Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

pozar-trubarevo

Слабее чадењето во Трубарево, и натаму се затрупува просторот со специјална пена и песок

Од опожарениот простор во Трубарево останува слабо чадење на само неколку точки, кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, изјави Ангелов, додавајќи дека со ваквата интервенција се очекува проблемот во целост да се надмине.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

ОЈО Скопје по пожарот во Трубарево: Нема радијација, контаминацијата е хемиска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во врска со големиот пожар во складиште со отпад во Трубарево, засега не е детектирана радијација, туку станува збор за хемиска контаминација.„Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството“, соопштија од ОЈО.Пожарот, кој избувна во саботата, предизвика густ токсичен чад што се прошири над повеќе скопски населби. Жителите алармираа за печење на очите и проблеми со дишењето, а дел од нив беа евакуирани. Институциите и натаму вршат мерења и проценки за последиците врз здравјето на населението и животната средина.

Скопје | пред 2 месеци

ganikj

Инспекција влезе во компанијата со која граѓани поминаа патешествие од Истанбул до Скопје

По голготата на македонските туристи кои за Истанбул со „Ганиќ-Ексклузив“, Министерството за транспорт и врски започна со вонреден надзор. Истовремено, од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека во континуитет вршат контроли во доменот на нивната надлежност. Ова доаѓа откако патници се пожалија дека компанијата сакала да ги превезува со неисправен автобус, а по низа инсистирања (за некои се објавени и снимки), испратено е ново возило. Од Министерството за транспорт посочуваат дека проверките ќе бидат детални.„Во рамки на своите законски надлежности Министерството за транспорт ги презема сите активности за реализација на внатрешниот и меѓународниот транспорт на патници. Исто така Министерството за транспорт во континуитет го следи случајот со туристичкиот автобус. Според првичните информации се работи за техничка неисправност на автобусот што е надвор од надлежностите на Министерството за транспорт. Она што министерството согласно своите законски надлежности ќе направи е ќе се побара вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторатот за транспорт и ќе се извршат детални проверки. Доколку се утврди прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, ќе се изречат соодветни законски санкции“, велат од Министерството за транспорт за „Скопје1“.Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека секое моторно возило мора да биде технички исправно за да биде во сообраќај.„Во рамките на нашите законски овластувања, редовно спроведуваме контроли на техничките прегледи и работата на овластените станици, надзор над спроведувањето на прописите за безбедност во сообраќајот, проверки на исправноста на возилата во сообраќај, секоја констатирана неправилност се третира согласно важечките закони, со преземање на соодветни правни мерки“, велат од МВР.Патниците кои биле со компанијата за Истанбул, за назад патувале повеќе од 30 часови, сведочат самите. За нивниот револт има сведочења на социјалните мрежи, а некои од нив најавија и групна тужба за компанијата, а со цел вакво патешествие да не се повтори. Од компанијата пак, тврдат дека дефектот бил технички и надминат, а патниците се враќале со друго возило. Истовремено, спротивно на сведочењата, оттаму велат дека патниците правеле дури и забава, а не дека биле лути и гневни.

Македонија | пред 2 месеци

1000018679

(Фото) Приведен пратеникот Јанчев од Левица по сообраќајка во Илинден: повредени се малолетници, но и тој со сопатникот

Ноќеска, еден час по полноќ, во селото Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.Според МВР, во несреќата тешко повредени се малолетниот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден. Тие се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле и возачот Јанчев, како и неговиот сопатник Х.М. (25) од Вевчани, кои биле прегледани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.Од Левица остро реагираа на, како што ги нарекоа, „дезинформациите пласирани од куртонски медиуми“. Партијата тврди дека несреќата се случила поради удар на нерегистриран и неисправен моторцикл, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига.„Пратеникот Јанчев управувал совесно, со пропишана брзина и со вклучен жмигавец за вртење десно. Несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне. Јанчев веднаш повикал полиција и Брза помош, која пристигнала по околу 40 минути“, наведуваат од Левица.Од таму додаваат дека пратеникот и неговиот сопатник се здобиле со повреди, но посочуваат дека најтешко повреден останува малолетниот возач на моторциклот, кому му посакуваат закрепнување.„Стоиме на располагање за секаква помош и апелираме младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Очекуваме институциите да ја завршат својата работа чесно и професионално, без притисоци и политички конструкции“, соопштија од партијата.Левица најави дека ќе чека на официјалното вештачење и заклучоци од истрагата на Обвинителството и ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста.

Скопје | пред 2 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Поднесени 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека по завршувањето на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори 2025 година, до општинските изборни комисии се доставени вкупно 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Во бројката се вклучени и кандидатурите поднесени од политички партии и оние од групи избирачи.Најголем интерес е забележан во Град Скопје, каде се поднесени 18 кандидатури за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Градот.Согласно роковникот за спроведување на изборите, општинските изборни комисии веднаш по приемот на листите доставуваат барања до институциите кои ги поседуваат потребните податоци за проверка на исполнетоста на законските услови, најдоцна до 14 септември. По завршувањето на проверките и евентуалното отстранување на неправилности, потврдените листи треба да се достават до ДИК најдоцна до 20 септември, кога ќе биде утврден и редоследот во единствената листа на кандидати.По завршување на целата процедура, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини што ќе учествуваат на претстојните избори.Табеларен приказ на поднесени кандидатски листи за Локални избори 2025 година - Copy

Македонија | пред 2 месеци

DSC_0289

Киднапирана 21-годишна штипјанка: девојка од Кочани ја грабнала, нападнала и снимала

Полициските службеници од ОВР Кочани вчера уапсиле 28-годишна жена од Кочани, со иницијали Ј.Н., поради сомневање за киднапирање и напад врз млада девојка од Штип.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 13 септември околу 22:10 часот во Штип, кога осомничената со употреба на сила ја внесла 21-годишната штипјанка во возило управувано од друго женско лице. Двете ја однеле жртвата во една штипска населба, каде Ј.Н. физички ја нападнала и притоа го снимала нападот со мобилен телефон.„На 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава... По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Четири лица побарале здравствена помош поради пожарот во Трубарево, сите надвор од животна опасност

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација што се случува од здравствена гледна точка. Денес сме тука пред токсикологија, имаше 4 хоспитализирани од кои тројца беа амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, четвртиот пациент е хоспитализиран. Надвор од животна опасност се сите 4 пациенти. Со Институтот за јавно здравје и со директорот на Клиниката за токсикологија направени се протоколи во овој период, доколку има потреба да се интервенира во некој дел. Како што знаете, ИЈЗ вчера излезе со препораки за граѓаните, истите препораки важат и денес, кажа министерот Алиу.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска посочи дека ова е една ситуација со која граѓаните и државата за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника.- Најважно е што сите институции според моите информации се веќе вклучени во целиот процес и заедно се координираме.Институтот издаде одредени препораки, тие препораки се општи, но се во согласност со највисоките светски стандарди. Иако овие препораки изгледаат едноставни, сепак доколу се почитуваат од граѓаните од ранливите групи - овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме. Институтот располага со најсовремена опрема и со професионалци кои во реално време ни покажуваат дали има отстапување од параметрите на радиоактивност во воздухот. Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри кои се однесуваат за радиоактивност во воздухот. Наши екипи ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови и граѓаните навремено ќе бидат информирани, заклучи Андоновска.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.08.36

(Видео) Kако се гаснел пожарот во Трубаревo: „мирисот е намален, се работи на затрупување“

Командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, изјави дека пожарот кој избувна вчера попладне е ставен под контрола и оти интервенцијата била успешна, и покрај тоа што станувало збор за обемен и тежок случај.„Во 13:30 часот добивме повик за пожарот. Беше интервенирано со цел капацитет, иако еден час претходно имавме интервенција во Лисиче каде имаше поголемо опожарување. За брзо време имаше контрола на пожарот за тој да не се прошири. Се продолжи кон гаснење на самиот отпад. Поради обемот на пожарот беше побарана дополнителна помош. АД Окта ни излегоа во пресрет и АД Макпетрол кои ни дадоа пена за да спречиме ширење на пожарот. Беа активирани сите капацитети кои ги имаше Комунална хигиена за дотур на вода“, изјави Томески. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Тој нагласи дека пожарот зафатил голем простор, но со ангажман на дополнителна механизација и песок, бил локализиран уште во доцните вечерни часови. „Со новиот ден имавме нова акција со механизација, која ни помогна да го ставиме пожарот под контрола. Осумдесет отсто од периметарот околу опожарениот објект е покриен со песок. Ниту еден колега не е повреден, сите се вратени дома. Нема повреден граѓанин. Оваа интервенција ја оценувам како успешна. Вакви пожари се тешки и тешко се гаснат, но успеавме брзо да ги ставиме под контрола“, додаде тој.Според Томески, состојбата на терен е значително подобрена. „Мирисот е интензивно намален, го нема оној што беше на почеток на пожарот. Се надевам до крајот на денот целосно ќе е затрупана и нема да има исчадувања од неа“, порача командирот на скопската противпожарна бригада.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.06.21

Мицкоски: Пожарите се резултат на подметнувања и диверзии од центри на моќ, ќе има и во идниот период

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат.

Скопје | пред 2 месеци

putin-oresnik-nuklearka-

Се зголемува тензијата: Русија и Белорусија со воени маневри покрај границите на НАТО

Испраќањето на дронови-мамци во полскиот воздушен простор пред само два дена беше тест за одбраната на НАТО и подготвеноста на Полска да одговори на заканите од исток. Само неколку часа подоцна, Русија и Белорусија ја започнаа долгoочекуваната воена вежба „Запад 2025“, која трае од 12 до 16 септември и која предизвикува сериозна загриженост кај источните членки на Алијансата.Иако Кремљ тврди дека маневрите се одбранбени и „не се насочени против никого“, сценаријата вклучуваат и симулации за употреба на новиот руски балистички проектил Орeшник, способен да носи и нуклеарни боеви глави. Западните разузнавачки служби предупредуваат дека ваквиот тренинг силно потсетува на „Запад 2021“, кој му овозможи на Кремљ под параван на „обука“ да размести трупи во близина на Украина, пред инвазијата во февруари 2022 година.Полска и Литванија, како одговор на зголемената закана, го затворија целосно или делумно воздушниот простор на своите источни граници и распоредија дополнителни војници и противвоздушни системи. Полска испрати 40.000 војници на границата со Белорусија. Францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање три борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор, со порака: „Нема да попуштиме пред руските закани.“И покрај уверувањата од НАТО дека не постојат директни индикации за напад, на источниот фронт расте вознемиреноста. Аналитичари предупредуваат дека симулациите за користење на Орeшник – проектил со дострел од 2000 до 5000 километри и брзина од 10 маха – претставуваат отворена демонстрација на сила кон ЕУ.Белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да ја претстави вежбата како „шоу“ и отвори врата за странски набљудувачи. Истовремено, во обид да испрати порака на добра волја, неговиот режим пушти 52 политички затвореници, меѓу кои и познати опозициски фигури. Сепак, повеќе од 1100 политички затвореници остануваат зад решетки, што ја одржува сликата за Белорусија како последна европска диктатура.Рускиот воен аналитичар Василиј Кашин предупредува дека ваквите паралелни маневри – руски и на НАТО – ќе станат редовна пракса, слично на периодот на Студената војна. Во меѓувреме, руските пропагандисти го слават фактот што НАТО користи скапи воздушни системи за пресретнување на евтини дронови, што, според нив, ја покажува „слабоста“ на Алијансата.„Запад 2025“ се одвива во момент кога Москва нема намера да ја деескалира војната во Украина, а демонстрацијата на ново оружје и координираните вежби со Белорусија дополнително ја зголемуваат нервозата во Варшава, Вилнус и Рига. За НАТО, тоа е нов тест на единството и способноста да одговори на заканите што доаѓаат директно на неговите источни врати.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-09.20.24

(Видео) Снимки од утринава: пожарот во Трубарево е под контрола, спасени околни објекти

Пожарот што вчера избувна во магацин за отпад во скопската населба Трубарево е ставен под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, активно горење повеќе нема, но сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот на затрупаните делови, а останува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина.Ангелов објави дека деталите ги пренесува преку видео-изјава снимена на самото место, додавајќи дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на скопските пожарникари и добро организираната акција, успеале да спасат неколку објекти чии дворови, но и самите објекти, биле полни со пластичен отпад. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 2 месеци

pozar-trubarevo-52345

(Видео) Снимки од моменталната состојбата во Трубарево каде гори складиштето

Претставници на институциите и вечерва се присутни во кругот на складиштето „Ф-Групација“, каде продолжува гаснењето на големиот пожар што избувна доцна вчера и во кој гори канцероген отпад. Потрупувањето со ситна песок, според надлежните, дава резултати – ширењето на огнот е спречено, а пожарот се држи под контрола. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)На терен се работи со засилено темпо. Покрај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на местото присуствуваа и скопските градоначалници, меѓу кои претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Обезбедена е дополнителна механизација и ситна песок за поефикасна работа на екипите. Во гаснењето учествуваат и противпожарни единици од повеќе градови.Во полициска станица во моментот се наоѓаат три лица поврзани со фирмата, кои даваат искази за околностите на пожарот. Постои сомнеж дека огнот е подметнат, а директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, случајот го оцени како „хибридна војна“.На сите лица кои активно учествуваат во гаснењето им беа поделени заштитни маски поради високото загадување на воздухот предизвикано од согорувањето на отпадот.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.35.03

МВР влегува од куќа во куќа во Трубарево и евакуира: Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата од куќа во куќа ги известува жителите во најризичната зона околу пожарот дека треба да се евакуираат.„Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации“, изјави Тошковски.Тој прецизираше дека на 150 метри од огништето е утврдено високо ниво на опасност. „Од 150 до 200 метри е средно ниво на опасност. Од 200 до 400 метри е ниско ниво на опасност. Над 400 метри не се утврдени загадувања кои би биле штетни. Тоа се информациите кои ги добивме“, додаде министерот.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.38.20

Се очекуваат нови пожари, оваа Влада има поголема проактивност со пожарите, рече Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека сегашната Влада презела поинаков пристап во справувањето со пожарите и депониите во однос на претходната власт.„Морам да укажам дека претходната Влада во овој дел мене не ми давала задолженија, така што депониите ги немам работено како ЦУК. Депониите ги работеше локалната самоуправа. Оваа Влада направи чекор понатаму, именувајќи ме за командант. Оваа Влада покажува поголема проактивност од претходната Влада во однос на пожарите. И во претходната Влада сум имал одврзани раце, сум кажувал. Но сега има повеќе“, рече Ангелов.Тој нагласи дека последните пожари претставуваат хибриден настан: „Избувнаа денеска два пожари. Едниот во семенара каде имало пластичен отпад и во Трубарево, а сето ова додека гори Дрисла“, рече Ангелов, најавувајќи дека се можни и нови напади.„Очекуваме и нови напади (пожари), ќе се смири ситуацијата. Освен Јасен, немавме друга катастрофална состојба. Дојдете еднаш, посетете еден пожар“, додаде Ангелов.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања