Промени тема
Контакт

Турција го усвои законот за отстранување на кучињата од улиците, опозицијата најави тужба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
21111

Турскиот парламент денеска усвои закон со кој се бара милиони кучиња скитници да бидат собрани и однесени во засолништа, и покрај критиките од јавноста и главната опозициска партија, која вети дека ќе го оспори законот на суд.

Законот го подготви владејачката партија АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а критичарите тврдат дека ќе доведе до убивање на милиони кучиња, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека во Турција има околу четири милиони кучиња скитници, а поддржувачите на законот како причини за неговото усвојување наведуваат напади, беснило и сообраќајни несреќи.

Според новите правила, сите кучиња кои покажуваат агресивно однесување или знаци на болест ќе бидат евтаназирани.

Законот беше усвоен со 275 гласа „за“ и 224 „против“.

— реклама —

Активистите за правата на животните повикаа на засилени кампањи за стерилизација, а опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) соопшти дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд.

„Предлог-законот е очигледно противуставен и не го штити правото на живот. Ќе направиме повеќе од она што се бара од нас во однос на изградбата на повеќе засолништа, вакцини, стерилизации и посвојувања, но не е можно целосно да го носиме овој товар со силата што ја имаат општините“, изјави лидерот на ЦХП, Озгур Озел по усвојувањето на контроверзниот закон.

Тој додаде дека општините имаат ограничени ресурси, недоволни да се грижат за сите бездомни кучиња.

— реклама —

Во земјава во моментов има 322 прифатилишта за животни со капацитет за 105.000 кучиња, според законот, што е многу помалку од она што би било потребно за згрижување на сите скитници.

Законот бара сите општини да потрошат најмалку 0,3 отсто од својот годишен буџет за услуги за рехабилитација на животни и за изградба или подобрување на засолништа и ќе им даде рок до 2028 година да го сторат тоа.

— реклама —

Илјадници луѓе излегоа на улиците во последниве недели да протестираат против законот, повремено судејќи се со полицијата и носејќи транспаренти со пароли како „Не можете да ги убиете“ и „Укинете го законот“.

Жителите на турските градови често се грижат за уличните животни, градат импровизирани засолништа и носат храна и вода за нив.

Една анкета покажа дека помалку од 3 отсто од луѓето ја поддржуваат евтаназијата на овие кучиња, додека речиси 80 отсто од населението изјавиле дека се за нивно сместување во засолништа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylkiu2t5i8jt21ROPm4D

(Видео) Најмалку 150 приведени на протест во Истанбул поради апсењата на ЛГБТК+ активисти

Свет | пред 1 ден

— реклама —
brod1

Се судрија два турски брода кај Истанбул, трагаат по 10 члена на екипажот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvq2rlsmihu5036SAoAK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан одржаа прв состанок во Истанбул на новиот одбранбен сојуз

Свет | пред 2 седмици

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод, убиени 14 пирати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања