ТОП

Screenshot-2025-09-13-at-23.22.01

(Видео) Вонреден прес на Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење – жителите во близина да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека пожарот кој избувна е ставен под контрола и дека на терен се ставени сите расположливи ресурси. Според него, гаснењето се одвива со ситна песок, а пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.Тој додаде дека во моментов се вршат разговори со три лица во полициска станица со цел да се утврдат причините и околностите за избивањето на пожарот.„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.Тој и самиот призна дека гаснењето на овој пожар ќе трае.„Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии... и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-trubarevo

(Видео) Снимки од моменталната борба со огнот во Трубарево - пожарот и натмау беснее

Со градежна механизација се потрупува локацијата каде половина ден беснее пожар. Ова е најбрз начин за да се гасне дел по дел локацијата. Вака се постапуваше и кога гореа други депонии во Скопје.Таму се присутни повеќе противпожарни бригади, со опрема и возила за гаснење. На терен не делуваат хеликоптерите и ер-тракторите бидејќи е ноќ. Истовремено се носи и ситна песок за гаснење.Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири.Таму се присутни полициски службеници, но и неколку скопски градоначалници како Бобан Стефковски, Орце Ѓорѓиевски, Дејан Миткоски.. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Се дистрибуираат заштитни маски на жителите на Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.„Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати“, рече министерот за здравство, Азир Алиу.Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09

Доктор Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

Доктор Андон Чибишев изрази сериозна загриженост поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад, посочувајќи на високите здравствени ризици кои произлегуваат од согорувањето на ваков вид материјал.„Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен“, предупреди доктор Чибишев.Тој истакна дека овие гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хроничните болни лица, особено оние со срцеви, белодробни и малигни заболувања.„Апелирам граѓаните да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, додаде Чибишев.Апелот доаѓа во момент кога јавноста е вознемирена од серијата пожари во Скопје и околината, кои предизвикуваат ширење на токсичен чад и сериозни здравствени закани.

Македонија | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Министерството за здравство со препораки за граѓаните поради загадениот воздух

Институтот за јавно здравје, преку Министерството за здравство, издаде низа препораки за заштита на здравјето на населението во услови на евентуално загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, особено поради активните пожари и чадот што се шири над делови од Скопје.Граѓаните кои живеат во подрачја каде постои ризик од загаден воздух се советуваат да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, како и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација кои вовлекуваат надворешен воздух.Особено ранливи категории се лицата со респираторни заболувања, децата, старите лица и бремените жени, кои треба да избегнуваат активности на отворено. При неопходно движење во близина на опожарени подрачја, се препорачува користење соодветни заштитни маски.Установите за згрижување стари лица се повикани да преземат дополнителни мерки за минимизирање на изложеноста на нивните корисници, а сите граѓани да бидат внимателни на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очи, нос и грло. При појава на вакви симптоми, се препорачува веднаш да се побара медицинска помош.Граѓаните исто така треба да се воздржат од контакт или приближување до отпад во погодените подрачја сѐ додека надлежните институции не дозволат пристап, како и редовно да ги следат официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот.Од Министерството потенцираат дека целта на овие мерки е намалување на непосредните здравствени ризици и заштита на целата заедница, додавајќи дека граѓаните мора строго да ги почитуваат инструкциите на јавноздравствените институции и службите за итна помош, вклучително и евентуални насоки за евакуација.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-18.45.10

(Видео) Министерот за животна средина си тера кампања, додека во Скопје се случува еколошка катастрофа

Додека густ токсичен чад од пожарот во магацин за отпад во скопската населба Трубарево се шири над градот, министерот за животна средина и просторно планирање и вицепремиер, Изет Меџити, си ја тера својата предизборна кампања во Чаир.Средбите, Меџити ги прави во исто време додека и натаму гори складиштето, а истите ги споделува и во живо на социјалните мрежи. Токму Министерството за животна средина со кое тој раководи, ги издава дозволите за работа на вакви објекти, како што е запалениот, а врши и контроли. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Во исто време, жителите на Трубарево и околните населби алармираа за здравствени проблеми поради чадот – печење на очите, тешкотии при дишењето и страв од долгорочни последици.Контрастот меѓу еколошката катастрофа на терен и политичкиот митинг на првиот човек задолжен за животната средина предизвика остри реакции во јавноста. Граѓани и активисти јавно прашуваат како е можно министерот да избере партиска активност пред итна посета на локацијата погодена од пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-20-at-21.43.58_a1700c48

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“: Мајката на Ивона со потресна порака

Стојка Антова, мајката на загинатата Ивона во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, денеска се огласи со емотивна објава на социјалните мрежи по повод шест месеци од трагедијата.„6 месеци без моето Ивонче. Шест месеци одам на гроб, а виновниците си шетаат... Мене ми ја искорнаа душата, а нив совеста не ги допира. Една беше Ивона – мојот ангел, мојот живот. Ќе ја љубам засекогаш, а правдата ќе дојде – и тогаш ќе боли таму кај што најмногу треба,“ напиша Антова.Објавата предизвика силни реакции во јавноста, потсетувајќи уште еднаш на болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски во најголемата понова трагедија во Македонија. Случајот „Пулс“ сè уште е во тек пред институциите, а родителите на жртвите постојано апелираат за брза и правична разрешница.

Коментари | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.12.43

(Видео) Станува збор за намерно подметнат пожар, чадот е токсичен, се прави смена на пожарникари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот кој денеска избувна во Трубарево најверојатно е намерно подметнат и го нарече „хибриден напад врз државата“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Според мене се работи за намерно подметнат пожар, повеќе од сигурно намерно подметнат пожар, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Да се случат волку тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување... се работи за намерно подметнат пожар,“ изјави Ангелов.Тој посочи дека во објектот имало голема количина пластика која предизвикала густ црн, а веројатно и токсичен чад. „Веднаш до нивните објекти има уште два објекти во кои има поголема количина на пластичен отпад, а се делумно зафатени од пожарот. Нашата прва цел е да не се дозволи ширење на пожарот, затоа сите ресурси кои ги имаме во Скопје се насочени тука,“ додаде тој.На терен се распоредени три БТР и еден „Хермелин“, скоро сите возила на скопската Противпожарна служба, како и полициски и армиски хеликоптер, заедно со авион „Ер Трактор“ на ДЗС.„Во овој момент нема повредени лица. Повикани се дополнителни противпожарни камиони, за смена на пожарникарите кои се дел и внатре во чадот со заштитни маски или специјални боци со кислород,“ информираше Ангелов.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Џамбазов раскажа тешка епизода од неговиот живот: Одбил „нестварна сума“ за митинг, додека немал пари ни за струја

Во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, Игор Џамбазов откри емотивна и искрена приказна од периодот кога се соочувал со сериозни здравствени проблеми и финансиски тешкотии.„Живеев во Козле, во еден сутерен, баш кога ми се случи медицинскиот крах. Лежев шест месеци, не можев да работам, не можев да настапувам, немав од што да заработувам. Во тоа време почнаа изборите. Тони Михајловски ми наговести дека неговите се заинтересирани да настапам на неколку митинзи и на централниот митинг“, раскажа Џамбазов. View this post on Instagram A post shared by Pretres.mk (@pretres.mk)Тој вели дека понудата ја одбил веднаш, иако бил во тешка финансиска состојба: „Му кажав тоа што му го кажував дваесет години: ‘Тончи, само за тоа не правиме муабет. Ја и ти никогаш пријателство нема да си го растуриме’.“Следниот ден, додека лежел дома, му ја исклучувале струјата. „Немав бе луѓе, немав. Срам е да побараш. Доаѓаат двајца, едниот исклучува, а постариот ми вика: ‘Мајсторе, кај тебе ли сме?’ ‘Кај мене бе брат’. ‘Враќај, враќај’, му вика на малиот. ‘Не, Господ ќе ме казни, кај тебе да исклучам, те обожавам’… Но, ме предупреди: ‘Утре ќе дојдат други, плати си ја со време’.“Веднаш потоа повторно добил повик од Михајловски: „Ми вика, те чека во кала коверт толку и толку пари. Тоа беше нешто што нормален човек не може да го заработи за десет години. Не прифатив. Тони викаше: ‘Ова ќе го раскажувам на сите, тогаш почнав да те сакам и ценам уште повеќе’.“Џамбазов нагласува дека и покрај големите искушенија, останал доследен на себеси. „Тоа беше нестварна сума, а јас немав пари за струја. И сум имал и други непристојни понуди, многу такви, но никогаш не прифатив“, истакна тој.Цел ПРЕТРЕС:https://youtu.be/_bOlfR-esy4

Магазин | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

(Видео) Ужасни снимки од објектот кој гори на влез од Скопје

Гори објект лоциран во Илинден, кај клучката за влез во Скопје, дознава „Скопје1“. Според првичните информации зафатени се повеќе простории од истиот, а непознато е како е опожарен. Неофицијално, станува збор за место каде се складирала пластика. Овие информации засега не успеавме да ги потврдиме.Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека околу него има и отпад како што се расфрлани гуми. Засега не е забележано присуство на Противпожарни екипи.Повеќе информации се очекуваат од институциите. Чадот се гледа од повеќе делови на Скопје. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.43.37

(Видео) Нов голем пожар: црн облак од чад над Скопје, се гледа од секој дел на градот

Нов голем пожар избувна во Скопје, неофицијално, во близина на Илинден.Облакот од црн чад се гледа од сите делови на градот. Засега не е познато што е запалено, односно што гори.Повеќе информации се очекуваат од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

GORAN6

Марковски: Скопје доживува клиничка смрт, потребни се експерти и трајни решенија

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, остро реагираше на состојбата со загадувањето и депониите во главниот град, оценувајќи дека градот се наоѓа во „клиничка смрт“.„После вчерашната поддршка на граѓаните од населбите Аеродром и Ново Лисиче кои, заедно со сите нас, систематски се трујат во гасната комора на неодговорноста, можам само уште еднаш да констатирам дека нашето Скопје доживува клиничка смрт од која можат да го спасат единствено докажани независни експерти во своите области,“ напиша Марковски.Тој предупреди дека политиканството може само дополнително да го уништи градот, споредувајќи го со „инекција за еутаназија“.„Потребни се итни, конкретни мерки за трајно решавање на проблемот со новото и постојното ѓубре – болни, но современи и долгорочни решенија без манипулативен популизам. Нема лесни и ефикасни решенија за долготрајно наталожени проблеми,“ порача независниот кандидат.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.09.22

(Видео) И натаму чади од „Дрисла“, зголемуваат број на механизација за да затрупуваат побрзо

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека утрово со засилено темпо продолжиле активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чад, на површина приближно голема колку фудбалско игралиште. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно“, изјави Ангелов.Тој посочи дека двата земјени пристапни патишта, кои вчера биле изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичниот дел.„Во овој момент работат оптимален број на камиони, багери и булдожери, а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува“, додаде директорот.Ангелов нагласи дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење, но продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој претходно се разви пожар.

Скопје | пред 4 месеци

sutka-deponija

(Видео) Втор ден гори на игралиштето во Шуто Оризари претворено во мини депонија

На игралиштето во Шуто Оризари, кое веќе со месеци е претворено во мини депонија, утринава избил пожар. Жителите алармираат дека токму на тој простор секој викенд се организира т.н. „бувљак пазар“, а на само неколку метри подолу денеска избувнал огин.Тие остро реагираат дека при согорувањето на отпадот се испуштаат отровни материи во воздухот, со што се загрозува здравјето на населението. Локалците потсетуваат дека повеќе пати се жалеле за несовесното управување со отпадот и ненавременото негово собирање, но досега институциите не презеле конкретни мерки. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Еве како изгледа игралиштето:https://skopje1.mk/archives/344385

Скопје | пред 4 месеци

zagadeno-skopje

Онколошка пациентка со остра порака: Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи

Академскиот сликар и онколошки пациент Анжелика Колева со емотивна и остра порака преку социјалните мрежи се обрати до властите и јавноста за проблемот со загадувањето и системската негрижа. Таа вели дека луѓето кои носат одлуки не се соочиле со тежината на канцер и затоа им е лесно да се занимаваат со предизборни кампањи наместо да преземат итни мерки за заштита на граѓаните.„Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите. Не сте чекале ред на Онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса“, напиша Колева.Таа посочи дека додека семејствата на пациентите се тресат пред оперативни сали, властите гледаат „сонце на чисто“, а нивните деца учат на безбедно во странство, додека туѓите деца се трујат дома. Колева потсети и на трагедијата во Кочани, како и на проблемите во Онкологија, теми кои, според неа, брзо исчезнале од вниманието на јавноста.„Ова е растроена нација, психички оболена за лајкови и интеракција на мреживе. Народот е непотресен за ништо – освен за продолжен викенд да врзе. Составот на државата е од партиски полтрони и ништо повеќе од тоа. Во состојба сте да се угушите самите себеси“, додаде Колева.На крај, таа саркастично порача: „Ставајте маските… да се заштитите де! Каков народ – таква држава. Толку!“

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања