Промени тема
Контакт

УЈП распродаде станови, автомобили, деловен простор одземен од должници: Ако не се плаќа данок – државата има механизми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
elena-ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот јануари – јули 2025 година преку е-аукции наплатила вкупно 21.619.411 денари (околу 314.206 евра) од продажба на движен и недвижен имот на должници кои не ги подмириле своите даночни обврски.

Од продажба на 26 движни предмети – меѓу кои патнички и товарни возила, како и машини – државата инкасирала 6.129.604 денари (99.177 евра). Продадени се, меѓу другото, автомобили како Fiat Panda, Toyota Hilux, Honda Jazz, Golf 6 и 7, Mercedes-Benz ML320, VW Caddy, VW Passat, како и комби возила, товарни возила и машини за шиење и кроење текстил.

— реклама —

Од продажба на недвижен имот, пак, се наплатени 13.289.807 денари (215.029 евра). На електронска аукција биле продадени четири недвижности: стан од 72 м² во Охрид, деловен простор од 111 м² во Струмица, земјиште од 103 м² во Прилеп и просторија од 17 м² во Скопје.

Поради неплатени даноци, државата стекнала сопственост над повеќе имоти – меѓу кои деловна просторија од 21 м² во Прилеп, земјоделско земјиште од 13.333,92 м² во Кавадарци, деловен простор од 259 м² во Струмица, викендица од 91 м² во Струмица и два стана по 93 м² во Битола. Проценетата вредност на овој имот е 33.176.370 денари (536.794 евра).

— реклама —

Од УЈП потсетуваат дека од постигнатата цена на аукција најпрво се наплаќаат трошоците на постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг. Доколку продажбата не успее ниту по втора јавна аукција, Република Македонија станува сопственик на недвижноста, а долгот се намалува за 50% од проценетата пазарна вредност.

— реклама —

„Даночната обврска не е избор – таа е законска должност. Секое неплаќање навреме значи и поголеми трошоци за должникот“, порачаа од УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybcofi2gtj6gh0XUflvd

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Македонија | пред 1 месец

ujp

УЈП ги повика издавачите на сместување навреме да ги пријават приходите

Македонија | пред 1 месец

ujp

Над 35.000 незавршени регистрации во е-Даночни услуги, УЈП ги повика граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања