„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стотина казни од УЈП во ноември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
273039736_388701229745875_1267596997482892397_n

Управата за јавни приходи, во периодот од 01 до 30 ноември 2024 година, спроведе вкупно 907 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП).

— реклама —

Од вкупно извршените контроли, кај 750 даночни обврзници не се утврдени неправилности, што покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи.

Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив и тоа:

— реклама —

93 глоби за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги;

10 глоби за неводење или непоседување на книга за дневни финансиски извештаи;

16 глоби за непоседување на резервен фискален систем на опрема;

4 глоби за непоседување на одобрен фискален систем на опрема;

2 глоби за неиздавање парагон блокови;

1 глоба за неприкажување промет од македонски производи.

Во овие случаи, целта на УЈП не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците.

Дополнително, во рамките на активностите во контролираниот период беа констатирани 3 случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање на фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење.

Управата за јавни приходи продолжува со своите активности и ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел почитување на законските прописи.

Апелираме до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски да го регистрираат готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки.

Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Македонија | пред 1 месец

IMG_5572

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Магазин | пред 1 месец

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Обвинителот Коцевски соопшти детали за новите приведени во акцијата поврзана со случајот „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

ujp

Нов бран апсења за шемите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања