Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

УСТАВЕН СУД

ustaven

Уставен суд ќе одлучува за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил и надоместок за патарина

Политичка партија “Левица”, Димитар Апасиев и Борислав Крмов ги оспорија точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Оваа иницијатива денес е на дневен ред на Уставниот суд.„Според наводите во иницијативата оспорените точки 3 и 4 од Одлуката биле во спротивност со уставниот принцип на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3), член 32 став 5 од Уставот според кој остварувањата на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, уставното на начело на уставност и законитост (член 51) и член 64 став 6 од Уставот во кој е уредено дека пратеникот има право на надомест утврден со закон, како и со одредби од Законот за пратениците и членот 7 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија. Меѓу другото, подносителите на иницијативата сметаат дека Законот за пратениците и Законот за Собранието на Република Северна Македонија предвидуваaт дека извршувањето на функцијата пратеник вклучува инкомпатибилно извршување на општествената активност која е строго утврдена и темелена на уставни и законски принципи и истата предизвикува уставни и законски обврски и права. За извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добива плата и надоместок на плата. Законот за пратениците таксативно ги наведува личните приходи и надоместоци на трошоците на кои пратеникот има право, се наведува во иницијативата. Според подносителите, во член 31 став 1 од Законот за пратеници, е јасен и дециден, законодавецот никаде не предвидел плус дополнителен надоместок на трошоците за исплатените патарини, туку само надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво според изминат километар за возилото кое се користи. Согласно наведените уставни одредби, во наводите на иницијативата се наведува дека надоместокот на трошоци за патарина, во ниту еден случај не би можел да биде предвиден со подзаконски акт, туку може да биде предмет само на законски одредби. Според наводите во иницијативата, со оспорените точки од Одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и согласноста на подзаконските акти со законите и Уставот. Оттука, подносителите наведуваат дека оспорениот подзаконски акт го руши принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок предвиден во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како и правната сигурност на граѓаните како дел од фундаменталното начело на владеењето на правото. Понатаму, според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегува од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

ustaven

Уставен суд не одлучи дали ќе се укине државното финансирање на партиите

Платеното политичко рекламирање во медиумите се најде пред Уставниот суд. Иницијативата ја поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократски соујз. Тој смета дека неговата партија е дискриминирана бидејќи поголемите партии повеќе се рекламираат во медиумите во изборна кампања. Уставните судии имаат поделени ставови. Некои сметаат дека изборниот законик во делот на финансирањето на партиите е коректно решение кое нуди рекламирање за оние кои не се во парламентарниот состав.„Ги ценевме решенијата на повеќе држави како, Холандија, Шведска, Хрватска, Полска, Словачка, Германија и според нивните одговори констатиравме дека во поголем дел од нив само политичките партии застапени во парламентот добиваат паушална сума која се дели во однос на гласовите кои ги постигнале. Во Шведска, износот на средства кои ги добиваат политичките партии е одреден по однос на освоените гласови од последните избори, нешто слично како нашето уредување“, изјави Насер Ајдари, уставен судија.Други уставни судии пак сметаат дека државното финансирање за партиска изборна кампања не е разумен трошок.„Со ова всушност граѓаните ги финансираат политичките партии двапати, и пред изборите и после изборите. Ова законско решение не е неопходно во демократско општество, има начини како да се финансираат политичките партии со членарина, а не со пари од граѓаните“, рече Дарко Костадиновски, уставен судија.„Ваквиот начин на распределбата на рекламниот простор и средствата не ми дава можност да заклучам дека имаме тука еднаквост на политичките партии. Начинот на одредување на висината на средствата непропорционално се сведува за поголемите наспроти помалите партии“, нагласи Осман Кадриу, уставен судија.Но, Уставниот суд не презема никаков чекор за оценување на уставноста на тој дел од изборниот законик, бидејќи нема доволно судии.Извор: Алсат.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања