„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вејце

IMG_20240428_133320_996

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце ​​​

На денешен ден пред 23 години се случи најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Од заседа масакрирани, а потоа живи запалени и ѕверски биле убиени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.Во нивна чест, денес во Битола беше посетен Споменикот на Бранителите, од Генералниот секретар и Носител во ИЕ5 Јована Мојсоска, Советникот Горан Велевски и Секретарот на ЛО Битола Бранислава Стојановиќ. Положено беше свежо цвеќе и беше оддадена почит на загинатите.Членови на ЛО Битола го посетија и родното место на загинатиот бранител Илче Стојановски, Породин. Положија свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите од Вејце и присуствуваа на настанот оджржан во чест на Бранителот Илче Стојановски.И после 23 години, бранителите и нивните семејства се заборавени, а терористите на УЧК се амнестирани и во институциите. Воени злосторства не застаруваат и правда за македонските херои кои го положија животот за Македонија мора да има.

Македонија | пред 1 година

vejce

Навршуваат 23. години од најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Република Македонија

Денеска се навршуваат 23. години од најкрваиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Република Македонија. Масакрот кај Вејце се случи на 28. април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени.Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.Членови на семејствата на згинатите заедно со претставници од општините Битола и Новаци и претставници од СВР-Битола денес положија свежо цвеќе пред споменикот во дворот на СВР-Битола и пред споменикот „Ангел“ во близина на градскиот часовник во Битола.

Македонија | пред 1 година

1

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на настан на покана од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои.За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Volkot-boban-trajkovski-750x430-1

Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања