Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Здружението на правници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kostadinovski-ustaven-1

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Здружението на правници, проф. д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка.

Со потпишувањето на Меморандумот ќе се интензивира соработката помеѓу судиите, советниците и членовите на Здружението преку организирање на едукативни работилници за размена на информации за правото на ЕУ и други меѓународни организации чија улога е клучна во градењето на механизмите на заштита на човековите слободи и права.

Оваа соработка се реализира во период кога Уставниот суд одбележува значаен јубилеј, 60 години од основање и крајната цел е унапредувањето на уставно-правната култура во нашата држава и Судот ги отвора вратите за соработка и со струката, со правниците, рече претседателот Костадиновски.

— реклама —

„Целта ни е идентична, да ја слушнеме, да ја консултираме правната мисла за важни уставно-правни предизвици кои ни се појавуваат во анализите на иницијативите од граѓаните и барањата за заштита на слободите и правата. Со Здружението на правници на Република Северна Македонија несомнено споделуваме една заедничка мисија, заедно да придонесеме и да го заштитиме владеењето на правото, развојот на демократијата и на демократските принципи и почитување на човековите слободи и права. Да придонесеме во нашето општество да се подигне и да се врати довербата на јавноста во судската власт, судиите и во правничката професија воопшто”, потенцираше Костадиновски.

Претседателот на Здружението Коевски ја поздрави иницијативата за соработка од страна на Уставниот суд, и ги претстави идеите за заеднички активности.

— реклама —

„Особено ми е чест што во нашите дебати на исклучително значајни теми и општествени прашања ќе вклучуваат и судии на Уставниот суд чие мислење е повеќе од добредојдено. Ме радува фактот што правната мисла ќе биде добие на вредност, па преку заеднички организирани настани ќе се дадат одговори на суштински прашања кои не’ засегаат сите”, рече Коевски.

— реклама —

Се најавува можност за поактивно учество на членовите на Здружението на јавните расправи и подготвителни седници на Судот за прашања од заеднички интерес на сите граѓани.

„Уставните судии се подготвени да ги споделат своите искуства, дилеми и предизвици со кои се соочиле или соочуваат при носење на своите одлуки по одделни спорни, уставно-судски прашања, преку активно учество на годишните средби на правниците во организација на Здружението или друг вид на настани во заедничка организација”, најави претседателот на Судот, Костадиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставниот суд со остри критики: Не нè користете за дневнополитички пресметки

Македонија | пред 3 седмици

sudija

Уставните судии си ги вратија повисоките плати, од октомври ќе земаат најмалку 200 евра повеќе

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања