ТУРЦИЈА

media-library1bkr1kqakga17mstby6

По силниот уште 100 последователни потреси во Турција

По синоќешниот земјотрес од 6,1 стеоен во Турција следеле повеќе од 100 потреси.По земјотресот со јачина од 6,1 степен кој го погоди регионот Баликешир најсилниот кој следел бил со јачина од 4,4 степени.Во земјотресот беа повредени најмалку 22 лица.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.Потресот се почувствувал и во Грција.

Свет | пред 3 месеци

media-library4sjmhbutbt6fa8adxez

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја погоди западна Турција.Земјотресот е регистриран на 27 октомври во 19:48:29 часот UTC, односно 22:48:29 часот по локално време.Епицентарот бил на 62 километри југоисточно од Баликешир и 10 километри јужно од Синдирги.Земјотресот предизвикал продолжено тресење кое предизвикало паника и страв кај жителите на погодените подрачја. Долгото траење на земјотресот ја зголемило загриженоста бидејќи луѓето ги напуштале зградите и барале сигурност.Според официјалните податоци, едно лице загинало, додека најмалку 29 лица се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и околните области.

Свет | пред 3 месеци

crna-gora-policija

Опсадна состојба во Подгорица откако турски државјани избодeа млад човек, ќе се укинува безвисниот режим со Турција

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, реагираше веднаш и објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани. Оваа одлука ќе се спроведе по итна постапка.„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на платформата ,,X“.Синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј.Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани.Многу жители извикуваа навредливи пароли против Турските државјани.На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот.Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани.

Свет | пред 3 месеци

erdogan-1

Ердоган: Турција ќе помогне во спроведување на мировниот договор и обнова на Газа

Откако Израел ја започна офанзивата во појасот Газа пред две години, Турција најчесто учествуваше индиректно во мировните напори. Но, последните недели Анкара зема сѐ поистакната улога во процесот за прекин на огнот.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека неговата земја ќе се приклучи на „работна група“ која ќе го надгледува спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа и ќе помогне во пронаоѓањето на телата на загинатите заложници.Ако даде Господ, Турција ќе учествува во групата што ќе ја следи примената на договорот на теренот, изјави Ердоган во Анкара, додавајќи дека Анкара ќе придонесе и за обновата на Газа.Иако не е целосно јасно дали Ердоган и високиот функционер зборуваат за иста работна група, некои извори ја поврзуваат оваа иницијатива со планот за стабилизациски сили што го предлага администрацијата на Доналд Трамп.Ердоган на платформата X порача дека е „задоволен што разговорите меѓу Хамас и Израел во Шарм ел Шеик, со придонес на Турција, довеле до прекин на огнот во Газа“. Тој му се заблагодари на Трамп „за политичката волја да ја поттикне израелската влада на компромис“, како и на Катар и Египет, нагласувајќи дека Турција нема да застане сè додека не се воспостави суверена палестинска држава.Во соопштение на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека Анкара се надева дека новиот импулс во мировните преговори ќе води кон решение со две држави и дека Турција ќе ја надгледува строга имплементација на договорот за да се „стави крај на геноцидот во Газа“.Шефот на турската разузнавачка служба, Ибрахим Калин, присуствувал на разговорите во Египет, каде што ги пренел ставовите и насоките на Анкара до Хамас, без директни контакти со израелската страна. Турција, според официјалната позиција, го смета Хамас за движење на отпор, а не за терористичка организација.

Свет | пред 3 месеци

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Турција го вооружува Косово: нарушување на регионалната стабилност и Резолуцијата 1244

Премиерот во Приштина, Албин Курти, изјави дека во Косово пристигнале турски дронови од типот „Skydagger“, набавени од Турција, пренесуваат регионалните медиуми.Одлуката на Анкара да продолжи со наоружување на Приштина, според експертите, претставува директно кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и сериозно го дестабилизира регионот.Испораката на турските дронови доаѓа по неколку претходни случаи на воена соработка меѓу Анкара и Приштина, меѓу кои и продажбата на борбени дронови, што веќе предизвика дипломатски реакции и продлабочени тензии на Балканот.Според аналитичарите, ова претставува дел од поширок образец на зголемено турско воено влијание во регионот, кое може дополнително да го загрози кревкиот мир и да ги наруши постоечките договори под покровителство на Обединетите нации.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Прва билатерална посета на Ердоган во Вашингтон по 2019 година

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган „знае за наместени избори подобро од кој било друг“ за време на нивната средба во Белата куќа.Трамп, кој и натаму без докази тврди дека изборни измами ја попречиле неговата кандидатура во 2020 година, додаде дека тој и Ердоган останале пријатели и во периодот кога не бил на власт.Иако Ердоган е на чело на Турција од 2014 година и често е обвинуван за репресија врз опозицијата и медиумите, Трамп го пофали, нарекувајќи го „човек со цврсто мислење“.Ова беше прва билатерална посета на турскиот лидер во Вашингтон по 2019 година, кога Трамп го завршуваше својот прв мандат. Неговиот наследник Џо Бајден имаше тензични односи со Ердоган.Под водство на Ердоган, турските власти повеќепати ја таргетираа главната опозициска партија, а бројни нејзини членови беа уапсени. Меѓу нив е и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој од март е во притвор под обвиненија за корупција, што тој ги негира.Во август, Трамп го пофали претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја води земјата 22 години, нарекувајќи го „многу паметен и самоуверен“.Трамп повеќепати навестуваше дека би можел да се обиде да обезбеди трет мандат, иако тоа е строго забрането според американскиот Устав

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd9s274scesjcaM2CVPI

Британка откри ресторан во Турција со оброк од три јадења за само 4 евра

Британска туристка на социјалните мрежи сподели пријатно изненадување од цените на храната во Турција. Таа во популарното летувалиште Мармарис пронашла ресторан во кој целиот оброк од три јадења чинел само 3,50 фунти (околу 4 евра).Во својата објава на TikTok таа наведе дека, и покрај приказните за инфлација, сè уште може да се најдат исклучително поволни понуди.„Доколку престојувате во областа Армуталан во Мармарис, можете да добиете оброк од три јадења за 3,50 фунти. Ако сакате да пробате традиционална турска кујна, навистина ви препорачувам да дојдете овде,“ порача туристката.Нејзината објава предизвика голем интерес и бројни коментари, а на љубопитните патници им откри дека ресторанот се вика Anadolu Yemek Evi. Многумина потврдија дека имаат позитивни искуства таму. „Го обожавам ова место, мојот сопруг постојано оди таму по храна за нас. Одлично е,“ напиша една корисничка, додека друга додаде: „Неверојатно е евтино.“Ресторанот има и одлични оценки на платформата TripAdvisor, со просек од пет ѕвезди, а еден посетител го опишал како „место со најдобра храна во Мармарис“.

Магазин | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 4 месеци

turcija-696x464

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.22.20

(Видео) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. На церемонијата во објектите на компанијата Aselsan во Анкара, тој го опиша проектот како „прекретница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“.„Ова е показател на силата на Турција. Во противвоздушната одбрана воведуваме ново доба за нашата татковина,“ изјави Ердоган, потенцирајќи дека најновата фаза на проектот вклучува 47 возила во вредност од речиси 400 милиони евра. „Овие системи ќе внесат доверба кај нашите пријатели, а страв кај непријателите,“ додаде тој.„Челичната купола“ претставува интегрирана мрежа која ги поврзува копнените и поморските платформи и сензори за воздушна одбрана, со цел заштита на турскиот воздушен простор. Владата не прецизираше кога системот ќе биде целосно оперативен.Турција и претходно настојуваше да ја засили својата воздушна одбрана, набавувајќи руски системи С-400 во 2019 година. Но тој потег предизвика остра реакција од САД, кои ја суспендираа продажбата на авионите Ф-35 на Анкара, што значително ги наруши одбранбените планови на земјата. Сукобите во Сирија и Украина, како и неодамнешните израелски напади врз Иран, дополнително ја поттикнале Турција да инвестира во домашен систем кој ќе обезбеди самостојна и поефикасна заштита.Покрај новиот систем, Ердоган најави и отворање на нови производствени погони на Aselsan во 2026 година. „Во следните 50 години, Турција ќе биде земја која не само што ги задоволува сопствените потреби, туку и предводи во светот со својата технологија,“ истакна претседателот.Турција со децении вложува во развој на сопствената одбранбена индустрија, особено по ембаргото за оружје наметнато од САД по турската инвазија на Кипар во 1974 година. Новата „Челична купола“ се смета за клучен чекор кон целосна воена самостојност на земјата.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-09.29.52

(Видео) Возеше и слушаше говори од Ердоган, но згреши и беше си ја плати казната...

Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, доби парична казна за пребрзо возење откако самиот објави видео од своето „летање“ на автопат.Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри на час, што е значително над дозволеното ограничување од 140 километри на час. Пораката што ја придружуваше снимката гласеше: „#ТурцијаЗабрзува“. Неколку часа подоцна, министерот повторно се огласи, овојпат со признание дека направил грешка. „Ненамерно накратко го надминав ограничувањето на брзината,“ напиша тој, додавајќи дека е казнет со 9267 турски лири (околу 190 евра).Уралоглу објави и копија од прекршочната казна, нагласувајќи дека во иднина ќе биде „многу повнимателен“ и дека „почитувањето на ограничувањата на брзината е обврска за сите“. Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично забележаа дека токму министер задолжен за транспорт мора да биде пример во сообраќајната култура.

Свет | пред 5 месеци

turcija-ambulanta

Двајца браќа тинејџери починале во хотел во Истанбул, властите се сомневаат на труење со храна

Двајца малолетни браќа од Холандија беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а првичните сомнежи се дека станува збор за труење.Холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) престојувал во градот заедно со своите синови – 17-годишниот Мохамед Џамил Јусуф и 15-годишниот Мохамед Јаздани. Според турските медиуми, семејството во петокот вечерта вечерало во ресторан во населбата Таксим, но храната јаделе само момчињата, додека таткото не јадел.Следното утро, вработени во хотелот слушнале врева од собата и при влегувањето ги затекнале тинејџерите во безживотна состојба, додека нивниот татко бил во шок и се онесвестил. Итната помош пристигнала на лице место и ја констатирала смртта на децата, а Аџуб бил пренесен во болница.Еден од хотелските работници изјавил дека едното момче лежело на креветот, а другото на подот и дека медицинските екипи можеле само да ги прогласат за починати.Полицијата отвори истрага за причините за трагедијата, со цел да се утврди дали станува збор за труење со храна. Според државната агенција „Анадолу“, таткото во болница сведочел дека неговите синови јаделе во ресторан во Таксим, по што по враќањето во хотелот нагло им се слошило.Браќата со таткото биле на одмор во Турција. Турските медиуми потсетуваат дека во земјата чести се вакви опасни и понекогаш фатални случаи, особено кога е поврзан алкохол. По Нова година, во Истанбул имаше масовно труење во кое починаа 34 лица, а во мај властите објавија дека повеќе од 100 луѓе во Анкара починале во период од неколку месеци по консумирање домашно произведен алкохол.

пред 5 месеци

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул, информира Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција.Претседателот Реџеп Таип Ердоган, преку објава на X, изрази желби за брзо закрепнување на повредените и нагласи дека спасувачките операции се внимателно следени.„Нека Господ ја заштити нашата земја од сите несреќи“, напиша тој.Министерот Јерликаја соопшти дека активностите за пребарување и спасување се завршени и дека нема дополнителни пријави за жртви или поголеми штети.Фотографиите од Синдрги прикажуваат целосно разрушени згради, купови шут и извиткани метални конструкции, осветлени од силни рефлектори во ноќните часови.Поради тоа што се наоѓа на спој на три големи тектонски плочи, Турција често е погодена од силни земјотреси.Во февруари 2023 година, катастрофален потрес со јачина од 7,8 степени го разурна југоистокот на земјата, одземајќи над 50.000 животи во Турција и околу 5.000 во Сирија. Повеќе од две години подоцна, стотици илјади луѓе сè уште живеат без свој дом.

Свет | пред 5 месеци

avion-t

Драматична сцена на аеродромот во Анталија: Патници евакуирани од авион кој чадел

Патници од авион на Turkish Airlines беа итно евакуирани преку тобогани откако во авионот се појавил чад по слетувањето на аеродромот во Анталија, Турција.Инцидентот се случил кога „Боинг 777“, кој полетал од Истанбул, се движел по пистата во туристичкото летувалиште Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачале итна евакуација како мерка на претпазливост, со цел заштита на безбедноста на патниците, потврди портпаролот на авиокомпанијата, Јахја Устун. Според него, сите патници биле навреме евакуирани, без повредени. Точниот број на патници и членови на екипажот не е соопштен.Првичниот технички преглед покажал дека чадот настанал поради дефект на хидраулична цевка. Во тек се дополнителни технички проверки на леталото.

Свет | пред 6 месеци

grcija-1

(ФОТО/ВИДЕО) Горат и куќите, во Грција и Турција пожарите оставија пустош, илјадници се евакуирани, температурите некаде надминуваат 50 степени

Илјадници граѓани во Грција и Турција беа принудени да ги напуштат своите домови поради жестоките шумски пожари што беснеат на повеќе локации, поттикнати од силни ветришта и екстремно високи температури.Температурите во југоисточна Европа веќе седми ден по ред надминуваат 40 степени Целзиусови, а грчките спасувачки служби, според премиерот Киријакос Мицотакис, водат „титанска битка“ за ставање на огнот под контрола.„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас“, изјави премиерот.Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари, а властите побараа поддршка од земјите членки на Европската унија за справување со огнените фронтови.Иако пожарот кај Крионери, североисточно од Атина, во кој беа повредени двајца пожарникари, е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична.Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите добија налози за итна евакуација.Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, поради опасните временски услови што ја претворија земјата во сув и запалив терен.Националната опсерваторија во Атина измери рекордни температури: 45,8 степени во Месинија во петокот и 45,2 во Амфилохија во саботата.Во неделата, меѓународна помош пристигна во форма на чешки и италијански пожарникарски тимови, кои се приклучија на напорите за гаснење, со фокус на островот Китера.Во Турција, југоисточната покраина Ширнак забележа нов температурен рекорд од 50,5 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот од 49,5 од август 2023 година.Повеќе од 1.700 лица беа евакуирани откако пожарите се приближија до Бурса, четвртиот по големина град во Турција, каде загинаа четворицаОпозицискиот пратеник Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како „апокалипса“. Над 1.100 пожарникари се бореа со вкупно 76 пожари кои избувнале во рок од 24 часа. Турција со недели се соочува со катастрофални пожари, предизвикани од екстремните температури.фото: France24/YouTube Print Screen

Балкан | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања