да се помине, но имаме и пост пандемски период кој треба да го живееме. Најголем интерес е да го заштитиме интересот на учениците, нивното ментално здравје, нивото образование. Повикувам да им обезбедиме право на учење, кое основно детско право“, додаде Царовска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.51.29

ФОТО: Граѓани сами ја исчистија потопената црква во Маврово, откако МПЦ и општината не реагираа

Група Мавровчани решија да го исчистат шутот и нечистотијата и да ја стабилизираат камбанеријата во црквата „Св. Никола“  во Маврово.  Црквата „Св. Никола“ долго време беше под вода, но поради повлекување на езерото и сушите, таа сега е на суво и со помош на Мавровчани, полека го враќа својот сјај. Долго време беше запуштена, ама летово таа изгледа многу подобро од претходно.„Потопената црква состојба пред година дена и денес. МПЦ не заинтересирани. Општина исто. Се фатија група Мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.42.24

ВИДЕО: Сред Скопје откриени две лаборатории за производство на марихуана

На 14.09.2021, полициски службеници од Одделот за Крим полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом на бул.„АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана.За време на претресот било утврдено дека лицето користи и друг стана на бул.„Партизански одреди“, сопственост на неговиот дедо. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во тој стан и била откриена уште една илегална лабораторија за производство на марихуана. Притоа, биле пронајдени и одземени 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана.Ѓ.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.Против лицето досега биле поднесени повеќе кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик за што и бил осудуван.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.29.37

Сите пратеници сложни: Намалувањето на патните трошоци по предлог на Левица не се најде на дневен ред

Од 108 пратеници, само 19 биле „за“, 31 биле „против“, а 1 бил „воздржан“ за да на дневен ред се стави законот со кој ќе се намалат патните трошоци на пратениците. Ова е предлог на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Измените на законот се поднесени крајот на април месец, но до сега, не се најдоа на седница, а пратениците земаат патни трошоци по стариот тарифник.„Ова се резултатите од вчерашното гласање во парламентот по повод барањето на Левица да се стави на дневен ред законот за намалување на патните трошоци на пратениците“, напиша Апасиев објавувајќи фотографија од гласањето.Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.„Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, известија во април од Левица.

Македонија | пред 4 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Казнети 127 возачи во Скопје, бидејќи возеле без возачки, брзо и не паркирале прописно

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираа оттаму.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

25-годишниот пациент кој почина од корона имал хронично заболување, а не бил вакциниран

25-годишниот пациент од Демир Капија кој вчера ја изгуби битката со коронавирусот имал и други коморбидитети. Од Министерството за здравство за „Скопје1“ велат дека пациентот имал тешко хронично заболување. Оттаму, додаваат и дека тој не бил вакциниран против вирусот. Тие не соопштија дали епидемиолошката анкета покажала каде се заразил и дали има кластер на луѓе од веселба или сличен настан.Инаку, вчера починаа вкупно 30 лица. 10 се од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Статистика е задоволна од пописот, тврди дека малкумина одбиваат да се попишат

Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември.Заклучно со завчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови.Масовниот одѕив, како што кажа на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина.Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека одбивањата на попишување се незначителни и дека граѓаните не наседнуваат на негативната кампања.– Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат. Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга, изјави Симовски.

Македонија | пред 4 години

bolnica-kumanovo

Уште едно страшно сведоштво за барање мито, овојпат во кумановската болница

Откако нејзиниот дедо починал во кумановската модуларна ковид болница, болничарите и побарале мито од 3 илјади денари за да го облечат, а болницата на семејството не му дозволила да одбере со кое погребно претпријатие ќе го испрати во вечното почивалиште покојникот, сведочи за „Слободен печат“ кумановката Валентина Пешиќ. Според Пешиќ, болницата тврдела дека соработува само со едно погребно претпријатие и дека погребот и протоколарниот дел околу изнесувањето на покојникот од болничкиот објект морало да се случи исклучиво преку тоа погребно претпријатие.Како што дознаваме, за случајот ќе се ангажира и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи облекување на покојник во ковид-центрите не е дозволено.– Ни кажаа дека треба однапред да им платиме 3 илјади денари за да го облечат дедо ми. Мајка ми праша дали може да даде две илјади денари, бидејќи не носеше во моментот со неа повеќе пари. Ја одбија. Потоа им кажавме дека погребното претпријатие ќе го облече дедо ми. И тоа го одбија. Ни рекоа дека тие ќе викнат погребно претпријатие, дека соработувале само со едно и освен него, никој друг не ги носел починатите од ковид. Се збунивме, но бидејќи бевме во шок, мајка ми даде две илјади денари, а не и дадоа ни потврда дека платила, вели Пешиќ за „Слободен печат“.Повеќе на Слободен печат

Македонија | пред 4 години

krmov

Крмов: Попишувачите запишувале само име, презиме и ЕМБГ, планот им е останатото да го пополнат од базите

Системот за попишување и веб страната на Државниот завод за статистика биле цел на хакерски напади, а за ова добиле пријава и во полицијата. Заводот за статистика извести дека без пречки тече попишувањето. Но, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, тврди дека сепак, проблеми има. Тој останува на ставот дека се спрема фалсификуван попис.„Денес попишувачите имале проблем да се вклучат на мрежата, лаптопите им правеле проблеми и воглавно запишувале само име, презиме и ЕМБГ. Најверојатно планот е потоа од дата базите да го пополнат останатото. Неспособни се и фалсификат да направат. Не смееме да попуштиме, мора да засилиме! Не поминува и готово!“, напиша Крмов.Тој и претходно излезе со информација, дека граѓаните не отвораат врата на попишувачите. Повикува и натаму да продолжат така.„Нека не ве лаже овој Апостол, ткн. попис оди тешко, народот дава силен отпор и не отвора врата! Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите. Посебно во руралните средини отпорот е многу силен. 4 дена апликацијата не им работеше воопшто, а моментално ја буткаат со огромни проблеми. Покажува погрешни податоци, паѓа цело време и дури и дневни извештаи не добиваат како што треба. По наши информации нешто блиску двесте илјади имаат попишано за 8 дена и тоа со големи грешки, а тоа е премалку!“, напиша Крмов.

Коментари | пред 4 години

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

30 починати и 572 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес - 19, Гостивар – 15, Прилеп - 14, Битола, Кочани и Радовиш - по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип - 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица - по 1.Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79716, Активни 5728Гостивар 7885, Активни 629Куманово 10814, Активни 882Тетово 10671, Активни 1090Кавадарци 5649, Активни 179Велес 5951, Активни 252Струмица 5500, Активни 495Штип 5465, Активни 210Кичево 3817, Активни 486Неготино 2280, Активни 39Свети Николе 1786, Активни 111Радовиш 1432, Активни 98Берово 1182, Активни 49Виница 992, Активни 41Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 308, Активни 10Прилеп 8835, Активни 286Битола 6877, Активни 265Охрид 5723, Активни 601Струга 3728, Активни 640Кочани 3081, Активни 109Гевгелија 2335, Активни 68Ресен 1473, Активни 102Дебар 1433, Активни 171Крива Паланка 1327, Активни 50Делчево 1096, Активни 60Пробиштип 879, Активни 45Валандово 772, Активни 32Богданци 540, Активни 23Крушево 518, Активни 16Кратово 509, Активни 55Македонски Брод 453, Активни 35Демир Хисар 419, Активни 11Македонска Каменица 286, Активни 17Дојран 139, Активни 4

пред 4 години

Screenshot-2021-09-14-at-12.43.55

ФОТО: Ова не е слика од Чернобил, ова е ски центарот „Кожуф”

Љубителите на скијањето ќе можеа и сега да уживаат во овој спорт на планината Кожуф. Но за жал, негрижата доведе до негово целосно запуштање и нефункционалност. Тој е небезбеден за граѓаните. Можеби, се ќе беше поинаку доколку функционираше патот до ски-центарот „Кожуф“ кој почна да се гради уште во 2009 година и за кој државата потроши 9 милиони евра. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од него.„Ова не е слика од Чернобил. Ова е ски центар 'Кожуф'“, стои во објавата.Коментарите под објавата се најчесто реакции дека тоа што се случува на Кожуф е голема катастрофа.Првиот човек на Ски центарот Кожуф Ангел Наков за Дојче веле во 2018 година ја откриваше и шемата со која структури од претходната власт сакале да го спроведат сценариото за уништување на милионскиот проект. Како се случи мега милионскиот проект не само да запре, туку и да падне во стечај?„Се` почна во 2012 кога некој во државата реши да додели концесии за рудници на оваа планина. Некој да прави ископи и да бара злато и да ја уништи природата, а од Македонија да направи рударско село. Измислија приказна за патот кој токму Владата го изгради во 2009 година дека е нефункционален. Целосно го запоставија и дозволија да се уништи со што практично и ние немавме услови да работиме. А вистината беше дека тој пат и самиот ски центар беа во срцето на она што требаше да се прекопува. Станавме трн во око и требаше да не нема“, раскажува Наков.

Македонија | пред 4 години

trajkovski-pozar-tetovo3

Најверојатно никогаш никој нема да одговара за пожарот во тетовската болница, професорот Трајковски со анализа

Како што стојат работите, најверојатно никогаш никој нема да одговара за големиот пожар во тетовската болница, разочарано пишува професорот Дејан Трајковски на Фејсбук. Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави анализа за тоа кој е виновен за трагедијата која настана откако пожарот во модуларната болница во Тетово одзеде 14 животи.„До пожарот и жртвите веројатно никогаш немало ни да дојде доколку кај инвеститорот на модуларните болници (владата, односно МЗ) ги читале и се придржувале до препораките од Европската комисија, поточно на Здружениот истражувачки центар, којшто од порано донел низа препораки за градба на болниците, по избувнувањето на дваесетина пожари во разни ковид центри ширум светот, како последица на високата концентрација на кислород во воздухот.Чиновникот којшто го составувал текстот на тендерот овие препораки сигурно не ги прочитал, неговиот шеф уште помалку, а конструкторот во градежното претпријатие - ич. Формално-правно сé било во ред (хартијата трпи сé) , но суштински сé било промашено уште од самиот почеток. Несреќна комбинација на незаинтересираност, неукост и неодговорност.Што да очекуваме сега? Државните институции да ја гонат самата држава односно нејзините институции за сторените пропусти, односно непостапувањето по препораките на Европската комисија? Сите знаеме дека во Македонија тоа е невозможна мисија. На пример, ќе кажат дека не сме биле членка на ЕУ и не сме биле обврзани да ги спроведуваме препораките, а тоа што изгореле луѓе немало врска. Дури ќе го иссмеваат тој што ќе им укаже на пропустите. Типичен итарпејовски начин за решавање на проблемите.Иако извесна вина сноси и градежното претпријатие, таа е неспоредливо помала од вината на инвеститорот и нивните погрешни барања. Дури некој и да слушнал за препораките, по нашиот стар обичај веројатно одмавнал со рака и рекол: „Нема гајле, модуларните ќе вршат работа“. Вршеа додека вршеа, додека не се појави Марфи.Но, тука не завршува приказната. Овие модуларни болници од пеколот продолжуваат со работа. Како што рековме, формално-правно сé е во ред, директорката ВЕРУВА дека се исправни, директивите од Европската комисија не им се важни. Есенва низ нив ќе поминат уште многу ковид-пациенти, кислородот ќе продолжи неконтролирано да истекува, запалливиот полиуретан останува во ѕидовите и таваните, електричните инсталации се такви какви што се, со еден збор - катастрофата чека повторно да се случи.Практично е невозможно да се заменат градежните материјали, единствено што може да се стори е да се постават противпожарни апарати и да се обучи медицинскиот персонал за гаснење на пожарите. Незамисливо е да се вработат противпожарни тимови за 24/7 бдеење во овие импровизирани болници, знаејќи дека одвај има и медицински персонал.Што може друго да се направи? Во наши услови речиси ништо. Ќе продолжи драмолетката со поднесување и одбивање оставки и ќе се замајува народот со несуштински работи уште извесно време.Така се враќаме на почетокот, најверојатно сé ќе продолжи како што тргнало и никој нема да одговара за ништо. „Појео вук магарца“ - велат Србите. Како и обично, во една нефункционална држава“.

Македонија | пред 4 години

modularna-2

Модуларните болници да се затворат додека трае истрагата за тетовската, бара директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје д-р Злате Мехмедовиќ смета дека најбезбедно и најчесно е додека трае изстрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово сите такви објекти привремено да се затворат и откако ќе се утврди дека се безбедни тие повторно да се вратат во употреба.– Модуларните болници се значаен капацитет, доколку ги нема нив ќе биде тешко да се даде квалитетна здравствена заштита. Доколку не се расчисти прашањето за безбедноста на тие болници ќе биде тешко да се убедат граѓаните дали тие се безбедни. Начинот на кој се врши истрагата дава надеж. Најбезбедно и најчесно е, за да се премине ова, е тие болници да се затворат привремено, а откако ќе се утврди дека се безбедни, повторно да се вратат во употреба. Не треба да бараме поинаков пристап, не постои начин за земја што нема доволно финансиски средства, да обезбеди квалитетна здравствена заштита во соодветни здравствени установи. Тоа ѝ се случи и на Кина. Факторот време е многу битен. Модуларните болници треба да издржат пожар од 30 минути до 4 часа – вели д-р Злате Мехмедовиќ во Студио 10 на ТВ24.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.00.16

Царовска: Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид-19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација, информираат од Министерството за образование.„Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам. Сведоци сме на континуирана трансмисија постоајно, училиштата не се надвор од тоа. Наше да направиме се училиштата да продолжат да функцинираат. Ако стигне аларм, министерството спремно да го спроведе“, рече Царовска.„МОН не издава решенија за изолација. Јас не можам да комуницирам со бројка на изолација. 2 проценти од учениците од основно се со онлајн учење, а 7 проценти во средно образование. Вкупен број ученици е 240 илјади ученици“, додаде Царовска потенцирајќи дека во средното образование процентот е поголем бидејќи онлајн учеа учениците од Тетово и Гостивар поради владината одлука.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања