Промени тема
Контакт

(Видео) Вонреден прес на Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење – жителите во близина да ги напуштат домовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-09-13-at-23.22.01

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека пожарот кој избувна е ставен под контрола и дека на терен се ставени сите расположливи ресурси. Според него, гаснењето се одвива со ситна песок, а пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.

„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.

— реклама —

Тој додаде дека во моментов се вршат разговори со три лица во полициска станица со цел да се утврдат причините и околностите за избивањето на пожарот.

— реклама —

„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.

Тој и самиот призна дека гаснењето на овој пожар ќе трае.

— реклама —

„Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии... и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања