Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

marija-petrusova

Тешка исповед на мајката на загинатиот Андреј во „Пулс“: Животот ми остана темница, те изгубив легнат на кревет без изгореници...

Шест месеци по трагичниот настан во Кочани, кога меѓу жртвите беше и нејзиниот син, мајката Марија Петрушева ги сподели своите болни чувства и неизмерната тага во јавна исповед. Во емотивниот текст таа раскажува како секој ден се обидува да ја почувствува присутноста на синот Андреј преку старите пораки и снимки на мобилниот телефон.Нејзината исповед, во целост:„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како 'Син на мајка'. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам... барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик... секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.Секогаш се сеќавам на ноќта... Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е...“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа... кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници... не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме... Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не... те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка.“

Коментари | пред 2 месеци

covek-izguben

Пронајден исчезнатиот Ѓорѓе, по кого се трагаше од неделата

Пронајден е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовското село Фалипе, потврдија од семејството за „Скопје1“. Тој е контактибилен и е во болница на дополнителни проверки.Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба. Серафимовски беше исчезнат од неделата, а по него се трагаше три дена.Семејството упати благодарност до сите кои помогнале во потрагата.

Македонија | пред 2 месеци

rosica

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – последното сведоштво на Росица за убиецот Илија, шест дена пред да биде убиена

За закани, киднапирање и тепање кои се случиле последните денови од 2024 година, сега убиената Росица Коцева, била повикана во Обвинителство пет дена пред да биде убиена, за да даде исказ. И таму кажала, дека убиецот Илија Стефановски, и се заканувал со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“. Сепак, Обвинителството не побарало притвор или построги мерки за обезбедување присуство, освен веќе изречената забрана за приближување, која не била испочитувана, а обвинител од Велес бил запознаен за ова уште во мај годинава.Ова е целиот исказ на Росица Коцева, даден пред Обвинителството:„Јас и сегапријавениот Илија бевме во вонбрачна заедница скоро три години, но од октомври месец 2024 година таквата заедница прекина и јас се вратив повторно да живеам во Велес, сепак декември месец 2024 година и покрај тоа што бевме разделени со пријавениот имавме повремена комуникација, па така истиот на 27.12.2024 година ме повика заедно со него да одиме до Софија, Република Бугарија, со оглед дека на истиот му беше потребна помош, а со оглед дека јас добро го владеам бугарскиот јазик, прифатив заедно да појдам со него и да му помогнам во неговите обврски. По завршување на обврските во Софија на враќање кон Скопје во еден момент настана кавга помеѓу нас, бидејќи пријавениот сакаше повторно да ја обновиме нашата врска, но од моја страна имаше негодување од таквото негово барање, при што во еден момент ми доба и ми се закани со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“.По ова продолживме на пат кон Скопје и притоа додека си идевме истиот побара од мене да ја поминам ноќта кај негео во Скопје, на што од моја страна му беше одговорено дека би останала само доколку истиот ја повика неговата мајка или пак доколку таа не може да одиме во мојот дом во Велес, и да преспиеме кај мојот татко, сепак, веднаш штом пристигнавме во Скопје, поточно во Ѓорче Петров каде што илија живее, истиот ја повика неговата мајка, но и во истиот момент почна со малтретирање кон мене, при што истиот ме удираше по целото тело, ме закличи во неговиот дом, но не можам да се сетам колку време бев затворена, со оглед да немав ни телефон со мене, ни саат за да можам да се ориентирам колку време сум затворена. Исто така тој почна насилно да се однесува и кон својата мајка, така што физички ја отргнуваше, а од моја страна истата беше молена да повика полциија, но и нејзиниот телефон беше одземен од негова страна, така што истата беше спречена да повика помош.Следниот ден некаде после  пладне, по краток разговор со Илија дека доколку ме пушти дека ќе одиме, ќе побараме помош за да ни успее врската, по што исиот се сложи да ме пушти. Со оглед дека бев истрауматизирана од ваквиот настан, истиот од моја страна по два три дена беше пријавен најпрво во ПС Ѓорче Петров, а оттаму бев препратена и до ПС Кисела Вода, каде го пријавив конкретниот настан, а исто така со оглед на траумите и повредите кои ги имав, по неколку дена од настанот се јавив и на Ургентен центар во Велес“.Обвинителството не гледа вина во своето постапување. Росица беше убиена во Велес, заедно со нејзиниот татко.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-krvav1

Мицкоски и Тошкоски ставени на фото со крвави лица, Томовски: „Креаторите на сликата нудат црнила и лаги, СДС ќе изгуби многу“

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, оцени дека СДС ќе изгуби многу на претстојните избори, обвинувајќи дека опозицијата нуди „црнила и лаги“-Еден пријател ме праша колку ќе загуби СДС, реков многу. Причините за тоа е фотографијата подолу. Затоа што додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар. Тој центар е против Македонија и се она за што се бориме. Затоа ова е за осуда. А пресудата на народот доаѓа многу бргу.

Македонија | пред 2 месеци

gaza-evaakuacija

Нови ужаси во Газа, израел бомбардираше детска болница! „Пукаат во се што се движи“

Израелските сили преку ноќ ја нападнале детската болница Ал-Рантиси во Појасот Газа, што доведе до евакуација на околу 40 хоспитализирани пациенти, соопштија од канцеларијата за медиуми на владата на Хамас. Комплексот бил цел на три одделни напади за краток временски период.„Овој злостор го потврдува систематското настојување на окупаторот да го блокира здравствениот систем“, стои во соопштението.Ал-Рантиси е единствената специјализирана болница во Газа која обезбедува онкологија, дијализа и други специфични услуги, вклучувајќи третман на пациенти со респираторни и дигестивни заболувања. Според властите, таму се згрижени 80 пациенти, како и четири интензивни единици за возрасни и осум неонатални оддели со интензивна нега.Градот Газа е претворен во сцена на апокалипса. Додека израелската армија ги проширува своите копнени операции, министерот за одбрана Израел Кац отворено се закани дека ќе го уништи градот до темел. Она што некогаш претставуваше срце на палестинската енклава денес изгледа како море од урнатини, чад и крици на луѓе заробени под бетонските блокови.More than 200,000 Palestinians displaced from Gaza City amid escalating Israeli air strikes and humanitarian crises in besieged areas — in pictures https://t.co/uH1p22Ln61 pic.twitter.com/PMcmVIBHs8— Al Jazeera English (@AJEnglish) September 11, 2025 Иако армијата објави дека отворила привремена рута за евакуација преку улицата Салах ал-Дин, жителите тврдат дека станува збор за измама.„Никој не може да мине. Се пука во сè што се движи“, велат очајни жители. „Гранатирањето е постојано, а опасноста расте од час во час.“Стотици илјади луѓе се принудно раселени од градот Газа додека Израел ја продолжува офанзивата што поголемиот дел од светот ја осудува како геноцидна. Фотографии од патиштата кон југ ја отсликуваат голготата на Палестинците и страдањето што им се наметнува од Израел и неговите сојузници.Нападите врз станбени објекти, училишта и болници не запираат. Според болнички извори за „Ал Џезира“, утрово во Појасот Газа загинале најмалку 12 лица, од кои седум во градот Газа.

Свет | пред 2 месеци

covek-izguben

Исчезнат 83-годишен жител на тетовско Фалише, семејството моли за помош

Семејството трага по 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од село Фалипе, кој во неделата утрината околу 10 часот излегол од својот дом со намера да оди кон Тетово и оттогаш не е пронајден.Според пријавата, Серафимовски бил облечен со блуза со крагна и со пруги, сини кратки панталони и шапка со крем боја.Семејството апелира дека доколку некој го забележи, веднаш да се јави во полиција на бројот 192, на бројот за итни случаи 112 или директно кај нив на телефонскиот број 077/939-884.

Македонија | пред 2 месеци

trubarevo

Продолжен притворот за четворицата осомничени во истрагата за Трубарево

Кривичниот суд им го продолжи краткотрајниот притвор за нови 48 часа на четворицата сопственици и управители на фабриката за електронски отпад во скопско Трубарево, по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.Четворицата беа приведени и во неделата вечерта спроведени пред судија на претходна постапка, по што судот им одреди првичен 48-часовен притвор.Според Обвинителството, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство на раководител на подружница и 59-годишник вработен во правно лице.Од ОЈО Скопје информираат дека денеска ќе започне увид на лице место за причините за пожарот, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител.

Скопје | пред 2 месеци

rosica

Статус на еден татко: „Татковците да ги научат синовите - жената не е трофеј, љубомората е болест, и „не“ навистина значи „не“!

Андреа Јанков, кандидат за советник во Град Скопје од „Левица“, за последниот фемицид во Велес, за убиството на Росица Коцева, со статус на Фејсбук проговори како татко – со апел до родителите да ги научат синовите дека жената не е трофеј, љубовта не е поседување, а „не“ навистина значи „не“.-Како татко на син, знам дека татковството носи со себе огромна одговорност, не е мое само да го нахранам, облечам и испратам на училиште, туку пред се да му покажам што значи да се биде човек и маж.Фемицидот кој се случи во Велес, покрај неспособноста на институциите, е последица и на невоспитаноста на деца кои подоцна растат во емоционално нестабилни луѓе, кои не разбираат што се граници, и кои не сфаќаат кога „не“ навистина значи „не“.Ние, татковците и мајките, сме првите што мора да ги научиме синовите:-дека жената не е трофеј или предмет-дека љубовта не е поседување-дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов-дека достоинството на друг човек не смее да се гази заради моментална страст-дека не постои оправданост за насилно однесување во случај на одбивањеМора да ги научиме дека да сакаш некоја личност значи да ја оставиш слободна, а не да ја врзеш со синџири од љубомора.Јас го учам мојот син дека силата на мажот не е само во мускулите, туку во способноста да ја контролира својата агресија. Дека успехот и големината на мажот не се мери со бројот на девојки кои ќе ги има, туку со почитта што ќе ја добие од луѓето околу него.Затоа родители, разговарајте со вашите синови за љубовта, за границите, за почитта. Подобро е навидум непријатен разговор дома, отколку трагедија надвор.За подобра иднина, да се погрижиме децата да не ни бидат слепи слуги на своите нагони, туку емпатични битија кај кои императив во однесувањето ќе им биде благосостојбата на другите.

Коментари | пред 2 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer52

Ташки метали присутни само на едно испитно место во Трубарево, ИЈЗ ги соопшти резултатите

Институтот за јавно здравје утврди присуство на тешки метали во почвата на едно место, зголемени вредности на бакар и цинк во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии — додека на сите други локации не се констатирани отстапувања од референтните вредности.Истовремено, не е детектирана радиоактивност во воздух, почва и вода, а во водата не е утврдено присуство на тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).ИЈЗ изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци/мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух, како и примероци за испитување на тешки метали во почва (земја) и испитување на тешки метали во вода.ИЈЗ извести дека, според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, како и дека не е утврдено присуство на тешки метали во вода.Институтот вчера ги завршил анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва, како и испитувањата за радиоактивност во вода. Земени се мостри од повеќе локации од засегнатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: олово, кадмиум, арсен, никел, жива, хром, бакар, цинк, калај, бариум, берилиум, кобалт, ванадиум, талиум, молибден и антимон.По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали.Институтот за јавно здравје во најкус можен рок ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите, во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, а за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.

Скопје | пред 2 месеци

0-02-05-31f9dc9813f3387767ffa3f71077aed8f040199ea9b4e0e2c7738f779db83e81_22202c35080

(Видео) „6 месеци без правда“ – Скопје со ѕвездено небо се сети на жртвите од Кочани

На скопскиот плоштад, граѓани со т.н. „ѕвездено небо“ одбележаа шест месеци од трагедијата во Кочани каде загинаа 62 лица. Од плоштадот во Скопје, се испрати порака дека се чека правда. На единствениот транспарент, пишуваше „6 месеци без правда, Кочани“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Дел од присутните носеа и маички „не умираме од несреќи, умираме од корупција“.Пред фонтаната, беше ставена фотографија од Андреј од ДНК, а пред него, свеќа. Една од присутните, носеше фотографија и од загинатата Надица која имаше 18 години, а под неа пишуваше „Почивај во мир, те сакам“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 2 месеци

IMG_7454

Росица Коцева безброј пати го пријавувала Илија за насилства и закани - детална евиденција од СВР Велес

МВР информира дека во врска со Илија Стефановски (39) од Скопје, кој го изврши двојното убиство во Велес, извршени се проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со кривично - правни настани пријавени од 31-годишната Р.К. од Велес, при што евидентирано е следното:-На 26.01.2025 во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес ја вознемирувал додека шетала куче. За наведеното И.С. е предупреден.-На 21.02.2025 во 01:40 часот во СВР Велес пријавила дека во периодот од 22:10 до 23:00 часот на 20.02.2025 во двор на основно училиште во Велес била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого претходно била во врска.-На 04.ОЗ.2025 во 00:25 чaсот во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на улица „Христо Татарчев“ во Велес, физички го нападнал И.М.(35) од Велес, додека бил со неговата пријателка Р.К.(31) од Велес. И.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и поднесен е соодветен поднесок.За претходно наведените настани, а по барање на ОЈО Велес, во врска со пријавени настани од Р.К. против И.С. за временскиот период од 27.12.2024 до 01.03.2025, до ОЈО Велес доставени се примероци од сите службени материјали-На 18.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес пријавила дека на неколку локации во Велес, И.С.(39) од Скопје испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа и побарала И.С. да се предупреди.До СВР Скопје е испратен службен материјал, по однос на пријавата, каде бил извршен службен разговор со И.С. кој ја негирал поврзаноста со наведениот настан, за што бил изготвен и службен материјал.-На 18.05.2025 во 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар во патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.К.(74) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено и пријавено од 31-годишната Р.К.од Велес дека во периодот од 22:00 часот на 17.05.2025 до околу 05:30 часот на 18.05.2025 возилото било одземено од пред домот на нејзиниот татко. Се работи на расчистување на случајот.-На 19.06.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес, со која е извршен службен разговор во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нејзе и И.С.(39) од Скопје.-На 07.07.2025 во 13:00 часот во СВР Велес била повикана Р.К.(31) од Велес, по издадена наредба од ОЈО, каде таа пријавила дека И.С.(39) од Скопје не ја почитувал мерката забрана за приближување, за во СВР Велес да приложи доказен материјал во однос на пријавата и од страна на СВР Велес материјалот е доставен во ОЈО.Од извршените проверки, евидентирана е и кривична пријава поднесена од СВР Скопје против И.С. за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ предвидено по член 130 став 2 од КЗ за настан случен на 27.12.2024.Исто така, извршени се и проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со пријави од И.С. против Р.К., при што евидентирано е следното:-На 09.02.2025 во 19:20 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.-На 22.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.-На 05.06.2025 во 17:00 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.

Македонија | пред 2 месеци

rosica

МВР со детали за убиството на Росица и нејзиниот татко: По извршеното злосторство, Илија Стефановски се самоубил

МВР со детали за фемицидот во Велес – поранешен партнер ја усмрти 31-годишната Росица и нејзиниот таткоМВР и официјално соопшти детали за последниот фемицид што вчера попладне се случи во Велес. На улицата „Кочо Рацин“ била пронајдена 31-годишната Р.К. со повреди од остар предмет. Таа била пренесена во велешката болница, каде лекарите констатирале смрт.Според првичните информации, жената заедно со својот сегашен партнер Ф.Т. дошла во домот на нејзиниот татко. Кога ја отворила вратата, била нападната со нож од нејзиниот поранешен партнер И.С. (39) од Скопје, кој ја заклучил вратата.Полицијата потоа во куќата го пронашла и нејзиниот татко К.К. (74) мртов, со повреди од остар предмет. Таму бил затекнат и осомничениот Илија Стефановски, кој исто така имал повреди, за што полицијата смета дека откако ги убил и двајцата, самиот посегнал по сопствениот живот. Подоцна починал во болницата.На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Велес. Телата на починатите се дадени на обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

ubiec-rosica

(ФОТО) Ова е Илија Стефановски, убиецот на Росица од Велес

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев (74) во Велес, претходно биле поведени повеќе постапки за закани и насилство, соопшти Основното јавно обвинителство.Убиената Росица неколку пати го пријавувала Стефановски за семејно насилство и за непочитување на забраната за приближување. На 10 септември годинава тој бил условно осуден.Во мај, пак, од нејзиниот дом го одзел и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.Случаите биле пријавувани во ОЈО Велес, а дел и во ОЈО Скопје, каде осомничениот ја пријавил Росица дека му поднесува лажни пријави со цел да му изнуди пари.

Македонија | пред 2 месеци

Mickoski-1

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави:„Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 04:30 часот. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од противпожарната единица на Град Скопје.Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време, дека за жал, постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. И одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите.Денеска додека сум јас во Јегуновце, заседаваат врвот на структурите на Министерството за внатрешни работи. Идентификувани се околу дваесетина лица за коишто постои засновано сомневање дека стојат позади целиот овој процес.Истовремено имавме одредени дојави коишто ги собиравме изминативе денови и во координирана акција, Министерството за внатрешни работи со Министерството за животна средина, ќе постапува во деновите коишто следат. Така што, еве за жал, има структури коишто на ваков, би рекол, начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир.Но како што кажав, тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме.“

Македонија | пред 2 месеци

trubarevo

Увидот за пожарот во Трубарево ќе почне утре

ОЈО соопшти дека увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.-По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања