Судењето на Трамп одложено поради тајни документи, не се знае кога ќе продолжи
Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, инициран поради несовесно постапување со доверливи документи. Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.
Свет | пред 2 години