Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

Screenshot-2025-09-13-at-23.38.20

Ангелов по реакцијата на Шукова: „Значи сака Ромите да продолжат да живеат во депонија и да палат отпад“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, се огласи по реакцијата на Шукова во однос на неговата изјава за иселувањето на Ромите од Вардариште.Во денешната реакција кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели: "Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт".Ова значи дека Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија. Сака овие Роми да продолжат да палат кабли и друг токсичен отпад предизвикувајки дополнителни пожари во депонијата Вардариште со што го трујат цело Скопје. Сака узурпација и небезбедни дивоградби на државно земјиште.Чисто како информација, би било убаво кога Шукова би позборувала со претставници на неколкуте здруженија на граѓани кои се борат против загадувањето кое се шири од дивата депонија Вардариште. Притоа нека ги запраша колку пати вербално и физички се нападнати од лица кои најверојатно живеат во дивата населба во Вардариште.За крај, јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам "преживувањето" на неколку десетина ромски семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади граѓани на Скопје кои секојдневно вдишуваат отрови настанати од согорување на кабли и друг токсичен отпад. Бидејки, за мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните секогаш се на прво место, вели Ангелов во изјавата.

Скопје | пред 2 месеци

547916272_809152314830019_3273010188829120042_n

(Фото) Ставени црвените таблички на службените возила на Гази Баба - „Нема повеќе злоупотреба“

Во дворот на Општина Гази Баба денеска беа промовирани новите регистарски таблици во боја за службените возила. Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, најавија дека мерката е дел од владин проект за јасна идентификација и спречување на злоупотреби. Ова е втор чекор по воведувањето на 24-часовен систем за следење на општинските возила, кој функционира од почетокот на мандатот.Транспарентност и одговорност на дело – за доверба која се гради со работа, а не со зборови.Денес, во дворот на Општина Гази Баба, заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, ги промовиравме новите регистарски таблици во боја на општинските службени возила.Ова е дел од владиниот проект за јасна идентификација на службените возила, а Гази Баба е една од првите општини во Македонија што ја имплементира оваа препорака.Ова е втор чекор што го преземаме во борбата против можни злоупотреби. Првиот чекор:24-часовен систем за следење на движењето на сите општински возила – воведен уште на почетокот од мандатот.Заврши времето кога службените возила се користеа како лична сопственост.Нема веќе носење на возилата дома.Нема повеќе возење без оправдана потреба.А јас – како градоначалник – четири години мандат и ниту еден ден немам користено службено возило. Тоа е личниот пример што го давам.Ние не сме тука за да ги користиме привилегиите на функцијата. Ние сме тука да му служиме на народот.И така ќе биде – сè додека ја имам довербата да бидам на оваа позиција.

Скопје | пред 2 месеци

Seq-16-9.00_00_05_15.Still002

(Видео) Нѐ евакуираше полиција, се слушаа експлозии, овде живеат и изнемоштени лица, сведочи жител на Пинтија по палењето на сервисот

Жител на скопската населба Пинтија сведочи дека утрово околу 3:40 часот го разбудила силна експлозија што потекнувала од сервис за возила во непосредна близина на неговиот дом.„Кратко потоа, за околу десетина минути, на врата ми затропаа полицајци и ме замолија да го напуштам домот поради безбедносни причини,“ раскажува тој за медиумите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Пожарот, како што вели, предизвикал голем пламен и густ чад.„Гореа гуми, пластика, работи кои можеби се и канцерогени, тоа експертите подобро знаат. Но дефинитивно не беше пријатно за дишење, особено кога сте во непосредна близина,“ додаде жителот.Иако пожарот бил локализиран, гаснењето траело подолго време поради тоа што на повеќе места материјалите тлеле и повторно се разгорувале.„Со навремена координација на пожарникарите, пламенот беше ставен под контрола и не беше дозволено да се прошири кон куќите во околината каде што живеат луѓе,“ нагласи сведокот.

Скопје | пред 2 месеци

dnk3

Преживеаниот гитарист на ДНК: Не требаше да биде вака колеги мои

Горан Тонев, гитаристот на ДНК објави тажно сеќавање.„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите...Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат.Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша Горан.Toj беше повреден во несреќата и два месеца се лекуваше во болница во Солун...Со неговото стори на инстаграм сподели дел од заедничките моменти со бендот во кој свиреше.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

(Видео)Вечерва собир на плоштадот во Скопје во знак на сеќавање на жртвите од Кочани, поминаа шест месеци

Движењето „Кој е следен“ за вечерва најави собир на плоштадот во Скопје, по повод шест месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади лица. Настанот ќе започне во 20:16 часот.„Она што се случи не беше несреќа, ниту трагедија, туку масакр – свирепо убиство предизвикано од нефункционалните институции и партискиот систем,“ стои во најавата на организаторите. Тие додаваат дека вторник вечер е време за „тивок собир и ѕвездено небо“, со порака дека болката мора да ја почувствуваат сите заедно.„Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Таа болка треба да нѐ разгневи и да нѐ мотивира за акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме неми пред неправдата и секој на свој начин да ја преземе одговорноста,“ се нагласува во повикот.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-16-at-10.56.57

(Видео) Целосна снимка: Во Пинтија гореле автомобили и масло, се гаснело два часа

Стаклара, во местото познато како Каменик. Во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети, што придонело за брзото ширење на огнот и сложеноста на интервенцијата.Екипите на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје веднаш излегле на терен и интервенирале со осум возила. По речиси двочасовна борба, пожарот бил ставен под целосна контрола и изгаснат пред 6 часот изутрина.„Пожарот беше тежок за гаснење поради големото количество масло и запаливи материјали во сервисот, но навремената реакција спречи поголема катастрофа“, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 2 месеци

97E3F27E-18A9-4A0C-91C2-D295D436663D

Ангелов: Нов пожар на „Дрисла“, изгаснат за еден час

Синоќа пред 23 часот повторно избувнал пожар на депонијата „Дрисла“, но овој пат на нова локација, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Тој посочува дека на терен веднаш интервенирале скопските пожарникари кои започнале со гаснење, но поради специфичноста на огнот било потребно и затрупување на опожарената површина. За таа цел биле активирани градежни машини кои веќе биле распоредени на депонијата, а нивните возачи брзо пристигнале на местото.„Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан, со што беше спречено негово ширење кон главнината на депонијата“, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Скопје | пред 2 месеци

orce-gjorgievski142

„Главна тема им е загадувањето“ – Ѓорѓиевски со сомнеж за политичка кампања преку пожарите

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше за актуелните случувања околу пожарите.„Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.„Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:„Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

kaja-sukova

„Ангелов покажа врв на нечовечност со изјавата за насилно иселување на Ромите“, реагира Шукова

Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт, оцени кандидатката за градоначалник на Скопје на СДСМ, Каја Шукова.Оваа изјава на Стојанче Ангелов е тешка и опасна навреда за Ромите и го открива вистинското лице на оваа власт. Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало „на сила да бидат иселени“? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите.Ангелов и Тошковски во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница. Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање.Ова не е резултат на ништо друго, туку на неспособност, ароганција и гнев заради сопствените неуспеси. Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-16-095605

(Видео) Снимка од палењето на сервисот во Пинтија, еве како е подметнат пожарот ноќеска

Скопје1 дојде до снимка од палењето на сервисот за возила во Пинтија, што утрово целосно изгоре. На видеото јасно се гледа лице облечено во дуксер со качулка како ја прескокнува оградата и како со канта полева бензин врз паркираните автомобили, по што настанува експлозија и пламените брзо го зафаќаат објектот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Потсетуваме, пожарот избувна ноќеска нешто пред 04 часот во сервисот лоциран над Стаклара, во местото викано Каменик. Во објектот имало повеќе возила и запаливи материјали, што придонело огнот брзо да се прошири. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје со осум возила интервенирале на терен и успеале да го стават пожарот под контрола пред шест часот.Од Дирекцијата за заштита и спасување утрово информираа дека немало повредени лица, но материјалната штета е огромна.Со новата снимка, истрагата добива сосема поинаков тек, бидејќи се потврдува дека станува збор за намерно подметнат пожар. Полицијата работи на идентификување на лицето што се гледа на видеото.

Скопје | пред 2 месеци

IMG_4172

(Видео) Израел ја интензивира офанзивата во Газа – масовни евакуации и предупредувања за краток рок за примирје

Израелските воени авиони изведоа речиси непрекинати напади врз градот Газа во текот на ноќта, поддржани со артилериски оган, јави палестинската новинска агенција WAFA. Според палестински медиуми, израелски тенкови подоцна навлегле во делови од градот каде сè уште престојуваат стотици илјади луѓе, иако официјална потврда од израелската армија засега нема.Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 350.000 Палестинци досега го напуштиле градот Газа и се евакуирале во други делови од Појасот. Според извор од израелската одбрана, на кој се повикува „Тајмс оф Израел“, илјадници жители заминале токму во изминатата ноќ, а бројот на бегалците се очекува дополнително да расте како што напредува копнената офанзива против Хамас. Happening Now.Hamas is getting pummelled tonight in Gaza City.I stand with Israel in the fight against Islamist Terrorism. pic.twitter.com/0lW0iagpk2— Kosher🎗 (@koshercockney) September 15, 2025 Се проценува дека пред почетокот на израелската операција во градот Газа живееле околу еден милион Палестинци. Минатата недела армијата им издаде наредба за евакуација на сите жители, упатувајќи ги кон „хуманитарна зона“ на југот од Појасот. Палестинските медиуми јавуваат дека токму ноќеска во градот бил извршен најсилен бран воздушни напади досега.Во вакви услови, американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека Хамас има само неколку дена за да се согласи на договор за прекин на огнот, бидејќи Израел веќе започнал особено жестоки операции врз градот. „Израелците започнаа операции таму. Затоа веруваме дека имаме многу краток временски рок за да постигнеме договор со палестинската исламска група,“ изјави Рубио пред новинарите.По посетата на Израел, тој отпатува за Катар, додавајќи дека шансата за договор останува отворена „само неколку дена, можеби неколку недели“.

Свет | пред 2 месеци

bogdanka-SDSM

СДСМ: Мицкоски да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагираше на интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „360 степени“, во кое тој изјави дека нема докази за постоење на домашни или странски центри на моќ кои стојат зад неодамнешните пожари, меѓу кои и оној во Трубарево.Од СДСМ велат дека ова признание директно ги демантира претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека во позадина на пожарите стојат организирани структури. Според партијата, со тоа се потврдува дека јавноста била доведена во заблуда и дека биле ширени неосновани стравови.„Со своите изјави, Мицкоски без факти и докази ја злоупотребил безбедносната состојба во државата и намерно предизвикал страв и паника кај граѓаните,“ наведуваат од СДСМ, додавајќи дека премиерот треба да сноси одговорност.Во реакцијата се посочува и дека „ваква злоупотреба на институциите и нивно користење за политички поени претставува закана по граѓаните и по државата во целина“.Мицкоски досега не се има јавно произнесено по последните изјави на министерот Тошковски.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-16-090132

(Фото) Изгореа автомобили во сервис за возила во Пинтија

Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот.– Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред шест часот – информираа од ДЗС.Фотографии објави и градоначалникот на Кисела вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски-После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко - вистински чувари на градот и наши херои!Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.Повикувам на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство, ова мора да запре!

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-16-085226

Државјани на Белорусија уапсени по соборување на дрон над Варшава

Полските безбедносни служби во понеделникот вечерта соборија дрон што летал над повеќе значајни владини објекти во Варшава, а во акцијата беа приведени двајца државјани на Белорусија.Како што соопшти премиерот Доналд Туск преку социјалната мрежа „Икс“ (X), дронот бил забележан над областа со владините згради на улицата Парков, како и над палатата Белведере, по што бил неутрализиран од страна на Државната служба за безбедност. Веднаш потоа полицијата ги привела осомничените лица, а надлежните институции започнаа истрага за случајот.Настанот доаѓа помалку од една недела откако полската армија собори 19 руски беспилотни летала во близина на украинската граница – инцидент кој беше оценет како најтежок од почетокот на руската целосна инвазија врз Украина пред повеќе од три години.Москва негира дека нејзини дронови го повредиле воздушниот простор на НАТО, но Алијансата сепак реагираше со голема воена операција за зајакнување на источната граница, наречена „Источна стража“, која предвидува прераспоредување на војска и опрема.Во Полска расте стравувањето дека војната може да се прелее од Украина, па сè погласни се повиците НАТО да го затвори украинското небо и да обезбеди воздушна заштита.Од руска страна, пак, предупредуваат дека таков потег би претставувал фактички почеток на директна војна меѓу Русија и НАТО. Во меѓувреме, Русија и Белорусија спроведуваат заеднички воени маневри во близина на Минск.фото: Unsplash

Свет | пред 2 месеци

kocani-puls-protest-4

Денеска марш на ангелите во Кочани – шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од големата трагедија што на 16 март годинава го потресе Кочани и целата држава, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија 62 млади лица. Несреќата се случи во доцните вечерни часови, а огнот за кратко време го зафати целиот објект, оставајќи зад себе пустош и незамислива болка кај семејствата на жртвите и жителите на градот.Во спомен на загинатите, денеска ќе се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“. Поворката ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се движи по претходно утврдената патека – покрај општинската зграда, УЈП, полициската станица, кочанскиот суд и Јавното обвинителство, а ќе заврши повторно во паркот.Во саботата, пак, семејствата и најблиските одржаа помен на вечното почивалиште на младите чии животи беа прекинати прерано. Трагедијата остави длабока трага во колективното сеќавање на граѓаните, кои и денеска со маршот ќе ја испратат пораката дека болката е голема, но и дека споменот на нивните најмили никогаш нема да згасне.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања