Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

izgore-avtomovil

(Видео) Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Според информациите на ТППЕ Струмица, во 23:30 часот синоќа, изгорел автомобил на патот Струмица-Дабиле.Во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно против пожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото, пожарот веќе бил разгорен, но пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Гостиварец осомничен за силување на девојче: Од познанство на интернет, до злоставување

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Педофил извршил полови дејствија врз дете: страотни детали

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред

Македонија | пред 1 година

toni-mihajlovski

Скопје, смрдеше на отров, смрдеше на „амбуланта“, на смрт, како во гасна комора, таков е системот!, реагира актерот Михајловски

Актерот Тони Михајловски се осврна на загадениот воздух во Скопје, посочувајќи дека градот е како во гасна комора. Потсети дека тоа трае над деценија и истото се третира како да е нормално, а не, штетно.Целиот статус на Михајловски:Бајати вести. Скопје/Козле завчера околу 23:30 мирисаше/смрдеше на отров. Смрдеше на “амбуланта”, на “болница”. Смрдеше на смрт.Ги прошетав кучињата 20тина минути. Јакната ми мирисаше на отровот а и крзното на кучињата мирисаше на истото. Тоа што мирисаше можеше и да

Коментари | пред 1 година

IMG_5645

Скопје и на првото место по најзагаден воздух во светот

Скопје успеа да се качи на првото место во светот на листата која ги прикажува градовите со најзагаден воздух во светот, а потоа постепено да падне на 11-то место. Од многу штетен, сега воздухот во главниот град е штетен. Сите овие податоци ги покажува сервисот „IQAir“, која добива податоци од мерни станици низ целиот свет, ги сортира и рангира.Нивото на PM2.5 во 21:58 часот беше 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.Зимскиот период за нашио

Скопје | пред 1 година

pograga-cuk

Од водите на Вардар извлечено телото на четвртата жртва во тешката сообраќајка кај Рашче

Откако од водите на реката Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа.Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините.Вчера вечер околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадија возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23),

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-154701

Горан Минчев поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд: „Законите мора да се почитуваат за сите подеднакво“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково.Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност с

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-9

Обезбедени се средства во Буџетот за линеарното зголемување на пензиите за 2.500 денари, кажа Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.„Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пен

Македонија | пред 1 година

lovecka-puska

Истрага за убиството во Тетово, предложен притвор за таткото кој го уби својот син

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан.Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој ведна

Македонија | пред 1 година

pograga-cuk

Позната возраста на загинатите жени во Вардар - МВР со детали за случајот

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско

Скопје | пред 1 година

472248164_583581700968077_7570639880014557016_n

„Не е страшно што лаже, туку тоа што мисли дека е оправдување првата помисла кога ќе видиш усмртено животно да ти е 'Еј леш, сликај ме одма'“

Низа реакции донесе оправдувањето на заменик-директорот на ЈП „Македонијапат“, Сашо Дранго, кој кажа дека се фотографирал со убиената мечка, откако таа била прегазена од автомобил. Новинари, јавни личности, критичари дадоа свој осврт.„Тоа што МВР нема регистрирано сообраќајна несреќа во која имало мечка во декември, не е битно. Уште понебитно е што мечкава не е на пат, туку во шума. Има ич не е ни битно што заменик директорот на Македонија пат службено онака си се шета со пушка. И си позира со м

Коментари | пред 1 година

aleksandar-kambovski

Александар Камбовски е нов претседател на Судски совет

Судскиот совет на седница денеска избра нов претседател Александар Камбовски.Претходната претседателка Весна Дамева во декември 2024 година поднесе оставка на три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат.Собранието минатиот декември не го усвои годишниот извештај за работата на ова тело. За работата на Советот имаше и има критики за политички нарачани одлуки. Неусвојувањето на извештајот за работата на Судскиот совет ја отвора можноста пратениците врз основа на членот 100 од Законот за Судски

Македонија | пред 1 година

Badnik-Stefan

Божиќното послание од Архиепископот Стефан: Христос се роди

Божиќното послание од Архиепископот Стефан:Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..Возљубени празникољупци,Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личнос

Македонија | пред 1 година

vardar-3

Една од починатите жени го возела автомобилот кој излета во Вардар - детали од обвинителот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомоби

Македонија | пред 1 година

Vlada-hrana

Ќе поскапи храната за политичарите во Влада, ќе оживее “Македонско село”, крај на луксузирањето со службени возила

Од Службата за општини и заеднички работи, во изминативе шест месеци, откако со неа раководи Ивица Томовски, велат дека успеале да преземат бројни активности во насока на надминување на затекната состојба од претходното раководство.“Уште од првиот ден, Службата се фокусираше на мерки со кои беше неопходно да се надминат многу од затекнатите проблеми и неефикасности, се интензивираше процесот на ревизија и оптимизација генерално во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државн

Македонија | пред 1 година

vardar-potraga

Се трага по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар, детето е во стабилна состојба

Потрагата по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар од патот Расче-Кондово - трае. Полицијата добила пријава во 16 часот, и веднаш постапиле.-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.Како што вчеравечер

Македонија | пред 1 година

avion

(Видео) Авион удрил во фабрика во Калифорнија и експлодирал, има загинати

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени кога мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.Авионот се урнал поминувајќи низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.Портпаролот на по

Свет | пред 1 година

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Десет лица во рацете на Обвинителството, сосе двајца службеници „паднаа“ при криумчарење на луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Двајца од обвин

Македонија | пред 1 година

471810503_583581687634745_2825681479630016839_n

Заменик директорот на „Македонија пат“ застрелал мечка, дивеч под заштита, па се сликал, објави Анима Мунди

Јавноста е револтирана од однесувањето на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго. Тој застрелал мечка па се фотографирал, вели Анима Мунди и додава:„Мечката е дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането според постојниот закон. Според Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години“.Фотографијата ја објави невладината организација за заштита на животните

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Уште една трагедија: Тетовец пукан во глава, убиен од сопствениот татко

Моменти пред дочекот на Новата година, 65-годишниот тетовчанец М.Н. го убил сопствениот син.Жрвата е 39-годишен маж во Тетово. Телото е пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во главата.Тие живееле заедно, а неофицијално, според полицијата, на убиството му претходела караница. Имало обиди жртвата да биде спасена, но неуспешно. Брзата помош го однела во Ургентниот центар во Тетово, каде починал.Убиството било извршено со ловечка пушка на 31 декември. Ловечката пушка била пронајдена покрај

Македонија | пред 1 година

vardar-3

Телата на три женски лица се извадени од возилото кое падна во Вардар, потрагата продолжува

Возилото кое попладнево во 16 часот излета во реката Вардар во близина село Рашче е извлечено, информираа од Центарот за управување со кризи.Како што соопштија од ЦУК, од возилото се извадени телата на три женски лица.Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува, додаваат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-10.24.10

Судски совет утре избира нов претседател

Еден месец по оставката на поранешната претседателка, Судски совет утре избира нов претседател.Изборот веднаш по оставката беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца доаѓаат на предлог на шефот на државата.Па

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Девојка паднала од надвозник во Скопје и загинала: трагична несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице.Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој с

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.29.30

Мештаните од Цетиње за убиецот: Беше врвен автомолар, којзнае што му се случи

Масовниот убиец од Цетиње Ацо Мартиновиќ се самоуби откако убил најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата. Мартиновиќ, кој бил во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.„Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.Тој додаде дека напаѓачот убил најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Ч

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.12.51

Протекуваат нови детали: Ацо во Цетиње уби седум мажи, три жени и две деца на пет локации, Црна Гора размислува за радикален потег

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на социјалната мрежа Х напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледаат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје бидејќи, вели Спајиќ, тоа не треба да биде на улица и во рацете на оние кои можат да им наштетат на другите. Тој објави и тридневна жалост.- Затоа ќе побарам од новоименуваните раководители на безбедносниот сектор да понудат решенија за обезбедување на безбедноста на нашите граѓани од утре. Јавниот повик

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања