Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

транспорт

Screenshot-2024-10-25-131719

Шест нови авионски линии од следната година

Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус. Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес конференција.На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно јавниот повик финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.Повикот што го распишавме веќе ги дава првите резултати, истакна министерот Николоски и додаде:„Со гордост можам да кажам дека од 30 март 2025 година авио превозникот Флај Дубаи ја отвора линијата Скопје - Дубаи- Скопје. Исто така со гордост можам да најавам дека од 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје - Барсeлона - Скопје со што се отвора Шпанија како дестинација. Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион - Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација. Понатаму, од следната година три пати неделно ќе се лета Скопје - Штутгарт - Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија. Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид - Базел Милхаус - Охрид и за мене најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е тоа дека Туркиш ерлајнс редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид - Истанбул – Охрид, со што охридскиот аеродром го отвораме како дестинација за најголемиот аеродром во Европа и аеродром со најголем број на конекции“, истакна министерот Николоски.Министерот најави дека веќе во процес на подготовка е втор повик кој треба да се објави во следните неколку недели бидејќи има силен интерес за воспоставување на нови дестинации.Во однос на финансиската подршка за авиокомпаниите, таа се воведува за период 2025-2027 година и изнесува 360 милиони денари или околу 5 милиони евра, а се очекува бројот на патници да се зголеми за 200 илјади на годишно ниво.

Македонија | пред 1 година

IMG-cf378a5f806363d30b660646ab271d47-V

Средба Николоски - Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите.Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-solun-1

Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа, рече Николоски од Солун

Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.Тој истакна дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.„Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10, значи од границата со Србија па се до границата овде во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата“, истакна министерот Николоски.Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следи период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.„За следната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП-то во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција преку интерконекторот каде ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во следниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Ме прашавте за домашните компании. Најголем дел од извозно ориентираните зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме“, потенцираше министерто Николоски.Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-2

Николоски и Зеколи-Шаќири: Ја подржуваме професионализацијата во системот на воздушна навигација

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик минстерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска се обратија на конференцијата во организација на Меѓународната федерација на здруженија на контролори на летање.Во своите обраќања тие ја потенцираа важноста за професионализација на оваа дејност, суштинска за давање на услуги во делот на воздухопловната навигација.Министерот Николоски исткна дека Владата и министерството дава подршка на овој сектор преку обезбување на висока професионалност и унапредување на авиосообраќајот во земјава.„Како потпретседател на Владата и како министер давам подршка за професионализација на оваа дејност. Овде мора да се употребат највисоките стандарди бидејќи нема простор за грешки и волунтеризам. Работиме на тоа да го зголемиме обемот на ависообраќајот во земјава притоа имаме јавен повик за субвенционирање нови линии преку патници во доаѓање. Во моментов тече евалуцација на понудите и наскоро ќе објавиме нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Имаме идеја која сакам да ја споделам со вас, а тоа е да воведеме и прекуокеански летови од скопскиот аеродром. Имаме голема дијаспора, ова е голема амбиција но ќе повторам ова е само идеја на која треба да работиме но веруваме дека ќе имаме голем бенефит ние и цел регион”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири во совето обраќање истакна дека дека Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање има мисија да ја подобри безбедноста на воздушниот сообраќај, да ја промовира професијата и да ја обликува иднината во управувањето со воздушниот сообраќај.„Оваа мисија, заснована на професионализам и најдобри интереси на воздухопловството, е целосно неполитичка. За нас во Македонија ова претставува предизвик. Да се ​​чува политичкото влијание подалеку од воздухопловниот сектор и да се осигури дека одлуките се носат исклучиво врз основа на ефикасноста и безбедноста е задача на која нашето Министерство за транспорт е целосно посветено да ја реализира” истакна заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.Настанот беше коорганизиран од Македонското здружение на контролори на летање.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-17-082651

Министерство за транспорт: Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект

„Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, остануваме целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8“.Ова беше цврстиот став на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел оствари работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговараше за железничкото поврзување меѓу двете земји.Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесносот од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација.Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа.Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока.На состанокот од страна на претставниците од Бугарија беше истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но изразија подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.На средбата се заклучи двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект.Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа“, се наведува во соопштението на Министерство за транспорт.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-veles-3

Николоски: Инвестираме во подобрување на инфраструктрурата во сите општини, Велес има огромна подршка од Владата

Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очекувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешнта работна посета на општина Велес.Министерот Николоски заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците од Велес како и директорот на АД за стопаснување со станбен и деловен простор, извршија увид во реконструкција на улицата Луј Пастер, како и во изградената социјална зграда која во моментов е во постапка на распределување.При посетата на социјалната зграда истакна дена ова е мерка со која ќе се обезбеди пристоен дом за 29 ранливи семејства од Велес.„Инвестицијата во оваа зграда е 54,2 милиони денари и во овој момент тече постапка за распределување на становите. Очекувам 29 ранливи семејства од Велес да добијат свој дом и ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да видиме среќни семејства кои живеат тука. Уверувам дека процесот ќе биде транспарентен и јас лично ќе го надгледувам и нема да дозволам да има било какви манипулации. Паралелно со овој процес во тек е и распределба на зградата и во Кочани, а веќе во завршна фаза со изградба се зградите и во Бутел и Дебар”- изјави министерот Николоски.Тој истакна дека за општина Велес распеделени се 1,1 милион евра за поодбрување на локалната патна мрежа кои во најголем дел се потрошени за реконструкција на улици низ градот.“Улицата “8 март” се заврши, улицата “Љубљанска” ја завршиваме со реконструкција, следи поставување на сообраќајна сигнализација, a активно работиме и на улицата “Луј Патсер” во должина од околу 1 км која деновиве се асфалтира. Сакам тука да го пофалам и градоначалникот кој прв ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање и аплицираше за изградба на катна гаража токму преку проектот на Владата и уврувам дека за брзо време ќе се изгради катна гаража”- истакна министерот Николоски.Во однос на брзата пруга на Коридор 10, министерот најави дека со изградбата на брзата пруга граѓаните за двесетина минути ќе патуваат од Велес до Скопје со 200 кm на час.Градоналаникот Марко Колев ја потенцираше силната подршка на Владата и министерството во реализација на капиталните проектит за општина Велес.„Ги повикувам сите што ги исполнуваат условите да се јават на повикот за распределба на становите. За да ја ставиме во функција оваа згрaда општина Велес вложи сериозни финансиски средства за снабдување со вода на зградата. Во изминатиот период се реконструираа многу улици низ Велес со подршка на министерството и сакам да додадам дека токму на оваа улица Луј Пастер, општината преку свои средства изврши проширување”- изјави Марко Колев градоначалник на општина Велес.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-a-1

Николоски: Паралелно ќе работиме на реконструкција и изградба на брза пруга на Коридор 10

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите“.Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.„За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш“, истакна Николоски.Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.„Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме“, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања