Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

турција

0-02-05-491750d6388445ef49b2f828cdde9a0a848aff2e1bb1ac5503b76c8af7c452ef_2888fe5c371

(Видео) Гори во Измир, се евакуира населението и туристите

Пожари беснеат и во Турција. Во Измир, евакуирани се жители на две населби, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.Од засега непознати причини избувнал шумски пожар во реонот на градот Урла.Во напорите за гаснење на пожарите се вклучени девет противпожарни авиони и девет противпожарни хеликоптери, како и десетици противпожарни возила.Пожар избувна и во близина на одморалиштето Чешме. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот со три авиони и неколку противпожарни возила.Евакуирани се гостите на хотели во Кушадаси.

Свет | пред 1 година

21111

Турција го усвои законот за отстранување на кучињата од улиците, опозицијата најави тужба

Турскиот парламент денеска усвои закон со кој се бара милиони кучиња скитници да бидат собрани и однесени во засолништа, и покрај критиките од јавноста и главната опозициска партија, која вети дека ќе го оспори законот на суд.Законот го подготви владејачката партија АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а критичарите тврдат дека ќе доведе до убивање на милиони кучиња, пренесува Ројтерс.Се проценува дека во Турција има околу четири милиони кучиња скитници, а поддржувачите на законот како причини за неговото усвојување наведуваат напади, беснило и сообраќајни несреќи.Според новите правила, сите кучиња кои покажуваат агресивно однесување или знаци на болест ќе бидат евтаназирани.Законот беше усвоен со 275 гласа „за“ и 224 „против“.Активистите за правата на животните повикаа на засилени кампањи за стерилизација, а опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) соопшти дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд.„Предлог-законот е очигледно противуставен и не го штити правото на живот. Ќе направиме повеќе од она што се бара од нас во однос на изградбата на повеќе засолништа, вакцини, стерилизации и посвојувања, но не е можно целосно да го носиме овој товар со силата што ја имаат општините“, изјави лидерот на ЦХП, Озгур Озел по усвојувањето на контроверзниот закон.Тој додаде дека општините имаат ограничени ресурси, недоволни да се грижат за сите бездомни кучиња.Во земјава во моментов има 322 прифатилишта за животни со капацитет за 105.000 кучиња, според законот, што е многу помалку од она што би било потребно за згрижување на сите скитници.Законот бара сите општини да потрошат најмалку 0,3 отсто од својот годишен буџет за услуги за рехабилитација на животни и за изградба или подобрување на засолништа и ќе им даде рок до 2028 година да го сторат тоа.Илјадници луѓе излегоа на улиците во последниве недели да протестираат против законот, повремено судејќи се со полицијата и носејќи транспаренти со пароли како „Не можете да ги убиете“ и „Укинете го законот“.Жителите на турските градови често се грижат за уличните животни, градат импровизирани засолништа и носат храна и вода за нив.Една анкета покажа дека помалку од 3 отсто од луѓето ја поддржуваат евтаназијата на овие кучиња, додека речиси 80 отсто од населението изјавиле дека се за нивно сместување во засолништа.

Свет | пред 1 година

turcija

Турција го лансираше својот прв сателит

Турција утрово го лансираше во орбитата својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6А“.Ракетата SpaceX Falcon 9 лансираше сателит во вселената од станицата на вселенските сили Кејп Канаверал на Флорида, јавува Анадолија.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лансирањето на тој сателит го означува почетокот на „новата фаза“ за Турција во производството на сателити.„Ние произведовме повеќе од 81 отсто од потсистеми, сателитски копнени станици и софтвер во проектот 6А, што е од големо значење за иднината на нашата земја во вселената“, посочи тој.Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу рече дека првиот сигнал од сателитот бил примен 67 минути по лансирањето.Тој додаде дека „Турксат 6А“ е резултат на десетгодишниот напор за изградба на домашен сателит, наведувајќи дека Турција стана една од 11-те земји што го направија тоа.

Магазин | пред 1 година

Tan2021-8-3_183236530_0-1068x712

Избувна шумски пожар во популарно турско одморалиште: Продолжува воздушната и копнената интервенција“

Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелскиот комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа Х.Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари, истакнувајќи дека моменталната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.Во провинцијата Чанаккале, пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Једрене, Баликесир, Караман и Караманмарас.

Свет | пред 1 година

pozar-doneck

Бесни шумски пожари во Турција: Пожарот зафати неколку села, има и загинати

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени, од кои 10 потешко, во шумските пожари што во текот на ноќта зафатија неколку села во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.„Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 потешко“, кога пожарот зафати две области во близина на градот Мардин на југоистокот од земјата, напиша министерот за здравство Фахретин Коча на платформата Х.Најголемиот пожар избувна во областа меѓу Мардин и Дијарбекир.Во гаснењето на пожарот интервенирале 41 возило и 150 лица, јавува Анадолија.

Свет | пред 1 година

nesrekja2

(Видео) Се урна воен авион во Турција, загинаа двајца пилоти

Двајца војници загинаа денеска при пад на воен тренинг авион во централна Турција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.Тренинг авион СФ-260 Д со двајца пилоти полета од воздухопловната база во Кајсери, град во строгиот центар на Турција. Министерството соопшти дека се уште не е позната причината за падот.Службите за итни случаи се испратени на местото на несреќата каде што утврдиле дека пилотите загинале, соопшти Министерството. $bp("Brid_17494670", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"1668978","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран во областа Гоксун во Кахраманмарас.Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се судрија автобус и автомобил, повредени се најмалку 15 лица

Петнаесет лица се повредени во судир на автобус и автомобил во Малатја во источна Турција.Сударот се случил на раскрсницата на автопатот Малатија-Елазиг, а од силината на ударот автобусот се превртел.На местото на настанот се испратени екипи од полиција, пожарникари и лекари, пишува весникот „Аксим“.Според првите информации, сите повредени се турски државјани.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Турција го прекина извозот во Израел додека не дојде до прекин на огнот во Газа

Турското Министерство за трговија денеска соопшти дека го прекинува извозот на производи во Израел додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа.Ограничувањето на извозот беше објавено откако Израел во понеделникот го одби барањето на Турција да се приклучи на меѓународните напори за транспорт на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, а извозните ограничувања вклучуваат, меѓу другото, производи од железо и челик, опрема и градежни производи и машини, пренесува Тајмс оф Израел.Турција, која го осуди Израел за неговата офанзива во густо населениот Појас Газа и повика на итен прекин на огнот, испрати десетици илјади тони хуманитарна помош за цивилите во окупираната палестинска енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.Соединетите Американски Држави минатиот месец почнаа да испраќаат помош за Газа по воздушен пат заедно со Холандија, Франција, Шпанија и други земји.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-10.59.20

Милијардерот од листата на Форбс кој го направи најпознатиот дрон во светот може да стане претседател на Турција: Ердоган го подготвува својот зет за наследник

Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна загуби на локалните избори во Турција, со кои, според аналитичарите, беше означен крајот на политичката кариера на „турскиот султан“. Сепак, се чини дека почна да размислува за својот наследник. Медиумите пишуваат дека нов претседател на Турција би можел да биде никој друг туку зетот на Ердоган – Селџук Бајрактар. Можниот иден турски лидер не е познат само по тие блиски семејни врски, туку и по неговото „учество“ во војната во Украина. Имено, зетот на Ердоган е технолошки директор на воената компанија „Бајкар Макина“, чии беспилотни летала ги користела Украина за да ги запре руските напади.Бајрактар ​​повторно го привлече вниманието на јавноста по локалните избори во Турција. Иако самиот Реџеп Таип Ердоган не учествуваше во нив, многумина почнаа да размислуваат за судбината на актуелниот лидер на Турција, со оглед на тоа што неговиот претседателски мандат истекува во 2028 година и тој нема да може повторно да се кандидира. Како што рече самиот лидер - „Подготвен сум да ја пренесам палката на следната генерација“. Турските политички аналитичари оценуваат дека Бајрактар ​​би можел да биде главен кандидат за иден лидер.Бајрактар ​​неговите обожаватели често го нарекуваат „турскиот Илон Маск“, а според анкетите, Селчук моментално е една од најпопуларните јавни личности во земјата.Како што кажа и самиот, нема политички амбиции, но и не би одбил доколку Ердоган побара од него да се кандидира на идните избори.„Може да кажам да, но тоа ќе зависи од околностите“, рече тој во интервју за The Wall Street Journal минатата есен.Ново име на листата на милијардери на Форбс за 2024 година е и зетот на турскиот претседател со богатство од 1,2 милијарди долари.Тој се ожени со ќерката на Ердоган, Симеја во 2016 година. Заедно имаат две деца и живеат во Истанбул.Тој е сопственик на 52,5 отсто од компанијата „Бајрактар“, чиј главен производ е истоимениот беспилотен воен дрон, кој го користат украинските војници во војната со Русија.Компанијата ја основал неговиот татко Ездемир во 1984 година, кој првично се занимавал со производство на автоделови, а во 2000 година почнале да произведуваат дронови.Дронот Бајрактар ​​беше извезен во 33 земји до март 2024 година.Компанијата моментално работи на создавање на првиот турски летечки автомобил.Во февруари годинава компанијата започна со изградба на фабрика во близина на Киев, во која ќе бидат вработени околу 500 луѓе и ќе ги произведува своите модели на дронови.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Турција

Посилен земјотрес ја погоди Турција во 10:48 часот по локално време.Иако според првите проценки земјотресот бил пет степени според Рихтеровата скала, подоцна било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.Земјотресот е регистриран на 45 километри северозападно од Адијаман, на длабочина од 8 километри. Засега нема информации за штети или повредени.Жителите велат дека земјотресот бил добро почувствуван.„Ме разбуди“, „Навистина добро се тресеше“, „Траеше кратко, но беше интензивно“, наведуваат во коментарите на ЕМСЦ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Турција ја чекаат избори - шанса за Ердоган да ги врати Истанбул и Анкара

Во недела во Турција ќе се одржат општински избори, а во оваа прилика партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган (АКП) ќе се обиде да ја врати контролата врз Истанбул и Анкара, градовите кои гласаа против нив во 2019 година.Аналитичарите тврдат дека овие избори ќе бидат мерка за поддршка на Ердоган на национално ниво, но и за силата на опозицијата, особено на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.Според Ројтерс, се очекува тесна трка за градот Босфор, кој е дом на повеќе од 16 милиони луѓе и придонесува повеќе од една четвртина од националниот БДП.На последното локално гласање во 2019 година, главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го изненади Ердоган кога преовлада во Истанбул и Анкара, ставајќи крај на повеќе од две децении владеење на АКП и нејзините исламистички претходници.Главниот противник на актуелниот градоначалник на Истанбул, пратеникот на ЦХП Имамоглу е членот на АКП Мурат Курум, поранешен министер во владата, додека анкетите покажуваат мал трансфер на Имамоглу.Речиси 11 милиони луѓе имаат право на глас во Истанбул, според проценката на Врховниот изборен совет. Излезноста на општите и локалните избори е многу висока во Турција, близу 90 проценти. Минатиот мај, Ердоган беше реизбран за претседател, а неговата алијанса освои мнозинство во парламентот на тесни општи избори, резултат што, според Ројтерс, ги подели и обесхрабри алијансата ЦХП и другите опозициски партии.Во недела, Турција ќе гласа и во другите 79 провинции во земјата, за водачи и окружни шефови на провинции, окружни совети и локални администратори.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Голема полициска акција во Турција: Уапсени над 30 припадници на Исламската држава кои подготвувале напади пред изборите

Турската полиција приведе 33 припадници на Исламската држава кои наводно подготвувале напади пред претстојните локални избори во таа земја, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.Локалните избори во Турција се одржуваат на 31 март. Припадниците на антитерористичката полиција откриле оружје, пари и документи за организацијата на нападот при рација во градот Сакарија во северозападна Турција, пренесува АП.„Нема да толерираме терористи. Нашите безбедносни сили ќе ја продолжат својата неуморна борба“, рече Јерликаја.Оваа група обезбедувала луѓе за учество во воените зони и обезбедувала финансиска поддршка на Исламската држава. и тие оперирале од нелегални џамии и верски училишта, според АП. Во последните 10 години, во Турција се случија неколку напади поврзани со Исламската држава.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2023-02-11-222550

Волонтери тврдат дека Арсовска ги брка од плоштадот, Град Скопје негира

Инспектор од Град Скопје наредил до утре да се тргнат донациите собрани за Турција и Сирија од скопскиот плоштад, а пунктот го нарекол „депонија“. Ова е сведоштвото на волонтерка која изминатите денови со десетици други млади лица помага за граѓаните на двете погодени земји од земјотресите. Христина Панова бара градоначалничката Данела Арсовска да каже зошто им смета пунктот за донации.„За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје во нормални хумани услови (знаејќи дека надвор е ладно). Никој не е будала бидејќи така му текнало и бидејќи нема што да прави – па ај ќе одиме ќе си играме на плоштад, ќе собираме работи на минусни температури“, посочува волонтерката.Градот треба да биде благодарен на овие млади деца што ја покажуваат солидарноста и добрината на скопјани, посочува Панова.„Градот наш што нели пак ќе никнеше… Градот на солидарноста, градот на хуманоста, денеска на плоштад ‘Македонија’ прати инспекција да ги брка младите волонтери коишто неколку дена по ред деноноќно се отворени и достапни за граѓаните и собираат донации за настраданите семејства во земјотресите во Турција. Како што сите знаеме, уште од првиот ден кога нѐ потресе страшната вест за разорниот земјотрес во Турција, во којшто животот го загубија 22 327 лица заклучно со овој момент и над 80 000 повредени.. илјадници и илјадници семејства останаа без кров над глава, без топла облека да се пресоблечат нели, без храна, без сѐ она за што работеле и вложувале изминатите години од својот живот, група млади студенти од Турција кај нас излегоа и отворија пункт за донации. Тоа се млади деца полни со надеж, полни со енергија и љубов и изминатите денови 24 часа на ден се на пунктот и селектираат и пакуваат донации пристигнати од нашите граѓани. Јас сум една од многуте што се приклучи на оваа иницијатива, а ги има десетици коишто секој ден ги гледам таму (Македонци, Албанци, Турци, Роми)“, додава таа.Волонтерите добиваат и благодарности од Турција за помошта која ја пружаат и за ангажманот за собирање донации.„Сакам да знаете дека сѐ она што беше направено до сега луѓето го гледаат, го препознаваат и изразуваат почит и благодарност за добриот чин на секој еден кој подаде рака на нашите пријатели од Турција“, посочува волонтерката.Град Скопје испратија став до сите медиуми во кој негираат дека инспектор бркал волонтери„Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје ‘ги бркал’ луѓето кои собираат хуманитарна помош! Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот ‘Македонија’ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија. Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

turcija

Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети.Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од Министерството за надворешни работи, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, ги донесе следниве заклучоци:Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес;Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција;Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош;Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови;Се препорачува, Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи;Се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за надворешни работи, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување - припадници на републичките сили за заштита и спасување.Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално - текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана - Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања