Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

УНГАРИЈА

media-library2abvppvc32k80wxTyrs

Анкета во Унгарија: мнозинството се против влез на Украина во ЕУ и имаат недоверба кон Зеленски

Мнозинството возрасни граѓани во Унгарија се против приклучување на Украина кон Европската унија и имаат изразено негативен став кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, покажуваат резултати од најнова анкета објавена на 15 март 2026 година.Истражувањето е спроведено на почетокот на март од Институтот „Незопонт“ во соработка со јавната медиумска компанија МТВА. Според презентираните наоди, 64% од испитаниците изразиле негативно мислење за Зеленски.Во истиот контекст, 79% од анкетираните негативно ја оцениле наводната „закана“ што Зеленски ја упатил кон унгарскиот премиер Виктор Орбан. Одделно, податоците укажуваат дека 35% се противеле на истрага за тоа како Украина располагала со средствата добиени како помош.Анализата наведува и значајни разлики во перцепцијата зависно од партиската припадност. Кај гласачите на владејачката партија „Фидес“ и кај поддржувачите на „Ми Хазанк“ доминира отфрлање на споменатата „закана“, додека кај гласачите на опозициската „Тиса“ ставовите биле поделени, со наведување дека мнозинството од нив гледале позитивно на потегот.Во изјавата што ја пренесуваат унгарските медиуми, се посочува и дека меѓу гласачите на „Тиса“ има пошироко позитивно расположение кон Украина, поради што партиското раководство настапува внимателно во прашањата што, според оценките, може да имаат долгорочно влијание врз внатрешнополитичките приоритети и надворешната позиција на земјата.Анкетата дополнително нотира дека значителен дел од испитаниците сметаат оти унгарската држава треба да преземе конкретни мерки и да инсистира на проверка на начините на кои се користат средствата што Украина ги добива како помош.

Свет | пред 1 ден

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа нема да ја надмине енергетската криза без руската нафта

Европа нема да може да ја надмине енергетската криза без повторна достапност на руската нафта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи ја Европската унија да ги укине санкциите кон рускиот енергетски сектор.Во видеообраќање емитувано на унгарската телевизија, Орбан рече дека конфликтот на Блискиот Исток предизвикал недостиг на суровини и нагло зголемување на цените на горивата низ Европската унија.„Европа, како и целиот свет, нема да може да ја надмине нафтената криза без помош од евтината руска нафта“, изјави Орбан, додавајќи дека САД веќе почнале да ублажуваат дел од мерките, додека во Брисел, како што рече, политиката на санкции не е променета.Тој посочи дека последиците од санкциите се видливи во растот на цените на горивата во европските земји. Според него, литар бензин во Австрија веќе чини околу две евра, во Германија повеќе од две евра, додека во Холандија цената е повисока од 2,5 евра.Орбан порача дека унгарската влада нема да дозволи таков раст на цените во својата земја. Владата во Будимпешта претходно воведе ограничување на малопродажните цени на горивата, при што бензинот од 95 октани чини околу 1,5 евра за литар, а дизелот околу 1,6 евра.Унгарија претходно ја повика Европската унија да го следи примерот на САД и да ја суспендира забраната за увоз на руска нафта.Во меѓувреме, американското Министерство за финансии ги укина санкциите за продажба на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови пред 12 март. Според општата лиценца што ја издаде Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК), ваквите трансакции ќе бидат дозволени до 11 април.Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека оваа одлука може да ја зголеми количината на нафта на светскиот пазар и да придонесе за намалување на цените на суровата нафта.

Свет | пред 2 дена

viktor-orban

Орбан до Зеленски: Не ѝ се заканувајте на Унгарија со војници, прекинете со уцените

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалната мрежа Икс објави порака упатена до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која го обвини за закани и уцени и побара да престане со притисоците и да овозможи непречен премин на унгарските пратки на нафта.„Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Претседателе, тоа не поминува. Престанете со тоа. Ова е Унгарија. Унгарците не може да се уценуваат, а мене не можете да ме заплашите. Синоќа Унгарците порачаа дека не сакаат влада наклонета кон Украина и не сакаат проукраински премиер во Унгарија. Подобар е мирот. Престанете со уцените и заканите. Прекинете ја нафтената блокада и пуштете ги унгарските пратки на нафта. Наместо закани и уцени, дајте им на Унгарците почитта што ни припаѓа“, напиша Орбан.Нивниот спор во последните денови ескалираше откако Зеленски на средба со новинарите изјави дека би можел „да даде адреса на една личност во Европската Унија“ која ја блокира европската помош за Украина, за украинските војници „да ја повикаат и да разговараат со неа на свој јазик“.Во Будимпешта, но и во дел од Европската Унија, ова беше протолкувано како алузија на Орбан, кој повеќепати се судри со европските партнери околу пакетите помош за Киев. Паралелно трае и спорот околу енергетиката, при што унгарската страна зборува за „нафтена блокада“ и тврди дека се загрозува снабдувањето со енергенси.

Свет | пред 1 седмица

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан до Зеленски: Ќе ја пробиеме нафтената блокада, не се плашам од закани по живот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лично не е загрижен поради заканите по живот кои, како што тврди, му ги упатил украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека нема да дозволи неговата татковина да биде загрозена.Орбан истакна дека спорот околу нафтоводот „Дружба“ не е прашање што се однесува лично на него, туку, како што рече, станува збор за снабдувањето на Унгарија со енергија.Тој предупреди дека ќе ги искористи сите политички средства за да ја пробие украинската нафтена блокада.Орбан, како што пренесува унгарскиот медиум Hirado, јасно ставил до знаење дека Унгарија не може да биде принудувана или уценувана кога станува збор за енергетската безбедност.Според неговите зборови, Украинците ја ставиле Унгарија под нафтена блокада, што владата има намера да ja спречи со сите расположливи средства.Тој нагласи дека нафтата која чека транзит е сопственост на Унгарија, а украинската страна е должна да ја испорача врз основа на договорите на Европската Унија.Орбан додаде дека ќе ги искористи сите политички и финансиски средства за пробивање на нафтената блокада, но исклучи воена интервенција, бидејќи, како што рече, „унгарската влада стои на страната на мирот“.Енергијата е прашање на внатрешната политика и директно ги погодува џебовите на секое унгарско семејство. Ако не се браниме, Унгарците ќе ја платат цената. Затоа ќе се браниме и ќе го разбиеме ова – ќе ја пробиеме нафтената блокада, и никакви закани по живот не можат да ме одвратат од тоа“, нагласи Орбан.Претходно денеска, украинскиот претседател Зеленски му порача на Орбан дека украинските вооружени сили би можеле да бидат насочени кон него доколку Унгарија продолжи да го блокира заемот на Европската Унија за Украина во износ од 90 милијарди евра.Се надеваме дека одредена личност нема да го блокира кредитот од 90 милијарди евра или неговата прва транша во Европската Унија, а тогаш Украинците ќе имаат оружје. Во спротивно, ќе им ја дадеме адресата на таа личност на нашите вооружени сили, на нашите синови – нека го повикаат и разговараат со него на свој начин“, најави Зеленски, пренесува Hirado.Будимпешта го презеде овој чекор како одговор на одлуката на Киев да го запре транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Сијарто: Поголема е веројатноста Киев да остане без пари отколку Унгарија без нафта

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека не се очекува напредок во врска со блокадата на нафтоводот „Дружба“ пред априлските избори во Унгарија.Тој оцени дека доколку актуелната власт во Будимпешта остане на позиција и по изборите, Украина ќе мора да постигне договор, бидејќи, како што нагласи, поголема е веројатноста Киев да остане без пари отколку Унгарија без нафта. Истовремено, украинскиот министер за енергетика Денис Шмигал соопшти дека сè уште не е донесена одлука за продолжување на работата на тој нафтовод кон Унгарија и Словачка.Сијарто, како што пренесува МТИ, рече дека не очекува поместувања во врска со прекинот на испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ до одржувањето на парламентарните избори, бидејќи, како што наведе, Украина се обидува да влијае врз нивниот исход со запирање на транспортот.Според неговите зборови, украинската компанија што управува со нафтоводот во повеќе наврати ја известила унгарската државна нафтена компанија МОЛ дека нафтоводот е во исправна состојба и дека се чека политичка одлука за обновување на транспортот.Ситуацијата е јасна. Ако победиме на изборите, што е многу веројатно, и продолжиме да ја водиме земјата, Украинците ќе мора да соработуваат со нас. Нивните пари ќе исчезнат пред нашата нафта“, истакна Сијарто.Тој оцени дека војната денес е „деловен модел“ во Украина, тврдејќи дека таа земја во последните четири години од Европската унија добила 193 милијарди евра, што, според него, е повеќе отколку што нејзината економија би можела да произведе во мирнодопски услови.Живеат од средствата што ги добиваат од ЕУ. Затоа им е важен и овој заем од 90 милијарди евра, бидејќи им недостигаат средства. Ако стане јасно дека во наредните четири години ќе мора да соработуваат со нас, веднаш по изборите ќе мора да постигнат договор“, рече Сијарто.Од друга страна, украинскиот министер за енергетика Денис Шмигал изјави дека сè уште не е донесена одлука за времето на продолжување на работата на нафтоводот „Дружба“, преку кој руската нафта се транспортираше кон Унгарија и Словачка.Тој наведе дека украинската енергетска компанија Нафтогаз ја привршува анализата на хаваријата на постројката, по што ќе бидат утврдени трошоците, роковите и ресурсите потребни за санација и обновување на контролата на системот.Според неговите зборови, незгодата на еден од резервоарите предизвикала значителни внатрешни оштетувања на нафтоводот, кои не се видливи од површината.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина претставува уцена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина претставува уцена од страна на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, со цел да ѝ помогне на унгарската опозициска партија Тиса да дојде на власт.Орбан го напиша ова на својот Фејсбук, прикачувајќи изјава на генералниот директор на националната енергетска компанија MOL, Жолт Хернади, кој рече дека нафтооводот „Дружба“ сам по себе не е оштетен.Унгарија нема да остане пасивна. Ќе ја разбиеме блокадата на нафтата и ќе го заштитиме снабдувањето на Унгарја со енергенти“, напиша Орбан, пренесува MTI.Хернади посочи дека бил претходно информиран дека пожарот ќе биде изгаснат и нафтоводот ќе почне со работа повторно за два или три дена, но украинската страна подоцна соопштила дека сè уште не е донесена одлука за повторно пуштање во функција, што, според него, тешко може да се објасни како технички проблем.Унгарскиот премиер остро реагираше на одговорот на украинскиот претседател Зеленски, нарекувајќи го „дрзок“, откако Украина одби да го отвори нафтоводот „Дружба“ кој ја снабдува Маѓарска со сурова нафта.Орбан на Фејсбук напиша дека додека на Зеленски не му се „врати здравиот разум“, Унгарија ќе ја одбива секоја одлука која ја фаворизира Украина, пренесува MTI.Тој истакна дека Зеленски во петокот дал „циничен“ одговор, барајќи од Унгарија да биде благодарна на Украина, дури и кога „ја затворила славината“ на споменатиот нафтовод.Премиерот на Унгарија нагласи дека Зеленски одбива да го отвори нафтоводот, и покрај постоечките договори меѓу Украина и Европската Унија кои го обврзуваат на тоа.Тој исто така посочи дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое ја известил за ситуацијата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryakprq2qkolpt4aD8ewx

(Видео) Зеленски: Орбан не сака да ја купи нафтата од Хрватска, тука се работи за европската цена, а таму за руската

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Унгарија ја одбила понудата на Хрватска за снабдување со нафта бидејќи не ѝ одговара цената.Зеленски рече дека е запознаен со тоа дека Хрватска понудила потребни количини на нафта на Унгарија, но унгарската влада ја одбила понудата, пренесува Ukrinform.Се сретнав со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој ми потврди дека Хрватска е подготвена да ги обезбеди годишно потребните количини на нафта и за Словачка и за Унгарија. Рече дека Орбан едноставно не сака да ја купи таа нафта“, изјави Зеленски одговарајќи на прашања на новинарите.Според неговото мислење, причината е исклучиво финансиска.Тука се работи за европската цена, а таму за руската. Тоа е сè. Со други зборови, некој сака на тоа да заработува. Јасно е и кој“, додаде украинскиот претседател.Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Киев и Будимпешта поради нафтoводот Дружба, кој е клучен за снабдување на Унгарија и беше оштетен во руски напади.Украинското Министерство за надворешни работи двапати го повика унгарскиот амбасадор на разговор, обвинувајќи ја Будимпешта за искривување на украинската позиција и за изнесување лажни тврдења против Украина.Нафтoводот Дружба, преку кој руската нафта се доставување во Унгарија и Словачка, беше оштетен на 27 јануари, кога руски сили со беспилотни летала го погодиле енергетскиот инфраструктурен комплекс во регионот на Лавов. Украинската компанија Naftogaz потврди напад, наведувајќи дека тоа бил 15-ти напад на нивните постројки во еден месец, без да прецизира кои делови точно биле погодени.Унгарија ја прекина испораката на дизел гориво кон Украина додека транзитот на нафтата преку Дружба не се обнови. Исто така, најави дека ќе разгледа и прекин на извозот на електрична енергија и гас доколку Киев не обезбеди продолжување на испораките на руската нафта.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарија го зголеми степенот на терористичка закана поради конфликтот на Блискиот Исток

Владата на Унгарија го зголеми степенот на опасност од тероризам како одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.Како дел од мерките, ќе биде зголемено присуството на полицијата на клучните инфраструктурни локации, вклучително и на Меѓународен аеродром Ференц Лист во Будимпешта, како и на пристапните патишта кон главниот град.Ретвари информираше дека ќе биде засилена и безбедноста на полициските складишта за оружје, а ќе се спроведуваат редовни патроли на локации од клучно значење за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.Полицијата ќе биде поинтензивно присутна на главните јавни сообраќајници, местата каде се собира поголем број граѓани, како и на терминалите, влезовите и пристапните патишта до аеродромот. Најавени се и случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта, а дополнителна заштита ќе биде обезбедена и за одредени амбасади.Од аеродромот во Будимпешта соопштија дека мерките се превентивни и дека сообраќајот се одвива нормално, без прекини. Патниците се повикани да ги следат официјалните информации од надлежните институции и управата на аеродромот.

Свет | пред 2 седмици

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарија ги осуди иранските напади на Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува нападите на Иран врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави. Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.Секој чекор што води кон ескалација на судирот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија ја поддржува деескалацијата“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа X.Тој истакна дека Унгарија стои во солидарност со своите пријатели во регионот, кои, како што наведе, се изложени на континуирани напади.

Свет | пред 2 седмици

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Крај на ерата Орбан, опозицијата со историска предност

Унгарија е пред пресврт, досега неприкосновениот Виктот Орбан, првпат по 15 години според анкетите ја губи довербата.Унгарија ја очекуваат парламентарни избори што би можеле да означат политичка пресвртница по повеќе од 15 години цврста власт на премиерот Орбан.Првпат од неговото враќање на власт во 2010 година, наспроти него стои сериозен предизвикувач – Петер Маѓар, кој за кратко време успеа да мобилизира дел од разочараните гласачи.Според Reuters, опозициската партија Tиса дополнително ја зголемила предноста пред владејачкиот Фидес во пресрет на изборите закажани за 12 април.Истражување на угледната агенција Median покажува дека Тисa меѓу определените гласачи ужива поддршка од 55 отсто, додека Фидес има 35 проценти – разлика од 20 процентни поени, во споредба со 12 поени во јануари. Кога се зема предвид вкупната популација, Тиса има поддршка од 42 отсто од испитаниците, а Фидес 31 процент.Орбан ја води кампањата под слоганот „Сигурен избор“, порачувајќи дека ќе ја држи Унгарија надвор од војната во Украина и ќе го спречи приливот на илегални мигранти. Според Politico, за оживување на ослабената кампања му е потребен отворен судир со Брисел.Како што објави Deutsche Welle, Маѓар презел дел од реториката и изборните тактики на Орбан, но со клучна разлика, тој има изразен проевропски став. Партијата ветува обновување на довербата со сојузниците во ЕУ и НАТО, како и приклучување кон еврозоната до 2030 година.Обновата на владеењето на правото се гледа како средство за одмрзнување на 18 милијарди евра од фондовите на ЕУ, кои се блокирани поради системски прекршувања на правилатаМаѓар изјави дека, доколку дојде на власт, неговата почетна позиција кон Украина би била признавање на Москва како агресор. Сепак, додава дека неговата влада нема да го промени ставот за воената поддршка за Киев, ниту ќе се залага за нагло прекинување на врските со Русија, пренесува Financial Times. Инаку, Тиса во Европскиот парламент гласаше против заем од 90 милијарди евра за Украина.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан бара мисија на ЕУ за нафтоводот „Дружба“, најавува можност за деблокада на средствата за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од ЕУ испраќање „мисија за утврдување факти“ за да се процени штетата на нафтоводот „Дружба“ и навести дека тоа би можело да помогне во деблокирање на новото финансирање на ЕУ за Украина, се наведува во писмо до Антонио Кошта.Унгарија ја поддржува идејата за мисија за утврдување факти со учество на експерти делегирани од Унгарија и Словачка за проверка на статусот на гасоводот ‘Дружба’“, наведе Орбан во писмото.Орбан рече дека е свесен за политичките тешкотии предизвикани од одложувањето на огромниот кредит на ЕУ за Украина.Мојата иницијатива исто така има за цел да ја олесни временската рамка за решавање на ова прашање“, се наведува во писмото.Унгарија оваа недела блокираше нови санкции кон Русија и кредит за Украина, како одговор на прекинот на протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.Украина тврди дека нафтоводот сè уште не е поправен по оштетувањата во руските напади кон крајот на јануари.Нафтоводот „Дружба“ е еден од најголемите системи за транспорт на руска сурова нафта кон земјите од Централна Европа и претставува важен правец за снабдување на Унгарија.Унгарскиот премиер го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека и понатаму не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.Испораките на нафта мора веднаш да продолжат! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не се обновени поради политичка одлука на претседателот Зеленски“, напиша Орбан на мрежата Икс.Тој додаде дека Зеленски „по Брисел тврди дека нафтоводот не може повторно да се стави во функција“.Унгарскиот премиер наведе дека очекува Украина да ги исполни своите обврски кон Европската унија и нејзините членки и повторно да ги обнови испораките.Поради актуелната ситуација, Орбан рече дека денеска ќе одржи консултации со премиерот на Словачка, Роберт Фицо.

Свет | пред 2 седмици

viktor-orban

„Војната не ја осакатува Русија, туку Европа“ – Орбан критики кон Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ги обвини европските лидери предводени од Урсула фон дер Лајен дека се согласиле со претседателот на Украина – Володимир Зеленски за продолжување на војната.„Ова се лоши вести за Европа. Војна за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира ужасно уништување, се продолжува. Околу 35.000 луѓе умираат или се осакатуваат секој месец, додека линиите на фронтот едвај се движат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња, мајки кои тагуваат по своите синови. Ова е она што Брисел го поддржува“, се наведува во објавата на Орбан на Фејсбук.Орбан изјави дека стотици милијарди евра се горат „залудно“ и додаде дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и дека создава ризик од нуклеарен конфликт и конфронтација на Европа со нуклеарна сила, пренесува МТИ.

Свет | пред 2 седмици

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Тензија во ЕУ поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка: Сијарто се закани со блокада ако Киев не го обнови транзитот

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го засили притисокот врз Украина поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се со блокада на одлуки важни за Киев во рамки на Европската Унија.Во две објави на платформата „Икс“, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ и дека Украина треба да ги обнови испораките.„Едноставно и лесно е. Наместо да се мешате во нашите избори, повторно покренете ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема техничка пречка“, напиша Сијарто.Во втората објава тој најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку ‘Дружба’, нема да дозволиме одлуки важни за Киев да одат понатаму“, порача Сијарто.Реакцијата доаѓа откако украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека не прифаќа ултиматуми и дека работи на стабилизација на енергетскиот систем под постојани руски напади. Киев тврди дека на Будимпешта и Братислава им предложил алтернативни начини за снабдување со нафта што не е од руско потекло.Новата ескалација околу транзитот на нафта дополнително ги усложнува односите во ЕУ во момент кога Унијата разгледува нови санкции кон Москва и продолжување на поддршката за Украина.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Киев: Изјавите од Будимпешта и Братислава се провокативни и неодговорни

Украинските власти остро реагираа на, како што ги оценија, заканите и изјавите од Будимпешта и Братислава, нагласувајќи дека таквите потези се „провокативни и неодговорни“, особено во услови кога Русија спроведува масовни и целни напади врз украинската енергетска инфраструктура.Според соопштението од Киев, во момент кога Москва се обидува во текот на зимата да им ги ускрати на Украинците струјата, греењето и гасот, ваквите изјави „одат во прилог на агресорот“ и истовремено им нанесуваат штета на енергетските компании од Унгарија и Словачка, кои работат на комерцијална основа.Украина посочува дека е во постојана комуникација со Европската комисија поради штетите предизвикани од секојдневните руски напади, како и дека на Будимпешта и Братислава им доставила податоци за последиците од ударите врз инфраструктурата на нафтоводот „Дружба“. И покрај континуираната опасност од нови ракетни напади, безбедносните и стабилизациските работи продолжуваат, се наведува во соопштението.Киев истакнува дека предложил и алтернативни правци за снабдување на Унгарија и Словачка со нафта која не е од руско потекло, нагласувајќи дека Украина „секогаш била, е и ќе остане сигурен енергетски партнер на Европската унија и важна транзитна земја за енергенси“.Воедно, поради, како што се наведува, неоснованите и неодговорни закани од Будимпешта и Братислава, Украина разгледува можност за активирање на Механизмот за рано предупредување предвиден во Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и Европската унија.Од украинското министерство упатија повик до владите на Унгарија и Словачка за конструктивен дијалог и одговорно однесување, порачувајќи дека ултиматумите треба да бидат насочени кон Кремљ, а не кон Киев.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарскиот премиер со остри критики кон Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на предизборен митинг во Бекешчаба повторно ја критикуваше западната стратегија кон војната во Украина, споредувајќи ја политиката на Европската унија со историските неуспеси на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер.„Денес војната сè уште трае затоа што европските лидери сакаат да продолжи“, изјави Орбан пред поддржувачите. Во своето обраќање тој не ја спомена одговорноста на Русија за започнувањето на војната.Минатата недела, во годишното обраќање до нацијата, Орбан порача дека „путинизацијата“ е примитивна и неозбилна, додавајќи дека вистинската закана за слободата на Унгарците, според него, не доаѓа од Москва, туку од Брисел.Говорејќи за мотивите на европските лидери, Орбан изјави дека тие веруваат оти доколку ја поразат Русија на украинска територија, ќе можат да ја натераат да плати отштета и на тој начин да ги вратат средствата што ѝ ги дале на Украина во форма на заеми.„Тоа го пробаа и Наполеон и Хитлер. Ним не им успеа. Ќе ѝ успее ли на Каја Калас?“, рече Орбан.Тој ја оцени како погрешна стратегијата на очекување дека Русија економски ќе се исцрпи поради санкциите на Европската унија, додавајќи дека „на крајот црвеното знаме обично се вее на берлинските кули“.Изјавите на унгарскиот премиер доаѓаат во период на засилени несогласувања меѓу Будимпешта и Брисел околу санкциите кон Русија и воената и финансиска поддршка за Украина.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања