Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

УЈП

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-35-0950PM

Одземени пасоши и забрани за работа: Кривичниот суд определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата во УЈП

Во врска со вчерашната акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, која е поврзана со истрага за незаконски дејствија во Управа за јавни приходи, до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за определување мерки за претпазливост против вкупно 10 лица.Од Кривичниот суд информираат дека девет од осомничените биле спроведени пред судија на претходна постапка, каде што дале свое произнесување по предлогот на обвинителството. По разгледување на наводите, судијата го прифатил предлогот и на сите девет лица им определил мерки за претпазливост.Станува збор за мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 од Законот за кривична постапка, кои опфаќаат одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување во суд, забрана за комуникација со определени лица, како и забрана за вршење одредени работни активности поврзани со предметот на истрагата.За десеттото лице, како што соопштуваат од Судот, постапката за определување мерки ќе се спроведе дополнително, согласно законските процедури. Од Основниот кривичен суд Скопје нагласуваат дека мерките се определени со цел обезбедување непречено водење на кривичната постапка и спречување можни влијанија врз сведоци или повторување на делото.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1

Калајџиев реагира: УЈП бара данок за патни трошоци од 2020 година

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година, реагирајќи иронично дека, доколку државниот буџет е празен, е подготвен да ѝ даде заем на државата.„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како ‘доход’ за далечната 2020 година. Ако е празен буџетот, да ви дадам заем?“, напиша Калајџиев.Тој појаснува дека бил испратен од државата како експерт во меѓународна организација, каде работел про боно, а средствата кои ги добил од Совет на Европа не биле ниту дневници ниту хонорар, туку исклучиво рефундација на реални трошоци за пат и исхрана. Сепак, од него сега се бара да плати 10 проценти персонален данок на тие износи, и тоа пет години подоцна.Реакцијата на Калајџиев доаѓа во период кога до редакцијата се обраќаат и повеќе граѓани со слични поплаки, тврдејќи дека Управа за јавни приходи започнала да наплатува персонален данок за приходи од работа во странство, исто така почнувајќи од 2020 година. Според нивните сведоштва, станува збор за лица кои со уредни работни визи и дозволи за престој работеле надвор од државата, најчесто на Блискиот Исток, при што во Македонија престојувале помалку од два месеци годишно.Тие наведуваат дека платите им биле исплаќани на сметки во домашни банки, но дека сметале оти, со оглед на тоа што престојувале надвор од земјата повеќе од 183 дена годишно, не се даночни резиденти и немаат обврска за плаќање персонален данок во Македонија. Дел од нив тврдат дека за ова добиле и усни уверувања од службеници во УЈП. По речиси пет години, велат тие, започнале да добиваат решенија со кратки рокови за плаќање, а сумите во некои случаи достигнуваат и неколку илјади евра.Како дополнителен проблем го посочуваат фактот што Министерство за внатрешни работи не издава потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека тие податоци не се чуваат подолго од пет години, поради што граѓаните не можат да го докажат реалниот престој во странство. „Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година, и дали е правично целиот товар да падне врз граѓаните?“, прашуваат тие.Директорката на УЈП, Елена Петрова, ги отфрла обвинувањата за ретроактивно оданочување, истакнувајќи дека законската обврска постоела и претходно и дека тоа што не била доследно применувана не значи дека не важела.Засегнатите граѓани најавуваат дека ќе бараат институционално и правно решение, предупредувајќи дека ваквата пракса погодува илјадници семејства и сериозно ја доведува во прашање нивната финансиска стабилност.

Македонија | пред 2 седмици

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Управата за јавни приходи нема одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки.Измина и последниот рок за исплата на средствата, а голем дел од граѓаните не ги добија своите средства.Ова е првпат од воведувањето на оваа мерка.Се работи за редовниот поврат на средства од ДДВ за последниот пресметковен период (јули, август и септември) кој треба веќе да е легнат на трансакциските сметки на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

IMG_5572

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Кривичниот совет на Основниот суд во Кочани одлучи дека двајцата даночни инспектори осомничени во случајот со дискотеката „Пулс“ ќе останат во куќен притвор. Со ова, Судот ги одби жалбите поднесени од Основното јавно обвинителство Кочани, кое бараше нивно испраќање во истражен затвор.Обвинителството тврдеше дека постои опасност осомничените да влијаат врз сведоци или да го повторат делото и затоа побара построги мерки. Но, Кривичниот совет процени дека домашниот притвор е доволна гаранција дека тие ќе бидат достапни за понатамошната постапка.Во соопштението на Судот стои дека жалбите се целосно одбиени и дека решенијата на судијата на претходна постапка остануваат во сила.Инспекторите на УЈП се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба, земале поткуп и однапред ги предупредувале сопствениците на дискотеката за претстојни контроли, со што им овозможувале да избегнат законски обврски.Со оваа судска одлука се завршува спорот околу мерките за обезбедување присуство. Истрагата продолжува додека осомничените се наоѓаат во домашен притвор под надзор.

Магазин | пред 1 месец

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Обвинителот Коцевски соопшти детали за новите приведени во акцијата поврзана со случајот „Пулс“

Обвинителството отвори нов сегмент од истрагата поврзана со трагедијата во кочанската дискотека, а фокусот овој пат е насочен кон вработени во Управата за јавни приходи. Како што потврди денеска главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера и денес се спроведуваат интензивни активности, вклучувајќи приведувања и претреси на лица опфатени со кривичната пријава.– „Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата опфатени со кривичната пријава. Во овој момент можам да кажам само дека се работи за вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме. Првичните сознанија се дека се работи за кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување, како и примање и давање мито“, рече Коцевски.Обвинителот додаде дека во акцијата се користат и електронски комуникации како доказен материјал:– „Дел од тие комуникации што беа презентирани во јавноста, дел се опфатени. Меѓутоа дадена е изјава Обвинителството дека дел од тие електронски пораки се дадени во Судот. Меѓутоа, тоа беше само дел за тој предмет, а се поврзани и со овие лица. Ова е постапка во врска со предметот за Кочани“, истакна тој.Во моментов, како што нагласи Коцевски, не може да се откријат имињата на приведените.– „Јавноста ќе биде запознаена откако ќе се земат генералиите, а за мерките што ќе бидат предложени против приведените ќе биде донесена одлука откако ќе бидат земени изјавите од приведените“, додаде тој.Истрагата формално се води во Обвинителството во Кочани, бидејќи таму е извршено евентуалното кривично дело.– „Доколку излезе нешто ново, можеби тоа да биде преземено од Обвинителството за организиран криминал. Засега надлежно е Обвинителството во Кочани“, изјави Коцевски.Тој појасни дека овој предмет не може да се спои со истрагата за пожарот во дискотеката, бидејќи се работи за различни кривични дела:– „Се работи за кривични дела за злоупотреба на службена должност и овластување и земање и давање поткуп, односно што нема поврзаност на штетната последица. Се работи за кривични дела што немаат врска со предметот што е во тек за кривичниот настан во дискотеката во Кочани“, рече главниот јавен обвинител.Со ова, истрагата за трагичниот настан добива нова димензија и дополнителни институционални слоеви кои ќе се проверуваат во наредниот период.

Македонија | пред 2 месеци

ujp

Нов бран апсења за шемите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани

Истрагата за пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, влегува во нова фаза. Со проширената акција на МВР се опфаени уште 11 лица – службеници, вработени и раководни кадри од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат.Дел од овие лица веќе се лишени од слобода, а за сите се поднесени кривични пријави за низа сериозни кривични дела. Меѓу нив се злоупотреба на службена положба и овластување, примање поткуп, фалсификување службени исправи, како и постапување спротивно на прописите за безбедност во објекти од ваков тип.Според информациите, 11-те новоосомничени се товарат за различни форми на незаконско постапување кое индиректно придонело за дозволување, одобрување или толерирање на работењето на дискотеката „Пулс“, и покрај очигледните безбедносни и правни пропусти.МВР најавува дека акцијата продолжува, а јавноста ќе биде дополнително информирана по завршувањето на сите оперативни активности.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

УЈП со засилени контроли во градежниот сектор – на удар продажбата на станови, фиктивни цени и непријавени вработувања

Управата за јавни приходи најави интензивирање на даночните контроли во градежниот сектор, со цел откривање на „ризични состојби“ во работењето на дел од компаниите.На мета на инспекциите ќе бидат продажбата на станови по истекот на пет години од изградбата, договори со нереално ниски продажни цени, непријавени вработени и ангажмани, големи разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи, издавање фактури без прибелешки во јавните книги, како и неправилна примена на механизмот за пренос на даночната обврска (reverse charge).Како дел од Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор, кој стартуваше во јануари годинава, УЈП веќе испрати 318 персонализирани известувања до компании со повик да извршат корекција на одбивката на влезниот ДДВ во случаи кога продажбата се врши по пет години од изградбата.Законот предвидува дека првиот промет на станови во рок од пет години од изградбата се оданочува со повластена стапка од 5% ДДВ, додека продажбата по тој рок е ослободена од ДДВ, но без право на одбивка на претходно платениот данок.Од УЈП апелираат градежните компании доброволно да се усогласат со законските прописи за да избегнат казнени мерки и дополнителни контроли, со што, како што нагласуваат, ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на буџетските приходи.

Македонија | пред 5 месеци

elena-ujp

УЈП распродаде станови, автомобили, деловен простор одземен од должници: Ако не се плаќа данок – државата има механизми

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот јануари – јули 2025 година преку е-аукции наплатила вкупно 21.619.411 денари (околу 314.206 евра) од продажба на движен и недвижен имот на должници кои не ги подмириле своите даночни обврски.Од продажба на 26 движни предмети – меѓу кои патнички и товарни возила, како и машини – државата инкасирала 6.129.604 денари (99.177 евра). Продадени се, меѓу другото, автомобили како Fiat Panda, Toyota Hilux, Honda Jazz, Golf 6 и 7, Mercedes-Benz ML320, VW Caddy, VW Passat, како и комби возила, товарни возила и машини за шиење и кроење текстил.Од продажба на недвижен имот, пак, се наплатени 13.289.807 денари (215.029 евра). На електронска аукција биле продадени четири недвижности: стан од 72 м² во Охрид, деловен простор од 111 м² во Струмица, земјиште од 103 м² во Прилеп и просторија од 17 м² во Скопје.Поради неплатени даноци, државата стекнала сопственост над повеќе имоти – меѓу кои деловна просторија од 21 м² во Прилеп, земјоделско земјиште од 13.333,92 м² во Кавадарци, деловен простор од 259 м² во Струмица, викендица од 91 м² во Струмица и два стана по 93 м² во Битола. Проценетата вредност на овој имот е 33.176.370 денари (536.794 евра).Од УЈП потсетуваат дека од постигнатата цена на аукција најпрво се наплаќаат трошоците на постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг. Доколку продажбата не успее ниту по втора јавна аукција, Република Македонија станува сопственик на недвижноста, а долгот се намалува за 50% од проценетата пазарна вредност.„Даночната обврска не е избор – таа е законска должност. Секое неплаќање навреме значи и поголеми трошоци за должникот“, порачаа од УЈП.

Македонија | пред 5 месеци

ujp

УЈП алармира: Над 10.000 даночни обврзници не поднеле ДДВ пријави или не платиле долг

Управата за јавни приходи испрати итен повик до сите ДДВ обврзници поради, како што беше соопштено, „загрижувачко непочитување на законските обврски“ за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ).Според состојбата на 25 јули 2025 година:• 142 месечни обврзници и 2.134 тримесечни обврзници не поднеле ДДВ пријави за јули и вториот квартал.• Обврската за плаќање на веќе пријавениот ДДВ не ја исполниле 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници.Директорката на УЈП Елена Петрова испрати порака дека секој што не постапил согласно законот мора итно да го стори тоа, посочувајќи дека непочитувањето на роковите претставува сериозен прекршок кој нема да биде толериран.„Даночната дисциплина не е избор, туку обврска и одговорност на секој граѓанин и секоја компанија. Тоа е темел на функционална држава“, порачуваат од УЈП.

Македонија | пред 5 месеци

unnamed-1-1

Македонија воведува електронско фактурирање: Е-фактура ќе ја револуционизира борбата против сивата економија

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ја промовираше новата национална платформа за електронско фактурирање – Е-фактура, која се очекува да го трансформира даночниот систем и да внесе значителна транспарентност и ефикасност во финансиските текови.Е-фактурата ќе биде дигитален документ со двојна функција – комерцијална и даночна – кој ќе го замени досегашниот систем на месечно или тримесечно пријавување на податоци. Со воведувањето на овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со што ќе се овозможи значајно намалување на даночните злоупотреби и зајакнување на фискалната дисциплина.Директорката на УЈП, Елена Петрова, истакна дека Е-фактурата не е само технолошка иновација, туку и суштинска административна реформа што ќе донесе олеснување за компаниите, елиминирајќи ја потребата од печатење, архивирање и физичко испраќање фактури.„Овој систем носи сигурност и одговорност, бидејќи секоја фактура ќе биде дигитално потпишана со електронска трага. Компаниите ќе бидат директно вклучени, а во разумен рок ќе ги објавиме стандардите за подготовка,“ рече Петрова.Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, додаде дека системот ќе придонесе кон сузбивање на сивата економија и ќе овозможи подобра контрола на буџетските приходи, особено кај ДДВ.„Е-фактурата е моќна алатка против злоупотреби, ќе ги намали трошоците и ќе создаде фер конкурентски услови на пазарот,“ истакна таа.Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека новата платформа е стратешко оружје против финансискиот криминал.„Со Е-фактурата ќе ги елиминираме фантом-фирмите кои со години црпеа милиони евра преку фиктивни поврати на ДДВ. Ова е заштита на буџетот и на граѓаните,“ рече Мицкоски.Имплементацијата на Е-фактурата ќе се одвива етапно. Пилот-фазата започнува на 1 јануари 2026, додека задолжителната примена е предвидена за третиот квартал од истата година. За дел од фирмите кои веќе користат алатки на УЈП нема да има потреба од дополнителни прилагодувања, а за останатите ќе се овозможи техничка помош и API-интеграција.УЈП најави интензивни јавни кампањи, обуки и достапност на сите технички и правни документи, со цел деловниот сектор да биде целосно подготвен. Е-фактурата се позиционира како темел на идниот модерен и правично структуриран даночен систем во земјава.

Македонија | пред 6 месеци

puls-35

Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?, вели СДСМ

„Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе“, вели СДСМ и додава:Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се сѐ поочигледни.Денес, отвораме нов и мошне сериозен аспект од оваа трагедија – улогата на Управата за јавни приходи.Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година.И тука се поставува суштинското прашање:➡️ Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година?Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот.Ако блокадада била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен.Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени.Почитувани,Ова не се технички грешки. Ова се системски прашања. Затоа, денес, СДСМ поставува неколку директни, но неопходни прашања до истражителите, до МВР, до Јавното обвинителство:🔴 Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска согласно член 117?🔴 Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено?🔴 Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?🔴 Дали ова е уште еден случај на неажурност, или станува збор за заштита на нередовности и политички врски?СДСМ не изнесува заклучоци. Но СДСМ бара одговори.Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка – туку на ланец од институционални пропусти. Секој пропуст мора да биде идентификуван. Секој виновник мора да биде повикан на одговорност.Државата мора да покаже дека законот важи за сите. И дека никој – ама баш никој – не смее да биде над него“.

Македонија | пред 9 месеци

puls-12

Дискотеката „Пулс“ не била пломбирана во декември, ама е со блокирана сметка од август минатата година

Дискотеката „Пулс“ која функционирала под фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“ не била пломбирана во декември минатата година, посочуваат од УЈП по низата информации кои се појавија во јавноста. Тие посочуваат дека е изречена само казна во 2023 година за сторен прекршок во однос на регистрирање на готовинските плаќања.„’Пломбирање’ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања“, велат од УЈПТие додаваат: „Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сѐ уште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати)“.Посочија и детали за блокираната сметка.„Би укажале дека блокирање на сметка, како мерка, согласно законот за даночна постапка, е предвидена во постапка на извршување односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП. Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект. Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 9 месеци

ujp

УЈП: Поднесете ги ДДВ пријавите на време, избегнете стрес и нови трошоци

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти февруари (вторник).„До вчера до крај на работниот ден од очекуваните 7.396 ДДВ пријави, поднесени се 1.862 што претставува 25% од вкупниот број на ДДВ – 04 пријави за овој даночен период. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5.534 ДДВ – 04 пријави.Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци.Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на:Е-пошта: info@ujp.gov.mkТелефонски броеви:📞 Од фиксна линија: 0800 33 000📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200Управата за јавни приходи и нејзините тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници“, велат од УЈП.

Македонија | пред 10 месеци

ujp

„Црната листа“ на УЈП: еве кои се фирми должат на државата, над 5 илјади должници се истите од минатиот период

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници. Листата ги опфаќа долговите доспеани до 31.10.2024 и неплатени до 31.01.2025.Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5,705. Нивниот вкупен долг е 11,053 милиони ден.Од претходната листа бр. 01/2025, се повторуваат 5,567 должници, од кои: 3,158 должници имаат зголемен долг за 137,5 милиони денари. 271 должници имаат намален долг за 159,4 милиони денари. 2,138 должници имаат непроменет долг“, објави директорката Елена Петрова.На листата се објавени нови 138 должници, со вкупен долг од 93 милиони денари. За нив, УЈП при следна објава ќе даде информации за преземени мерки за наплата.„309 должници од Листата бр. 01/2025, со вкупен долг од 349,7 милиони денари, не се наоѓаат на Листата бр. 02/2025. За првпат, на Листата бр. 02/2025 се објавени информации за преземени мерки за наплата кај 100 даночни должници. ⚖️ Ова не се смета за даночна тајна според Законот за даночна постапка и додава дополнителна транспарентност на Листата“, додава Петрова.[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/08-1179-1_Lista_na_dolznici_br.02_10.02.2025.pdf"]

Македонија | пред 11 месец

bozinovska-ujp-1

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да го унапреди процесот на инспекциски контроли и надзор врз концесионерите што вршат експлоатација на минерални суровини во Македонија.Со овој документ, двете институции ја зацврстуваат заедничката цел – да обезбедат транспарентно, законско и ефикасно искористување на националните ресурси, со јасен фокус на заштита на јавниот интерес и зголемување на економската одржливост.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, потенцираше дека соработката со УЈП претставува чекор кон воспоставување подобар систем за мониторинг и контрола на работењето на концесионерите.„Нашата држава располага со значајни минерални богатства, но одговорното и законско управување со нив е од суштинско значење за економскиот раст и заштитата на природните ресурси. Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно“, изјави министерката Божиновска.Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека оваа соработка ќе донесе ново ниво на синергија меѓу двете институции, преку размена на информации, знаења и практични алатки за инспекциска контрола.„Со заедничка работа ќе обезбедиме поголема ефикасност во следењето на приходите и обврските на концесионерите, што ќе придонесе за зголемување на буџетските средства и праведна распределба на ресурсите“, рече Петрова.Во рамки на Меморандумот, предвидено е да се овозможи навремена и ефикасна меѓусебна размена на податоци, координација и известувања во постапките за следење на плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини, што ќе ја унапреди брзината и точноста на контролите.Министерството за енергетика и УЈП остануваат посветени на заедничката визија за транспарентна и праведна употреба на националните ресурси, со цел обезбедување економска стабилност и долгорочна корист за граѓаните на Македонија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања