„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

уставен суд

IMG_4315

Васиќ Бозаџиева и без противкандидатката не доби поддршка за претседателка на Уставен суд

Судијката Ана Павловска-Данева се повлече од трката за претседател на Уставниот суд, потврдија претпладнево од Судот. Сепак, и покрај оваа нова околност, која доаѓа по викенд-паузата, нејзината, условно кажано, противкандидатка Татјана Васиќ-Босаџиева, повторно не успеала да го добие потребното мнозинство гласови за да биде избрана на чело на Уставниот суд.Имено, според информациите од Уставен, во денешниот прв круг од гласањето како единствен кандидат за функцијата претседател била предложена само Васиќ-Бозаџиева.Сепак, по гласањето, таа повторно го немала потребното двотретинско мнозинство, односно за неа не гласале најмалку шест од вкупно деветтемина судии кои го сочинуваат Уставниот суд.Според најавите, попладне треба да се одржи нов круг гласање на кој секој уставен судија може да предложи свој кандидат за функцијата претседател.

Македонија | пред 1 година

IMG_4235

Продолжува ,,сапуницата” за избор на наследник на Кацарска

За денеска е закажана нова седница и нов обид да се избере наследник на Добрила Кацарска во претседателското столче во Уставен суд.Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд.Досега немало случај да не се избере претседател дури ни во четвртото гласање, како што беше вчера.Неизвесно е дали една од кандидатките ќе го добие потребното двотретинско мнозинство за да застане на чело на Уставен.Двете кандидатки: уставните судијки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева останаа закопани во своите ровови и не покажуваат желба за наоѓање заедничко решение.Според информациите на Скопје1 на сите гласања Васиќ- Бозаџиева имала 5 гласа, а Павлова-Данева поддршка од 4 судии.Според Деловникот за избор се неопходни минимум 6 гласа.Иако една од точките на разединување се измените во Деловникот за употреба на јазиците, воведување и на заменик претседател, сепак поделбите се изгледа по сите шавови.Гласањето е тајно и додека за другите судии се претпоставува која кандидатка подржуваат, не се знае каде оди гласот на Кацарска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4219

По четири круга гласање ниту еден кандидат за претседател не го доби потребното мнозинство, велат од Уставниот суд

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство.Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд.Седницата за избор продолжува утре во 10 часот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4215

Уставните судии не можат да си изберат претседателка, фали двотретинско мнозинство

Уставниот суд останува без претседател, оти ниту една од двете кандидатки нема добиено потребен број на гласови односно двотретинско мнозинство. Ова би значело нова криза бидејќи судот ќе биде нефункционален.Кандидатки се Татјана Васиќ-Бозаџиева која има пет гласови и Ана Павловска-Данева која има четири гласови. Ниту една, нема намера да се повлече за да се гласа за еден судија и да се добијат потребниот број гласови.Трет обид за гласање ќе има попладнево.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Одлуки на Уставниот суд

,,По одржаната 16. седница со дневен ред на којшто се дискутираше по 12 предмети за оценување на уставност и законитост, Судот одлучи:1. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024Уставниот суд ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 45 став 13, во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот за работа, Судот нема надлежност за одлучува за одредби за кои се поставени прашања од техничка природа, како што се броевите при бодување на испит, нешто што е надлежност на Законодавниот дом.Подносители на иницијативата: Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје2.Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредби од Деловниците во 11 општини кои се однесуваат на автентично толкување на сопствени акти кои ги донесуваат Советите. Судот по сопствена иницијатива ги оформи предметите и во оваа фаза изрази сомнеж дека општините без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. На седницата Судот одлучи да се запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, односно ставена е т.н. времена мерка.Станува збор за следните предмети:У.бр.21/2024 - Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина БеровоУ.бр.29/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина ИлинденУ.бр.35/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Oпштина ВевчниУ.бр.40/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина КратовоУ.бр.50/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина КарпошУ.бр.59/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина БрвеницаУ.бр.64/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Центар ЖупаУ.бр.67/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Ново СелоУ.бр.73/2024-Член 17 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина ВасилевоУ.бр.74/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина ВрапчиштеУ.бр.75/2024- Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Совет на Општина Липково”, известуваат од Уставниот суд на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Поведена постапка во 14 предмети за општини кои предвиделе автентично толкување на своите прописи

Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај.Покрај поведувањето на постапка во која Судот ќе ја оценува законитоста и уставноста на општинските акти, на 12. седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат од спорните одредби во Деловниците за работа во општините, а се однесуваат на автентично толкување.Станува збор за општините: Куманово, Кривогаштани, Свети Николе, Кочани, Демир Хисар, Босилово, Дојран, Чучер Сандево, Радовиш, Чешиново-Облешево, Демир Капија, Ѓорче Петров, Пробиштип, Пехчево.Судот во изминатиот период оформи 72 предмета по сопствена иницијатива, кои содржат автентично толкување на различни општини и веќе постапува по нив.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Уставниот суд оформи 32 нови предмети за работа во февруари 2024 година

Во периодот февруари 2024 година до Уставниот суд се поднесени вкупно 31 иницијатива за оценка на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права по коишто се формирани 32 нови предмети за работа.Меѓу нив се неколку предмети за кои јавноста изрази поголем интерес, како што се Законот за облигациони односи, Законот за извршување, предмет оформен по иницијатива на ДКСК, а се однесува на т.н. алатка „балансер" при вработувањата во државни институции, Закон за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците итн.Предметите се оформени и Судот води постапка по нив. Откако ќе бидат подготвени реферати, ќе бидат закажани на седница на која ќе се дискутира по наводите од иницијативите.1. У.бр.89/2024Оспорен: Закон за воздухопловствотоПодносители: Петар ДимитровОд наводите во иницијативата:Според наводите во иницијативата со оспорените законски одредби Републиката не обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот од причина што воздушниот сообраќај не е супериорен над другите начини за превоз па за него да се издвојува посебен надоместок од секој патник во заминување од аеродромите за потребите на Агенцијата за цивилно воздухопловство и за унапредување на воздухопловството.2. У.бр.90/2024Оспорени: Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и одредби од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор, во делот „припадност на заедница“Подносител: Државна комисија за спречување на корупцијатаОд наводите во иницијативата:Според подносителот на иницијативата со примена на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции и владеењето на правото загарантирани со одредбите во членовите 9, 32 став 1 и 2, 54 став 1, 2 и 3 од Уставот. Со оспорениот дел „припадност на заедница“ подносителот смета дека се наметнува обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница, со што се прекршува уставното загарантирано право на слободно изразување на националната припадност. Припадноста е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо. Припадноста на заедница не е ниту општ ниту посебен услов за вработување на административни службеници пропишан со Законот за вработените во јавниот сектор, ниту со Законот за административни службеници, а во суштина е елиминирачки предуслов за пријавување на јавен оглас за вработување во јавниот сектор со што се нарушува начелото на стручност и компетентност утврдено во Законот за вработените во јавниот сектор. Според подносителот, со оспорената одредба од Правилникот директно се прекршуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот на начин што правото на пријавување на јавниот оглас е ограничено на кандидатите за админстративен службеник кои припаѓаат на различна заедница од онаа наведена во јавниот оглас за конкретното работно место со што се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место.3. У.бр.91/2024Оспорен: Закон за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедницитеПодносител: Државна комисија за спречување на корупцијатаОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека административните службеници вработени преку К-5 програмата за правична и соодветна застапеност не се дефинирани како посебна категорија на административни службеници и како такви ги имаат истите права и обврски како сите останати административни службеници. Со примената и донесувањето на оспорениот закон, законодавецот ги ставил овие лица во повластена нееднаква положба над другите граѓани/административни службеници што претставува повреда на начелото на владеење на правото, начелото на еднаквост, правото на работа и ограничување на уставно загарантираните слободи и права.4. Реферат У.бр.92/2024Оспорен: Член 37 став 1 точка 3 во деловите „овите“ од збор „членовите“ и „28 ставови 6 и 9“ од Законот за квалитет и безбедност на ѓубиња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почватa.Подносител: Игорчо ТочевОд наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека оспорените одредби од Законот упатуваат на примена на ставови од одредба која повеќе не е дел од правниот промет што доведува до забуна во примената на самата норма спротивно на начелото на владеење на правото.5. У.бр.93/2024Оспорен: Делот „член 10 став 3 на“ од член 57 став 2 од Законот за одбранаПодносител: Игорчо ТочевОд наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека оспорениот дел од законската одредба упатува на примена на одредба што не е дел од правниот промет коешто не е во согласност со начелото на владеење на правото.6. У.бр.94/2024Оспорен: делот „за електронско управување“ од член 41 став 3 од Законот за општата управна постапкаПодносител: Игорчо ТочевОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека со оспорениот дел се упатува на примена на одредби од пропис што престанал да важи и не е повеќе дел од правниот поредок што е спротивно на начелото на владеење на правото.7. У.бр.95/2024Оспорен: Член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијацијаПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата ја оспорува одредбата од Законот во која е уредено дека во случај на поднесена тужба до надлежниот суд, без приложен доказ од медијатор за сторен обид за решавање на спорот со медијација, постои основ за отфрлање на тужбата поради судска ненадлежност. Подносителот наведува дека со оваа правна норма се остава простор за правна несигурност и можност за губење на правата или неисполнување на обврските, затоа што тужбата може да биде оценета како „преуранета“ или „неуредна“ и од тие причини да биде отфрлена, а не и дека „постои судска ненадлежност“. Се наведува дека медијаторот не го решава спорниот однос и нема улога на суд и поднесувањето тужба „до надлежниот суд“ во вакви случаи не може да се отфрли „поради судска ненадлежност“ бидејќи судската ненадлежност не е доведена во прашање.8. У.бр.96/2024Оспорени: Член 13 од Законот за нотаријатот, наслов на член 32 во дел „и број“ и член 32 став 4 од Законот за извршувањеПодносител: Александар Ристески, адвокат од СкопјеОд наводите во иницијативата:Според подносителот со оспорените законски одредби законодавецот пропишал лимитирање (ограничување) на бројот на лица кои во Република Северна Македонија може да бидат именувани како нотари и извршители со што се повредуваат уставните норми за слободата на пазарот и претприемништвото, еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот и забраната за монополска положба и монополско однесување на пазарот, како и достапноста на секое работно место под еднакви услови за секој граѓанин.9. У.бр.97/2024Оспорен: член 222 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РСМ“ бр.302/2020 и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот („Службен весник на РСМ“ бр.122/2021)Подносител: Светски македонски конгресОд наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека замената на зборовите „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“ во целиот текст, согласно оспорениот член 222 од Законот и определувањето важност на возачките дозволи и возачките книшки, најдоцна до 12.02.2024 година во согласност со оспорениот член 5 од Законот, се во спротивност со одлуките на референдумите од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, со кои е одлучено за суверена и самостојна држава Македонија без додавки и придавки. Се наведува дека оспорените законски одредби го суспендираат владеењето на правото со што истите се во спротивност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4 и со Амандманот VI од Уставот, дека истите го повредуваат физичкиот и моралниот интегритет на човекот и дека промената на името на државата е во спротивност и со членот 25 од Уставот бидејќи го повредува достоинството и угледот на секој граѓанин. Меѓу другото, подносителот наведува дека со оспорените одредби се наметнува повратно дејство што е понеповолно за граѓаните, бидејќи спротивно на одлуките на референдумите, Владата и Собранието го промениле името на државата, наметнувајќи им рок 12 февруари 2024 година за промена на возачките дозволи и возачки книшки коишто сами си ги плаќаат, иако нивните лични исправи сеуште важат. Исто така, во иницијативата се наведува дека овие оспорени одредби со кои се менува името на државата на возачките дозволи се донесени врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција од 17 јуни 2018 година кој меѓународен договор не е дел од внатрешниот правен поредок на државата бидејќи истиот не е ратификуван во согласност со Уставот и е спротивен на член 118 од Уставот. Во иницијативата се наведува дека издавањето на возачка дозвола и возачка книшка е поединечен правен акт којшто подлежни на право на жалба или друг вид правна заштита согласно Уставот, што тука не е случај и граѓаните се исклучени од уставно загарантираното право на жалба.10. У.бр.98/2024Оспорен: Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односиПодносител: Петар БарашиќОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорените законски измени ја третираат сопственоста на доверители кои поседуваат материјално богатство досудено со правосилен поединичен акт на суд или на друг орган, должникот да му плати определен долг со камата сè додека должникот не го плати целосно долгот. Ова богатство на доверителот со оспорениот член ги ограничува сопствениците на ова богатство слободно да располагаат со сопственоста што значи и престанок на правото да се бара присилно извршување на обврската на должникот што значи одземање на сопственоста без надомест. Подносителот наведува дека доверителите кои се стекнале со некое сторување, несторување, трпење или воспоставување на поранешна состојба, а кои не се опфатени со одредбите на Законот за облигациони односи се во поповолна положба во однос на оние доверители кои вршат наплата на побарување и ја губат својата сопственост, што е спротивно на член 9 од Уставот.11. У.бр.99/2024Оспорен: Член 273 став 10 и став 11 од Кривичниот законикПодносител: Адвокатско друштво Апостолски преку адвокатите Антонио Апостолски и Кирил СтојановскиОд наводите во иницијативата:Со иницијативата се оспоруваат одредбите од Кривичниот законик што се однесуваат на перење пари и други приноси од казниво дело и се наведува дека со оспорените ставови се доведува до прашање самиот стандард на докажување. Оспорениот став 10 бара криминалното потекло на парите да се докаже преку основано сомнение што претставува, според подносителот, категорија на кривично процесно право, а не на материјалниот закон. Понатаму, се наведува дека и двата оспорени става од Кривичниот законик утврдувањето на вина го спуштаат на доста ниски граници само преку фактички околности односно свесноста за потеклото на имотот се сведува на оценка на објективни фактички околности базирани на основано сомнение што е спротивно на презумпцијата на невиност. Олеснувањето на криминалното потекло на парите да се докаже само на основа на основано сомнение не му е место во Кривичниот законик особено што закон со кој се уредува постапката пред судовите се носи со 2/3 мнозинство и е во спротивност со начелата на презумпција на невиност, приниципот in dubio pro reo и на слободна оцена на доказите.12. У.бр.100/2024Оспорен: Правилникот за образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесеното барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта и за начинот на водење на евиденција за издадените лични картиПодносител: Светски македонски конгресОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорениот правилник е донесен врз основа на одредба од Законот за личната карта која престанала да важи со што не може да произведува права ниту пак врз нејзина основа да се преземаат правни дејства. Во одредбите на Законот не е извршена измена на зборовите „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“, со што оспорениот правилник не е во согласност со Законот за лична карта и со Уставот. Подносителот смета дека е недопуштена промената на името на државата со подзаконски пропис, во случајов со оспорениот правилник, со што истиот не е во согласност со одлуките на референдуми од 08.09.1999 година и од 30.09.2018 година и со член 1 став 1 и член 2 од Уставот. Издавањето на лични исправи за едни граѓани со името на државата Република Македонија, а за други со името „Република Северна Македонија“ ги прави граѓаните нееднакви пред Уставот и законите.Подносителот наведува дека поради суспензијата на правото на жалба или друг вид на правна заштита на издавањето на личната карта како поединечен правен акт, бара Уставниот суд да го поништи оспорениот правилник. Исто така, подносителот наведува дека никаде во Законот за лична карта не е утврдено дека престанува важноста на нејзината употреба поради промена на името на државата и со присилна замена на личните карти, со општ пропис, државата ја суспендира нивната важност доколку на нив не е впишано новото име на државата и тоа со обврска трошокот на замената да биде на товар на граѓанинот.13. У.бр.101/2024Оспорен: Член 1 и 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.302/2020) и член 3 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.122/2021)Подносител: Светски македонски конгресОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорените законски одредби според кои зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“ се во спротивност со одлуките на референдуми од 08.09.1999 година и од 30.09.2018 година, го суспендираат владеењето на правото и се во спротивност со Амандманот VI од Уставот. Промената на името на државата, спротивно на одлуките на референдумот го повредува физичкиот и моралниот интегритет на човекот и се во спротивност со членот 25 од Уставот бидејќи го повредува достоинството и угледот на секој граѓанин односно го менува името на државата и идендитетот на македонскиот државјанин. Во иницијативата се наведува дека повредата на угледот на Република Македонија е кривично дело согласно Кривичниот законик, односно промената на државното име е подбив и исмејување. Според подносителот, не постои забрана за слобода на движење и напуштање, како и враќање на територијата на Републиката поради промена на името на државата, како услов за промена на лични исправи кои се во важност издадени од истата таа држава поради што оспорените одредби се во спротивност со членот 27 од Уставот.Во иницијативата се наведува дека оспорените законски одредби се донесени врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција од 17 јуни 2018 година, а овој меѓународен договор не е дел од внатрешниот правен поредок на државата беидејќи не е ратификуван согласно Уставот, а воедно Спогодбата не е склучена од претседателот на Републиката односно е објавена во „Службен весник на РМ“ без потпис од претседателот на Републиката на Указот за неговото прогласување. Исто така, се наведува дека во конкретниот случај граѓаните се исклучени од уставно загарантираното право на жалба или друг вид на правна заштита на издавањето на патна исправа како поединечен правен акт, поради што подносителот бара поништување на оспорените законски одредби. Со присилна замена на личните карти, со општ пропис, државата ја суспендира нивната важност доколку на нив не е впишано новото име на државата и тоа со обврска трошокот на замената да биде на товар на граѓанинот, што е понеповолно за македонските државјани.14. У.бр.102/2024Оспорен: член 25 од Законот изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижностиПодносител: Симо ТрипуноскиОд наводите во иницијативата:Се наведува дека со оспорениот член се овозможува лицето кое по грешка ќе биде евидентирано во катастарската евиденција како носител на право на сопственост, да остане запишано во катастарската евиденција само затоа што ќе одбие да даде согласност за исправка на грешка, а без притоа да има правен основ за неговото запишување како носител на правото на сопственост со што се создава правна несигурност и нееднаквост на граѓаните, како и се повредува уставната гаранција за заштита на правото на сопственост.15. У.бр.103/2024Оспорен: Член 78 став 1 алинеја 3 од Законот за нотаријатотПодносител: ИЛКОМ ПСС ДОО преку законски застапник Симеон ПетровОд наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата ја оспорува правната поука уредена во оспорената одредба, во која не пишува дека приговорот задолжително треба да го состави адвокат што доведува до правна несигурност бидејќи граѓанинот може да згреши и приговорот да го даде без адвокатски печат и спорот да го изгуби без да се разгледа оправданоста на наводите. Со ова уредување во Законот не се гарантира правната заштита на сопственоста бидејќи без да се разгледа основаноста на доверителовото побарување должникот е должен да му плати на доверителот доколку приговорот го даде без адвокатски печат, што според подносителот, законодавецот обезбедил повеќе права на доверителот од оние на должникот со што доверителот и должникот не се еднакви пред законот.16. У.бр.104/2024Оспорен: Член 245 став 3 од Законот за извршувањеПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Според подносителот, овластувањето на министерот за правда да ја утврдува висината на реално направените трошоци за пологање испит за извршител, како и надоместокот за работа на членовите на Комисијата која го спроведува испитот, значи навлегување на извршната во законодавната власт што е спротивно на Уставот.17. У.бр.105/2024Оспорен: Член 16 став 4 од Законот за управни споровиПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:За подносителот е спорно уредувањето во оспорената законска одредба според која судија кој нема две години судиски стаж, не може да постапува како судија поединец. Се наведува дека не е јасна оспорената одредба затоа што не дава одговор на тоа дали се работи за судиски стаж во рамки на Управниот суд откако е избран судијата или се работи за вкупен судиски стаж што според Законот за судовите секој управен судија во моментот на избор мора да има непрекинат судиски стаж од најмалку четири години како судија во основен суд што доведува до правна несигурност и повреда на владеењето на правото. На ваков начин се создава и нееднаква положба помеѓу судиите во Управниот суд кои треба да имаат еднаква положба во постапувањето, а не да бидат дискриминирани по законскиот основ за судиски стаж.18. У.бр.106/2024Оспорен: Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна МакедонијаПодносител: Војо ЃуроскиОд наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека со примена на оспорениот закон му се забранува користењето на неговата патна исправа издадена од МВР која е во важност, со што му се ускратува уставно загарантираното право на слобода на движење и бара од Уставниот суд да му ја утврди повредата на неговата слобода и да ги поништи конкретните акти со кои е сторена повредата.19. У.бр.107/2024Оспорен: Автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестијаПодносител: Павле ТрајановОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека со автентичното толкување на Законот за амнестија се ослободуваат од гонење, за запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор, граѓани на Република Македонија, лица со законски престој и лица кои имаат имот или семејство, за кои постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година. Ваквото законско уредување, според подносителот, е спротивно на Кривичниот законик, на член 51 од Протоколот 1 – Дополнителен протокол на Женевските конвенции, како и на член 11 од Уставот според кој се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.20. У.бр.108/2024 – Барање за заштита на слободи и праваПодносител на барањето: Глигорие ЌатоскиОспорени: Дејствија на Министерство за внатрешни работиОд наводите во барањето:Според наводите во барањето, со дејствијата на МВР конкретно со издавање на неговиот пасош (09.02.2020 год.) и лична карта со старото име на државата (28.05.2021 год.), иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, на подносителот на барањето му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа. Со официјалното соопштение на МВР од 11.02.2024 година подносителот за прв пат дознава дека и возачката дозвола нема да важи доколку е со старото име на државата со што на подносителот му е ограничено користењето на патничкото моторно возило и слободата на движење. Оттука, со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Република Северна Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност.21. У.бр.109/2024Оспорен: член 49 во дел „освен членот 8 во делот кој се однесува на заштита на жртвите од казниви дела и заштита на жртви од трговија со луѓе“ од Законот за бесплатна правна помошПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорениот закон ја исклучува кривичната постапка и предвидува секундарна правна помош за застапување „во сите степени во граѓански судски постапки, управни постапки и управни спорови“, а со тоа, прашањето за адвокат кој ќе ги застапува правата на жртвите од кривични дела во кривични постапки е оставено да се уредува во Законот за кривичната постапка. На таков начин, со оставање во сила на само една одредба во преодните и завршните одредби на оспорениот закон и истата да важи без никакво временско ограничување се нарушува правната сигурност спротивно на начелото на владеење на правото.22. У.бр.110/2024Оспорен акт: Одлука за измена и дополнување на текстуалниот дел за Конечен Предлог-план за ГУП Тетово од 28.09.2022 година на Советот на Општина ТетовоПодносител: Даријан СотировскиОд наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека со оспорената одлука се менува површината за живеење по жител од претходно утврдените 20 м2, на „не помала од 50 м2“ и се утврдува дека една станбена единица треба да биде со површина од „околу 213 м2, што е спротивно на Просторниот план на Република Македонија кој утврдува станбен стандард од 20-25 м2 површина на живеење по жител односно површина на една станбена единица од 40 – 80 м2. Подносителот смета дека на ваков начин се легализира незаконската поделба на веќе изградени станбени единици со голема површина (213 м2) на поголем број со помала површина. Исто така, наведува дека со оваа одлука е зголемена густината на живеење при што тоа зголемување не е прецизирано за кој тип на домување се однесува, а таквото драстично зголемување е со силни реперкусии врз димензионирање на инфрастру­ктурата во која нема никакви интервенции.23. У.бр.111/2024Оспорен: Член 31 став 3 од Законот за медијацијаПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека Законот за медијација не содржи никакви мерила и критериуми за определување на висината на наградата и надоместокот на трошоците на медијаторот, а со оспорената законска одредба на министерот за правда му е дадено овластување да пропишува критериуми за определување на висината на наградата и надоместокот на трошоците на медијаторот што би значело навлегување на извршна во законодавна власт спротивно на член 8 алинеи 3 и 4, член 91 став 1 алинеи 1 и 5 и член 96 од Уставот.24. У.бр.112/2024Оспорени: - Член 12 став 4 во делот „и тарифата од ставот 3 на овој член“ од Законот за бесплатна правна помош и- Тарифата за надомест на трошоците за работа на здруженијата и правните клиники за давање примарна правна помош.Подносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Подносителот смета дека овластувањето на министерот за правда да го утврдува надоместокот на здружението и правната клиника, како и овластувањето да ги утврдува самите критериуми и мерила за определување на висината на самиот надоместок, значи навлегување на извршната во законодавната власт од причина што во Законот за бесплатна правна помош не се содржани критериуми и мерила во однос на ова прашање.25. У.бр.113/2024Оспорен акт: Одлука за поништување на постапката за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на водоснадбителен систем за водоснабдување на општина Неготино, донесена од Совет на општина НеготиноПодносител: Државен инспекторат за локална самоуправаОд наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорената одлука се поништува постапката спроведена согласно Одлуката за започнување на постапка за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на водоснадбителен систем за водоснабдување на општина Неготино. Се наведува дека по извршен вонреден инспекциски надзор Државниот инспекторат за локална самоуправа утврдил дека оспорената одлука не е во согласност со член 21-а ставови 1 и 4 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, и донел Решение со кое ја запрел примената на оспорената одлука и истото ќе остане во важност до конечна одлука на Уставниот суд.26. У.бр.114/2024Оспорен: Член 76 став 4 од Законот за дивечот и ловствотоПодносител: Државен инспекторат за шумарство и ловствоОд наводите во иницијативата:Според подносителот на иницијативата со оспорената одредба се повредува начелото на владеење на правото на тој начин што инспекторите на државниот инспекторат за шумарство и ловство кои се членови во комисиите за увид на штета што ја причинил дивечот за кој е пропишана трајна или привремена забрана на ловење, воедно ќе вршат и инспекциски надзори кај корисниците на дивеч во ловиштата и управувачите на државните ловишта. Се наведува дека не им е дозволено правото на инспекторите од државниот инспекторат за шумарство и ловство за спроведување на начелата: на законитост, на заштита на јавниот интерес, на еднаквост, непристрастност и обејктивност, на одговорност и сл. бидејќи инспекторите се должни да ги почитуваат овие начела, а доколку не ги спроведуваат за истите одговараат.27. У.бр.115/2024Оспорени: Член 76 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за судовите и член 91 од Законот за јавното обвинителство.Подносител: Илко ПетровОд наводите во иницијативата:Се оспоруваат одредбите од Законот за судовите и Законот за јавно обвинителство особено во делот што се однесува на „различното толкување на правото и фактите не може да преставува основ за утврдување на одговорност на судијата или на јавниот обвинител“. Според подносителот на иницијативата од оспорените одредби произлегува дека судија или јавен обвинител може да бидат казнети само ако се докаже дека земале поткуп или донеле одлука без никакво образложение, со што не е обезбедена еднаквост на граѓаните пред законот.28. У.бр.116/2024Оспорен акт: Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 годинаПодносител: Градоначалник на Општина БогданциОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорената програма е спротивна на одредби од Законот за градежно земјиште и на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на уредување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост. Подносителот смета дека при донесување на оспорената програма, Советот на Општина Богданци не се движи во рамките на сумите одредени од страна на минстерот за транспорт и врски, туку одредува суми по свое видување спротивно на законските одредби. Имено, Советот на носи Програмата, но тој, според подносителот, не може спротивно на Законот во кој е предвидено министерот да ја пропише висината на трошоците за уредување во зависност од степенот на уреденост, да не ги почитува одредбите од Правилникот.29. У.бр.117/2024Оспорен акт: Одлука за донесување на урбанистички план вон населено место за Индустриска зона „Мауцкер“ к.о. Долно Лакочереј, општина Охрид донесена од Советот на Општина ОхридПодносители: Туристичка Асоцијација на Охрид Билјана, Еколошко друштво „Грашница“ - Охрид, Планинарска организација „КАБ“– Струга, Организација „Еко Лаг“ – Охрид, Организација „Тајните на моето Срце“ и др. организации, застапувани од Никола Киселинов БоздогановОд наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорената одлука за донесување на деталниот урбанистички план нема заштитно конзерваторски основни неопходни за изготвување на ДУП со дефинирани граници на заштитна зона, контактна зона и зона за урбанистичко планирање, како и геодетска ажурирана подлога со дефинирани граници на Археолошкиот локалитет. Изготвувачот на оспорениот ДУП и покрај писменото укажување од Еколошкото друштво „Грашница“ во фазата на јавната анкета не го зел во предвид постоењето на Археолошки локалитет утврден со Решенија за Археолошки локалитет од 1983 и од 1998 година. Исто така, според подносителите не биле изработени ажурирани геодетски подлоги во документационата основа за подземните градби што постојат на овој археолошки локалитет. Покрај Законот за урбанистичко планирање, оспорената одредба била во спротивност и со Законот за заштита на културното наследство според кој не може да се врши урбанизација на простор што е оптоварен со подземно културно наследство утврдено со правен акт и притоа да се врши трансформација на земјиштето од земјоделско во градежно земјиште бидејќи ова земјиште е дефинирано како недвижно културно наследство.30. У.бр.118/2024Оспорен: Член 23 став 2 и став 5 од Законот за општата управна постапкаПодносител: Оливер ДавидовскиОд наводите во иницијативата:Подносителот ги оспорува ставот 2 на членот 23 во кој е пропишано дека судирот на надлежностите меѓу единиците на локалната самоуправа го решава органот на државната управа надлежен за локалната самоуправа и ставот 5 од истиот член, според кој против управниот акт со кој се одлучува за судирот на надлежностите, странката не може да изјави жалба, ниту да поведе управен спор. Подносителот наведува дека во Законот за судовите е уреден начинот на решавање судир на надлежности меѓу посочените единици на локална самоуправа, со што е нагласено дека за евентуалниот судир на надлежности одлучува Вишиот управен суд доколку со Уставот или со законите не е предвидена поинаква судска заштита, а во Законот за општа управна постапка, таква судска заштита не е предвидена, туку напротив со оспорената одредба од ставот 5 на член 23 експлицитно се ограничува правото на судска заштита.31. У.бр.119/2024Оспорен акт: Одлука за донесување на изменување и дополнување на ДУП Тасино Чешмиче 1 – Општина Центар Скопје, донесена од Советот на Општина Центар, СкопјеПодносител: Ѓорѓи РадојковОд наводите во иницијативата:Според подносителот на иницијативата, оспорената одлука за донесување на ДУП е во спротивност со Законот за локалната самоуправа бидејќи за нејзиното донесување не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „ЗА“ како што предвидува Законот. Имено, од вкупно 23 члена на Советот, биле присутни 12 членови од кои 11 члена гласале „ЗА“, а еден гласал против. Воедно, подносителот смета дека измените и дополнувањата на конкретниот ДУП на Општина Центар не е усогласен и со ГУП на Град Скопје што е спротивно на Законот за просторно и урбанистичко планирање.32. У.бр.120/2024Оспорен: Член 93 од Законот за урбанистичко планирањеПодносител: Тони АндевскиОд наводите во иницијативата:Според подносителот, со ваквото законско уредување се загрозува правната сигурност бидејќи предвидува ретроактивна примена на Законот за урбанистичко планирање на начин што за оние постапки коишто завршиле пред истек на четири години од влегување во сила на овој закон се применувале одредбите од претходните закони, а за оние постапки коишто од било кои причини не завршиле пред истекот на тие четири години од неговото влегување во сила, ќе треба да продолжат согласно одредбите од новиот закон. Со оспорената законска одредба, според подносителот, законодавецот задира во стекнатите права на субјектите со реторактивна примена на законот со што е нарушена правната сигурност и ги доведува субјектите при остварување на стекнатите права и интереси во нееднаква положба во однос на оние што ги завршиле постапките и ги оствариле своите права согласно претходно важечките закони. Исто така, со донесување на оспорената законска одредба се повредува принципот на легитимни очекувања на субјектите како елемент на владеење на правото, бидејќи субјектите при започнување на постапките за донесување урбанистички планови се воделе од важечките законски одредби, а со оспорената одредба се предвидува овие постапки да завршат согласно други законски одредби.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Не се поведува постапка за оценување на 3 члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, велат од Уставниот суд

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.Имено, не се прифатени наводите во иницијативите на политичката партија Левица, Хелсиншки комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање бидејќи Судот не најде неуставност во одредбите кои уредуваат меѓу другото и прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење.За потсетување, со оспорениот член 117-а е предвидено дека по исклучок за работа на проекти од стратешко национално значење, а поради потребата од контитуниет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна писмена согласност на работникот.Според Уставниот суд неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа. Таа е определена токму во ставот 2 на оспорениот член, односно дека работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор во согласност со членовите 133 и 134 од Законот за работните односи. Токму овие членови го регулираат правото на дневен одмор, односно правото на работникот да има дневен одмор од 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена и правото на работникот на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато.Во однос на писмената согласност од страна на работникот. Членот 32 став 4 од Уставот предвидува дека секој има право на платен дневен неделен и годишен одмор и дека од тие права вработените не можат да се откажат. Токму формулацијата на оспорената законска одредба дека „ниту еден работник не може да биде распореден да работи прекувремена работа без негова согласност” според Судот упатува дека прекувремените работни часови се негов избор, а не обврска.Писмената согласност претставува дополнителна заштита на работникот дека не може да му биде наложена прекувремена работа спротивно на неговата волја и над законскиот лимит. Во овој контекст Судот ја земаш предвид и Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 година која ги гарантира социјалните и економски човекови права, и којашто во Македонија се применува од 2005 година. Според таа Повелба признато е правото на правична заработувачка, но и правото на зголемена заработувачка на работниците за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи.Уставниот суд оцени дека оспорениот член 1 не е во спротивност со членот 32 од Уставот според кој правата на вработените се остваруваат со закон и колективен договор, односно Судот оцени дека во конкретниот случај не постои загрозување на правата од работен однос, затоа што тој член не се однесува на правото на работникот на плата.Во однос на наводите за евентуално нарушување безбедноста и здравјето при работа на работниците, Уставниот суд нема надлежност да се впушта во расправа за претпоставени прашања, земајќи го предвид фактот дека тие односи меѓу работникот и работодавачот се уредени со договри за работа, а должност е на Државниот инспекторат за труд да проверува дали тие права и обврски се почитуваат.Согласно член 117 став 6, работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор за труд што претставува посебна заштита на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење.

Македонија | пред 1 година

kacarska

Благодарници за вработените во Уставниот суд за успешно организирање на Меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска додели благодарници во знак на изразување почит за работата и учеството на вработените ангажирани за Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија.Големиот јубилеј Судот го прослави на 15 март, беше одбележан со организирање конференција на која говореа дваесетина домашни и гости од европскиот регион и присутни околу 150 гости. Советниците беа активно ангажирани за комуникација и информирање на претставниците на делегациите, координација на настанот со претставници на ОБСЕ, подготовка и спроведување на високи безбедносни мерки во координација со МВР, соработка со вработени во Собранието итн.Вработените од службата се заблагодарија на претседателката Добрила Кацарска со плакета која беше дадена како Признание, во знак на благодарност за поддршката и успешно менаџирање и организирање на Конференцијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-10.47.15

(Видео) Пендаровски го пофали Уставен предводен од Кацарска за одлука за „27 април“

Претседателот Стево Пендаровски ја пофали одлуката на Уставниот суд предводен од Добрила Кацарска која пак ја изрече и пресудата за „27 април“ во Кривичен суд,со која е утврдена повреда на правото на слободно изразување на мислата.„Освен нападот кон нашиот демократски уставен поредок и нашите пратеници, беа нападнати и новинарски екипи кои известуваа. Вашите одлуки со кои утврдивте повреда на правото на слободно изразување на мислата се праведна сатисфакција не само за нападнатите новинари туку и за целовкупната демократска јавност“, кажа Пендаровски.Според него, судиите од Уставен суд успешно се носеле во текот на мандатот. Потсети и во кои случаи овој суд имал клучна улога.Кажа дека воведувањето на уставна тужба е добро средства за уставно-судска заштита на човековите права и слободи.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Уставен суд за зголемените плати на функционерите: Одредбата е дискриминаторска во однос на другите граѓани

Уставниот суд на Република Македонија отвори два предмети поврзани со платите на избраните и именуваните функционери кои добиваат зголемени плати за 78% откако судот претходно донесе одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плата на функционерите.Оспорен е член од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани именувани лица.„Се наведува дека оспорената одредба е противуставна, дискриминаторски поставена во однос на пресметката на плата и другите надоместоци на останатите граѓани како лица во работен однос, односно не ги става во еднаква положба во правата во однос на другите граѓани“ се додава во соопштението на Уставен суд.Оспорен е член од Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Република Македонија„Подносителката наведува дека одредбата е дискриминаторска во однос на останатите граѓани и спротивна на членот 32 став 3 од Уставот кој предвидува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка, како и во спротивност со членот 51 од Уставот според кој законите мора да се усогласени со Уставот“, се вели понатаму во соопштението.Претходно функционерите добија покачување на платите за 78 отсто.

Македонија | пред 2 години

ustaven

Уставен суд ќе одлучува за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил и надоместок за патарина

Политичка партија “Левица”, Димитар Апасиев и Борислав Крмов ги оспорија точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Оваа иницијатива денес е на дневен ред на Уставниот суд.„Според наводите во иницијативата оспорените точки 3 и 4 од Одлуката биле во спротивност со уставниот принцип на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3), член 32 став 5 од Уставот според кој остварувањата на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, уставното на начело на уставност и законитост (член 51) и член 64 став 6 од Уставот во кој е уредено дека пратеникот има право на надомест утврден со закон, како и со одредби од Законот за пратениците и членот 7 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија. Меѓу другото, подносителите на иницијативата сметаат дека Законот за пратениците и Законот за Собранието на Република Северна Македонија предвидуваaт дека извршувањето на функцијата пратеник вклучува инкомпатибилно извршување на општествената активност која е строго утврдена и темелена на уставни и законски принципи и истата предизвикува уставни и законски обврски и права. За извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добива плата и надоместок на плата. Законот за пратениците таксативно ги наведува личните приходи и надоместоци на трошоците на кои пратеникот има право, се наведува во иницијативата. Според подносителите, во член 31 став 1 од Законот за пратеници, е јасен и дециден, законодавецот никаде не предвидел плус дополнителен надоместок на трошоците за исплатените патарини, туку само надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво според изминат километар за возилото кое се користи. Согласно наведените уставни одредби, во наводите на иницијативата се наведува дека надоместокот на трошоци за патарина, во ниту еден случај не би можел да биде предвиден со подзаконски акт, туку може да биде предмет само на законски одредби. Според наводите во иницијативата, со оспорените точки од Одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и согласноста на подзаконските акти со законите и Уставот. Оттука, подносителите наведуваат дека оспорениот подзаконски акт го руши принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок предвиден во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како и правната сигурност на граѓаните како дел од фундаменталното начело на владеењето на правото. Понатаму, според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегува од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

ustaven

Уставен суд не одлучи дали ќе се укине државното финансирање на партиите

Платеното политичко рекламирање во медиумите се најде пред Уставниот суд. Иницијативата ја поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократски соујз. Тој смета дека неговата партија е дискриминирана бидејќи поголемите партии повеќе се рекламираат во медиумите во изборна кампања. Уставните судии имаат поделени ставови. Некои сметаат дека изборниот законик во делот на финансирањето на партиите е коректно решение кое нуди рекламирање за оние кои не се во парламентарниот состав.„Ги ценевме решенијата на повеќе држави како, Холандија, Шведска, Хрватска, Полска, Словачка, Германија и според нивните одговори констатиравме дека во поголем дел од нив само политичките партии застапени во парламентот добиваат паушална сума која се дели во однос на гласовите кои ги постигнале. Во Шведска, износот на средства кои ги добиваат политичките партии е одреден по однос на освоените гласови од последните избори, нешто слично како нашето уредување“, изјави Насер Ајдари, уставен судија.Други уставни судии пак сметаат дека државното финансирање за партиска изборна кампања не е разумен трошок.„Со ова всушност граѓаните ги финансираат политичките партии двапати, и пред изборите и после изборите. Ова законско решение не е неопходно во демократско општество, има начини како да се финансираат политичките партии со членарина, а не со пари од граѓаните“, рече Дарко Костадиновски, уставен судија.„Ваквиот начин на распределбата на рекламниот простор и средствата не ми дава можност да заклучам дека имаме тука еднаквост на политичките партии. Начинот на одредување на висината на средствата непропорционално се сведува за поголемите наспроти помалите партии“, нагласи Осман Кадриу, уставен судија.Но, Уставниот суд не презема никаков чекор за оценување на уставноста на тој дел од изборниот законик, бидејќи нема доволно судии.Извор: Алсат.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања