Промени тема
Контакт

Мајката, вујкото и братот се главни осомничени за смртта на девојчето кое се бараше низ цела Турција: Ова се потенцијалните мотиви на злосторството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во потокот, а по сторителот на ова злосторство што ја потресе Турција и целиот свет се уште се трага.

Нејзиниот вујко Селим е именуван како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.

Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.

Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарина, Јуксел и вујко Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и вујко во непријатна ситуација и затоа била убиена.

— реклама —

Сепак, чичко Селим, кој инаку е во притвор, ја негираше врската со Јуксел.

— реклама —

Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и вујкото.

Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарина, Енес, бидејќи на неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби, пренесува Телеграф.

— реклама —

Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарина Ариф и вујко Селим имале многу лоши односи.

Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка...“ и дека пораката била наменета за неговиот брат Ариф.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

ТикТок инфлуенсерка убиена од сопругот откако јавно го обвини дека е педофил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања