Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-35

„Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе“, вели СДСМ и додава:

Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се сѐ поочигледни.

Денес, отвораме нов и мошне сериозен аспект од оваа трагедија – улогата на Управата за јавни приходи.

Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година.

И тука се поставува суштинското прашање:

➡️ Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година?

Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот.

Ако блокадада била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен.

— реклама —

Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени.

Почитувани,

Ова не се технички грешки. Ова се системски прашања. Затоа, денес, СДСМ поставува неколку директни, но неопходни прашања до истражителите, до МВР, до Јавното обвинителство:

🔴 Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска согласно член 117?

🔴 Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено?

🔴 Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?

— реклама —

🔴 Дали ова е уште еден случај на неажурност, или станува збор за заштита на нередовности и политички врски?

СДСМ не изнесува заклучоци. Но СДСМ бара одговори.

Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка – туку на ланец од институционални пропусти. Секој пропуст мора да биде идентификуван. Секој виновник мора да биде повикан на одговорност.

Државата мора да покаже дека законот важи за сите. И дека никој – ама баш никој – не смее да биде над него“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека Владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Македонија | пред 11 минута

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски најавува намалување на акцизи, а со месеци одбива да преземе мерки

Македонија | пред 13 минути

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно лаже - СДСМ никогаш не бил на власт во Гостивар

Македонија | пред 7 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Ако реформите се исполнети, зошто Мицкоски со месеци ја обвинува опозицијата дека блокира?

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања