Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ТОП

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Претрес со Ландов се емитува во живо од Кочани седум месеци по трагедијата во дискотеката во Пулс во која загинаа 63 лица.Во третиот дел од Претрес говорат Клаудија Николова, координатор во „Супорт Кочани“, дефектолог, Јорданчо Ефтимов, преживеан од „Пулс“, волонтер и Марко Димитријев, дел од „Супорт Кочани”.Во поткастот една од мајките рече дека нејзиниот син не е загинат туку убиен, а сестра која го загуби братот бара правда а не сожалување.Преживеаниот Јорданчо Ефтимов се потсетува на кобната вечер.Ноќите се тешки и му навираат тешките мисли. Ако говори вели, му олеснува.„Беше сурово тешко но мора да продолжиме. Сега се чувствувам добро, задоволен сум од медицинската нега. Третманот за лузните ќе трае долго. Имам трет степен на изгореници и трансплантирана кожа”, вели Ефтимов, кој покажа како изгледа неговата рака по 7 месеци. На сите 5 прсти има изгореници и трансплантација на кожа. На лицето има лузни кои ги лекува со креми.Марко Димитријев вели сите тука тагуваме и се тешиме.Клаудија Николова смета дека ова е процес кој не завршува.„Не револтира кога некој ќе каже дека ова е проект. Не ова е живот, мора да имаме емпатија сите.Јавноста треба да сфати каква е состојбата”, вели Николова.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Во вториот дел од Претрес со Ландов, кој се емитува во живо од Кочани, за нивната болка и трагедијата говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.За нас како семејства, вели Светлана низ долзи времето не лечи ништо.„Болката за нашиот Андреј боли и не минува.Тој е убиен во дискотеката на ужасот.Не ми е се уште јасно што се случило, но сигурно не му е пружена помош.Не беше изгорен, само му требало кислород.Оставам на господ”, вели Светлана.Таа говори за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, кој седел во кафуле со родител на повредено дете додека тие имаа протестен марш со слики од загинатите чеда.Побаравме други мерки од Обвинителството за обезбедување за Димитровски, кој е еден од обвинетите.Не знае дали проработи свеста кај надлежните.Во првите денови рекоа да не помислуваат политичарите да дојдат и да го бараат нивниот глас„ Повеќето од познатите и роднините веќе не ни се јавуваат.Мислев за мене животот е завршен, иако имам ќерка за која мора да живеам”, низ солзи говори мајката на Андреј.За снимката на која се гледа како кандидатот за градоначалник Венко Крстевски, слави со трубачи и лепи пари, Светлана вели:„Животот за секого продолжува но зарем со трубачи и лепење пари мораше да слави.Себичноста и злобата ги видовме. Нашите деца ништо нема да ги врати, се надевам да се појави мојот Андреј на вратата.Сакам да верувам дека е некаде отиден и ќе ни се врати”.Тие ќе го следат судењето.Розета Блажева не може да го преболи братот и не може да разбере како немаат некои човечност. Не верува во правда.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се бори на овие локални избори за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.„Јас сум социјалдемократ, а не сум вмровец. Криво ми е што во 90-те години се дозволи да се регистрира партија која во името го содржи ВМРО. Сите сме ВМРО.Да бев тогаш пратеник ќе се спротивставев да се регистрира партија со тиа име.Ако се согласат сите би го смениле името на партијата ако се работи за национален интерес”, вели Диминитриевски.Тој е против политиките на поделба на патриоти и предавници, но рече Заев е предавник според чекорите.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се трка за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.За темата Бугарите во Устав и црвените линии, актуелизирана денеска од претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, вели дека неговиот став е ист и јасен.,,Национално обединување за ова прашање понуди ЗНАМ, Левица го одби, а СДСМ не го ни отвори и ни ги врати. Сега кукавично јајце ни врати СДСМ нудејќи Платформа.СДСМ повторно нуди отстапки и Платформата е пишувана во Софија”, вели Димитриевски.Ова СДСМ, нагласува, не е истото во кое јас членував. Сега таму има елитисти.,,СДСМ е сега трговец поединец, клучот ќе го остават под чергиче по избори. Филипче не бил никогаш СДСМ”, вели Димитриевски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library0s2jsvh8t30d1Wt31Z2

(ВО ЖИВО) Курто Дудуш: Не сум нов Амди Бајрам, имам Ајфон 17 и на ливчето го имам број 17

Курто Дудуш, актуелен градоначалник на Шуто Оризари е гостин во Претрес со Ландов.„Имам шест противкандидати, но Курто Дудуш пак ќе победи. Имам Ајфон 17, знаев дека ќе се крене прашина за ова. Кај Ромите ако се појавиш со скап телефон или возило, одма се крева прашина. Бројот 17 е на Унијата на Ромите на изборната листа. Очекувам 3-4 советници во Град Скопје”, вели Дудуш.Муабети се дека е птица преселница по партии, вели Дудуш, негира дека е нов Амди Бајрам.Разочаран е од неразбирањето со СДСМ во коалицирањето со нив и за тоа што во 2021 година правеле блокади да биде нивен кандидат за градоначалник.ВМРО-ДПМНЕ му помогнале но нивната поддршка не била пресудна за да биде избран за градоначалник. Дудуш вели дека повеќе од Левица добил. Тогаш Мицкоски изјавил дека се кае што го поддржал.Дудуш влегува во коалиција со ДУИ.„Не гледам дека го почитувам Али Ахмети, јас не му се восхитувам”, вели Дудуш.Следете не на:

Скопје | пред 5 месеци

media-librarygs6f97ie7njv6JjPN0x

(ВО ЖИВО) Јанчев: Мицковски е добар лидер и демократ, мојата изјава во 2020 сите да бидеме како Заев беше лицемерна

Сонувај будно а не кога спиеш. Верувај во господ а не во чуда, по овие правила се води актуелниот и кандидат за нов градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ.Јанчев во Претрес со Ландов сега го менува неговиот став да се излезе и да се гласа против Референдумот за името. Сега од оваа временска дистанца смета дека тогашниот партиски став да се седи дома и да не се гласа можеби било разумно решение. Јанчев тогаш беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата но сепак во 2021 како предлог на ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Кавадарци.„Мицковски е доблесен човек, ги надминавме разликите и ми ја даде довербата во 2021 години да станам градоначалник на Кавадарци.За разлика од СДСМ која е недемократска партија,ВМРО-ДПМНЕ покажа демократски капацитет. Мицковски добро ја води партијата и треба да биде реизбран за лидер.”, рече Јанчев.Себеси не се гледа како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.За изјавата од 2020 дека сите треба да бидеме како Заев, сега вели дека е лицемерна, тогаш добил и пари од два проекти .Следете не на:

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryh01oo0qt11nndVmUfTB

(Видео) Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз во Скопје

Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Град Скопје во Претрес со Ландов рече дека мора да има реформи во јавните претпријатија. Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз.,,Во клучните јавни услуги не треба приватизирање.Јавниот превоз е клучна јавна услуга и не може да се даде на приватник исто како и Водовод или Дрисла.Вработените ќе бидат ангажирани во ЈСП”, рече Мециновиќ.Најгорливи прашања според него е да се исчисти градот и да се уреди јавниот простор.Следете не на следниов линк:https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=w-D0Mygh15tt_Pdq

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryfurb4q2qmfjcfNbpzuv

(Видео) Мециновиќ: Од ВМРО-ДПМНЕ тешко дека бетер ќе станеме

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје на Левица е гостин во Претрес со Ландов.Апелираше граѓаните сериозно да ги сфатат овие локални избори и освен за градоначалник да ја подржат и советничката листа.Од политичарите вели, долго време очекуваме да не лажат.,, Отворен сум за соработка со централната власт ако бидам избран за градоначалник.Ако е градот блокиран веднаш ќе си поднесам оставка. Нема да го ставам градот во заложништво.Од ВМРО-ДПМНЕ тешко бетер да станеме. 600.000 скопјани стравуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ни го прават она што ни го правеа до сега”, рече Мециновиќ и вети транспарентно работење.Следете не на следниов линк:https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=w-D0Mygh15tt_Pdq

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryf2acifqq4c0n2kcXzTZ

„Неподвижни лица одбивани од комисии, а здрави земаат нега“ - граѓани сведочат за неправди во пензиското и здравственото осигурување

Снимка на лице со тежок инвалидитет кое е целосно неподвижно, а било носено во раце по скали и со автомобил за да се пренесе до Скопје, откако службите трипати го одбиле за семејна пензија, предизвика револт во јавноста. По објавата, граѓани сведочат за слични случаи низ кои поминуваат нивни блиски.Фармацевтка чиј идентитет и е познат на редакцијата раскажува дека речиси секојдневно слуша потресни приказни од пациенти:„До мене дојде човек, плачеше, не знаеше каде да се обрати. Татко му неподвижен во постела, со декубитални рани и во пелени. Мајка му исто така едвај подвижна. Го одбиле за средства за туѓа нега затоа што документите не му биле нови, а од него барале повторно да го носи пациентот на комисии. ‘Како да го однесам кога не можам ни да го поместам од кревет’, ми рече. Има луѓе што добиваат нега, а се здрави и шетаат низ град, а за него не следува. Човекот беше скршен, без надеж“.Слични сведоштва споделија и други граѓани:„Мајка ми со мултиплекс склероза четири пати ја одбиваат за инвалидска пензија. Жената е тешко подвижна, а нè враќаат со изговор дека документите се стари. Аплициравме петти пат, уште чекаме комисија. Од Пензиско нè праќаат од број на број, никој не одговара. Ние сме од Охрид и мора лично да одиме до Скопје. Најтрагично е што овие луѓе навистина имаат потреба од тие средства – пред сè за лекови“.„Свекрва ми со Паркинсон, слабо срце и други болести ја одбија за мобилност и со тоа остана без право на асистент, без кој не може да функционира. Срамота и греота е ова што го прават“.„Асистент сум на лица со попреченост. Едниот корисник е со ампутирана нога, а го одбија за мобилност. На крај му одобрија само шест месеци, по огромни маки и трчање по документи. А патувањето до Скопје е посебен трошок и мака“.„И дедо ми, кој почина, беше целосно неподвижен, со удар и деменција. И за него бараа да го носиме на комисија, како да не им се доволни извештаите од специјалисти“.Овие сведоштва ја потврдуваат сликата за нефункционалност на дел од институциите – лица со тешки заболувања и инвалидитет се одбивани од комисии, додека, како што велат граѓаните, „здрави и прави“ земаат средства за нега.

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryl0er7mjvnnqo7wUQWQF

Локализиран пожар над селото Моране во Општина Студеничани

Во вечерните часови на територијата на Општина Студеничани, над селото Моране, избувна пожар.Од Центарот за управување со кризи информираат дека благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во координација со надлежните институции, огнот бил локализиран за кратко време.„Состојбата со пожарот е целосно ставена под контрола и во моментот не претставува закана за населението во околината. Пожарникарските екипи остануваат на терен за постојан мониторинг и целосно изгаснување на сите жаришта, со цел превенција од евентуално повторно разгорување на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryn5vlo6dr4h2u11n4JSq

Протест пред МВР: Росица немаше да биде убиена ако се постапувало, бараме одговорност од обвинители, судии, полицајци

Пред МВР, граѓани се собраа на протест бидејќи сметаат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија. Иницијалната каписла за ова е убиството на Росица Коцева од Велес, убиена заедно со нејзиниот татко, од страна на поранешниот парнтер Илија кој се самоубил. Присутните упатија барања, „институционална одговорност и санкции, бараме оставки дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа“. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот се скандираше: „Ниту една повеќе“.„Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, рече активистка.„Росица немаше да биде убиена, ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите беа навремени. Доколку сите претходни пријави од нејзиниот убиец, од неговите претходни жртви, беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил ли некој по нив или растела листата? Државата во која живееме, создава совршени услови, насилниците да просперираат, додека ние се плашиме и криеме, додека се плашиме за нашите животи“, додаде таа.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygiobrprrmfpveIpvy3Z

(Фото) Фатени во моментот кога од гробиштата во Бутел краделе бронзена биста

Лишени се од слобода четири лица од Скопје, кои биле фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, Мвр најави пријава.На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје - Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryec9l24qcovt10XrvI1R

(Видео) Тревога во воздухот: Патнички авион премногу блиску до „Air Force One“ на Трамп

Над Њујорк, патнички авион на „Спирит ерлајнс“ доби итни инструкции од контролата на летање да го промени курсот, откако се најде премногу блиску до претседателскиот авион „Air Force One“, со кој Доналд Трамп патуваше кон Велика Британија.Аудио-снимка објавена од Би-Би-Си открива како контролорите постојано му наредуваат на екипажот на Ербас А321 да сврти надесно и да одржува растојание. „Спирит 1300, свртете 20 степени надесно, веднаш! Внимавајте!“, се слуша на комуникацијата меѓу кулата и пилотите.Во еден момент контролорот дури саркастично порача: „Оддалечи се од твојот iPad“, алудирајќи дека пилотот не внимавал доволно.AIR FORCE ONE and Spirit Airlines flt NK1300 got too close over Long Island, New York for Air Traffic Control and get’s yelled at including getting told “GET OFF THE IPAD”! 😂 Tip via @xJonNYC Audio via @liveatc & Tracking via @ADSBex pic.twitter.com/sLJ0rip8sG— Thenewarea51 (@thenewarea51) September 17, 2025Иако ситуацијата технички не се смета за небезбедна според правилата на Федералната администрација за воздухопловство (FAA), сепак блискоста на леталата беше доволна за да предизвика загриженост. Контролорот им појаснил на пилотите: „Осум милји од вашето лево крило е Боинг 747. Сигурен сум дека знаете кој е – бело и сино.“Летот 1300 на „Спирит“ летал од Флорида кон Масачусетс. Од авиокомпанијата велат дека безбедноста секогаш е нивен врвен приоритет: „Летот ги следеше сите процедури и упатства и без проблеми слета во Бостон,“ соопшти портпарол за Си-Би-Ес.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryiuc3h2u25c2pfvdLDAh

Со пушка си го застрелал кученцето во својот двор во Кавадарци, уште еден ужасен инцидент!

Здружението ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните, соопшти дека во Кавадарци, среде ден, во приватен двор било пукано со пушка во кутре.Осомничениот веднаш бил пријавен, полицијата му ја одзела пушката и го привела во станица. Од ЛИНА најавија дека очекуваат целосен извештај од МВР и оти јавно ќе го обелоденат идентитетот на сторителот.Повреденото кутре добило ветеринарна помош во Кавадарци, а потоа ќе биде префрлено во Скопје за понатамошен третман.Од здружението упатија апел до Јавното обвинителство да изрече највисока санкција за делото, согласно Кривичниот законик за убивање и мачење животни.

Македонија | пред 6 месеци

lidija-dimova

Лидија Димова осудена на две години затвор за злоупотреба на службена положба

Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Таа е осудена на казна затвор од две години.Пресудата предвидува и парична обврска – Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари, како и да ги покрие судските трошоци. Во рок од шест месеци таа е задолжена да ја врати и штетата настаната врз Националната агенција, во износ од 22,7 милиони денари.Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи Димова од обвинението за измама, а третата обвинета, Ана Павлиду, одговорна за „несовесно работење во службата“.Во образложението беше наведено дека со несовесно и нестручно постапување Димова овозможила противправна корист за трети лица, што резултирало со штета од 2,818 илјади денари на европските фондови. „Кога станува збор за делото измама, недостига опис за тоа како конкретно е извршено и со кои лажни податоци е предизвикана штетата. Без вакви елементи нема основа за обвинение за измама, поради што судот мораше да донесе ослободителна одлука,“ појасни судијката.Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска го застапуваше обвинението, поднесено во јуни 2022 година.Според Обвинителството, во периодот од 2018 до 2020 година, како директорка на Агенцијата, Димова ја злоупотребила функцијата и овозможила значителна имотна корист за други лица. Таа постапувала спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Агенцијата, кршејќи ги принципите на законитост, еднаквост и јавност. Без да објави јавен конкурс, склучувала договори со надворешни лица кои ги ангажирала како експерти, обучувачи и соработници, при што ги дискриминирала потенцијалните кандидати.

Македонија | пред 6 месеци

media-library2eu3kap4k2js2hPvL8k

„Невидена лага е дека балканската ѕвезда Дино Мерлин барал да се исклучи осветлувањето на крстот“ – градоначалникот на Штип за „Скопје 1“

Во јавноста се појавија тврдења на социјалните мрежи дека балканската ѕвезда Дино Мерлин, кој викендов настапува на „Пастрамалијадата“ во Штип, наводно побарал да се изгаси крстот на Исарот за време на неговиот концерт.Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за „Скопје 1“ категорично ги отфрли овие шпекулации:„Апсолутно не е точно дека балканската ѕвезда побарала такво нешто. Пишувањата на социјалните мрежи се измислица. Зошто сакаат да прават вакви штети и да шират лаги, навистина не ми е јасно,“ изјави Јорданов.Инаку, овој викенд Штип ќе пулсира во знакот на „Пастрамалијадата“, манифестација која се очекува да собере повеќе од 100.000 посетители. Главна музичка атракција е Дино Мерлин, а на сцената ќе настапат и македонските пејачи Елена Ристевска и Владо Јаневски.Градот на пастрмајлијата најавува тридневна гастрономска и музичка фешта со спектакуларна атмосфера, мирис на свежо печена пастрмајлија и македонски дух под отворено небо.

Македонија | пред 6 месеци

media-library4j6if9auf8nq8l0rvDq

(Видео) Франција гори од жестоки протести: Париз под опсада!

Франција денеска е парализирана од масовни демонстрации и национални штрајкови против владините мерки за штедење. Властите проценуваат дека меѓу 700.000 и 800.000 граѓани ќе излезат на улиците ширум земјата, а во Париз веќе се бележат големи нарушувања во сообраќајот и јавниот ред.На 250 различни локации низ Франција се организирани протести што предизвикуваат блокади и прекини во клучни сектори. Националната полиција соопшти дека досега се приведени триесет лица во повеќе градови, меѓу кои Тулуз, Брест и Марсеј, а регистрирани се околу четириесет блокади.За одржување на редот мобилизирани се 80.000 припадници на безбедносните сили. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Бруно Рејло, предупреди дека покрај мирните демонстрации се очекуваат и саботажи, како и нови блокади.En direct | #18septembre2025Ce matin, ➕de 900 personnes ont participé à 18 actions de blocage.✅Toutes ces tentatives ont été déjouées par les forces de l’ordre.🚨Honorez votre droit de manifester, restez dans le cortège officiel 🚨 pic.twitter.com/6pDiyIUoHO— Préfète de police déléguée des Bouches-du-Rhône (@prefpolice13) September 18, 2025Штрајковите веќе се одразуваат врз транспортот – жителите на Париз се соочуваат со сериозни нарушувања во јавниот превоз, а голем дел од меѓуградските и регионалните возови се откажани. Воздушниот сообраќај засега функционира со минимални застои на долги релации.Широка коалиција на синдикати повика на генерална мобилизација, реагирајќи на најавените мерки за штедење од претходната влада. Особено силни реакции предизвика предлогот за укинување на два државни празници, иако новиот премиер Себастијан Лекорну веќе изјави дека оваа мерка нема да се спроведе.#manifestation du 18 septembre à Caen deux incendies de palettes au rond-point de Bretteville sur Odon où l'autoroute A84 en venant de Rennes est bloquée pic.twitter.com/NcOjZmd7jn— Liberté (@LIBERTE_CAEN) September 18, 2025Франција се соочува со сериозни финансиски предизвици: минатогодишниот буџетски дефицит речиси двојно го надминува ограничувањето на Европската унија од 3 отсто од БДП, а јавниот долг достигна 113,9 отсто од економијата. Лекорну, петтиот премиер на Емануел Макрон за помалку од две години, ја презеде функцијата минатата недела по падот на владата на Франсоа Бајру, која не успеа да го протурка буџетот.

Свет | пред 6 месеци

media-librarymq065kf6it6n8DDyiQM

Отворен повик за донации за автосервисот во Пинтија

Покрената е онлајн акција за собирање финансиска помош за автосервисот во населбата Пинтија, кој беше зафатен од пожар. На платформата WhyDonate е поставен линк каде што сите хумани граѓани можат да донираат средства за надомест на големата штета.„Веќе 25 години нашето семејство го гради овој авто сервис со љубов, пот и неисцрпна посветеност. Секој ден вложувавме срце и душа за нашите клиенти, создавајќи доверба и долготрајни врски. Но, една ноќ, сè се распадна — непознат сторител предизвика пожар кој ни уништи сè: дел од нашиот сервис, канцеларијата, магацинот и над 20 возила на нашите лојални муштерии. Сега тие возила се загубени, а ние сме одговорни да им ги надоместиме штетите и да им купиме нови,“ велат сопствениците.Тие нагласуваат дека од овој сервис егзистираат 20 семејства и дека над 200.000 евра во штети треба да бидат покриени за клиентите. „Ова не беше несреќен случај — имаме видео од нападот и национално медиумско покривање. Ова е намерен, злонамерен чин кој нè остави без сè,“ додаваат тие.„Ни е потребна вашата помош, и секоја, дури и најмала поддршка, може да направи огромна разлика. Вашата донација ќе им помогне на нашите клиенти да ги вратат своите возила и парите, а на нашите вработени да ја задржат надежта и достоинството. Ве молиме, помогнете ни да се подигнеме од пепелта. Помогнете ни да го обновиме нашиот семеен бизнис, кој е срцето на нашата заедница, и да им вратиме надеж на луѓето кои ја градат секојдневната приказна на нашиот сервис. Секој дел од помошта е светло во темнината која ни ја донесе оваа трагедија,“ стои во апелот.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryp984s004gs18cdPSjcW

Спречен обид за криумчарење златен накит на преминот Стење

На граничниот премин Стење кон Албанија, царинските службеници во координација со граничната полиција открија обид за нелегално внесување на златен накит со проценета вредност од 346 илјади денари. Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за кривично дело – криумчарење, предвидено со Кривичниот законик.Осомничениот, македонски државјанин, се обидел да ја пренесе стоката без да ја пријави пред царинските органи.При извршена детална проверка на неговото возило, во куфер меѓу лични работи биле пронајдени пет златни белегзии, сместени во кутии за накит.Царинската управа нагласува дека останува доследна во заштитата на државните интереси и во превенцијата на сите облици на криумчарење.

Македонија | пред 6 месеци

media-library08l519k4vj934g9OFt2

Трагедија што можеше да се спречи – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите

Трагедијата во Велес, кога 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, ја разгневи јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.Докторантката по невронаука, Ирена Чаушевска Даниловска, побара протестите да се насочат кон судовите и обвинителството, наместо пред МВР. Таа посочи дека полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала, но судот и обвинителството му го укинале домашниот притвор на сторителот и изрекле условна казна за сериозни дела на насилство и киднапирање.„Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви. Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства?“, напиша таа, барајќи кривична и дисциплинска постапка за надлежните судии и обвинители и законски измени со кои ќе се забранат условни казни за насилници.Инфлуенсерката Миа Костова исто така се огласи, нарекувајќи го случајот „вистински хорор“. Таа потсети на свои претходни искуства со закани и непостапување на институциите и порача дека „забраната за приближување“ е бескорисна мерка. „Пријава, насилство, закани – притвор. Па нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не“, напиша Костова.Реагираше и активистката Ина Многуфина, која праша кој ќе понесе одговорност за тоа што Росица не добила заштита и покрај бројните пријави против убиецот. „Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме – кого плаќаме за помош, а не помага?“, напиша таа.По трагичниот случај, сè погласни се повиците за конкретна одговорност на судиите и обвинителите кои носат одлуки што, според критичарите, директно ги ставаат жртвите во животна опасност.

Македонија | пред 6 месеци

media-library8i39saravm1e3EiO524

СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата – сите возила и патници се проверуваат за регулиран престој и работни дозволи.-Денеска северниот дел на Малта беше комплетно блокиран од малтешката полиција и ЛЕСА, поради вонредна контрола на сите возила (и приватни и јавни превозни средства), во акцијата за намалување на нелегалниот престој во државата, во откривањето на луѓе без регулирани документи и без работни дозволи.Ова веќе станува скоро редовен процес наутро, со детална контрола на малтешките патишта посебно на позицијата кај Салини, Бурмарад и околу Марса.Без исклучок, се проверуваат сите моторни возила по цена и на застој во сообраќајот, а полициската контрола ја има дури и во автобусите внатре, кога од патник на патник, поедничено, им се проверуваат личните документи.Ова е нов пристап на владата која се соочува со преголемиот наплив на емигранти од азиските земји и е под голем притисок на јавноста за создадениот хаос со работна сила која скоро без никаква контрола се населува на островот.Фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

media-libraryp5d3r3qilpg600dZdER

„Ајше и Арбер ќе се венчаат во црквата „Св. Климент“: Задачата во учебник по македонски јазик предизвика бурни реакци

Во учебник по македонски јазик има задача за која учениците треба да направат покана за свадба, што предизвика низа реакции на социјалните мрежи од страна на родителите...Македонски јазик за 5. одделение за учениците од другите заедници - 2. делДа не е толку тажно, ќе беше толку смешно.А, не треба да биде ни тажно, ни смешно. Како што е и тажно и смешно кога тераш дете од 11 години да ,,направи" покана за свадба. На час или дома, сеедно; на мајчин јазик или на немајчин, сеедно! Од толку убави теми за јазични вежби.Стрелката, инаку, е егзактна работа.Во случајов, покажува што точно е торта, а не младоженец или невеста.Под објавата има голем број коментари!

Македонија | пред 6 месеци

Antonio-Milososki

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект.„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“ рече Милошоски.Пратеникот Милошоски посочи дека наскоро се очекува да биде оформен предмет за пожарите, а доколку и во иднина има сторители на подметнати пожари истите ќе бидат санкционирани и ќе одговараат за своето дело.Има одреден дел на поединци кои се повикани на распит и некои се осомничи и мислам дека во соработка со Обвинителството ќе може за скоро време да имаме и предмет којшто би бил оформен во оваа насока. Овие пожари очигледно е дека не се случајни и државата ќе се обиде се што е во нејзина надлежност да биде активна и се надевам како што беше случајот со пожарот кај Стаклара во Кисела Вода, дека доколку било кој се осмели во иднина на ваков начин, дека ќе имаме веќе не само осомничени туку и на лице место фатени сторители и сметам дека таквиот начин би бил најдобар за да се упати една силна пораки дека тие што го прават ова без разлика дали е поединечен акт или е некаква политичка саботажа дека ќе одговараат за вакви тешки дела по здравјето на граѓаните“, вели Милошоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-library4vop5uaakv2g5Su6XT1

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски.„Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски затоа што во низа во изминативе шест, седум месеци се редат настани во кои МВР е одговорно. ВМРО-ДПМНЕ покажува тенденција да ги игнорира проблемите, да ги става под тепих, да се труди да ги покрие со некакви други измислени политички манипулации.“, рече Каранфилова-Пановска.Во однос на убиството на младата девојка од Велес, Каранфилова-Пановска посочи дека Центарот за социјални работи и Подрачната единица на МВР во Велес имаат обврска да прават анализа и да предвидуваат ризици, ако веќе било познато дека жртвата неколку пати пријавувала насилство.„Трагичниот настан со фемицидот во Велес и практично двојното убиство покажува една историја на насилство кое не било санкционирано од институциите. Подрачната единица на МВР во Велес, со оглед на тоа дека жртвата повеќепати пријавувала дека е жртва на насилство од нејзиниот поранешен партнер, не презела сериозни мерки, за да истото го спречи. Затоа бараме политичка одговорност од министерот Тошковски, бараме независна истрага и кривична одговорност од сите полициски службеници и сите други службеници во Центарот за социјални работи кои што заради непостапување довеле до тоа младата девојка да биде брутално убиена иако за тоа имало сигнали“, рече Каранфилова-Пановска.Во дебатата таа посочи дека во време на владата на СДСМ се водеше сериозна сметка за родово-базираното насилство.„Фемицидот стана дел од Кривичниот законик како кривично дело, кое што точно одредува што и како треба да се прави за да тоа не се случува. Родово-базираното насилство беше третирано и од аспект на тоа како да се обезбеди заштита на жртвите и преку МТСП и преку шелтер-центри – сè што денеска гледаме дека не се случува. Нема еден денар во Министерството за труд и социјална политика кој што е наменет за шелтер-центрите“, рече Каранфилова-Пановска.

Македонија | пред 6 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска: „Треба неколку луѓе да завршат во затвор на доживотна робија за палењето на депониите“

Според професорката Мирјана Најчевска, палењето на депониите е масовно убиство и бара институциите да го решат проблемот.-За ова со ѓубриштата низ Македонија треба неколку луѓе да завршат во затвор на доживотна робија без право на помилување и со потполна конфискација на имотот до трето колено, за да почне да се решава пропблемот.Ова е масовно убиство бре.На македонски и на албански и на турски и на српски и на влашки и на ромски, па и на бугарски. На сите јазици е УБИСТВО.Ќе се најде ли јавен обвинител со грам морал да поведе постапка и ќе се најде ли судија со грам храброст да ја изведе до крај.

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања