Со градежна механизација се потрупува локацијата каде половина ден беснее пожар. Ова е најбрз начин за да се гасне дел по дел локацијата. Вака се постапуваше и кога гореа други депонии во Скопје.
Таму се присутни повеќе противпожарни бригади, со опрема и возила за гаснење. На терен не делуваат хеликоптерите и ер-тракторите бидејќи е ноќ. Истовремено се носи и ситна песок за гаснење.
Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири.
Таму се присутни полициски службеници, но и неколку скопски градоначалници како Бобан Стефковски, Орце Ѓорѓиевски, Дејан Миткоски..
View this post on Instagram