Промени тема
Контакт

Поведена постапка: Уставниот суд се сомнева во дискриминација при државна помош на новородени деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ustaven

Уставниот суд денеска поведе постапка за оценка на уставноста на одредби од Законот за заштита на децата кои се однесуваат на државна помош за новороденчиња.

— реклама —

Имено, Судот со мнозинство гласови изрази сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството.

— реклама —

Според Уставниот суд, во овој закон, конкретно во членот 36 спорни се одредени делови кои ги содржат термините “прво и второ” а се однесуваат на новороденчиња, дел од став 3, како и цел став 2 кој гласи:

„За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.”

— реклама —

Со одлуката Судот да поведе постапка, значи дека влегува во следната фаза во која ќе ја оценува уставноста на оспорените одредби и нивната усогласеност со членот 8, кој се однесува на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународните права и утврдени во Уставот, членот 9 и членот 42 кој гарантира посебна заштита на децата.

— реклама —

Овие законски одредби се однесуваат на семејствата кои во последните три месеци пред да поднесат барање за помош за новороденче имаат вкупен просечен приход понизок од минималната нето плата која била утврдена годината претходно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања