ВЛЕН

media-librarysn14t9b416k47UuV3IP

Филипче со проценка: „Можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите, ВМРО прави сè за својот интерес“

На новинарско прашање дали е можно по изборите да дојде до промена во владејачката коалиција и ВЛЕН да биде заменета со ДУИ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:„Мислам дека е сè можно кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така е лесно да го кажуваат. Тоа го видовме и сега, и изминатата година, и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред 4 години, таму кај што имаат сега градоначалници едноставно не се исполнети. Мислам дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни сè да направат,“ изјави Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqkp9ak61hkce2EgcBVV

Азири: Османи нека каже колку денови како министер бил со Чаирци

Бујар Османи треба да одговори колку денови вкупно поминал сограѓаните на Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски ина СДСМ, прашува ВЛЕН.Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВЛЕН во Чаир, денес го критикуваше кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи, за недостаток на реален интерес кон граѓаните и за преголем фокус на прашања кои се надлежност на централната власт."Кандидатот на опозицијата за општина Чаир,Бујар Османи не гоинтересираат жителите на Чаир, нив ги доживува како алатка заостварување на личните цели. Тој ниту ги знае точните надлежности наопштината, ниту може да ги препознае вистинските потреби на граѓаните.Затоа највеќе сака да зборува за теми од надлежност на централнатавласт“, рече Азири.Како пример, тој го наведе начинот на кој Османи зборува за албанскотообединување во 90-тите години и за политичките активности во 90-тите иво 2001 година, како да бил директно вклучен, иако во 1991 година ималсамо 11 години, а во 2001 само 21 година.„За жал неговите амбиции очигледно го тераат количината на измислици штосекојдневно ги пласира да добиваат размер на епски лаги. Еден пример екога зборуваше за албанското обединување во деведесетите години наминатиот век и даваше оценки како да бил директен учесник. Бујар во 1991имал 11, а во 2001 21 година, а без никаков срам  говори како да билактивен во процесите на етаблирање на албанската политичка сила и воУЧК. Опседнатоста на Бујар себеси да си дава некакви историски улоги гизагрижува и неговите најблиски соработници кои се повеќе се сомневаат воисправноста  на неговите проценки. Вакво потценување на интелигенцијатана Албанците не е видено во поновата политичка историја “, додадепортпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир.Азири предупреди дека нема да биде изненадување ако Османи тврди декабил дел од претседателскиот кабинет на Ибрахим Руговa во Косово."Нема да не зачуди ако следно каже дека бил и во претседателскиоткабинет на Ибрахим Ругова на Косово.  Затоа, ваквите интересџии какоБујар, ќе бидат збришани на локалните избори. Конечно, нека одговориБујар Османи колку дена вкупно поминал со граѓаните во Чаир за време нанеговите мандати во владите на Груевски и СДСМ за да има образ сега даја бара нивната доверба?“ зaклучи Азири.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-taravari-1

Алијансата за Албанците: ВЛЕН да не ја обвинува албанската опозиција, вината е кај ВМРО, ЗНАМ и српската партија

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, остро реагираше на ставовите на ВЛЕН, нагласувајќи дека вината за политичките состојби не треба да се бара кај албанската опозиција, туку кај нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.„Злото на ВЛЕН не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери. Со своите антиалбански политики, тие секојдневно го користат и деградираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците,“ порачуваат од Алијансата.Од партијата предупредуваат дека дискриминацијата врз Албанците се случува отворено, пред очите на функционерите на ВЛЕН, и дека одговорноста за тоа не може да се префрлува врз опозицијата. „Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери. Вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор Христијан Мицкоски,“ наведуваат.Алијансата порача дека ВЛЕН треба да се повлече од „екстремната влада против Албанците“ и да се врати кон народот, порачувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за сите штети. „Никој нема да ги амнестира ако продолжат да бидат дел од оваа влада која секојдневно го демонтира Охридскиот договор и ги понижува Албанците,“ се вели во реакцијата.Од таму додадоа дека граѓаните очекуваат визија и одговорност, а не оправдувања за опстанок на власт. „Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален,“ предупредија од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 5 месеци

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Македонија | пред 5 месеци

sela-vo-pretres-3

ВМРО предлага вработувања во полицијата "без оглас" и "без правична застапеност", ВЛЕН ги брани, обвинува Алијанса на Албанците

„Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас. Кога ќе го разгледаме досегашниот пристап на оваа влада, лесно е да се разбере дека вработувањата без оглас ќе важат само за Македонци и партиски милитанти на ВМРО“, велат од Алијансата на Албанците и додаваат:Ова јасно се гледа во предлогот во првиот став од членот 97, кој го дефинира вработувањето, да се додадат зборовите „и без јавен оглас“, додека во вториот став да се отстранат зборовите „По исклучок“, што значи дека вработувањата без оглас ќе се вршат во секое време.Во целата оваа ситуација, партиите од коалицијата ВРЕДИ и заменик-министерот за внатрешни работи, наместо да го спречат ова, избраа да дејствуваат како адвокати на ВМРО и да ги релативизираат нападите врз Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ очекува победа на локалните избори, можна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг

Синоќа владиниот коалициски партнер ВРЕДИ го отвори Централниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, како почеток на подготовка за претстојните локални избори закажани за средината на октомври оваа година.Лидерите на коалицијата, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Фетаи покажаа силна верба во победата на овие избори.Изет Меџити изјави дека коалицијата ангажирала професионални агенции за спроведување анкети и дека имаат намера да ги предложат најдобрите и најуспешните кандидати кои треба да бидат добри менаџери кои ќе работат во интерес на граѓаните.„Ова се локални избори и главен критериум е да бидат добри менаџери кои ќе сработат во интерес на граѓаните”, рече Меџити.Можна е поддршка на кандидатите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите.

Македонија | пред 7 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ: Носиме промени и ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните

Партијата ВРЕДИ се пофали со сработеното за 11 месеци. Наброја зголемени плати, пензии и капитација, инвестиции и вработувања.„За само 11 месеци ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани. Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 8 месеци

taravari-medziti-vredi-koalicija

ВЛЕН останува засега со девет пратеници

Кабинетот на претседателот на Собранието извести за промените во составот на пратеничките групи, по излегувањето на Алијанса на Албанците на Таравари од Владата.Спикерот Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН.Во согласност со известувањето:• Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.• Сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН ги задржува и сегашните девет пратеници:1. Африм Гаши2. Аднан Азизи3. Беким Ќоку4. Калтрина Беќири5. Имерлије Салиу6. Саранда Имери7. Фериде Хаџиу8. Мерита Колчи Коџаџику9. Беким СалиСо излегувањето на Таравари, доколку нема партиски прелети или ако нема договор за одредени закони во прашање се доведува бадентеровото мнозинство.

Македонија | пред 8 месеци

taravari-vredi-koalicija

ВЛЕН:Ќе ги исчистиме политичките отпадоци и фосилите на ДУИ

ВЛЕН се огласи со свој став за ,,Викендот за чистење”. Велат тоа не е само симболична акција таа е одраз на европските вредности во пракса.Во оваа корисна учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН.„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена.Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото, во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат.ВЛЕН ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население. Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување”, стои во соопштението од ВЛЕН.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-taravari-1

Состојбата во коалицијата е одлична, наскоро средба со Таравари, вели Мицкоски

Кусо и без објаснување, премиерот Христјан Мицкоски вели дека е состојбата во коалицијата е „одлична“, а потоа додава дека ќе има средба со колаициониот партнер и минситер за здравство, Арбен Таравари. Потребата од разговор доаѓа откако Таравари се скара со дел од структурите во ВЛЕН, кои го обвинија дека соработува со ДУИ.„Па ќе се случи наскоро“, рече премиерот Мицкоски.Претходно, во дел од медиумите беше пласирана информацијата дека средбата ќе биде до крај на оваа недела, но тоа не беше потврдено од ниту една од страните.“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

Таравари спремен за во опозиција, Меџити го спакува за да го испрати од Владата, а се јави и Села

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вечерва изјави дека на неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, Арбен Таравари, не му е местото во Владата доколку се решил на соработка со ДУИ. Штом посакува таква соработка, како што рече Меџити во интервјуто за ТВ Сител, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи го од членството и јавноста.„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела. Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите сè уште стоиме на тоа освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ“, вели Меџити.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори. Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, рече Таравари.Се огласи и Села.„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Таравари: Утре одлука или во коалиција со Вреди или сами на избори, со ДУИ не преговараме

Алијанса за Албанците на Таравари утре ќе донесе одлука дали на престојните локални избори ќе настапат како дел од коалицијата ВЛЕН или на избори одат самостојно.Според Таравари во некои општини во кои доминира албанското население, неговата партија може да добие повеќе гласови ако настапи сама, отколку како дел од коалицијата ВЛЕН.„Имаме две опции, една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат како што се Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај. Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари.Таравари демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека неговата партија преговара со ДУИ за евентуална соработка.Со ВЛЕН рече, нема договор.Не сакаше да ја коментира изјавата на Касами, кој рече дека тој што ќе се оддели од групата ќе го јаде волкот.„За Билал Касами не би сакал да коментирам, тоа е негов став. Мислам дека избрзува кога дава изјави, меѓутоа тоа е негова работа“ рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

ВЛЕН обвини: ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето од црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции

Продолжуваат обвинувањата во албанскиот политички блок.ВЛЕН обвини дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, познат по случајот „Пациент“ се фали дека ДУИ го донела Законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, како што велат од ВЛЕН, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки.„Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции. Артан Груби, слуга на Груeвски и Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот Пациент, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци. Едниот бегалец и другиот се буни за власт, плачат и тагуваат затоa што народот ги испрати во опозиција. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и договара тендери за своите пријатели” велат од коалицијата ВЛЕН.Додаваат дека сега е ерата на ВЛЕН, на конкретни акции за граѓаните и Албанците и за подобар, достоинствен и автентичен живот.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања