Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

УЈП

ujp

Поради зголемен прилив на ДДВ – 04 пријави, системот е – даноци работи забавено

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот.УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП.

Македонија | пред 1 година

ujp

УЈП: Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ -04 пријавите

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Важно е да се напомене дека 23-ти октомври е неработен ден, но системите на УЈП работат и сите кои имаат обврска за поднесување на ДДВ – 04 пријави истото ќе може да го сторат и во среда..Досега, поднесени се само 11.113 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што претставува само 27,12% од вкупниот број. Ова укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.Запомнете, непостапувањето во рок може да доведе до казни и дополнителни финансиски трошоци. Затоа, не чекајте! Поднесете ги вашите пријави навреме и избегнете стрес и дополнителни санкции.Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина, соопшти УЈП.Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка сите прашања и коментари, поткрепени со документација можат да ги достават на инфо сандачето [email protected]. Даночните службеници по службена должност ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на телефоните:📞 Од фиксна линија: 0800 33 000📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200Не чекајте, постапете веднаш Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски, велат од УЈП.

Македонија | пред 1 година

ujp

УЈП: Даночни обврзници, не чекајте, поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето [email protected]. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200.Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-094252

Директорката на УЈП Елена Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ од Вашингтон

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, со нејзиниот тим задолжен за наплатата на даночните приходи, се сретнаа со претставниците на мисијата на ММФ во земјата, предводена од шефот на мисијата Aнет Kјобе, на која присуствуваа и Јуан Ксао, член на мисијата од Вашингтон, како и локалните економисти во Канцеларијата на ММФ во Скопје, Симона Ковачевска Стефанова и Фатон Сулејмани.Во фокусот на разговорите беше наплатата на приходите во првите три квартали од годинава, очекувањата до крајот на 2024 година и проекција на приходите за идната година. Освен тоа, се разговараше и за реформите кои се спроведуваат во рамки на УЈП, за активностите за справување со неформалната економија, како и процесот на дигитализација, со цел зголемување на приходите преку поголема наплата на даноците.Директорката Петрова информираше дека во месец септември годинава, како и кумулативно во периодот е остварен планот за наплата и има поголема наплата на даноците во споредба со наплатата во 2023 година.„Во септември 2024 година наплатени се 10,4 милијарди денари, што е 2,2 милијарди денари повеќе наплатени даночни приходи во однос на истиот период лани.“Директорката Петрова ги запозна членовите на мисијата со преземените мерки и активности за проактивно управување со даночната дисциплина за даночните обврски кои доспеваат во овој период, како и дека ќе продолжи засилениот фокус до крајот на годината за наплата на приходите преку превентивни мерки и мерки за брзо интервенирање во законските рокови за плаќање на обврските. Воедно, таа истакна дека УЈП работи на целосна имплементација на концептот управување со ризиците на даночна усогласеност, за што во претходните три месеци УЈП организираше и до крајот на годината ќе продолжи со таргетирани кампањи за стопански дејности кои се актуелни за сезоната.Во однос на реформите, во завршна фаза е подготовката на Програмата на УЈП во која се инкорпорирани стратешките и реформските цели на УЈП и истата се заснова на 4-Д клучни области, односно даночни приходи, даночни обврзници, даночна администрација и дигитализација. Реформите треба да обезбедат мобилизација на даночните приходи преку проширување на даночната база со зафаќање во нефромалната економија, но и во формалниот сектор преку детектирање и справување со избегнувањето плаќање даноци, погрешно толкување и примена на даночната регулатива и други форми на даночна неусогласеност. Исто така, се очекува подобра наплата на даноците и како резултат на мерките за зголемена даночна свест и даночен морал кај даночните обврзници, а воедно и како резултат на автоматизација на процесите и поефикасно работење на УЈП, користење на современи аналитички алатки и сл.

Македонија | пред 1 година

Elena-Petrova

Петрова: Наследив загрижувачка состојба во УЈП

,,Во оваа прилика имам за цел да ја информирам јавноста за една мошне загрижувачка, „кризна” состојба која ја наследив во УЈП со моето доаѓање на позицијата Директор, а која се однесува на најделикатните прашања поврзани со правата од работен однос на вработените во УЈП и начинот на организација на работењето во УЈП.Во претходниот период, претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и заради кои сега внатре имаме „хаос” во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање на последици. Незаконитоста и формално-правните неправилности ги констатираа и Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот инспекторат за труд. Имено, ДИТ на записник констатира незаконитости на колективната одлука за прекинување на старите договори за вработување со кои претходната директорка ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат со работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници, поради што ДИТ донесе Решение со кое наложи на УЈП да ја поништи незаконитата Одлука. Од друга страна, ДКСК констатира повреда на изборниот процес. Во моментов, јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништувањето на Одлуката, што практично значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисоки плата со промена на нивниот статус.Најмногу засегнатите – вработените во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Но, вработените од УЈП најмалку се виновни за настанатата „криза“. Затоа, преку соработка со синдикатите се обидуваме заеднички да најдеме решение кое ќе има најмалку последици за било кој вработен во УЈП.Би потенцирала уште еднаш - процесите на поништување на старите и склучување на нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во изборниот период. Оваа настаната ситуација можела и да се избегне доколку сите овие секако задоцнети процеси се спроведувале во законскиот рок. Имено, согласно измените на ЗУЈП, актите на УЈП требало да бидат донесени во законски рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година, во пресрет на изборниот период. Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа своевидна „манипулација” и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден 9 февруари кога министерот, кој ја потпишал, бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна „дамка” на целиот процес.Почитувани, владеењето на правото и спроведувањето на законите е врвен императив во постапувањето на државните органи. Процесите треба да се одвиваат внимателно, а одлуките да обезбедуваат законити, трајни и одржливи решенија. Целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера, токму заради лошото управување, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости.”, изјави Елена Петрова, директорка на УЈП.

Македонија | пред 1 година

Elena-Petrova

Нема да има исплата на „Мој ДДВ“ - новата директорка на УЈП кажа до кога

Директорката на УЛП, Елена Петрова, вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата на парите од „мој ДДВ“. Таа вели дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.„Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот“-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“

Македонија | пред 1 година

IMG_5139

УЈП: Навремено и точно плаќање данок е заедничка цел на УЈП и сметководителите

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова во текот на вчерашниот ден оствари две одделни работни средби со претставници на сметководителите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) и Комора на сметководители на Македонија (CAM).Во рамки на средбите една од главните теми беше дека навремено поднесување на ДДВ пријавите во законскиот рок, но и точното пријавување без дополнителни исправки на пријавите, како и плаќањето на точен износ на данок во законскиот рок е заеднички предизвик и за Управата за јавни приходи и за самите сметководители односно компании. Ова се најважните компоненти за даночниот рејтинг на една компанија се согласија сите и во таа насока разговараа и за предлогот на компаниите за објавување "бела листа" на даночни обврзници, за што директорката истакна дека Управата за јавни приходи во следниот период ќе најде можност да го обелоденува даночниот рејтинг и да ги промовира позитивните примери за одговорно даночно однесување.Се истакна и тоа дека услугите на сметководителите кон нивните клиенти, во најголем дел се поврзани и зависат од процесите во Управата за јавни приходи, и сметководителите очекуваат од УЈП да добиваат конзистентни пристапи, унифицирани пракси, навремени услуги, соработка во регулацијата на овластувањата за поднесување даночни пријави и биланси и сл.Состаноците завршија со заклучоци за формализирање на соработката меѓу УЈП и овие здруженија на сметководителите во претстојниот период. На овој начин првенствено УЈП ќе стекне сигурност дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите за точно исполнување на даночните обврски.Воедно, УЈП ќе има партнер при имплементирањето на одржливи дигитални услуги според практичните потреби и можности на директните корисници.

Македонија | пред 1 година

ujp

УЈП: Избегнете присилна наплата, платете го веднаш доспеаниот долг за 2023 година!

,,Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2023 година што требаше да се плати ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2024 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.За чекорите на плаќање, повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1990ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ!Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.”, велат од УЈП.

Македонија | пред 1 година

IMG_4827

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денес Елена Петрова формално ја презеде функцијата директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови.Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација. „Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните.” – изјави Петрова.Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права. Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права.”Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

За 30 отсто се зголемуваат платите на вработените во УЈП

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во емисијата „SummerClick“ на ТВ21.рече дека во петокот е постигнат договор со синдикатот и вработените во УЈП ќе добијат покачување на платите.„Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“, рече Лукаревска.На прашањето кога ќе добијат покачување на платите, Лукаревска нагласи дека од следната недела платите ќе се исплаќаат со покачување од 30 отсто. Таа појасни дека договорот е постигнат на колегијален, транспарентен начин и преку решавање спорови.Триесет отсто повисоки плати или генерален штрајк и блокада на даночниот систем и исплатата на плати. Ова беше условот на синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) кој го достави минатиот месец до Министерството за финансии. Процедурата за генерален штрајк беше почната со претходење на процес на медијација.

Македонија | пред 2 години

ujp

Вработените во УЈП дадоа рок до 27 јуни, ќе ја блокираат цела држава ако не добијат повисоки плати

Претседателот на синдикатот во УЈП, Васе Недановски во гостување на национална телевизија најави дека 27 јуни е датумот до кога треба да се спогодат вработените во УЈП и министерството за финансии.„Во спротивно УЈП оди во генерален штрајк и целата држава ќе биде блокирана“, изјави Недановски.Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.Тие бараат повисоки плати за 30 проценти.

Македонија | пред 2 години

ujp

УЈП со важно предупредување до граѓаните: Не отворајте смс пораки и не споделувајте лични податоци

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija.-Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.-Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 2 години

moj-ddv

Доколку скенирате сметки, насоки што треба да направите со апликацијата „Мој ДДВ“

„МојДДВ“ засега е функционална само за уредите на „Apple“. Управата за јавни приходи преку соопштение објаснува:Почитувани корисници на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи, информира дека прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.За новата верзија на МојДДВ ќе треба да се направи ажурирање (update) на апликацијата на Apple appstore односно Huawei app gallery, а потоа да се изврши најава во апликацијата МојДДВ и во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ да се одбере „напреден“.По објавувањето на новата верзија на МојДДВ и на playstore, УЈП ќе повторно ќе извести.

Македонија | пред 3 години

fiskalni333

Важно известување ако скенирате сметки

Управата за јавни приходи(УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ“ во прозорчето ,,Тип на баркод скенер“ каде што сега стои ,,Напреден“ да ја изберат опцијата ,,Основен“. Фискалните сметки кои не можат да се скенираат преку опцијата ,,Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер“, да ја изберат опцијата ,,Напреден“ при скенирање на фискалните сметки.Власта го воведе овој проект, со цел да се субие сивата економија и неиздавањето фискални сметки.

Македонија | пред 3 години

02012021_UJP_Lukarevska_pres-konferencija

Нема прочка: Не само „КАМ“ туку и други макерти, месари,трговци се мета на УЈП - каде се влегува даночната инспекција?!

Десетици супермаркети, продавачи и обработувачи на месо и месни призводи, помали и поголеми трговци на овошје и зеленчук изминативе две недели биле цел на проверки од инспекторите на Управата за јавни приходи, дознава „Скопје1“. Вработени, сведочат дека нивни колеги кои имаат задача да прават надзор над работата на фирмите, постојано се на терен. Целта, како што кажувале, било да се спречат злоупотреби на грбот на граѓаните, односно криење на продукти, кои подоцна се продавале по високи цени, кои не се во согласност со одлуките на Влада.Сите инспекциски надзори биле направени по пријави на граѓани. Дел се жалеле дека продукти биле криени по магацини па по порастот на цените, прикажувани како ново набавени и продавани по високи цени, а останатите, дека иако не требало да платат ДДВ, тоа било правено. „Скопје1“ дознава дека и месара, која има свои продажни места низ цела држава, пред да бидат замрзнати цените на производите, ги покачила истите, а иако ДДВ-то се симнато на 0 проценти, граѓаните се жалеле дека купувале поскапо од претходно.„Проверки и контроли се прават без резерва, задачата е граѓаните да не трпат штета“Извор од УЈП за „Скопје1“ сведочи дека раководителите на секторите за инспекциски надзори добиле наредба интензивно да прават контроли врз сите фирми. Целта, според истите, не е само да се казнуваат, туку да не трпат големи штети, но да сфатат дека не смеат граѓаните да имаат штета поради нивно лично богатење. Оттука, сите контролори сакаат да им укажат на фирмите дека законот мора да се почитува.„Пред ‘КАМ’ влегуваа во фирми во Сарај“И голем дистрибутер на тестенини, но и други производи беше цел на проверки, сведочи вработен во УЈП. Неофицијално, станува збор за „Даути комерц“.„Многу пред да се почне со други контроли, по пријава беше контролирана и оваа фирма. Инспектори влегоа, па проверуваа се што сметаа дека е спорно. Одземаа документи, проверуваа“, вели нашиот извор.Засега, нема официјални информации што е констатирано, ниту потврда за овој надзор.„Бројни пријави од граѓани пресудиле за контрола на ‘КАМ’“Не една, ниту две, туку бројни пријави добила УЈП, пред да се одлучи да направи контрола над маркетите на „КАМ“. Поплаките биле дека се криел зејтин кој го имале на залиха, а потрошувачите ги лажеле дека го немаат. Потоа, слична пријава добиле и за брашното. Поради ова, се проверуваат залихите кои треба да се споредат со сметководствената евиденција. Ова треба да покаже дали „КАМ“ имаше вишок или помалку производи во магацините, од тоа што го набавиле. Истовремено, може да се види и во кој период, колку залихи имале.Контролите ќе продолжат се додека граѓаните поднесуваат поплаки Не само „КАМ“ каде се прави редовна контрола, туку и сите други големи маркети ќе бидат цел на проверка. Инспектори ќе влегуваат во секоја подружница, каде има сомневање дека  не се испочитувани законите. Тоа било пракса и до сега, а веќе од утре, според новиот распоред, ќе продолжи истиот начин на функционирање.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања