Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Магазин
IMG_5572

Кривичниот совет на Основниот суд во Кочани одлучи дека двајцата даночни инспектори осомничени во случајот со дискотеката „Пулс“ ќе останат во куќен притвор. Со ова, Судот ги одби жалбите поднесени од Основното јавно обвинителство Кочани, кое бараше нивно испраќање во истражен затвор.

— реклама —

Обвинителството тврдеше дека постои опасност осомничените да влијаат врз сведоци или да го повторат делото и затоа побара построги мерки. Но, Кривичниот совет процени дека домашниот притвор е доволна гаранција дека тие ќе бидат достапни за понатамошната постапка.

— реклама —

Во соопштението на Судот стои дека жалбите се целосно одбиени и дека решенијата на судијата на претходна постапка остануваат во сила.

— реклама —

Инспекторите на УЈП се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба, земале поткуп и однапред ги предупредувале сопствениците на дискотеката за претстојни контроли, со што им овозможувале да избегнат законски обврски.

— реклама —

Со оваа судска одлука се завршува спорот околу мерките за обезбедување присуство. Истрагата продолжува додека осомничените се наоѓаат во домашен притвор под надзор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ujp

5.200 граѓани и компании должат над 14 милијарди денари за неплатени даноци и царини

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
plta-333

Над 25 илјади работодавачи не исплатиле навреме плати за септември, погодени над 72 илјади вработени

Македонија | пред 1 седмица

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 3 седмици

ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања