Сепаратистите од Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружија: „Нашите нации имаат право на самоопределување“
Лидерите на партиите кои се залагаат за отцепување од Обединетото Кралство се сретнаа во Кардиф и порачаа дека иднината на Шкотска, Велс и Северна Ирска ја гледаат во Европската Унија. Шкотската национална партија (SNP), велшката Plaid Cymru и Sinn Fein потпишаа заеднички договор со кој го истакнуваат правото на своите народи на самоопределување. Иако се согласуваат околу долгорочните цели, партиите имаат различни планови за тоа како и кога да се спроведат уставните промени, пренесува „Еуроњуз“.
Свет | пред 5 дена