VMRO

mickoski-8

Мицкоски: Споредбите во спотовите на Заев со Бранко и Бучковски се полн погодок, Заев припаѓа на тоа минато, во лагите немаат мера

Денес гледам дека и власта ја прифаќа обновата како термин, и тоа е добро, мене тоа ме радува, иако тоа не ги амнестира од одговорност за разрушувањето кои и го направија на Македонија., напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој додава:Воедно морам да прокоментирам дека меѓу посетите на терен и средбите со граѓани погледав спот на власта каде што ги плашат луѓето дека ако не гласате за Заев ќе се врати времето на Бранко, со снимки од транзицијата и извадоци на весници од тоа време. И додека тие се споредуваат со времето пред 5 години, па и со Љубчо или она време на Бранко, сакам да порачам дека ова е ВМРО кое ги надраснува нивните престави за политиката. Ова е ВМРО кое ќе покаже дека научило од грешките и дека знае да ја цени довербата, а спотовите каде Заев се споредува со Бучковски се полн погодок, затоа што тоа се споредби со минатото каде Заев и тие околу него припаѓаат, во тоа транзициско друштво, во тоа минато. А, на народот тоа што вистински му треба е обнова, обнова на достоинството, враќање на гордоста и повеќе пари.Ние тоа ќе го донесеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да живее во минатото туку ќе работиме и заедно ќе создаваме за иднината. Македонија ќе ја исправиме и кренеме над сите порази, неправди и предизвици.И сосема на крај, и во лагите требаат да имаат мера. Гледам велат над 90 проценти исполниле од нивната програма. Нема да навлегувам дека програма на овие избори од СДСМ не видовме, ама ако навистина се 90 проценти, тогаш требаше да имаме 500 евра просечна плата, 90 проценти од 500-те километри автопат кои ги ветија да бидат готови, за 90 проценти да имаме почист воздух, докторите да имаат близу 100 илјади плата, за 90 проценти да се подобри во испорачувањето на правдата и борбата против корупцијата. Имаат ли овие луѓе срам, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1588485794660207/ 

пред 5 години

janusev-1

Јанушев: Ќе понудиме надеж, ќе понудиме иднина, ќе понудиме извесност

Игор Јанушев носител на изборна единица 3 денеска беше во посета на Велес од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди надеж иднина и извесност преку огромен број на проекти.„Ќе понудиме надеж, ќе понудиме извесност и ќе понудиме иднина. Ги нудиме надежта извесноста и иднината го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурата изградба  на државата, преку конечно ставање на ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството но исто така реформа во сите останати сектори  образованието, здравството и се она што е битно за сите луѓе кои што живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите. Буквално за сите  имаме издвоено по огромен број на проекти.Дали е тоа денар  за спортистите и  денар  во културата, дали е тоа зголемувањето на пензиите за 20%, дали е приклучок на гасификација за буквално секое домаќинство без пари. Значи со еден вид на кампања која што ќе даде повеќе за секого“, истакна Јанушев.Јанушев како носител на листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “  додаде дека исто така во програмата како за цела држава така и има проекти кои се од огромна важност и за Велес.„Она што и те како е битно за Велес е инфраструктурата како еден особено значаен проект за велешани е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Но, исто така да не заборавиме дека исто толку битно е поврзувањето со коридорот 8 и конечно довршување на експресните патишта кои што за жал за 3 години од страна на оваа неспособна власт останаа на истото ниво на кое што беа и пред 3-4 години. Така да она што можам да го ветам пред велешани е еден чесен и искрен пристап еден директен пристап каде што се она што ќе го ветиме и што ќе го кажеме пред граѓаните ќе го исполниме во следните 4 години“, истакна Јанушев.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ само глуми грижа за граѓаните, криминалот е нивна карактеристика

Власта предводена од Заев и СДСМ е способна и знае само за криминал. Тие не се грижат за ништо друго освен за личното богатење. Криминалната власт предводена од СДСМ прави само неправди и тоа го чувствуваат сите граѓани без исклучок, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев знае само како да ги реализира своите интереси и интересите на неговите блиски. Тој не знае што е животен  стандард за граѓаните. Тој не знае како живеат граѓаните.Заев и владата предводена од СДСМ само прават привид дека нешто работат, дека се грижат за плати, пензии и слично.Не, Заев и СДСМ не знаат ништо од ова. ВМРО-ДПМНЕ знае и истото ќе го спроведува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасни политики и мерки за спроведување на истите, мерки за сите граѓани.Македонија мора истовремено да се справува со два вируса, короната и вирусот наречен Заев. Овој вториот е уште поопасен за државата и мора да биде поразен на претстојните избори.СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

пред 5 години

Misajlovski

Мисајловски од Куманово: СДСМ не знае да одговори каде им се проектите бидејќи не постојат, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува истото го остварува

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборна Единица 2, Владо Мисајловски денеска е во посета на Општина Куманово, каде што истакна дека граѓаните се повеќе разочарани бидејќи во Македонија цветаат криминал, корупција, рекети и торби Луј Витон и време е на тоа да се каже доста е и да одговара секој еден што се огрешил.Мисајловски изјави дека време е еднаш да се смени ова што се случува како во Македонија така и во Куманово кое СДСМ го запостави иако со години го има под своја власт.- Потребно е едно ново модерно Куманово бидејќи сега тоа е запоставено иако го имаат со децении под нивна контрола. Куманово заслужува многу повеќе, капитални проекти, поголеми плати, овие граѓани заслужуваат подобар живот да останат во Куманово. Во нашата програма има над 1000 проекти, ќе ги поминеме сите населени места, ќе ги слушнеме сите проблеми кои ги има Куманово и  утре заеднички тие проекти заеднички ќе ги браниме во Собрание и новата влада. Ние тоа го можеме, го ветуваме и ќе го направиме, потенцираше МисајловскиТој посочи дека СДСМ не знаат да одговорат што направиле, постојано лажат во лице дека нешто е направено, прво беа 500 километри автопат, па 600, за да станат 230 и не знаат да одговорат каде се и тие 230, бидејќи не постојат.- Ќе ги прашам каде е Клиничкиот центар, бидејќи и за тоа велеа дека е готово во припреми, а да не ги набројувам и другите случаи. Велат дека 95% од програмата е завршена, си поигруваат со нашата интелигенција. Никој не смее повеќе тоа да го дозволи, нагласи Мисајловски

Македонија | пред 5 години

stoilkovski

ВМРО ДПМНЕ: Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!

Зоран Заев преку обвинителството в скут, го амнестираше Ден Дончев!  Одлуката на ЈО да не поведе постапка по видеото на кое Ден Дончев, Директорот на најбогатиот ФОНД во Република Македонија, човек вплеткан во процес за „Рекет“, видео во кое Ден Дончев зема снопче пари и го става во чанта - Е СРАМ за сиот правосуден систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски додаде:Ова е срамна одлука, срамна изјава дадена од ЈО, ова е срам за секој обвинител во Република Македонија!Одлуката на Љубомир Јовески и Вилма Русковска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Зоран Заев сега при кампања!Оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковски, следи по амнестиите на Венко Филипче.Ова не е Јавно Обвинителство, ова е марионета на Заев, за исполнување нарачки! Јавното прислушувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција, да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети. Јовески и Русковска, како марионети на Заев го претворија ЈО во ФИОКА за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда! За Заев и неговата банда, не се вештачат телефони, барањето мито е донација, видеото за ставање пари во чанта не е доказ!Јовески и Русковска не се ненадлежни, ти се надлежни, но со непостапување до сега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување!Ден Дончев е амнестиран, помилуван, за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет. Тој е близок на Заев, а Заев се фали дека судството му е во пупка, нели без Заев не може!Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!Сега цел свет го гледа Заев како го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат!Цел свет го слушна исказот во судот парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ама Јовески и Русковска не смеат да вештачат телефони!Каков срам за сето правосудство во Република Македонија! „Луј Витон“ и „Трас Трас“!Цел свет гледа и слуша како се рекетираат и како за рекет се злоупотребуваат институции полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај!Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ и Заев покажаа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и девастации во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања