ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ТРАМП

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Путин предложи нова средба – „следниот пат во Москва“

По завршувањето на самитот во Алјаска, нема реакција од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не беше поканет да учествува во разговорите меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.Американскиот претседател претходно најави дека неговиот прв телефонски повик по средбата ќе биде упатен токму до Зеленски. Британскиот премиер Киер Стармер, инаку еден од најгласните европски поддржувачи на Украина, исто така засега не ја коментира средбата. Зеленски само пред неколку дена беше во Лондон, каде заедно со Стармер нагласија „силно чувство на заедништво“.Од друга страна, Путин изјави дека е подготвен за нова средба со Трамп – „следниот пат во Москва“. Засега нема дополнителни детали за можно продолжување на преговорите или за тоа дали на нив ќе учествува и Киев.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Самитот во Алјаска заврши без договор – Трамп и Путин разговараа три часа

Пет часа по завршувањето на самитот во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ја напуштија средбата без да постигнат договор за прекин на војната во Украина.Двајцата лидери слетаа во Анкоридж нешто по 11:00 часот по локално време, каде што беа пречекани со црвен килим и долго ракување. Путин, видливо расположен, заедно со Трамп беше возен во американското претседателско возило „The Beast“ – потег што руските државни медиуми го претставија како симбол на блискост.Средбата траела околу три часа, а на масата со лидерите присуствувале и двајца блиски советници од двете страни. Слоганот на самитот беше „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), но претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој веќе предупреди дека иднината на земјата не може да се одлучува без Киев, повторно не беше вклучен во разговорите.По средбата, новинарите беа собрани на она што беше најавено како заедничка прес-конференција, но и Трамп и Путин дадоа само кратки изјави без да одговараат на прашања. Путин одржа подолго обраќање, но минимално ја спомна Украина, нагласувајќи дека е „искрено заинтересиран“ да се стави крај на конфликтот.„Сè уште има точки на несогласување. Нема договор додека не се постигне вистински договор“, изјави Трамп, додавајќи дека „не стигнавме таму иако имаше напредок“.Еден час по завршувањето на разговорите, двајцата претседатели повторно се качија во своите авиони и ја напуштија Алјаска. Во интервју за Fox News, Трамп го повика Зеленски да „направи договор“.Од Киев и европските сојузници сè уште се чека официјална реакција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кој преговара за Украина без Украина: Трамп, Путин и „тројка на тројка“

Зад затворени врати во Алјаска, преговорите меѓу американската и руската делегација се одвиваат во формат „тројца на тројца“ – секој од претседателите има уште двајца клучни советници на масата.Од руската страна присутни се:Сергеј Лавров, министер за надворешни работи веќе повеќе од две децении, санкциониран заедно со Путин по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година.Јури Ушаков, надворешнополитички советник на Путин повеќе од десет години и поранешен амбасадор во САД.Кремљ претходно најави дека во „проширениот формат“ ќе се приклучи и рускиот министер за одбрана, но не е познато кога.Од американската страна се:Марко Рубио, државен секретар и познат надворешнополитички „јастреб“ од кабинетот на Трамп.Стив Виткоф, специјален пратеник и личен пријател на Трамп, првично назначен за Блискиот Исток, но често вклучен во разговори за Украина.Истите четворица советници се сретнаа и во февруари во Саудиска Арабија на мировните преговори за Украина – тогаш без Трамп и Путин.И овојпат, на масата нема претставник од Украина, иако иднината на земјата е главна тема на преговорите. Забележителен е и отсуството на специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Од Кабул до Алјаска: Дежаву од мировната дипломатија на Трамп

На црвениот тепих во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп му приреди топол пречек на Владимир Путин – гест што остро контрастира со односот на западните лидери кон рускиот претседател од почетокот на целосната инвазија врз Украина.Слоганот на самитот, „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), на многумина им звучи познато. За време на првиот мандат на Трамп, во февруари 2020 година, неговата „високоризична“ дипломатија доведе до договор со Талибанците, познат како „Bringing Peace to Afghanistan“ – преговори во кои тогашната авганистанска влада беше целосно исклучена.Денес, повторно сведочиме на состанок на кој засегнатата страна – овојпат Украина – не е присутна на масата, иако се дискутира за нејзината иднина.Симболиката е дополнително нагласена од фактот што денот на средбата меѓу Трамп и Путин се поклопува со четвртата годишнина од враќањето на Талибанците на власт. За многумина, ова предизвикува непријатна паралела: тогаш, кога талибанското раководство постигна договор со САД, нивната победа беше само прашање на време. Некои аналитичари предупредуваат дека Владимир Путин денес може да размислува на ист начин.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Руски медиуми воодушевени од гестот на Трамп, што го поканил Путин да се возат во неговиот автомобил

Руски државни медиуми со воодушевување известуваат за потегот на американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, каде рускиот лидер Владимир Путин, наместо да се вози со својата претседателска лимузина „Aurus“, се приклучил во оклопното возило на Трамп.Според агенцијата РИА Новости, поканата дошла директно од Трамп, а Путин без двоумење прифатил. Државната телевизија Russia 24 го протолкува потегот како јасен знак на пријателство и како „ран почеток на разговорите“ пред официјалниот дел од самитот.„Американскиот претседател беше исклучително пријателски настроен кон Путин“, оцени водител на Russia 24, додавајќи дека „историското ракување“ на пистата било уште еден силен симбол на новата етапа во односите меѓу двете земји.CNN потсетува дека ова е прв пат двајцата лидери да се сретнат лице в лице откако Трамп ја започна својата втора претседателска функција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

(Видео) Први фотографии од средбата Трамп–Путин: делегации, прашања и возвратен одговор од Путин

На самитот во Алјаска, каде што треба да се разговара за можен крај на војната во Украина, Доналд Трамп и Владимир Путин беа фотографирани како седат еден до друг, со јасно истакната порака „Pursuing Peace“ (Обид за мир) и „Alaska 2025“ во позадината.Двајцата лидери беа придружувани од своите најблиски соработници и членови на делегациите, додека новинарите упатуваа низа прашања кон нив. Во еден момент, рускиот претседател Путин изгледаше како да возвраќа со гласен одговор на дел од прашањата.Ова е прва официјална размена лице-в-лице меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа на втор мандат, а средбата е под будно око на светската јавност.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.55.57

ВО ЖИВО: Следете го самитот Путин-Трамп, двајцата слетаа во Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат вечерва во Алјаска.Трамп веќе слета во Алјаска, придружуван од своите најблиски соработници. Во меѓувреме, на пистата се спушти и руски владин авион.Состанокот, кој се смета за еден од најважните во обидите за завршување на војната во Украина, ќе може да се следи во живо.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Неочекуван пресврт: Трамп и Путин нема да разговараат насамо

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, денеска им изјави на новинарите дека претходно планираниот тет-а-тет состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е променет.„Раните планови за средба помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе вклучуваат и државниот секретар Марко Рубио, како и специјалниот пратеник Стив Виткоф“, изјави Левит.Оваа промена доаѓа неколку часа пред закажаната средба на двајцата лидери на воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкорејџ, што ќе биде нивна прва лична средба откако Трамп се врати во Белата куќа за својот втор мандат.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.23.51

Air Force One слета во Анкорејџ – Трамп пристигна на историскиот самит со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна во Анкорејџ со Air Force One, заедно со државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф и директорот на ЦИА Џон Ратклиф. Тимот ќе се обиде да посредува во постигнување на мир во војната меѓу Русија и Украина.Средбата со рускиот претседател Владимир Путин е закажана за 11:30 часот по локално време (19:30 GMT / 20:30 BST) на базата Елмендорф-Ричардсон. Ова ќе биде прва директна средба меѓу двајцата лидери откако Трамп ја презеде функцијата претседател на САД по втор пат.Разговорите се очекува да траат најмалку 6-7 саати.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.54.20

Самит во Анкореџ: Тимови за безбедност спречуваат закани и шпионажа

Кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин да седнат на преговарачка маса, двајцата лидери се опкружени со строг безбедносен протокол кој има цел да ги заштити не само од физички закани, туку и од меѓусебна шпионажа, пренесува CNN.Поради итната организација на самитот, оваа недела во Анкореџ пристигнаа бројни федерални агенти и воен персонал задолжен за обезбедување на вакви настани со висок ризик. Главниот товар на осигурувањето го носи американската Тајна служба, но таа тесно соработува со безбедносниот тим на Владимир Путин.Дополнителното ниво на заштита го потврдуваат и податоците од интернет-услугите за следење летови, кои забележале дека утрово од локалниот аеродром полетал воен извидувачки авион Boeing E-3C, препознатлив по големата радарска купола, способен да открие воздушни закани, вклучително и авиони и проектили.Иако американските и руските тимови соработуваат во физичкото обезбедување на лидерите, зад кулисите се води „паралелна битка“ – заштита од техничко прислушување и компромитација.„Нема ни грам доверба меѓу разузнавачките служби“, изјавил висок безбедносен извор кој учествувал во обезбедување на слични состаноци. Според него, руската делегација веројатно користи „burner“ телефони и еднократни лаптопи за да избегне американско прислушување, а членовите добиваат детални инструкции за мерките на претпазливост.„Но, на Путин не му треба таква обука“, додал изворот, потсетувајќи дека рускиот претседател е поранешен офицер на КГБ.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26-1

Трамп: Ако состанокот не оди во добра насока – си заминувам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го напушти состанокот со рускиот лидер Владимир Путин доколку разговорите не се одвиваат во посакуваниот правец, пренесува CNN.Во краток исечок од интервју за Fox News, кое допрва ќе биде емитувано, Трамп рече: „Мислам дека ќе помине многу добро, а ако не – многу брзо ќе се вратам дома.“На директно прашање од водителот Брет Баер дали би си заминал ако состанокот тргне лошо, Трамп одговори без двоумење: „Би си заминал, да.“Овој став е во согласност со неговите коментари од претходниот ден за Fox Radio, кога истакна: „Ако состанокот е лош, нема да се јавувам на никого – си одам дома. Но ако е добар, ќе го повикам претседателот Зеленски и европските лидери“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп пред средбата со Путин: „Влогот е голем“

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша денешниот состанок со рускиот лидер Владимир Путин како средба со „високи влогови“, додека патуваше од Вашингтон кон Алјаска на седумчасовен лет.Трамп проценува дека шансите за неуспех се околу 25%, но не е јасно дали истата доза оптимизам ја дели и Путин, особено со оглед на тоа што нема многу индикации дека Москва е подготвена да се согласи на прекин на огнот, а уште помалку на поширок мировен договор.Кремљ соопшти дека очекува разговорите да траат шест до седум часа – нешто што не се совпаѓа со моменталниот распоред на Белата куќа.Трамп веќе гледа кон можен втор состанок, овојпат со вклучување на Украина и некои европски држави, но прво треба да се помине денешната голема пречка пред да се дојде до такво сценарио.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-11.11.20

(Видео) Од украински знамиња до молитви – Алјаска го пречекува самитот Трамп–Путин со поделени емоции

Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин се подготвуваат да слетаат во заедничката база Елмендорф–Ричардсон, 30 минути од Анкориџ, улиците во близина се исполнети со демонстранти и поддржувачи.„Путин треба да биде во затвор, а тој само така доаѓа на Алјаска,“ вели Хана Кореа, 40-годишна Украинка која се преселила во САД во 2019 година. Држејќи украинско знаме, таа признава дека се расплакала кога видела колку Американци даваат поддршка. „Тажно е што Зеленски не е поканет,“ додава таа.Во редовите на демонстрантите е и Кристофер Келихер, 53-годишен воен ветеран и жител на Алјаска: „Одвратно е… Путин не треба да е во нашата држава, а имаме идиот во Белата куќа кој ќе му се додворува.“Историјата на регионот со Москва додава тежина на средбата. Алјаска била купена од Русија во 1867 година за 7,2 милиони долари, а денес, руското културно наследство е видливо низ православните цркви. Во црквата „Свети Тихон“ во Анкориџ се одржуваат тридневни молитви, а свештеникот Николас Крегл вели: „Надеваме се оваа средба да донесе крај на конфликтот.“Меѓу поддржувачите е и рибарот Дон Кресли од градот Норт Пол: „Мислам дека е добра идеја. Би сакал да е и Зеленски тука… Трамп прави фантастична работа.“ Тој сака крај на војната „заради уништувањето на градовите и затоа што луѓето остануваат без домови, храна и средства за живот.“Сепак, напнатоста меѓу САД и Русија останува. Руски воени авиони често се пресретнувани во близина на алјасканскиот брег, а некои жители се чувствуваат изложени на ризик. „Живееме поблиску до Русија отколку до Вашингтон,“ вели Расел Вилсон од Анкориџ. „Ако претседателот не удри со тупаница по маса, би можеле да бидеме следната Украина.“

Свет | пред 5 месеци

FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Путин пристигна во Магадан, па продолжува кон Алјаска! Светот во очекување на историскиот самит меѓу рускиот лидер и Доналд Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во рускиот град Магадан на Далечниот Исток, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, јавува дописникот на РИА Новости.Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот ќе изврши увид во јавните работи и индустриските објекти во регионот, а ќе разговара и со гувернерот Сергеј Носов.„Потоа ќе оди во Алјаска и ќе започне руско-американската агенда“, рече тој.Растојанието меѓу Магадан и Анкориџ е околу три илјади километри, а времето на летот помеѓу градовите е околу четири часа.Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин и Трамп ќе се сретнат во Анкориџ во петок во 22:30 часот по московско време (23:30 часот по македонско време). Самитот ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон. Политичарите прво ќе разговараат лице в лице, потоа со учество на делегации, а разговорите ќе продолжат на работен појадок.Централната тема на средбата ќе биде решавањето на украинската криза, а страните ќе разменат мислења и за соработката меѓу Москва и Вашингтон. Лидерите ќе разговараат за задачите за обезбедување мир и безбедност, како и за прашања од меѓународната и регионалната агенда.Не се очекува потпишување документи за време на состанокот. Лидерите ќе зборуваат за постигнатите договори на заедничка прес-конференција.Објавен е распоредот на ТрампБелата куќа го објави распоредот на патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, за средба со рускиот претседател Владимир Путин.Шефот на Белата куќа наводно пристигнува во Анкориџ во 06:45 часот (12:45 часот по македонско време).„Во 11:00 часот по локално време (21:00 часот по македонско време), Трамп ќе учествува во билатерална програма со претседателот на Руската Федерација во Анкориџ“, се наведува во документот.Според распоредот, Трамп ќе го напушти градот во 21:45 часот (03:45 часот по македонско време).Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, лидерите ќе ги започнат своите разговори во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време).Руската делегација ги вклучува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и специјалниот претседателски претставник за инвестиции и надворешно-економска соработка Кирил Дмитриев.Централна тема на самитот Путин–Трамп ќе биде решавањето на украинската криза, но ќе се дискутираат и други теми. „Секако, ќе бидат опфатени пошироки задачи за обезбедување мир и безбедност, како и актуелни и најакутни меѓународни и регионални прашања“, нагласи Ушаков.Лидерите ќе разговараат и за билатералната соработка во економската сфера: „Забележувам дека оваа соработка има огромен, и за жал, досега неискористен потенцијал“.Сè уште не е јасно дали ќе се одржи заедничка прес-конференција, но сигурно е дека лидерите на двете земји ќе се обратат на печатот.Историска средба во Алјаска – Русите слетааПрвиот руски владин авион Ил-96, кој полета од московскиот аеродром Внуково, слета во Анкориџ, според податоците на Flightradar. Според руските медиуми, можно е во него да се наоѓа група што се подготвува за самитот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.Втор авион со 52 руски новинари полета од Москва синоќа во 17:30 часот. Новинарите на аеродромот ги пречека Ил-96, во кој се наоѓаше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу патниците е и рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, кој тивко спомена дека се вратил од одмор.Новинарите ќе бидат сместени на стадионот „Сали“ во Анкориџ.Средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска ќе започне во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време) со средба еден на еден, на која, освен лидерите, ќе учествуваат само преведувачи, изјави на брифинг помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Двајцата претседатели ќе ги продолжат разговорите на работен појадок.

Свет | пред 5 месеци

putin-2

Трамп и Путин во Алјаска – различни цели, заедничка сцена

Денешниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, ќе ги седне двајцата на маса со спротивставени приоритети, но и со заедничка желба за меѓународно внимание.За Путин, самото одржување на средбата е победа – признавање дека обидите на Западот да го изолираат не успеале. Алјаска е внимателно избрана локација: без прелетување над „непријателски“ земји, далеку од Украина и Европа, со историска симболика за менување граници. Рускиот лидер инсистира на задржување на сите освоени територии во четири украински региони, иако Киев тоа го смета за неприфатливо.За Трамп, кој уште во кампањата ветуваше дека „ќе го заврши војната за неколку дена“, средбата е шанса да ја игра улогата на глобален миротворец – и можеби да се доближи до Нобелова награда за мир. Сепак, неговите изјави се колебливи: од нарекување на разговорите „слушателна сесија“ до оптимистички најави дека и Путин и Зеленски сакаат мир.Украина и европските сојузници стравуваат од можен „land-swap“ договор – територијални концесии во замена за прекин на огнот. За Путин, тоа би значело дипломатска победа; за Трамп – историски момент за кој ќе може да тврди дека донел мир. Но дали Киев би прифатил такво нешто останува неизвесно.„Мислев дека ова ќе биде најлесната војна за решавање“, призна Трамп во Овалната соба ден пред патувањето. „Излезе дека е најтешката.“

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања