Промени тема
Контакт

Работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски и амбасадорот на Република Полска Кшиштов Гжелчик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5161

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски го прими на проштална средба амбасадорот на Република Полска во земјава Н.Е. Кшиштоф Гжелчик. На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Република Полска во Република Северна Македонија, Коста Костовски.

— реклама —

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за приоритите во неговиот мандат кои ќе се спроведат преку неколку активности и програми, како и за клучните предизвици со кои се соочува Уставниот суд.

— реклама —

Во тој контекст претседателот Костадиновски истакна дека реформата која ќе се спроведе со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот од септември оваа година, како новина во уставното судство очекува да даде значаен придонес во заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, како и во апстрактната уставно-судска контрола.

— реклама —

Амбасадорот Гжелчик ги поздрави највените приоритети и ја потврди досегашната соработка меѓу двете држави и најави дека ќе се заложи за унапредување на односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Полска.

— реклама —

Претседателот Костадиновски изразувајќи задоволство од постигнатото ниво на севкупна соработка помеѓу двете пријателски држави изрази надеж и очекување дека во наредниот период ќе се воспостави билатерална соработка и во областа на уставното судство. Во тој контекст упати формална покана до претседателката на Уставниот трибунал на Република Полска Јулија Пшилебска за посета во најскоро можно време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања