Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

,,По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование, Уставниот суд информира:

На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (МОН, Град Скопје и ЈСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации во врска со извршувањето на одлуката за да подготви извештај и за одговорот да го информира Судот.

— реклама —

Имено, согласно членот 86 од новиот Акт кој се применува од септември оваа година, Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може од секого да побара податоци и информации во врска со преземените мерки со цел извршување на одлуката

— реклама —

Обврската за извршување на одлуките на Уставниот суд почнува да тече од денот на нивното објавување во „Службен весник” и одлуките на Уставниот суд се извршуваат без одлагање, на што упатува член 85 од Актот.

— реклама —

Дополнително, согласно член 90 од Актот, Уставниот суд, има можност по потреба, да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката.

Уставниот суд потсетува дека членот 91 овозможува врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот.

Во однос на прашањата дали некој се обратил до Уставниот суд да информира дека одлуката не се спроведува, информираме дека досега нема добиено таква претставка. Барањето на информации за спроведување на конкретната одлука се покрена по службена должност и по информациите во јавноста дека одлуката на Уставниот суд која е донесена на 5 декември 2023 година не се извршува.”, велат од Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryerls0peug1e82BrpQ75

(Видео) Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?!

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
jsp

ЈСП денес ќе сообраќа по неделен возен ред

Скопје | пред 2 седмици

jsp-avtobus

Автобусите во Скопје со зимски возен ред, изменети траси на повеќе линии

Македонија | пред 3 седмици

zicnica-696x463

Жичницата на Водно нема да работи за викендот поради технички проверки

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања