„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

уставен суд

0-02-05-1d565ed08dd259efbbd5bb071b29546a41bb28c4e411aec38a1fc1d4791bc590_282005d2ea0

Уставен оценува дека со скандалозен критерум се унапредувале обвинители: Се врши дискриминација на обвинителите

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите. Судиите ја прифатија забелешката на обвинителката Ленче Ристоска и донесоа одлука за поведување на постапка. Со ова, виси на конец одредбата на Деловникот со која обвинителите се оценуваат за нивната работа кога бараат унапредување, како дел од критериумите.Судиите гледаат дискриминација во одредбата, бидејќи, членовите на Советот на јавни обвинители можат да добијат унапредување без оценување. Но, кога во прашање се обвинителите кои аплицираат за повисока функција – мора да има оценување.„Скандалозна е од критериум на правото и Уставот. Едногласно се усвои одлуката да се поведе постапка. Предложив времена мерка за да се стопира извршување на овој акт, додека Уставниот суд не се произнесе со одлука за правната судбина. Но вториот предлог не го доби потребното мнозинство“, рече судијата Осман Кадриу.Досега, двајца обвинители успеале со помош на позитивни оценки да унапредуваат во кариерата. Тие се избрани во втората половина од минатата година.„Вака се врши дискриминација на обвинителите. Како може да се вреднува нивната работа како позитивна оценка, а оценката се однесува само на обвинителската функција и нејзиното вршење? Обвинителската функција ја вршат само носителите на функцијата и нивното работење се оценува. Обвинителите кои се во Советот не ја вршат функцијата – обвинител. Нив им мирува“, додаде судијaта.

Македонија | пред 10 месеци

ustaven

Од јануари 2025 година граѓаните ќе можат и преку електронска пошта да иницираат постапка пред Уставниот суд

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд.Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување.Поднесувањето на електронските поднесоци е предвидено со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истиот е објавен на интернет страницата на Судот.

Македонија | пред 11 месец

IMG_4403

Утре ќе се спреми експертската екипа за Законот за јазиците

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека Судот во текот на утрешниот ден ќе има редовен работен состанок на која ќе се утврдат имињата на експертите за подготвителната седница околу Законот за употреба на јазиците. Побаран е претставник и од Венецијанската комисија.-Тие не зависат од мене, ниту од судијата известител. Очекувам дека утре ќе бидат утврдени спорните правните прашања и листата на учесници. Секој од судиите е слободен да дава идеи и предлози. Испратено е писмо и до Венецијанската писмо и имамте повратен одговор дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14-ти и 15-ти март што значи дека подготвителната седница може да се очекува веќе наредните денови потоа, рече Костадиновски на прес-конференција.Според Костадиновски, на листата има повеќе од 20-тина имиња и тоа се експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права, поранешни судии…

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

До мај нема да има одлука за Законот за јазици, Уставен се жали на политички притисоци

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој информираше дека на работен состанок на 23 декември ќе се дефинираат спорните прашања, а по завршувањето на подготвителната седница, најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.„Во оној момент кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија, веднаш ќе биде свикана подготвителната седница. Побарав од судијата известител најдоцна до 23 овој месец да ги подготви спорните правни прашања за подготвителната, да подготви предлог-листа на учесници и во оној момент кога ќе го добиеме мислењето, моја проценка дека ќе биде почетокот на март, ќе биде одржана подготвителната седница“, изјави на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.Прашан зошто иницијативите поврзани со овој закон не биле ставени порано на дневен ред, Костадиновски укажа на фактот што две години Уставниот суд работел со минимум кворум од пет судии, а надлежноста за изборот на судиите, како што рече, ја има Собранието.„Две години работевме на раб на кворум. Замислете еден судија да не дојде или нешто да се случи – ќе немаме Уставен суд. А, ако немаме Уставен суд, импликациите се мултиплицираат. Но, за останатите три години нема оправдување зошто не е одлучувано. Сензитивноста за одредени предмети не поминува со минувањето на времето. Овој предмет беше сензитивен кога ги добивме и првите иницијативи пред пет години, денеска е сензитивен, ќе биде сензитивен и во 2030 година. Од негде мора да се почне. Овој суд ќе ја донесе одлуката за тој предмет, никој да нема дилема“, додаде претседателот на Уставниот суд.На денешната прес-конференција по одржаната 32. Седница, Костадиновски нагласи дека судот е изложен на политички притисоци и манипулации, но дека ќе продолжи со постапувањето по предметот, барајќи мислења од странски експерти за да обезбеди независност и непристрасност. Тој ги отфрли обвинувањата за политичко влијание и етничко надгласување, истакнувајќи дека Уставниот суд е чувар на Уставот и правдата.

Македонија | пред 1 година

ustavni-sudi

Првите пораки од Уставен: „Уставноста не се брани со шатори, на улица“, „ Ние треба да се обратиме до граѓаните не до политичарите - бидејќи нивната култура е јасна“

Во Уставниот суд се расправа за Законот за јазици. Судијката Елизабета Дуковска, која е судија-известител посочи: „Сметам дека имаме должност да ги увериме граѓаните во нашата непристрастност во одлучувањето, согласно Уставот. Факт е дека по овој предмет е одржана подготвителна седница на која се разгледувала уставноста на членот, нема ништо да изгубиме ако ја викнеме стручната фела и да им поставиме прашања, ценам дека и ова е начин да ги разгледаме сите прашања кои произлегуваат. Побарав и дополнително мислење од Венецијанската комисија и да ги отстраниме сомнежите од било какво влијание“.На ова се надоврза судијката Добрила Кацарска.„Не гледам потреба правната фела да ја прашаме дали овој закон е уставен или не. Венецијанската комисија веќе има мислење за овие прашања, ние треба да одговориме, бидејќи ние сме уставни судии“, рече судијката Кацарска.Свое мислење даде судијката Ана Павловска-Данева.„Ова е првпат да се добие предлог за подготвителна седница, жалам што е така, никој не зборуваше за Законот за јазиците додека не го ставивме на гласање. Треба да има подготвителна седница да се слушнат мислењата на експертите во државата“, веи Павловска-Данева.Став искажа и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева.„Граѓаните мора да знаат дека уставните судии работат во нивен интерес и согласно уставот. Дебатата на оваа подготвителна седница е со цел да ги презентираат своите ставови. Само преку отворен дијалог може да изградиме мост кој ќе не убединува... Должност на Уставниот суд е да ги слушне сите мислења. Ниту еден судија не смее да потклекне на политички притисок, ние тука доаѓаме да го чуваме Уставот. Употребата на јазиците не треба да не поделува, туку да биде мост кој нѐ обединува. Да останеме посветени, законитост, уставност и правда... Уставноста не се брани со шатори, на улица... Улицата никогаш не била место за бранење на уставноста“, вели судијката Васиќ-Бозаџиева.Свое мислење даде и судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска.„Мислам дека е добро да слушнеме аргументи од сите, не дека тоа ќе го промени нашиот став во однос на тоа дали е во согласност на Уставот или не. Сметам дека предлогот на судијата известител е во ред, бидејќи граѓаните ќе бидат запознаени како и политичарите, бидејќи ниту разбираат ниту знаат која е услогата на Уставниот суд. А тоа е да ја цени уставноста на законите“, рече Дабовиќ-Анастасовска.Татјана Васиќ-Бозаџиева упати апел до судиите Насер Ајдари, Осман Кадриу и Фатмир Скендер да се појават на седницата.Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, рече дека ќе го прифати предлогот.„Јас ќе го прифатам предлогот од три причини. Никогаш не сум гласал против подготвителна и јавна седница, само јас и Добрила присуствувавме на една подготвителна седница. За спорните уставни прашања за материјалниот дел не е оддржана подготвителна седница и во тој контекст добар е предлогот на судијата известител. И третиот момент е дека подготвителна седница мислам дека ќе ни помогне да ги разобличиме сите оние обиди за етнизација и политизација на одлуките на Уставниот суд. Ние треба да се обратиме до граѓаните, не до политичарите - бидејќи нивната култура е јасна... И ќе го прифатам тој предлог“, рече Костадиновски.Според Кацарска, не е потребно одржување на никаква подготвителна седница бидејќи треба да се гласа по однос на уставноста на Законот за јазици, бидејќи Венецијанската комисија образложила сѐ во 98 точки и нотира дека Законот е неуставен: „Не знам што би покажале со таа подготвителната седница и со неа нема да се добие баш ништо со таа седница“.

Македонија | пред 1 година

dui-ustaven

Не помина обидот за одлагање на седницата: ДУИ чува стража, Уставен расправа, судиите-Албанци не дојдоа

Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу не се појавија на денешната седница на Уставниот суд. Судијата Дарко Костадиновски како претседател на судот, ја отвори седницата, а Фатмир Скендер предложи нејзино одлагање. Причина за ваковото барање е што ќе треба да се почне расправа за Законот за јазици, кој според иницијативите, има незаконски одредби. Па така, според истите, наместо „службена употреба“, тој носи „двојазичност“.Сите судии гласаа против предлогот на судијата Фатмир Скендер за повлекување на точката. 32. седница ќе се одржи. Тој ја напушти салата поради тоа што ќе се расправа на оваа точка, па побара, да го викнат назад, кога ќе се разговара за други иницијативи.ДУИ во пресрет на расправата започна со „стража за јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд, со што велат, застануваат во „одбрана на Законот за јазици“. Пред влезот на Уставен има шатор со нивни активисти.ПРЕТХОДНО...Премиерот Христијан Мицкоски, пак кажа дека ДУИ точно знаат како функционира Уставниот суд и оти денеска нема да се случи ништо, но целта им е, вели, да излезат пред јавноста и како политички глодари да кажат дека поради нивниот политички притисок се одложила одлуката за Законот за јазици, вели– Јас пред неколку дена кажав дека на овие од ДУИ многу им е јасно како функционира Уставниот суд, бидејќи тие ги бираа судиите таму, во детали ги бираа судиите и буквално таму не можеше никој да биде уставен судија или каков било судија, доколку не го помине филтерот на ДУИ. Тие точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение какво и да е, најпрво тој што е надлежен судија за овој случај треба да рапортира, да им објасни на своите колеги, потоа следи јавна дискусија, па јавна расправа, па подготвителна седница, така што тоа е процес којшто ќе трае со месеци, можеби и со години. Нивната цел е сега како политички глодари да начекаат и да видат дека еве сега знаеме како одат процедурите, ние ќе правиме политички притисок и кога нема ништо утре да се случи да излезат во јавноста, нормално тоа може да го прават само политички глодари, да излезат и да кажат - еве поради тоа што ние правевме притисок се одложи сето ова. Работите не функционираат така, а на нив им е многу јасно како функционираат работите, изјави вчера Мицкоски.Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на собирот побара Судот да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување одредби во Законот за употреба на јазиците.-На 11 декември, ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд кој размислува за демократија во државава, за мир и стабилност, а не е суд кој става бензин врз огнот, да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома. Нема да има мир ако не биде така... Далеку рацете од промената на Законот за јазиците. Ако сте добри и визионерски политичари, вие ќе го унапредевте јазикот, а не да го укинувате... Ние сакаме мир, ние сакаме демократија, ние сакаме слобода. Ја сакаме за сите. Сакаме нашата земја да биде секогаш напредна и што е можно поблиску до Европската Унија, порача Ахмети на собирот каде што присуствуваа лидери на партиите кои се дел од коалицијата Европски фронт што ја предводи ДУИ.Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазескии, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. Уставниот суд го сочинуваат девет судии од кои шестмина се Македонци, а тројца се од помалите етнички заедници – двајца Албанци и еден Турчин.

Македонија | пред 1 година

mirjana-najcevska

Уставниот суд го бојкотираат етнички Албанци назначени политичките партии за функции за кои немаат ни квалификации, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека блокадата на Уставен суд е од етнички Албанци, а не од судии Албанци.„Не ја бојкотираат судии Албанци работата на Уставниот суд. Работата на Уставниот суд ја бојкотираат етнички Албанци кои се назначени од страна на политичките партии за функцци за кои немаат ни квалификации, ни знаење ни елелемнтарен интелектуален капацитет неопходен да разберат што значи тоа демократија и владеење на правото“, вели Најчевска.Уставниот судија Осман Кадриу најави дека тој и неговиот колега Насер Ајдари нема да учествуваат на седницата на Уставниот суд на 11 декември, кога треба да се одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците. Во интервју за ТВ Алсат, тој кажа дека причина за бојкотот на уставните судии Албанци е надгласувањето.

Коментари | пред 1 година

darko-kostadinovski-tika-3

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски се сретна со Шејма Бабајигит, координаторка на „Тика” во Скопје

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит.На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во континуитет ја дава на Уставниот суд од аспект на зајакнување на техничките капацитети и опрема за поефикасно работење.Претседателот ги запозна присутните со тековните проекти кои се во насока на унапредување на дигитализацијата во Судот, по што од страна на координаторката Бабајигит беше истакнат интерес за идна соработка и поддршка на процесот на доопремување на Судот со техничка опрема, со цел зголемување на ефикасноста на работата.На средбата е договорено соработката да се интензивира во текот на наредната година, за што ќе претстојат повеќе средби за утврдување на конкретните потреби и можности за нивна реализација.Последната донација од „Тика” за Уставниот суд беше реализирана во февруари оваа година, кога Судот доби техничка опрема составена од компјутери и печатачи за вработените. На оваа соработка претходеше опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година, како и обезбедување на техничка опрема во 2013 година.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-11-08_10-54-19-551

Костадиновски: Можна е подготвителна седница,предлог до Собранието и други алатки за граѓаните добро да ги информираме за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски гостуваше во „Само интервју” на Канал 5 телевизија кадешто зборуваше за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Судот, даде правни аргументи за предмети кои се веќе завршени и искажа свое лично мислење за најавените реформи во правосудството.Претседателот Костадиновски одговори на обвинувањата на политичките субјекти и уште еднаш испрати порака до граѓаните дека Уставниот суд не ја укина уставната одредба за соодветна и правична застапеност, туку т.н. „Балансер" како неуставна алатка и подзаконски акти кои регулираат јавни огласи во кои се бара изразување на националноста, при што ги демантираше сите обвинувања од политиката кои беа упатени до Уставниот суд изминатиот период. Кажа дека добро го познава Охридскиот рамковен договор бидејќи како тогашен советник на претседателот Борис Трајковски сведочел на подготовката и потпишувањето на тој договор, што упатува на доброто познавање на важноста и значењето за граѓаните од помалите заедници.„Уставниот амандман е внесен во Уставот во 2001 година како резултат на општествена нужност и никој не го спори тоа. Тој бил и општествено оправдан и општествено нужен. Тоа претставува афирмативна акција основана на два постулати. Првиот е остварување на некоја легитимна цел, а вториот е кога се исполнува легитимната цел, почнува да продуцира дискриминација. Темелната вредност на соодветна и правична застапеност останува во Уставот, ние сме укинале одредби кои операционализираат. Оваа темелна вредност со текот на времето се судира со други уставни норми. А, се остварува преку два принципи, односно нееднаквост во нееднаквоста и нееднаквост во еднаквоста,тие два даваат различен резултат. Кој принцип ќе го избере Законодавецот, тоа зависи од него.”На прашањето зошто Судот не беше единствен во одлуката, туку имаше и судии со различно мислење кои не поддржаа укинување на Балансерот, Костадиновски објасни:„Едногласните одлуки секогаш имаат поголем авторитет, но сепак одлуката на Судот се носи со најмалку пет гласа и легитимно право е на судиите да издвојат мислење, јас сум рекордер по издвоено мислење, имам 50 издвоени мислења. Со индигнација ги отфрлив сите обвинувања за етничка или политичка одлука. На самата расправа вкрстивме аргументи. А, за обвинувањата дека со етничко надгласување е донесена одлуката, може и обратно да се постави прашањето, на пример дали тие судии користеле уставно-правни аргументи?. Подготвувајќи се за ова интервју најдов натписи од 2007 година за поништувањето на Законот за употреба на знамињата, со истите обвинувања дека одлуката е етничка, политичка дека е тајно сценарио за дестабилизација на државата. Истото, значи 2007 година, а сега сме 2024 и 17 години се поминати. Значи ние на некој начин не прогресираме, имаме стагнација на демократскиот капацитет.”За овој предмет претседателот Костадиновски појасни дека како судија-известител го завршил уште во Февруари, со што ги отфрли обвинувањата за носење на одлуки во временски период погоден за одредени политичари .Потврди дека е веројатно Законот за употреба на јазиците да биде во декември, а за наводните најави за бојкот на таа седница од страна на неколку судии, претседателот одговори дека постојат механизми кои ќе спречат блокирање на работата на Судот. На прашањето, дали може да се случи таа седница да не се одржи годинава, Костадиновски изјави дека и тоа е можно, но дека не сака да верува во такви сценарија.„Јас не сакам да верувам во такви сценарија но неспорен факт е дека јас како претседател на Судот сум обврзан со Заклучок да сите девет судии бидат присутни на седницата и се додека е на сила тој Заклучок поради сензибилноста, поради важноста на предметот, поради импликации итн, да се одлучува во полн состав. Се додека не се донесе нов Заклучок, тој е на сила. Но не значи дека нема да можеме да го смениме и да донесеме друг заклучок. Ние, не одлучуваме за употребата на јазиците, ние во тие иницијативи одлучуваме за примената. Никој не треба да трепери и да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, ние едноставно треба да видиме што во тој закон е неуставно. Можеме да продолжиме да глумиме владеење на правото, можеме уште пет години уште десет години. И по тоа повторно да се прашаме и да добиеме квалификации „заробена држава” „хибриден режим.. Јас пред неколку дена бев на Меѓународна конференција во Приштина по повод одбележување 15 години од постоењето на нивниот Уставен суд. Пред сите кажав дека нивниот суд е инспирација за сите нас, бидејќи има срушено две влади, два парламента и сменето двајца претседатели. Ниеден суд во регионот не покажал таква одважност и одлучност. А тоа е битно бидејќи на тој начин се гради уставната култура и сите останати власти, три пати ќе помислат како постапуваат затоа што знаат дека постои Уставен суд што може да одлучи и да спречи некоја нивна намера”.Претседателот на Уставниот суд најави дека ќе ги искористи сите можности за граѓаните да бидат објективно информирани и да ја знаат вистината, при што ја остави отворена можноста за подготвителна седница за овој предмет, барање совет од Венецијанската комисија, но и можно искористување на одредби од новиот Акт кои ќе дадат насока за интервенции на евентуалните неуставни делови од Законот, до Собранието.„Слушајќи ги сите овие обвинувања, ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатки кои ни стојат на располагање, за да некој начин ги амортизираме обвинувања. Ние не може секој ден да одиме на телевизии и да полемизираме со политичарите. Ние сакаме на граѓаните да им се обраќаме. Сите опции се во игра. И подготвителна за материјалниот дел. Венецијанската комисија излезе со мислење за законот, но ние имаме право да побараме amicus curiae, тоа се вика пријателски совет ако утврдиме спорни правни прашања.Како суд, за да ги амортизираме сите овие обвинувања за наводно етничко, па политичко постапување, јас како претседател а верувам и моите колеги сме спремни на некој начин да ги разубедуваме политичарите а воедно да им се обраќаме на граѓаните, дека нашите одлуки ќе бидат уставно втемелени. И ниту земаме ниту даваме право. Воопшто не се доведува под закана употребата на јазиците, туку само начинот, примената, како е операционализиран. И никој не треба да стравува од нашите одлуки, напротив можеме да им ја олесниме работата. Исто како колегите уставни судии во 2007 година кога не ја доведувале во прашање употребата на знамињата, туку начинот на кој е имплементирано. Така да, сите можни средства ќе ги искористиме, но не за да им удоволиме на политичарите, но сакам граѓаните да ја знаат вистината и да си бидат спокојни. Уставниот суд само цени дали нешто е согласно со Уставот, а Владата и Законодавецот да бидат благодарни, нашите одлуки треба да им бидат многу корисна алатка,водич какви закони да носат. Да заклучам, можно е подготвителна седница, можно е да бараме Amicus curiae од Венецијанската комисија, можно е алатката од новиот акт и да одлучиме да изразиме сомнеж па да го пратиме во Собрание на доработка. ”На прашањето како може Уставниот суд за овој предмет да го искористи новиот Акт и да го испрати на доработка во Собранието како спорен?„Апсолутно може. Тоа значи дека доколку во првата фаза на постапување, односно поведување на постапка, тоа не значи дек Судот одлучил туку дека изразил сомнеж. Се влегува во втора фаза потоа, со тоа да му дадеме рок на законодавецот не подолг од шест месеци да се усогласи со нашите стојалишта. И таа е корисна алатка и може да се употреби”.Прашан што доколку Собранието не постапи во рок од шест месеци да интервенира во Законот за јазиците, Костадиновски одговори:„Тогаш стапува на сила втората фаза и доколку најдеме неуставни одредби се носи одлука, укинувачка или поништувачка“.Претседателот Костадиновски даде свое лично мислење за најавените реформи во правосудството, при што потенцираше дека не поддржува колективна одговорност, наспроти индивидуалната одговорност.„За мене е важно пристапот, решенијата за кои ќе се одлучи власта во решавање на овие прашања. Тие имаат легитимно, уставно овластување да нормираат, но мене поинаку ми се поставува прашањето, со години гледаме уставни, законски реформи а работите на полошо одат. Тоа укажува дека ние треба нешто друго да менуваме, менталниот код, вредносниот ситем. Јас не верувам во колективна одговорност, тоа е рецидив на едно претходно уредување. Индивидуалната одговорност влева поголема доверба. Па неодамна имавме случај, врховен судија призна дело, дали тоа значи дека сите врховни судии го направиле тоа дело? Тоа е клучно. Не сум толку сигурен дека со законски нормирања би се смениле работите“, изјави претседателот Костадиновски.

Македонија | пред 1 година

kostadinovski-ustaven-1

Судот не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија е спротивен на Уставот. Имено се ценеше членот 3 кој гласи:„Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година“Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови, нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат. Меѓутоа граѓаните имаат законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум.Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Северна Македонија) не е во спротивност со Уставот. Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила. Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон.Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани а тоа е 12.02.2019 година.Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата.Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила.Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор) кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот не може да се менува со закон.Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор) влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата.Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува.Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи.Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот.Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска.Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето. Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на Уставниот суд.Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI.За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн, тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи. Судот цени дека ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд.Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт.Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно. Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-10-24_12-03-45-648

Костадиновски говорник на Балканскиот уставен форум: Судиите мора да се совесни, независни и бескопмпромисни во борбата за правда

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски говореше на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на темата „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества”.Во својот говор даде осврт за уставно-правната реалност во Република Северна Македонија, улогата на судскиот активизам и поделбата на власта во нашата држава низ примери од судската пракса.„Доминантниот модел на либералната демократија, конституционализмот го дефинира со способноста на уставните судови да ја ограничат политиката (власта), ставајќи акцент на заштитата на човековите права и приматот на правото над политиката. Не случајно се прераскажува една анегдота за рибарската мрежа во која се заробуваат само ситните и слаби риби, додека оние поголемите успеваат да ја искинат. Таа мрежа е симболиката на хендикепиран правен систем кој нема цврсти механизми да ги ограничи неправата произведени од апстиненцијата на начелото „поделба на власта”. Концептот на „неоконституционализмот“ Уставот го разбира како “закон над законите” како „закон создаден од народот за регулирање и ограничување на владата“. Оттука, овој доминантен модел, привилегијата на толкување на Уставот, неговите вредности, принципи и норми, разбирливо го доделува на уставните судови, кои се врховни и авторитативни толкувачи, додека обврската на сите други органи на државната власт е да се усогласуваат со Уставот и одлуките на Уставниот суд, посочи Костадиновски.За начелото на поделба на власта и последиците од предоминација на една над останатите власти, а следствено на тоа поткопувањето на довербата во системот и институциите, Костадиновски во говорот потенцираше на потребата од промени во уставно-правната култура и преминот од стабилна во зрела демократија.„Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, реална а не лажна посветеност на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните, безкомпромисни Уставни судови кои ќе бидат гаранти на владеењето на правото. Дали ќе биде лесно? Не воопшто, но и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Кој би бил првиот чекор? По мене правилно разбирање на политиката и правото. За правилно разбирање на политиката, нејзините носители, неопходно е да се потсетат на она што Макс Вебер го посочи како особини коишто треба да ги поседува политичарот – страста, одговорноста и одмереноста. За правилно разбирање на владеењето на правото, судската власт особено уставните судии, треба да ги поседуваат следните клучни особини – совест, независност и бескомпромисност”.Втората годишна конференција се одржува во Приштина, Косово каде што се одбележува и 15 годишен јубилеј од основањето на Уставниот суд на Косово. Во текот на денот се одржува работен состанок на земјите-членки и набљудувачи на Балканскиот форум на уставни судови.

Македонија | пред 1 година

kostadinovski-ustaven-1

Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со потпретседалот на Венцијанската комисија, Мартин Кауер.Средбата се одржа пред почетокот на Меѓународната конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата од Уставниот суд.Претседателот Костадиновски искажа задоволство за досегашната соработка и поддршката од Венецијанската комисија и изрази подготвеност за интензивирање на соработката.„ Улогата на Венецијанската комисија е исклучителна во обезбедувањето на фундаменталните права и уставната правда. Правните стандарди и добрите практики кои ги развива преку правните мислења и т.н пријателски мислења (Amicus curiae opinions) се особено значајни во постапките и работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија, истакна Костадиновски на средбата.Претседателот Костадиновски го запозна Кауер со актуелностите и предизвиците со кои се соочува Судот, како и со новините кои се воведени со Актот на Уставниот суд кој почна да се применува од Септември оваа година.Потпретседателот на Венецијанската комисија, Кауер ги поздрави приоритетите на Костадиновски кои се во насока на зајакнување на владеењето на правото и истакна:„Венецијанската комисија е посветена на трите основни принципи на европското уставно наследство: демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се истовремено основа на сите активности кои ги презема Советот на Европа. Подготвени сме за потесна соработка со Уставниот суд и особено ја ценам вашата посветеност кон вредностите и принципите кои ги делиме и поддржуваме”.Средбата се одржа на 23 октомври, во Приштина, на маргините на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд. Според Агендата предвидено е свое обраќање на Конференцијата денеска да има претседателот Костадиновски на темата „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества”.

Македонија | пред 1 година

kostadinovski-ustaven-1

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Здружението на правници

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Здружението на правници, проф. д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка.Со потпишувањето на Меморандумот ќе се интензивира соработката помеѓу судиите, советниците и членовите на Здружението преку организирање на едукативни работилници за размена на информации за правото на ЕУ и други меѓународни организации чија улога е клучна во градењето на механизмите на заштита на човековите слободи и права.Оваа соработка се реализира во период кога Уставниот суд одбележува значаен јубилеј, 60 години од основање и крајната цел е унапредувањето на уставно-правната култура во нашата држава и Судот ги отвора вратите за соработка и со струката, со правниците, рече претседателот Костадиновски.„Целта ни е идентична, да ја слушнеме, да ја консултираме правната мисла за важни уставно-правни предизвици кои ни се појавуваат во анализите на иницијативите од граѓаните и барањата за заштита на слободите и правата. Со Здружението на правници на Република Северна Македонија несомнено споделуваме една заедничка мисија, заедно да придонесеме и да го заштитиме владеењето на правото, развојот на демократијата и на демократските принципи и почитување на човековите слободи и права. Да придонесеме во нашето општество да се подигне и да се врати довербата на јавноста во судската власт, судиите и во правничката професија воопшто”, потенцираше Костадиновски.Претседателот на Здружението Коевски ја поздрави иницијативата за соработка од страна на Уставниот суд, и ги претстави идеите за заеднички активности.„Особено ми е чест што во нашите дебати на исклучително значајни теми и општествени прашања ќе вклучуваат и судии на Уставниот суд чие мислење е повеќе од добредојдено. Ме радува фактот што правната мисла ќе биде добие на вредност, па преку заеднички организирани настани ќе се дадат одговори на суштински прашања кои не’ засегаат сите”, рече Коевски.Се најавува можност за поактивно учество на членовите на Здружението на јавните расправи и подготвителни седници на Судот за прашања од заеднички интерес на сите граѓани.„Уставните судии се подготвени да ги споделат своите искуства, дилеми и предизвици со кои се соочиле или соочуваат при носење на своите одлуки по одделни спорни, уставно-судски прашања, преку активно учество на годишните средби на правниците во организација на Здружението или друг вид на настани во заедничка организација”, најави претседателот на Судот, Костадиновски.

Македонија | пред 1 година

darko-kostadinovski-ustaven-2

Претседателот на Уставниот суд се сретна со холандската амбасадорка: Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Су...

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Н.Е. Узлем Џанел.Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката Џaнел со неговите јавно прокламирани приоритети кои се во насока на зајакнување на улогата на Уставниот суд во обезбедувањето на со Устав определената надлежност да ја штити уставноста во поредокот и да го обезбеди владеењето на правото.„Високо ја ценам улогата, посветеноста и помошта од Кралството Холандија за Република Северна Македонија во унапредувањето на капацитетите и обезбедувањето на владеењето на правото. Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Судот и во тој поглед ние сме на иста страна“, нагласи претседателот Костадиновски”.Амбасадорката Џанел ги поздрави приоритетите на претседателот и заложбите на Уставниот суд во заштитата на уставноста.„Мојата земја е високо посветена на темата владеење на правото како императив и темел на секое демократско општество. Подготвени сме да ги разгледаме можностите и за потесна соработка со Уставниот суд“, истакна амбасадорката Џанел.

Македонија | пред 1 година

IMG_6596

Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ

,,Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал.На средбата беше констатирано успешното спроведување на активностите на Судот поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и предвидени со Меморандумот за разбирање кој беше склучен во февруари 2024 година, како што е организирањето на Меѓународна конференција по повод 60 години постоење на Уставен суд и обуките кои претстојат, а се во насока на зајакнување на капацитетите на Судот.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Вал за неговите приоритети во мандатот со акцентирање на заложбата за воведување на уставна тужба како инструмент за унапредување на правата и слободите на граѓаните, обезбедување на двотретински закон за Уставен суд со којшто ќе се овозможи поголема независност и самостојност на Судот и зајакнување на транспарентноста.Амбададорот Вал го информираше претседателот Костадиновски дека во претстојната развојна стратегија на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, фокус ќе биде ставен на Уставниот суд, а меѓудругото во топ приоритети ќе бидат заеднички констатираните заложби за воведување уставна тужба, зголемување на транспарентноста и јакнење на капацитетите на стручната служба.На средбата беше постигната согласност за продолжување на соработката за склучување на нов Меморандум за разбирање и формирање на тимови кои ќе ги прецизираат сегментите на натамошна соработка со цел унапредување на работењето на Уставниот суд и промоција на вредностите за коишто се залага Мисијата на ОБСЕ во Скопје.”, информираат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања