ВЛЕН

ali-ahmeti

ВРЕДИ: „Фронтот на Ахмети и Села е без компас“

„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен кадровски и програмски ремонт пред воопшто да почнат да се обидуваат да ја бараат довербата кај Албанците. Меѓутоа, тие наивно потценувајќи ја интелигенцијата на народот, упорно сакаат демократската околност што не се дел и од оваа Влада да го претворат во причина за меѓуетнички тензии. Тоа што оваа подмолно сценарио не им поминува кај Албанците, кои јасно им ставаат до знаење дека нема да станат алатка за заштита на нивните поранешни корумпирани функционери, ги прави Ахмети и Села фрустрирани, збунети и без компас. Цело лето најавуваа есенски протести, па се префрлија на средби со нивното разочарано членство, пишуваат патетични писма и ги тераат пратениците да бидат подвижни паноа“, велат од ВРЕДИ.„Коалицијата ВРЕДИ ја потсетува дезориентираната Албанска опозиција дека и должи на јавноста одговори на многу чувствителни прашања кои се останати во нивната меморија како заштитен знак на нивниот режим и потсетници за нивното сегашно лицемерие и дволичност. Зошто „западњаците“ од ДУИ му се поклонија на Лавров среде Скопје? Зошто додека беа власт му дадоа државјанство на Александар Онишченко, додека илјадници Албанци родени во Македонија ги оставија без државјанство? Зошто му дадоа бизниси во Тетово на Дака Давидовиќ, кој е на црна листа на САД?Зошто Ахмети не пишуваше писма за одбрана на Албанците кога беше дел од Владата на Груевски и Мијалков? Зошто Ахмети одлучи да го спречи Арбен Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори и ги повика гласачите на бојкот на гласањето за Претседател на 8 мај? Зошто Ахмети лажно тврдеше дека е сигурен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, затоа што наводно ја има поддршката на стратешките меѓународни партнери? Кој е креатор на срамната понуда на ДУИ, изречена во собраниската канцеларија број 161 за влез во Влада наместо ВРЕДИ, со четири министерства, без Претседател на Собрание и ветување за теренска поддршка за да се изберат Македонци за градоначалници во Струга и Кичево на локалните избори во 2025?Зошто Ахмети преку своите инсталации во правосудниот систем се обидува да ја дестабилизира земјата преку одлуки за задржување на воинот на УЧК Блерим Рамадани во притвор, укинување на балансерот, Законот за бранители и проблематизирање на употребата на Албанскиот јазик?Како и со чии милиони евра Дрин Ахмети стана сопственик на Соравија?Колку тендери внуците на Ахмети имаат добиено благодарение на режимот на ДУИ? Каде се милионите од казино бизнисите на Артан и Прпарим?Колку народни пари се завршени во џебовите на функционери на ДУИ? Зошто Ахмети и Османи активно работат против полноправното членство во ЕУ со спречување да се случат уставни измени?Се додека нема одговори на овие и многу други прашања, фронтот на Ахмети и Села нема што да бара од Албанците. Коалицијата ВРЕДИ е надежта на Албанците!“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-14.26.47

Продолжува злоупотребата на државните канцеларии од страна на Изет Меџити, за партиски состаноци, обвинува Алијанса на Албанците

„Лидерите на коалициските партии во нелегитимната Влада грубо ги злоупотребуваат државните институции и ресурси“, стои во соопштението на Алијансата на Албанците односно крилото на Зијадин Села и додаваат:И како член на ДУИ, и како градоначалник на општина Чаир, но и сега како член на ВЛЕН, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности.Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за злоупотреба на државните институции од политички функционери за партиски цели. Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци.Ваквите постапки се неподносливи и сериозно законско прекршување и го откриваат вистинското лице на коалиционите партии ВЛЕН, кои државните институции ги гледаат само како алатка за партиски придобивки.[caption id="attachment_309270" align="alignnone" width="1080"] Фотографија испратена од Алијансата на Албанците[/caption]

Македонија | пред 1 година

Rijad-Shaqiri-1

(Видео) Ако не се случат уставните измени, Македонија не треба да постои како држава, рече Шаќири од ВЛЕН

Пратеникот на ВЛЕН, Ријад Шаќири вчера имаше шокатна изјава по однос на уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.Водителот неколку пати му го поставуваше истото прашање на пратеникот на Влен, што ќе се случи доколку не се донесат уставните измени и дали Влен ќе ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ?Шаќири невешто го избегнуваше одговорот за на крај да изјави дека доколку не се случат уставните измени Македонија не заслужува а постои како држава.-Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава, ако нема перспектива за членство во Европската Унија, не треба да постои како држава, изјави Шаќири.Пратеникот Скендер Реџепи, кој беше дел од Алтернативата, а сега дејствува како независен пратеник, прв од пратениците доби збор на седницата за уставните измени за вметнување на Бугарите. Тој бараше да се избрише формулацијата „20 отсто“ од Уставот при измените што треба да се донесат следниот период. Реџепи рече дека со вметнувањето на Бугарите ќе се отворат хоризонтите кон ЕУ, но во државата ќе има меѓуетнички тензии. Според него, Албанците не смее да бидат заложници.„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.Oва не изолиран инциден па така истиот тој Шаќири од ВЛЕН во реплика на пратеникот Борислав Крмов ијзави „ќе се молиме секаде каде што сакаме и треба, а шота ќе се игра во Тирана, Скопје и Приштина“.Шаќири истакна дека Албанци го ослободувале Скопје во 1913 и дека сите практики кои важеле до сега ќе важат и отсега.ВМРО-ДПМНЕ немаше никаков одговор на навредите кон македонскиот народ од пратеникот Ријад Шаќири!

Македонија | пред 1 година

IMG_2246

Портпаролот на ВЛЕН ги замрзна политичките функции по веста дека неговиот татко имал полови дејства врз 16-годишно дете

Портпаролот на владеачката ВЛЕН, Фари Хисени, ги замрзнува своите политички активности откако Јавното обвинителство соопшти дека за 58-годишен скопјанец постои сомнение дека извршил полови дејствија врз дете родено во 2008 година. Според медиумите станува збор за татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.Еве што соопшти Хисени:“Длабоко сум шокиран и повреден од веста што се појави во медиумите за мојот родител. Не можам да го најдам вистинскиот збор да го опишам овој момент!Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата!Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање.Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува.Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство.Ни треба простор да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста”.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВЛЕН: СДСМ е гласноговорник на ДУИ

,,Опозицијата е целосно грогирана од изборниот пораз. Стравот од тоа што следи им ја одзема способноста да размислуваат рационално. Така СДСМ не сфаќа дека сега ДУИ го користи како гласноговорник.Бидејќи криминализираното раководство на ДУИ се обиде да издејствува Блерим Рамадани да биде екстрадиран во Србија за да креира тензии и да го обвини ВЛЕН за предавство, сега му сервира лажни информации на СДСМ.И така очајот за медиумско внимание си го прави своето. Тие мислат дека со вакви наводно бомбастични приказни ќе ја покријат внатрешната слабост. Затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да не се однесуваат по онаа народната “гладна кокошка просо сонува”!Нека ја почекаат конечната одлука на судовите за екстрадицијата пред да изнесуваат небулози. И може да бидат целосно сигурни дека владината коалиција не може да ја раздрмаат структури до гуша заглавени во политичка корупција кои се во паничен страв од кривична одговорност.”, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВЛЕН: ДУИ ги жртвува Албанците за да се спаси од кривична одговорност

,,ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата Влада само за да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот.“Мувлата на ДУИ” не се достоинствените и чесните Албанци во администрацијата, туку нивните заслепени партиски војници на кои поважно им е криминализираното раководство во Мала Речица отколку правдата и функционирањето на системот.Синоним за “мувлата на ДУИ” е срамната спогодба на Иџет Мемети со “Абазиското обвинителство” за да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари.Синоним за “мувлата на ДУИ” е да издејствуваш три правни акти за да го принудиш правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на УЧК во Србија, пред да се изјасни Врховниот Суд, само за да предизвикаш тензии и да ги обвиниш ВРЕДИ.Синоним за “мувлата на ДУИ” е да најавуваш дека ќе го напуштиш ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да нема доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД.Ова деструктивно однесување на ДУИ е препознаено од мнозинството Албанци и ќе биде жестоко казнето.”, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВЛЕН: Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса

„Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса. Претседателот на Собранието, Африм Гаши не може да биде виновен што граѓаните сурово ги казнија. Изгледа таквата порака не им е доволна, штом продолжуваат да манифестираат врвно лицемерие. Пред да одржуваат прес конференции чија единствена цел е обид за отргнување на вниманието од нивните внатрепартиски проблеми, го повикуваме СДСМ да одговори, зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче возеа моторцикли, надвор од границите на Северна Македонија, во придружба на државно обезбедување? Дали тогаш тоа беше за нив етички и безбедносен протокол согласно законот или скандалозно однесување, како што сега тврдат? Африм Гаши со своето семејство уредно ја поминал границата и тој никогаш не поминувал ниту еден граничен премин пешки, како некој други!“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

IMG_6154

Меџити: ВЛЕН ги исполнува ветувањата

,,Едно од нашите предизборни ветувања беше дека ќе ги преземеме сите неопходни чекори за третирање на една од нај негативните општествени појави – коцкањето. ВЛЕН има ПЛАН за справување со штетните последици од коцкањето и истиот почна да се спроведува. Онака како што ветивме. Првиот чекор од овој план е тргнувањето на коцката од домовите.Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на министрите на ДУИ, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе во домовите и младината стана уште полесна цел на крајно девијантни појави.Затоа, поднесовме Барање за автентично толкување на член 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри за да добиеме прецизно толкување дали одлуката на претходната Влада и раководството на Државна лотарија за интернет коцкање има законски основ. Автентичното толкување е изгласано од мнозинството пратеници и со него се предвидува дека интернет игри на среќа може да се организираат само врз основа на важечка лиценца.Земајќи предвид дека сите компании кои во времето на Артан Груби и Прпарим Бајрами учествуваа на јавен повик и беа избрани да организираат интернет коцкање немаат лиценци, тоа значи веднаш и без одлагање ја тргнуваме коцката како општествено зло од домовите на нашите граѓани.Следната точка од планот за справување со штетните последици од коцкањето е покренување соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службена положба и овластувања на сите надлежни кои учествувале во донесување на незаконити одлуки поврзани со организирање различни видови игри на среќа. Конечно, веќе работиме и во разумен рок Владата ќе му предложи на Собранието нов закон за игри на среќа и забавни игри, кои ќе содржи низа одредби со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за коцкање ќе се намали минимум за половина.Во рамки на владејачката коалиција има политичка волја овој план да се спроведе во целост.Преминуваме на дела!”, вели Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti

„Донеле одлука дека нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија“, политичарот Меџити соопштува судска одлука која уште не е конечно донесена

Блерим Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија, одлучиле судските истанци, според вицепремиерот Изет Меџити, кој се обрати од партиската говорница на „ВЛЕН“. Тој не сакаше да го коментира бегството, ама сакаше да каже дека Рамадани кој се бара за воени злосторства од Србија, е слободен човек. Се повика на одлука на Судскиот совет, иако ова тело нема никаква поврзаност со тоа дали екстрадицијата на Рамадани ќе биде дозволена или не.„Знам дека Судскиот совет донел одлука дека аргументите на Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука, тоа станува судска пракса. Таа судска пракса веројатно треба да не насочи да делуваме како сите европски држави. За овој период, Србија дава неточни информаци кои не треба да се сфатат сериозно во иднина“, рече Рамадани.Интересно е што на денешната седница на Судскиот совет не беше соопштено, ниту може да биде соопштено од нив дека екстрадицијата на Рамадани не е одобрена или одобрена. Дотолку повеќе што конечната одлука ја носи Врховниот суд и истата според информации на „Скопје1“ до овој момент не е донесена.Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.За потсетување, Блерим Рамадани избега благодарение на судската одлука на судијата Пајазит Пајазити, кој го извади од зад решетки и му одреди куќен притвор. За него е формирана комисија која ќе го испитува постапувањето.

Македонија | пред 1 година

merko

Да го имаш Мерко во своите редови, главен емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за ветинг е дрско потценување, им велат ВЛЕН на ДУИ

„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг“, велат од ВЛЕН и додаваат:„Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.

Македонија | пред 1 година

gasi-gashi-afrim

Влен го брани Гаши: Со фанфари се бара политичка одговорност, се прави конструкција со обезбедувањето

„Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста“, велат од Коалицијата ВЛЕН.Тие додаваат:„На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор.Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и да некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено.Пратениците на ВЛЕН се подготвени да ја бранат честа на Албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите. Клучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистината!“.

Македонија | пред 1 година

Bashkim-Murtezi-press-1

Запнале по секоја цена да има Академијата на Албанците за наука и уметност: нов состанок на ВЛЕН

Денес, на работен состанок, се одржа состанок на Политичкото координативно тело на ВЛЕН, при што беше дадена политичка поддршка и поголем легитимитет на новата иницијатива за Академијата на Албанците за наука и уметност.„Политичкото координативно тело ја реафирмираше дека оваа амбициозна иницијатива има за цел да создаде важен центар за развој на научните истражувања, унапредување на уметностите и зачувување на албанското културно наследство.Создавањето на оваа Академија е важен чекор кон подигање на стандардите на образованието и научната креативност во нашата земја. Обезбедувајќи платформа за истражувачите, уметниците и интелектуалците од албанската заедница, Академијата ќе овозможи размена на знаења и таленти, поттикнувајќи нова култура на совршеност и иновации.Членовите на координативното тело се согласија дека оваа иницијатива, и покрај острите реакции, било да се тие од албанска или македонска страна, има своја благородност бидејќи се работи за знаење, култура и граѓанство, а не за создавање разлики во нашето мултиетничко општество, ниту за освојување политички поени.По состанокот, членовите изразија уверување дека оваа иницијатива ќе понуди нови можности за соработка и развој, помагајќи во подобрувањето на квалитетот на образованието и научната креативност.ВЛЕН нагласува дека оваа иницијатива ќе биде референтна точка за сите оние кои се заинтересирани за напредокот на знаењето и уметноста, создавајќи поволна средина за иновации и креативност. Затоа, остануваме целосно посветени на обезбедување на Академијата на Албанците за наука и уметност да ги постигне своите амбициозни цели, носејќи големи придобивки за нашето општество.На крајот, ги повикуваме сите истражувачи, уметници и интелектуалци да се приклучат на оваа важна иницијатива и да придонесат за изградба на посветла иднина за албанската наука и уметност“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

,,Коалицијата ВЛЕН ја поздравува и поддржува секоја активност која има за цел зајакнување на правото и редот во Северна Македонија. Веруваме дека гонењето на незаконските дејства и корупцијата е клучно за обезбедување на правичен и равноправен систем за сите граѓани.Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за "опструкција на правдата", која се сомнева дека е извршена еден ден пред парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува Бектеши била дел од октопод на криминал, корупција и крадење на гласовите. Овој случај е силна потврда дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само крадење од граѓаните, туку и невиден притисок врз Албанците за да го изразат својата слободна волја преку гласање.Коалицијата ВЛЕН секогаш ќе се залага за владеењето на правото, а никогаш за политички реваншизам. Затоа, ги повикуваме правосудните органи преку правилна и правична постапка предметното лице да ја докаже својата невиност или да се докаже неговата вина во зависност од доказите.”, соопштија од коалицијата ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi-dui

ВЛЕН: ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот

ВЛЕН испрати соопштение во кое посочуваат дека октоподот на криминалот и корупцијата, ДУИ и нејзините сателити, кои, како што велат коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.,,На опозициската ДУИ ѝ е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите! Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и на граѓаните, особено на Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“, стои во соопштението на ВЛЕН.ДУИ, посочуваат има полна уста со лажен патриотизам во опозицијата, но ги потсетуваат на криминалите:,,Нема да дозволиме нивните скандали да бидат заборавени. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради империја за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, заедно со неговиот син, се одмора во суперлуксузните хотели во Турција, каде една ноќ чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравина за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со огномет.Блерант Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правниот испит пред да дипломира, а потоа станал обвинител. Да не зборуваме за Лотаријата и игрите на среќа во режија на Запарим Бајрами и Артан Груб кои ги зафатија нашите маала. Очекуваме органите на прогонот да ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните и да ја вратат вербата во владеењето на правото“, обвинува ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Денеска леат крокодилски солзи, во 2019 година ОсманИ и Груби побараа да се преиспита одлуката за назначувањето на Еролд Муслиy, велат од ВЛЕН

„Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциитњ, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“, велат од ВЛЕН и додаваат:Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.И, за крај..Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања