Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

УСТАВЕН СУД

kostadinovski-ustaven-1

Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со потпретседалот на Венцијанската комисија, Мартин Кауер.Средбата се одржа пред почетокот на Меѓународната конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата од Уставниот суд.Претседателот Костадиновски искажа задоволство за досегашната соработка и поддршката од Венецијанската комисија и изрази подготвеност за интензивирање на соработката.„ Улогата на Венецијанската комисија е исклучителна во обезбедувањето на фундаменталните права и уставната правда. Правните стандарди и добрите практики кои ги развива преку правните мислења и т.н пријателски мислења (Amicus curiae opinions) се особено значајни во постапките и работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија, истакна Костадиновски на средбата.Претседателот Костадиновски го запозна Кауер со актуелностите и предизвиците со кои се соочува Судот, како и со новините кои се воведени со Актот на Уставниот суд кој почна да се применува од Септември оваа година.Потпретседателот на Венецијанската комисија, Кауер ги поздрави приоритетите на Костадиновски кои се во насока на зајакнување на владеењето на правото и истакна:„Венецијанската комисија е посветена на трите основни принципи на европското уставно наследство: демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се истовремено основа на сите активности кои ги презема Советот на Европа. Подготвени сме за потесна соработка со Уставниот суд и особено ја ценам вашата посветеност кон вредностите и принципите кои ги делиме и поддржуваме”.Средбата се одржа на 23 октомври, во Приштина, на маргините на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд. Според Агендата предвидено е свое обраќање на Конференцијата денеска да има претседателот Костадиновски на темата „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества”.

Македонија | пред 1 година

kostadinovski-ustaven-1

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Здружението на правници

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Здружението на правници, проф. д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка.Со потпишувањето на Меморандумот ќе се интензивира соработката помеѓу судиите, советниците и членовите на Здружението преку организирање на едукативни работилници за размена на информации за правото на ЕУ и други меѓународни организации чија улога е клучна во градењето на механизмите на заштита на човековите слободи и права.Оваа соработка се реализира во период кога Уставниот суд одбележува значаен јубилеј, 60 години од основање и крајната цел е унапредувањето на уставно-правната култура во нашата држава и Судот ги отвора вратите за соработка и со струката, со правниците, рече претседателот Костадиновски.„Целта ни е идентична, да ја слушнеме, да ја консултираме правната мисла за важни уставно-правни предизвици кои ни се појавуваат во анализите на иницијативите од граѓаните и барањата за заштита на слободите и правата. Со Здружението на правници на Република Северна Македонија несомнено споделуваме една заедничка мисија, заедно да придонесеме и да го заштитиме владеењето на правото, развојот на демократијата и на демократските принципи и почитување на човековите слободи и права. Да придонесеме во нашето општество да се подигне и да се врати довербата на јавноста во судската власт, судиите и во правничката професија воопшто”, потенцираше Костадиновски.Претседателот на Здружението Коевски ја поздрави иницијативата за соработка од страна на Уставниот суд, и ги претстави идеите за заеднички активности.„Особено ми е чест што во нашите дебати на исклучително значајни теми и општествени прашања ќе вклучуваат и судии на Уставниот суд чие мислење е повеќе од добредојдено. Ме радува фактот што правната мисла ќе биде добие на вредност, па преку заеднички организирани настани ќе се дадат одговори на суштински прашања кои не’ засегаат сите”, рече Коевски.Се најавува можност за поактивно учество на членовите на Здружението на јавните расправи и подготвителни седници на Судот за прашања од заеднички интерес на сите граѓани.„Уставните судии се подготвени да ги споделат своите искуства, дилеми и предизвици со кои се соочиле или соочуваат при носење на своите одлуки по одделни спорни, уставно-судски прашања, преку активно учество на годишните средби на правниците во организација на Здружението или друг вид на настани во заедничка организација”, најави претседателот на Судот, Костадиновски.

Македонија | пред 1 година

darko-kostadinovski-ustaven-2

Претседателот на Уставниот суд се сретна со холандската амбасадорка: Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Су...

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Н.Е. Узлем Џанел.Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката Џaнел со неговите јавно прокламирани приоритети кои се во насока на зајакнување на улогата на Уставниот суд во обезбедувањето на со Устав определената надлежност да ја штити уставноста во поредокот и да го обезбеди владеењето на правото.„Високо ја ценам улогата, посветеноста и помошта од Кралството Холандија за Република Северна Македонија во унапредувањето на капацитетите и обезбедувањето на владеењето на правото. Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Судот и во тој поглед ние сме на иста страна“, нагласи претседателот Костадиновски”.Амбасадорката Џанел ги поздрави приоритетите на претседателот и заложбите на Уставниот суд во заштитата на уставноста.„Мојата земја е високо посветена на темата владеење на правото како императив и темел на секое демократско општество. Подготвени сме да ги разгледаме можностите и за потесна соработка со Уставниот суд“, истакна амбасадорката Џанел.

Македонија | пред 1 година

IMG_6596

Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ

,,Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал.На средбата беше констатирано успешното спроведување на активностите на Судот поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и предвидени со Меморандумот за разбирање кој беше склучен во февруари 2024 година, како што е организирањето на Меѓународна конференција по повод 60 години постоење на Уставен суд и обуките кои претстојат, а се во насока на зајакнување на капацитетите на Судот.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Вал за неговите приоритети во мандатот со акцентирање на заложбата за воведување на уставна тужба како инструмент за унапредување на правата и слободите на граѓаните, обезбедување на двотретински закон за Уставен суд со којшто ќе се овозможи поголема независност и самостојност на Судот и зајакнување на транспарентноста.Амбададорот Вал го информираше претседателот Костадиновски дека во претстојната развојна стратегија на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, фокус ќе биде ставен на Уставниот суд, а меѓудругото во топ приоритети ќе бидат заеднички констатираните заложби за воведување уставна тужба, зголемување на транспарентноста и јакнење на капацитетите на стручната служба.На средбата беше постигната согласност за продолжување на соработката за склучување на нов Меморандум за разбирање и формирање на тимови кои ќе ги прецизираат сегментите на натамошна соработка со цел унапредување на работењето на Уставниот суд и промоција на вредностите за коишто се залага Мисијата на ОБСЕ во Скопје.”, информираат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

,,По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование, Уставниот суд информира:На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (МОН, Град Скопје и ЈСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации во врска со извршувањето на одлуката за да подготви извештај и за одговорот да го информира Судот.Имено, согласно членот 86 од новиот Акт кој се применува од септември оваа година, Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може од секого да побара податоци и информации во врска со преземените мерки со цел извршување на одлукатаОбврската за извршување на одлуките на Уставниот суд почнува да тече од денот на нивното објавување во „Службен весник” и одлуките на Уставниот суд се извршуваат без одлагање, на што упатува член 85 од Актот.Дополнително, согласно член 90 од Актот, Уставниот суд, има можност по потреба, да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката.Уставниот суд потсетува дека членот 91 овозможува врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот.Во однос на прашањата дали некој се обратил до Уставниот суд да информира дека одлуката не се спроведува, информираме дека досега нема добиено таква претставка. Барањето на информации за спроведување на конкретната одлука се покрена по службена должност и по информациите во јавноста дека одлуката на Уставниот суд која е донесена на 5 декември 2023 година не се извршува.”, велат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

Костадиновски за МИА: После 33 години Уставен од септември почнува реформа во работењето со новиот Акт

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски во интервју посочува дека Судот во јуни направи голема реформа кога го донесе новиот Акт, со којшто практично е унапредено работењето кое претходно цели 30тина години беше предмет на критики за манипулативност на судии, на претседател на Судот, за компромиси со политиката за сензитивни предмети, за бавноста во постапувањето и одлучувањето.Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предмети.-Се предвидува рок за судија известител за поднесување на реферат за седница од 6 месеци, во спротивно да ги образложи причините за пречекорување на рокот. Исто се предвидува рок за претседателот на Судот за доставените реферати да ги изнесе на седница во рок од 30 дена од доставувањето, во спротивно да го извести Судот за пречекорување на рокот. Со оваа битна измена моќта на судијата известител и на претседател на Судот се ограничува, и моќта преминува во Судот, во одлучување на образложенијата од страна на 9 судии. Постапките добиваат цврста временска рамка. И претходно оваа интервенција во Актот ја нареков „антиманипулативна мерка”. Јавно истакнувам дека доследно ќе ги почитувам одредбите од Акот кој стапува на сила од денес (1 септември), истакнува Костадиновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5161

Работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски и амбасадорот на Република Полска Кшиштов Гжелчик

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски го прими на проштална средба амбасадорот на Република Полска во земјава Н.Е. Кшиштоф Гжелчик. На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Република Полска во Република Северна Македонија, Коста Костовски.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за приоритите во неговиот мандат кои ќе се спроведат преку неколку активности и програми, како и за клучните предизвици со кои се соочува Уставниот суд.Во тој контекст претседателот Костадиновски истакна дека реформата која ќе се спроведе со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот од септември оваа година, како новина во уставното судство очекува да даде значаен придонес во заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, како и во апстрактната уставно-судска контрола.Амбасадорот Гжелчик ги поздрави највените приоритети и ја потврди досегашната соработка меѓу двете држави и најави дека ќе се заложи за унапредување на односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Полска.Претседателот Костадиновски изразувајќи задоволство од постигнатото ниво на севкупна соработка помеѓу двете пријателски држави изрази надеж и очекување дека во наредниот период ќе се воспостави билатерална соработка и во областа на уставното судство. Во тој контекст упати формална покана до претседателката на Уставниот трибунал на Република Полска Јулија Пшилебска за посета во најскоро можно време.

Македонија | пред 1 година

IMG_5065

Средба Костадиновски-Гир: Уставниот суд е клучен во обезбедувањето рамнотежа над трите гранки на власта

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ Бозаџиева и проф. д-р Ана Павловска Данева денеска остварија работна средба со амбасадорот на ЕУ Н.Е. Дејвид Гир и неговите соработници.Амбасадорот потенцираше дека ја препознава улогата на Уставниот суд како клучна во обезбедување на рамнотежа над трите гранки на власта во уставниот поредок и во обезбедувањето на владеењето на правото.Претседателот на Уставниот суд Костадиновски, го извести амбасадорот Гир дека во септември и октомври ќе се најдат на дневен ред пред Судот сите предмети кои се од поширок јавен интерес.Во насока на подобрување на работењето на Судот, претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за реформите кои ќе ги спроведува Уставниот суд од септември со примената на новиот Акт. Акцентот беше ставен на одредбите кои ќе поттикнат забрзување на постапките и отчет и на судиите и на претседателот пред Судот за времетраењето при постапувањето по предметите.Костадиновски нагласи дека од особена важност за сите граѓани е новината со која се овозможува Уставниот суд да подготвува посебни извештаи во случаи кога увидува континуирано непочитување на Уставот или законите од страна на доносителите на општи прописи.Како посебно важна новина воведена со новиот Акт на Судот, Костадиновски ја потенцираше постапката во која Уставниот суд ќе може да му одреди конкретен рок на доносителот на некој пропис да ги отстрани уставно-проблематичните одредби со цел да се избегне правен вакуум и да не настанат штетни последици по остварувањето на правата на граѓаните.Амбасадорот Дејвид Гир покажа интререс за размислувањата за Закон за Уставен суд како и за воведување на уставна тужба и искажа силна поддршка за напорите кои Уставниот суд ги вложува за унапредување на транспарентноста.Амбасадорот Гир ја констатираше брзата реакција и донесувањето на Заклучокот со којшто Уставниот суд предупреди дека престанок на функцијата на уставен судија надвор од уставните одредби е грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Судот.Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски се заблагодари за почнувањето на ИПА 3 проектот, при што доби поддршка од амбасадорот Гир за спроведување на проектот кој е во насока на зајакнување на капацитетите на Судот.На средбата беа разменети мислења во врска со најавите за реформи во правосудните тела.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Одговор на Уставниот суд во врска со реакцијата за отфрлената иницијатива за платите на судиите

,,По прашања од повеќе медиуми кои се однесуваат на Решението за отфрлање на иницијативата за платите на судиите, Уставниот суд го дава следниот одговор:Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Судот по предметната иницијатива одлучи, но дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура кои се од исклучително значење за враќањето на угледот и на довербата на граѓаните во правосудниот систем и воопшто во институциите на системот.”, информираат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Денес ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први"

,,Денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски.Потпишувањето на овој Меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, којшто при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката.На потпишувањето на Меморандумот претходеше работна средба минатата недела во Уставниот суд на којашто беше дискутирано за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции.По потпишување на Меморандумот се очекува поголема присутност на професори особено од областа на уставното право во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот, како и воспоставување на програми и проекти, работилници и конференции на кои ќе се разменуваат ставови и мислења на важни теми од значење за уставното судство, кои ќе донесат бенефит за двете страни-потписнички.”, известуваат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

ustaven

Поведена постапка: Уставниот суд се сомнева во дискриминација при државна помош на новородени деца

Уставниот суд денеска поведе постапка за оценка на уставноста на одредби од Законот за заштита на децата кои се однесуваат на државна помош за новороденчиња.Имено, Судот со мнозинство гласови изрази сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството.Според Уставниот суд, во овој закон, конкретно во членот 36 спорни се одредени делови кои ги содржат термините “прво и второ” а се однесуваат на новороденчиња, дел од став 3, како и цел став 2 кој гласи:„За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.”Со одлуката Судот да поведе постапка, значи дека влегува во следната фаза во која ќе ја оценува уставноста на оспорените одредби и нивната усогласеност со членот 8, кој се однесува на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународните права и утврдени во Уставот, членот 9 и членот 42 кој гарантира посебна заштита на децата.Овие законски одредби се однесуваат на семејствата кои во последните три месеци пред да поднесат барање за помош за новороденче имаат вкупен просечен приход понизок од минималната нето плата која била утврдена годината претходно.

Македонија | пред 1 година

IMG_4889

Средба Костадиновски-Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, проф. д-р Сашо Георгиевски.На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.Претседателот д-р Костадиновски го информираше проф. д-р Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на агендата е интензивирање на соработката и интеракцијата меѓу Уставниот суд и науката.Во рамки на предвидените активности, по повод 60-годишниот јубилеј кој го прославува Уставниот суд оваа година, предвиден е Меморандум за соработка со Правниот факултет. Предлог-текстот на Меморандумот беше во фокусот на средбата и се очекува во најскоро време да биде потпишан.„Изразувам искрено задоволство за Вашата подготвеност за соработка, лично сметам дека ставот и позициите на науката по важни општествени и особено релевантни теми за уставното судство се од исклучително значење и не случајно еден од врвните приоритети за мене е поголема присутност на науката, не само теоретски во стратегиите туку и во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот", потенцираше Костадиновски.Деканот Георгиевски ја поздрави подготвеноста и позитивниот пристап за воспоставување поинтензивна соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” и изрази очекување дека двете институции преку Меморандумот ќе имаат заемна корист.

Македонија | пред 1 година

IMG_4403

Претседателот на Уставниот суд поднел пријава за упатени закани по живот кон судија

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4403

Костадиновски: Седниците на Уставен суд ќе се емитуваат во живо

Враќање на довербата на граѓаните во правниот систем ќе биде приоритет во работата на новиот претседател на Уставен суд Дарко Костадиновски, најави тој денеска на својата прва прес-конференција. Кажа дека во моментов довербата во правната држава е на историско ниско ниво и затоа тој ќе се залага тоа да се поправи.„За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори“, рече Костадиновски.Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни по над 10 круга гласање. Тој доби мнозинство од гласовите, а противкандидат му беше колегата Осман Кадриу. Претходно се тркаа Тања Васиќ-Бозаџиева, Ана Павловска-Данева, но откако не добија доволно (6) гласови од вкупно 9-те уставни судии, беше предложен Костадиновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

Кој е новиот претседател на Уставен: Советник на Иванов, критикуван дека не знае право од Камбовски...

По скоро една недела натегања со гласови, Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд. Тој ги добил потребните шест гласови, што е 2/3 од вкупниот број судии. Неговиот мандат ќе биде три години на чело на овој суд.Костадиновски и е познат на јавноста по критиките кои ги доби од академик Владо Камбовски. Во 2019 година, Камбовски му посочи на новоизбраниот претседател на Уставен, дека не ја разбира азбуката на правото и на Уставот и се чудеше како тој може да биде уставен судија.Костадиновски беше предлог на експретседателот Ѓорге иванов за уставен судија. Тој пред оваа функција беше советник на Иванов и во времето на амнестијата која тогашниот претседател ја даде за осомничените и сведоците во случаите на СЈО.Се обидоа, но не успеаа, уставни судии да станат и Осман Кадриу, Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ Бозаџиева.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања