Промени тема
Контакт

Претседателот на Уставниот суд се сретна со холандската амбасадорка: Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Су...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
darko-kostadinovski-ustaven-2

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Н.Е. Узлем Џанел.

— реклама —

Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката Џaнел со неговите јавно прокламирани приоритети кои се во насока на зајакнување на улогата на Уставниот суд во обезбедувањето на со Устав определената надлежност да ја штити уставноста во поредокот и да го обезбеди владеењето на правото.

— реклама —

„Високо ја ценам улогата, посветеноста и помошта од Кралството Холандија за Република Северна Македонија во унапредувањето на капацитетите и обезбедувањето на владеењето на правото. Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Судот и во тој поглед ние сме на иста страна“, нагласи претседателот Костадиновски”.

— реклама —

Амбасадорката Џанел ги поздрави приоритетите на претседателот и заложбите на Уставниот суд во заштитата на уставноста.

— реклама —

„Мојата земја е високо посветена на темата владеење на правото како императив и темел на секое демократско општество. Подготвени сме да ги разгледаме можностите и за потесна соработка со Уставниот суд“, истакна амбасадорката Џанел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања