Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Не се поведува постапка за оценување на 3 члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, велат од Уставниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ustaven

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Имено, не се прифатени наводите во иницијативите на политичката партија Левица, Хелсиншки комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање бидејќи Судот не најде неуставност во одредбите кои уредуваат меѓу другото и прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење.

За потсетување, со оспорениот член 117-а е предвидено дека по исклучок за работа на проекти од стратешко национално значење, а поради потребата од контитуниет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна писмена согласност на работникот.

Според Уставниот суд неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа. Таа е определена токму во ставот 2 на оспорениот член, односно дека работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор во согласност со членовите 133 и 134 од Законот за работните односи. Токму овие членови го регулираат правото на дневен одмор, односно правото на работникот да има дневен одмор од 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена и правото на работникот на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато.

— реклама —

Во однос на писмената согласност од страна на работникот. Членот 32 став 4 од Уставот предвидува дека секој има право на платен дневен неделен и годишен одмор и дека од тие права вработените не можат да се откажат. Токму формулацијата на оспорената законска одредба дека „ниту еден работник не може да биде распореден да работи прекувремена работа без негова согласност” според Судот упатува дека прекувремените работни часови се негов избор, а не обврска.

— реклама —

Писмената согласност претставува дополнителна заштита на работникот дека не може да му биде наложена прекувремена работа спротивно на неговата волја и над законскиот лимит. Во овој контекст Судот ја земаш предвид и Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 година која ги гарантира социјалните и економски човекови права, и којашто во Македонија се применува од 2005 година. Според таа Повелба признато е правото на правична заработувачка, но и правото на зголемена заработувачка на работниците за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи.

Уставниот суд оцени дека оспорениот член 1 не е во спротивност со членот 32 од Уставот според кој правата на вработените се остваруваат со закон и колективен договор, односно Судот оцени дека во конкретниот случај не постои загрозување на правата од работен однос, затоа што тој член не се однесува на правото на работникот на плата.

— реклама —

Во однос на наводите за евентуално нарушување безбедноста и здравјето при работа на работниците, Уставниот суд нема надлежност да се впушта во расправа за претпоставени прашања, земајќи го предвид фактот дека тие односи меѓу работникот и работодавачот се уредени со договри за работа, а должност е на Државниот инспекторат за труд да проверува дали тие права и обврски се почитуваат.

Согласно член 117 став 6, работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор за труд што претставува посебна заштита на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставниот суд со остри критики: Не нè користете за дневнополитички пресметки

Македонија | пред 3 седмици

sudija

Уставните судии си ги вратија повисоките плати, од октомври ќе земаат најмалку 200 евра повеќе

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања