Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

popova-shapka-sneg

(Видео) Првиот снег падна во Македонија

Првиот снег падна и во Македонија. Попова Шапка е местото на кое денеска има мала снежна покривка. Сепак, недоволна за скијање. Посетителите уживаат во глетката која ги затекна.Под влијание на нов влажен бран од запад, во следните часови од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и истите ќе се прошират речиси насекаде.Повторно на високите планини се очекуваат врнежи од снег, а температурата ќе бележи тенденција на опаѓање, и тоа поради продор на постуден воздушен бран од север.

Македонија | пред 2 години

pretesedatel-14141

Пендаровски или Спасовски за Вила Водно? - СДСМ на неколку месеци пред избори без одлука

Терминот недоговорен, а партиските кујни плетат комбинации кој кандидат ќе истрча од Бихачка за петгодишен претседателски мандат. Дали актуелниот Стево Пендаровски има шанси со партиска поддршка од СДСМ и ДУИ да остане во Вила Водно, овојпат со многу послаба граѓанска поддршка и без поддршка од Шарената револуција? Дали Оливер Спасовски ќе ги исполни амбициите да стане татко на нацијата или ќе се задоволи со челната позиција во СДСМ доколку Ковачевски се повлече? И каде е во играта Радмила Шеќер

Македонија | пред 2 години

saso-tasevski

Неколку факти за сегашните скопјани и скопјанки: Се смрди на пре*и* и лицемерие, пишува Тасевски

Актерот Сашо Тасевски сподели објава со наслов „сегашните скопјани и скопјанки“. Во прилог, интегрално:„Жените бараат богати и згодни мажи Ама и мажите бараат исто. Секој за секого знае до кај му е џебот. Ко бев копиљ девојка немаше шанси да признае дека е есапџика. Срамота беше. Денес се фалат со тоа. Тогаш ретки беа мажите што сакаа да прелажат богата девојка или жена за да живеат на нејзин грб. Денес врие такви мажи. Прво ја лаже дека работи некоја важна работа за јака плата, после ко ќе ја

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-11-11-at-18.00.59

(Видео) МВР се огласи за ужасната снимка од претепувањето: Уапсени биле две лица кои претепале вработен во салот лоциран близу Градски парк

„Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени“, велат од МВР.Според нив: „По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано со

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, јави УХМР.Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јуже

Македонија | пред 2 години

Veljanovski-2-copy

За време на „режимот“ никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, вели Вељаноски

Собранието го доби најлошиот и најнегативниот извештај од ЕУ за напредокот на Македонија во историјата, вели поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски.Како што посочува, критиките на Европската Комисија се однесуваат во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието.За време на „режимот“, вели тој, законите со европско знаменце беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тел

Македонија | пред 2 години

vesna-bejbi

(Видео) Весна Бејби за скопско училиште: Насилник плука и тепа деца, им ги кубе косите и ги остава на катедра кај соучениците, соблекол соученичка во тоалет

Актерката Весна Бејби-Петрушевска тврди дека во скопското училиште „Лазо Ангеловски“, второоделенец малтретира соученици. Таа сподели грозни детали. Според неа, постојат фотографии и докази дека децата се малтретирани и удирани. За профилот на детето-насилник посочува дека има насилничка историја. Според неа, соблекол и врсничка во тоалет, а со алиштата бришел под.„Во скопското училиште ‘Лазо Ангеловски’, подолго време, второодделенци, седумгодишно дете, ги малтретира своите соученици. Ги тепа,

Скопје | пред 2 години

naslovna-ubistvo

Убиениот татко алармирал дека може да биде убиен, синот бил пуштен од психијатрија во Бардовци непосредно пред грозоморниот чин

Скопјанецот А.П. кој го уби татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци. „Скопје1“ дознава дека убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен дома. Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели. „Скопје1“ стапи во контакт со сведок, запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба

Скопје | пред 2 години

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Објавени новите цени на горивата - има корекции

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај екстра лесното масло за 4,540% и кај мазутот

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

Обвинителството му врати на Меџити: Водиме предистражна постапка и не постапуваме по барања - воздржи се!

Обвинителството во возврати ударот кон министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој денеска на прес-конференција уште еднаш ја повика истражната институција да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место биолошка терапија. Од Обвинителството кажаа дека се работи темелно и одговорно.„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во

Македонија | пред 2 години

399478635_646963150955157_171465536340676688_n

(Фото) Спасувачка акција и трагедија близу Охрид: Две лица се спасени, едно е починато

Спасувачка акција и трагедија се случија во селото Требеништа дел од општина Дебрца, близу Охрид. Гореше куќа, во која имало три лица. Од противпожарната единица Охрид кажаа дека биле спасени две лица, а едно било пронајдено починато.„Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа - Општина Дебарца.При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото о

Охрид | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-06-4870PM

Приведена малолетничка во Кисела Вода, по претрес на нејзиниот ранец

Вчера, во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, извести МВР.„Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото“, соопшти МВР.Малолетничката е предадена на родите

Скопје | пред 2 години

C567FA47-65F1-4719-949D-EA30DDB9D0DA

„Мојот професор Марјановиќ, велеше на будалите од после им текнува“ - Шилегов и се обрати на Арсовска

По објавата на Град Скопје за новиот брз транспортен систем, се огласи и ексградоначалник, Петре Шилегов. Тој и се обрати на градоначалничката Арсовска, на која и порача дека фрлањето прашина во очи „со отстранување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбира како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост.„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите од после им текнува … После две години однесување како вошка во перика, зарад

Скопје | пред 2 години

kursumi-ubistvo-butel

Ужасни детали за убиството во Скопје: Синот го бодел татко му додека не починал

Скопското Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишното момче што пред два дена го уби својот татко во Скопје.„Осомничениот го лишил од живот сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата. Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал“, објави Обвинителството.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна

Скопје | пред 2 години

vodovod-ke-strela

Скопски „Водовод“ ќе стрела: набави услуги за гаѓање на стрелиште, во чиј опис стои обука со огнено оружје

Скопското претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи услуги со опис „обука и симулации во врска со огнено оружје и муниција“, која јавна набавка ја доби најповолен понудувач. Според Системот за јавни набавки, претпријатието чија дејност е водоснабдување, направена е одлука за најповолна понуда.Набавката ја доби Комората за приватно обезбедување, која ќе овозможи користење на услугата „гаѓање на стрелиште“. Проценета вредност на набавката со ДДВ е 177.000 денари, кои ќе треба да ги плати пр

Скопје | пред 2 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Попладнево во Аеродром: Им влегол со пиштил во банка, но не успеал да избега

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(30) откако денеска во 13.55 часот било пријавено дека се обидел со закана со пиштол да изврши разбојништво во филијала на банка во трговски центар на подрачје на општина Аеродром, но не успеал во намерата и се дал во бегство.Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и М.К. е пронајден и лишен од слобода.

Скопје | пред 2 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

(Видео) Судски совет не виде проблем во снимката за судијата каде соговорничката двапати му вика „твоја парија“, коментира адвокатката Јошевска

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска ја искоментира вчерашната одлука на Судски совет, за претседател на Граѓанскиот суд да го избере Бесник Авдија, во јавноста познат по секс-скандал, за кој се пишуваше дека се одвивал во судски канцеларии. Таа цитираше извадоци од снимката, каде соговорничката укажува дека тој е член на партија.„Судски совет не виде апсолутно никаков проблем во видеото за судија за чие напредување расправаше иако во видеото соговорничка два пати му вика "твојата партија" и

Коментари | пред 2 години

20231109080741_big_730x400_12

(Видео) Хамас киднапирал и девојка со потекло од Македонија - детали

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била малтретирана. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Шлаканица и од Гир за Македонија

Иако ЕК потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за оние области каде не е постигнат напредок особено за оние области кои ние ги сметаме за толку важни и ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за Извештајот за напредокот на државата објавен од старана на Европската комисија.Укажа на областите каде Македонија нема постигнато напредок а тоа како што рече е пред се со владеењето на правото, борбата против корупц

Македонија | пред 2 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Становите и гаражата од Мијалков на Водно се продадени - не се знае кој ги купил

Агенцијата за управување со одземен имот информира дека четори недвижнини на Сашо Мијалков кои се одземени со правосилна пресуда, денеска се ставени на продажба, со што во буџетот ќе бидат уплатени 330.350 евра.-Доследно на нашата претходна најава, ја информираме јавноста дека со денешната објава за продажба на 4(четири) недвижности од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на п

Македонија | пред 2 години

2023-11-06-15-42-38-875

Отпадот во Орман е опасен - ќе има кривична пријава, најавија инспекторите

Инспекторатот за животна средина ќе поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина, поради опасниот отпад кој стоел на парцела во скопски Орман. Според Инспекторатот, лабораториските испитувања го потврдиле веќе констатираното – станува збор за опасен отпад. Треба да се дисплоцира за 60 дена на местото од каде е земен, а ќе има и забраа за работа која ќе важи 90 дена.„Државниот инспекторат за животна средина од добивање на известувањето од Општина Ѓорче Петров, направи инспекциски

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Демократски сојуз: Колапс на државата и катастрофален извешај на ЕУ за Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок во клучните области, владеењето на правото и борбата против корупцијата, Владата треба веднаш да поднесе оставка.Демократскиот сојуз долго време укажува на загрижувачките состојби со високиот степен на криминализација, партизацијата на државната администрација и лошите состојби во судскиот систем и владеењето на правото, како и на

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-08-at-19.11.29

(Фото) Пропадна тампон во Гази Баба: автобус на ЈСП не можеше да помине, гуми беа расфрлани

Пропадна тампонот на патот од Стајковци до Црешево, а го блокираше и патот. Автобусот кој се обраќа на оваа линија, не можел да помине поради страв дека може да се преврти. На улицата има дупки, а околу, се расфрлани и гуми од автомобили. Информацијата стигна и до градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефановски.„Веднаш по информацијата дека е пропаднат тампонот на патот од Стајковци кон Црешево на прекопот кој е направен поради изградбата на новата фекална канализација дадов налог на службите да

Скопје | пред 2 години

uck-muzej3-750x430-2

„Тоа не е музеј на УЧК“ - Османи се „переше“ и обвини селани за да го оправда Ахмети

Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, рече денеска Минситерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави општина Куманово.„Прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, а господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, така што сите прашања треба да ги упатите до организаторите. Како што велат тие, станува зб

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Партиите добија рок од Џафери: До Нова Година!

Нема да дозволам да ме прегазат роковите, вели собранискиот спикер Талат Џафери околу датумот за избори.Тој им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори.„Политичките партии кои што се застапени во Собранието имаат можност до Нова Година да си најдат консензус по однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери.По овој рок, како што кажа, мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.Пред новинарите во Форино, Џафери обј

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања