Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Се зголемува тензијата: Русија и Белорусија со воени маневри покрај границите на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
putin-oresnik-nuklearka-

Испраќањето на дронови-мамци во полскиот воздушен простор пред само два дена беше тест за одбраната на НАТО и подготвеноста на Полска да одговори на заканите од исток. Само неколку часа подоцна, Русија и Белорусија ја започнаа долгoочекуваната воена вежба „Запад 2025“, која трае од 12 до 16 септември и која предизвикува сериозна загриженост кај источните членки на Алијансата.

— реклама —

Иако Кремљ тврди дека маневрите се одбранбени и „не се насочени против никого“, сценаријата вклучуваат и симулации за употреба на новиот руски балистички проектил Орeшник, способен да носи и нуклеарни боеви глави. Западните разузнавачки служби предупредуваат дека ваквиот тренинг силно потсетува на „Запад 2021“, кој му овозможи на Кремљ под параван на „обука“ да размести трупи во близина на Украина, пред инвазијата во февруари 2022 година.

— реклама —

Полска и Литванија, како одговор на зголемената закана, го затворија целосно или делумно воздушниот простор на своите источни граници и распоредија дополнителни војници и противвоздушни системи. Полска испрати 40.000 војници на границата со Белорусија. Францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање три борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор, со порака: „Нема да попуштиме пред руските закани.“

— реклама —

И покрај уверувањата од НАТО дека не постојат директни индикации за напад, на источниот фронт расте вознемиреноста. Аналитичари предупредуваат дека симулациите за користење на Орeшник – проектил со дострел од 2000 до 5000 километри и брзина од 10 маха – претставуваат отворена демонстрација на сила кон ЕУ.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да ја претстави вежбата како „шоу“ и отвори врата за странски набљудувачи. Истовремено, во обид да испрати порака на добра волја, неговиот режим пушти 52 политички затвореници, меѓу кои и познати опозициски фигури. Сепак, повеќе од 1100 политички затвореници остануваат зад решетки, што ја одржува сликата за Белорусија како последна европска диктатура.

Рускиот воен аналитичар Василиј Кашин предупредува дека ваквите паралелни маневри – руски и на НАТО – ќе станат редовна пракса, слично на периодот на Студената војна. Во меѓувреме, руските пропагандисти го слават фактот што НАТО користи скапи воздушни системи за пресретнување на евтини дронови, што, според нив, ја покажува „слабоста“ на Алијансата.

„Запад 2025“ се одвива во момент кога Москва нема намера да ја деескалира војната во Украина, а демонстрацијата на ново оружје и координираните вежби со Белорусија дополнително ја зголемуваат нервозата во Варшава, Вилнус и Рига. За НАТО, тоа е нов тест на единството и способноста да одговори на заканите што доаѓаат директно на неговите источни врати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања