Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Снопче бара промена на спомен-плочата за Вејце: „УЧК не се терористи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library012m5n82sc5paS3Xagv

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, побара итна промена на текстот на спомен-плочата за загинатите кај Вејце, оценувајќи дека формулацијата со која припадниците на УЧК се нарекуваат „терористи“ е навредлива и неприфатлива.

— реклама —

Реакцијата следи по објавата на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој на годишнината од настанот положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Илинден“ во Скопје.

— реклама —

Снопче во јавната реакција посочи дека натписот „паднати во војна против албанските терористи“ претставува, како што наведе, „отворена рана“ за многу семејства и порака која ја продлабочува поделбата во општеството. Тој праша како може да се зборува за соживот и европска иднина додека, според него, во институциите постојат формулации што навредуваат дел од граѓаните.

„УЧК и нејзините борци не се терористи. Тие се дел од нашата историја“, наведува Снопче, барајќи текстот на спомен-плочата да биде изменет.

— реклама —

Од друга страна, Мисајловски во својата објава истакна дека со полагањето цвеќе се оддава почит на загинатите припадници на безбедносните сили, нагласувајќи дека нивната жртва останува трајно врежана во колективното сеќавање.

— реклама —

Настанот кај Вејце се случи на 28 април 2001 година, кога загинаа осум припадници на безбедносните сили – четворица од армиската единица „Волци“ и четворица полициски службеници. Спомен-обележјето во касарната „Илинден“ е посветено на нивниот спомен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-06-11-171251

Снопче: Илире Даути продолжува да биде претседател на Комисијата

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања