Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

media-library2eu3kap4k2js2hPvL8k

„Невидена лага е дека балканската ѕвезда Дино Мерлин барал да се исклучи осветлувањето на крстот“ – градоначалникот на Штип за „Скопје 1“

Во јавноста се појавија тврдења на социјалните мрежи дека балканската ѕвезда Дино Мерлин, кој викендов настапува на „Пастрамалијадата“ во Штип, наводно побарал да се изгаси крстот на Исарот за време на неговиот концерт.Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за „Скопје 1“ категорично ги отфрли овие шпекулации:„Апсолутно не е точно дека балканската ѕвезда побарала такво нешто. Пишувањата на социјалните мрежи се измислица. Зошто сакаат да прават вакви штети и да шират лаги, навистина не ми е јасно,“ изјави Јорданов.Инаку, овој викенд Штип ќе пулсира во знакот на „Пастрамалијадата“, манифестација која се очекува да собере повеќе од 100.000 посетители. Главна музичка атракција е Дино Мерлин, а на сцената ќе настапат и македонските пејачи Елена Ристевска и Владо Јаневски.Градот на пастрмајлијата најавува тридневна гастрономска и музичка фешта со спектакуларна атмосфера, мирис на свежо печена пастрмајлија и македонски дух под отворено небо.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4j6if9auf8nq8l0rvDq

(Видео) Франција гори од жестоки протести: Париз под опсада!

Франција денеска е парализирана од масовни демонстрации и национални штрајкови против владините мерки за штедење. Властите проценуваат дека меѓу 700.000 и 800.000 граѓани ќе излезат на улиците ширум земјата, а во Париз веќе се бележат големи нарушувања во сообраќајот и јавниот ред.На 250 различни локации низ Франција се организирани протести што предизвикуваат блокади и прекини во клучни сектори. Националната полиција соопшти дека досега се приведени триесет лица во повеќе градови, меѓу кои Тулуз, Брест и Марсеј, а регистрирани се околу четириесет блокади.За одржување на редот мобилизирани се 80.000 припадници на безбедносните сили. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Бруно Рејло, предупреди дека покрај мирните демонстрации се очекуваат и саботажи, како и нови блокади.En direct | #18septembre2025Ce matin, ➕de 900 personnes ont participé à 18 actions de blocage.✅Toutes ces tentatives ont été déjouées par les forces de l’ordre.🚨Honorez votre droit de manifester, restez dans le cortège officiel 🚨 pic.twitter.com/6pDiyIUoHO— Préfète de police déléguée des Bouches-du-Rhône (@prefpolice13) September 18, 2025Штрајковите веќе се одразуваат врз транспортот – жителите на Париз се соочуваат со сериозни нарушувања во јавниот превоз, а голем дел од меѓуградските и регионалните возови се откажани. Воздушниот сообраќај засега функционира со минимални застои на долги релации.Широка коалиција на синдикати повика на генерална мобилизација, реагирајќи на најавените мерки за штедење од претходната влада. Особено силни реакции предизвика предлогот за укинување на два државни празници, иако новиот премиер Себастијан Лекорну веќе изјави дека оваа мерка нема да се спроведе.#manifestation du 18 septembre à Caen deux incendies de palettes au rond-point de Bretteville sur Odon où l'autoroute A84 en venant de Rennes est bloquée pic.twitter.com/NcOjZmd7jn— Liberté (@LIBERTE_CAEN) September 18, 2025Франција се соочува со сериозни финансиски предизвици: минатогодишниот буџетски дефицит речиси двојно го надминува ограничувањето на Европската унија од 3 отсто од БДП, а јавниот долг достигна 113,9 отсто од економијата. Лекорну, петтиот премиер на Емануел Макрон за помалку од две години, ја презеде функцијата минатата недела по падот на владата на Франсоа Бајру, која не успеа да го протурка буџетот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymq065kf6it6n8DDyiQM

Отворен повик за донации за автосервисот во Пинтија

Покрената е онлајн акција за собирање финансиска помош за автосервисот во населбата Пинтија, кој беше зафатен од пожар. На платформата WhyDonate е поставен линк каде што сите хумани граѓани можат да донираат средства за надомест на големата штета.„Веќе 25 години нашето семејство го гради овој авто сервис со љубов, пот и неисцрпна посветеност. Секој ден вложувавме срце и душа за нашите клиенти, создавајќи доверба и долготрајни врски. Но, една ноќ, сè се распадна — непознат сторител предизвика пожар кој ни уништи сè: дел од нашиот сервис, канцеларијата, магацинот и над 20 возила на нашите лојални муштерии. Сега тие возила се загубени, а ние сме одговорни да им ги надоместиме штетите и да им купиме нови,“ велат сопствениците.Тие нагласуваат дека од овој сервис егзистираат 20 семејства и дека над 200.000 евра во штети треба да бидат покриени за клиентите. „Ова не беше несреќен случај — имаме видео од нападот и национално медиумско покривање. Ова е намерен, злонамерен чин кој нè остави без сè,“ додаваат тие.„Ни е потребна вашата помош, и секоја, дури и најмала поддршка, може да направи огромна разлика. Вашата донација ќе им помогне на нашите клиенти да ги вратат своите возила и парите, а на нашите вработени да ја задржат надежта и достоинството. Ве молиме, помогнете ни да се подигнеме од пепелта. Помогнете ни да го обновиме нашиот семеен бизнис, кој е срцето на нашата заедница, и да им вратиме надеж на луѓето кои ја градат секојдневната приказна на нашиот сервис. Секој дел од помошта е светло во темнината која ни ја донесе оваа трагедија,“ стои во апелот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp984s004gs18cdPSjcW

Спречен обид за криумчарење златен накит на преминот Стење

На граничниот премин Стење кон Албанија, царинските службеници во координација со граничната полиција открија обид за нелегално внесување на златен накит со проценета вредност од 346 илјади денари. Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за кривично дело – криумчарење, предвидено со Кривичниот законик.Осомничениот, македонски државјанин, се обидел да ја пренесе стоката без да ја пријави пред царинските органи.При извршена детална проверка на неговото возило, во куфер меѓу лични работи биле пронајдени пет златни белегзии, сместени во кутии за накит.Царинската управа нагласува дека останува доследна во заштитата на државните интереси и во превенцијата на сите облици на криумчарење.

Македонија | пред 2 месеци

media-library08l519k4vj934g9OFt2

Трагедија што можеше да се спречи – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите

Трагедијата во Велес, кога 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, ја разгневи јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.Докторантката по невронаука, Ирена Чаушевска Даниловска, побара протестите да се насочат кон судовите и обвинителството, наместо пред МВР. Таа посочи дека полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала, но судот и обвинителството му го укинале домашниот притвор на сторителот и изрекле условна казна за сериозни дела на насилство и киднапирање.„Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви. Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства?“, напиша таа, барајќи кривична и дисциплинска постапка за надлежните судии и обвинители и законски измени со кои ќе се забранат условни казни за насилници.Инфлуенсерката Миа Костова исто така се огласи, нарекувајќи го случајот „вистински хорор“. Таа потсети на свои претходни искуства со закани и непостапување на институциите и порача дека „забраната за приближување“ е бескорисна мерка. „Пријава, насилство, закани – притвор. Па нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не“, напиша Костова.Реагираше и активистката Ина Многуфина, која праша кој ќе понесе одговорност за тоа што Росица не добила заштита и покрај бројните пријави против убиецот. „Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме – кого плаќаме за помош, а не помага?“, напиша таа.По трагичниот случај, сè погласни се повиците за конкретна одговорност на судиите и обвинителите кои носат одлуки што, според критичарите, директно ги ставаат жртвите во животна опасност.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8i39saravm1e3EiO524

СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата – сите возила и патници се проверуваат за регулиран престој и работни дозволи.-Денеска северниот дел на Малта беше комплетно блокиран од малтешката полиција и ЛЕСА, поради вонредна контрола на сите возила (и приватни и јавни превозни средства), во акцијата за намалување на нелегалниот престој во државата, во откривањето на луѓе без регулирани документи и без работни дозволи.Ова веќе станува скоро редовен процес наутро, со детална контрола на малтешките патишта посебно на позицијата кај Салини, Бурмарад и околу Марса.Без исклучок, се проверуваат сите моторни возила по цена и на застој во сообраќајот, а полициската контрола ја има дури и во автобусите внатре, кога од патник на патник, поедничено, им се проверуваат личните документи.Ова е нов пристап на владата која се соочува со преголемиот наплив на емигранти од азиските земји и е под голем притисок на јавноста за создадениот хаос со работна сила која скоро без никаква контрола се населува на островот.Фото: Unsplash

Свет | пред 2 месеци

media-libraryp5d3r3qilpg600dZdER

„Ајше и Арбер ќе се венчаат во црквата „Св. Климент“: Задачата во учебник по македонски јазик предизвика бурни реакци

Во учебник по македонски јазик има задача за која учениците треба да направат покана за свадба, што предизвика низа реакции на социјалните мрежи од страна на родителите...Македонски јазик за 5. одделение за учениците од другите заедници - 2. делДа не е толку тажно, ќе беше толку смешно.А, не треба да биде ни тажно, ни смешно. Како што е и тажно и смешно кога тераш дете од 11 години да ,,направи" покана за свадба. На час или дома, сеедно; на мајчин јазик или на немајчин, сеедно! Од толку убави теми за јазични вежби.Стрелката, инаку, е егзактна работа.Во случајов, покажува што точно е торта, а не младоженец или невеста.Под објавата има голем број коментари!

Македонија | пред 2 месеци

Antonio-Milososki

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект.„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“ рече Милошоски.Пратеникот Милошоски посочи дека наскоро се очекува да биде оформен предмет за пожарите, а доколку и во иднина има сторители на подметнати пожари истите ќе бидат санкционирани и ќе одговараат за своето дело.Има одреден дел на поединци кои се повикани на распит и некои се осомничи и мислам дека во соработка со Обвинителството ќе може за скоро време да имаме и предмет којшто би бил оформен во оваа насока. Овие пожари очигледно е дека не се случајни и државата ќе се обиде се што е во нејзина надлежност да биде активна и се надевам како што беше случајот со пожарот кај Стаклара во Кисела Вода, дека доколку било кој се осмели во иднина на ваков начин, дека ќе имаме веќе не само осомничени туку и на лице место фатени сторители и сметам дека таквиот начин би бил најдобар за да се упати една силна пораки дека тие што го прават ова без разлика дали е поединечен акт или е некаква политичка саботажа дека ќе одговараат за вакви тешки дела по здравјето на граѓаните“, вели Милошоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4vop5uaakv2g5Su6XT1

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски.„Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски затоа што во низа во изминативе шест, седум месеци се редат настани во кои МВР е одговорно. ВМРО-ДПМНЕ покажува тенденција да ги игнорира проблемите, да ги става под тепих, да се труди да ги покрие со некакви други измислени политички манипулации.“, рече Каранфилова-Пановска.Во однос на убиството на младата девојка од Велес, Каранфилова-Пановска посочи дека Центарот за социјални работи и Подрачната единица на МВР во Велес имаат обврска да прават анализа и да предвидуваат ризици, ако веќе било познато дека жртвата неколку пати пријавувала насилство.„Трагичниот настан со фемицидот во Велес и практично двојното убиство покажува една историја на насилство кое не било санкционирано од институциите. Подрачната единица на МВР во Велес, со оглед на тоа дека жртвата повеќепати пријавувала дека е жртва на насилство од нејзиниот поранешен партнер, не презела сериозни мерки, за да истото го спречи. Затоа бараме политичка одговорност од министерот Тошковски, бараме независна истрага и кривична одговорност од сите полициски службеници и сите други службеници во Центарот за социјални работи кои што заради непостапување довеле до тоа младата девојка да биде брутално убиена иако за тоа имало сигнали“, рече Каранфилова-Пановска.Во дебатата таа посочи дека во време на владата на СДСМ се водеше сериозна сметка за родово-базираното насилство.„Фемицидот стана дел од Кривичниот законик како кривично дело, кое што точно одредува што и како треба да се прави за да тоа не се случува. Родово-базираното насилство беше третирано и од аспект на тоа како да се обезбеди заштита на жртвите и преку МТСП и преку шелтер-центри – сè што денеска гледаме дека не се случува. Нема еден денар во Министерството за труд и социјална политика кој што е наменет за шелтер-центрите“, рече Каранфилова-Пановска.

Македонија | пред 2 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска: „Треба неколку луѓе да завршат во затвор на доживотна робија за палењето на депониите“

Според професорката Мирјана Најчевска, палењето на депониите е масовно убиство и бара институциите да го решат проблемот.-За ова со ѓубриштата низ Македонија треба неколку луѓе да завршат во затвор на доживотна робија без право на помилување и со потполна конфискација на имотот до трето колено, за да почне да се решава пропблемот.Ова е масовно убиство бре.На македонски и на албански и на турски и на српски и на влашки и на ромски, па и на бугарски. На сите јазици е УБИСТВО.Ќе се најде ли јавен обвинител со грам морал да поведе постапка и ќе се најде ли судија со грам храброст да ја изведе до крај.

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-17-221122

(Видео) Орце Ѓорѓиевски: Мицкоски го почитувам како родител, тој 15 години ќе биде премиер

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кисела Вода, во Претрес со Ландов рече дека Христијан Мицкоски 15 години ќе биде премиер.„Орце е ВМРО-вец и секогаш ќе биде.Мицкоски го почитувам како родител. Секогаш ќе застанам зад него.Јас не менувам дрес. Од 2018 не сум имал контакт со Груевски”, рече Ѓорѓиевски.На СДСМ им порача да постават 15 столчиња на Бихачка колку што им останаа членови и да организираат дебата за се.Не сака да шпекулира колку гласови ќе има Левица . Немал никогаш контакт со Амар Мециновиќ.„Ја почитувам Каја како жена, но 7 години беше на клучно место во една институција, имаше можност да сработи нешто, но ништо не направи за животната средина”, рече Ѓорѓиевски.Следете не на :

Студио | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-17-214907

(Видео) Ѓорѓиевски: Шах-мат ќе направам на избори

Орце Ѓорѓиевски, кој е гостин во Претрес со Ландов е убеден дека ќе биде нов градиначалник на Град Скопје.„Шах-мат ќе направам на избори.Му требам на градот. Не гледам дека има подобар од мене.Со Перински сум пријател, но анкетите го кажаа своето”, рече Ѓорѓиевски.Прва работа која ќе ја направи е да ги тргне рампите околу град Скопје.Тоа вели, не е Пентагон.Освен состојбата која е спротивна на закон се ќе преземе за да се решат проблемите во Скопје.Вети нови автобуси и ќе го реши проблемот со градскиот превоз.„Над 80 проценти од одлуките во Кисела Вода, се едногласно донесени зошто биле образложени и договорени. Очекувам конструктивен нов советнички состав во Скопје. Мора да соработуваме.Ако опозицијата има добар предлог, ќе го реализираме”, рече Ѓорѓиевски и посочи дека ако не може да го реализира ветеното нема да го држи народот во голгота. Потсети дека како претседател на ЗЕЛС ја започнал идејата за сменливост на градоначалниците.Следете не на:

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-17-211258

(Видео) Орце Ѓорѓиевски:Премиер не сакам да бидам, министер можеби, сега го живеам својот сон

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е гостин во Претрес со Ландов.Тој е убеден дека по октомври ќе биде нов градоначалник на Град Скопје.„Јас го живеам сега својот сон. Ние имаме најдобар премиер. Јас не сакам да бидам по градоначалничкото место во Скопје премиер, министер можеби”, рече Ѓорѓиевски.Од работата има добиено шеќер и сака по се да се посвети на семејството.Во Претрес говореше за реализираното во Кисела Вода, тешко му е што се уште не е решен проблемот со Центарот за зависници, но задоволен е што салата во Припор почна да се реализира, има велосипедски патеки.Не секогаш бил задоволен од неговиот тим, но вели дека е добар менаџер.„Јас бев прв кој се извини за Данела. Тоа ќе го поправам, ќе поправам за се што им направи на скопјани и тоа ми е дополнителен мотив.Данела и Каја не ми се таргет”, рече Ѓорѓиевски.Ја потенцираше идејата за Вардариште. Соодветен третман на Вардариште ќе има, ќе се засади трева и ќе има парк.Следете не на:

Скопје | пред 2 месеци

Marta-Kos

Кос: ЕУ загрижена за владеењето на правото во Македонија

Европската Унија изрази загриженост за владеењето на правото во Македонија и земјите од Западен Балкан, и покрај забележаниот напредок – изјави вчера европската комесарка за проширување, Марта Кос.Таа потенцираше дека и понатаму продолжува практиката на мешање во судски процеси, вршење притисок врз службеници кои истражуваат корупција и политизација на телата за регулација на медиумите, што – како што рече – е неприфатливо.Еврокомесарката нагласи дека ЕУ е изградена врз владеењето на правото, што подразбира независно судство, фер избори и слободни медиуми. Земјите кандидати кои не можат да го обезбедат ова ниво на владеење на правото нема да можат да станат членки на Унијата.Таа додаде дека земјите од Западен Балкан се во фокусот на процесот на проширување и дека владеењето на правото е клучен предуслов за нивната интеграција.

Македонија | пред 2 месеци

rosica-1

Дали полицијата потфрлила во случајот со Росица, ќе треба да каже Внатрешната контрола при МВР

Јавноста бара одговори кој потфрлил во заштитата на 31-годишната Росица Коцева од Велес, која беше убиена и покрај тоа што претходно имала низа пријави против убиецoт, Илија Стефановски, пред трагедијата. Кога новинарите прашуваа, зошто велешкото или скопското Обвинителство не барале построги мерки за Стефановски, кој не ја почитувал забраната за приближување на Росица, оттаму одговорија дека полицијата не ги известила. Истовремено, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција посочува дека тие не можат да лоцираат директна одговорност кај полициски службеници, бидејќи тоа прво треба да го испита Внатрешан контрола при МВР.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР има надлежност за испитување дали полициските службеници постапувале спротивно на законските прописи во конкретниот случај. Доколку се утврди дека со дејствијата на полициските службеници се исполнети елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Документите покажуваат дека Росица повеќепати пријавувала вознемирување и напади – од вознемирување додека таа шетала куче, преку физички напад во двор на училиште, па сè до испишување навредливи графити со нејзиното име, запалено возило на нејзиниот татко, па дури и експлицитни снимки оставени на влез од продавница.Иако постоеле судски мерки за забрана за приближување, доказен материјал бил доставен до Обвинителството уште во јули годинава дека Стефановски не ги почитувал. Сепак, институциите очигледно не реагирале навреме.Прашањето кое јавноста сега го поставува е – зошто никој не ја спречил трагедијата.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања