Промени тема
Контакт

(Видео) Станува збор за намерно подметнат пожар, чадот е токсичен, се прави смена на пожарникари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-09-13-at-17.12.43

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот кој денеска избувна во Трубарево најверојатно е намерно подметнат и го нарече „хибриден напад врз државата“.

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

— реклама —

„Според мене се работи за намерно подметнат пожар, повеќе од сигурно намерно подметнат пожар, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Да се случат волку тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување... се работи за намерно подметнат пожар,“ изјави Ангелов.

— реклама —

Тој посочи дека во објектот имало голема количина пластика која предизвикала густ црн, а веројатно и токсичен чад. „Веднаш до нивните објекти има уште два објекти во кои има поголема количина на пластичен отпад, а се делумно зафатени од пожарот. Нашата прва цел е да не се дозволи ширење на пожарот, затоа сите ресурси кои ги имаме во Скопје се насочени тука,“ додаде тој.

— реклама —

На терен се распоредени три БТР и еден „Хермелин“, скоро сите возила на скопската Противпожарна служба, како и полициски и армиски хеликоптер, заедно со авион „Ер Трактор“ на ДЗС.

„Во овој момент нема повредени лица. Повикани се дополнителни противпожарни камиони, за смена на пожарникарите кои се дел и внатре во чадот со заштитни маски или специјални боци со кислород,“ информираше Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања