VMRO

Blagica-Lasovska

Отворено писмо од Ласовска, до Заев

Отворено писмо од Благица Ласовска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев. Во писмото се вели:Ова отворено писмо го пишувам првенствено како жена, мајка, слободен граѓанин на нашата Македонија.Ова писмо го пишувам по згрозувачкиот атак врз Тамара која учествуваше во видеото кое е дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, а кое доаѓа од еден ист центар, чиј ракопис лесно се познава.Посипаа мизогинија, сексизам, шовинизам врз Тамара, и око не им трепнува, во исто време кога устите им се полни со Европа, вредности, магии.И затоа вам Ви се обраќам г-дин Заев, затоа што инспиратор на ваквите напади врз интегритетот врз жената сте токму вие, и за се' понатаму, ќе ве сметам лично одговорен за ваквото варварство.И не само затоа што веројатно со воодушевување ја гледате таа драма со која се гази по женските слободи, туку и поради тоа што не преземате ништо за да го осудите истото.Да не заборавиме дека во Ваше време полицајка се само повредуваше во “Пајак”, затоа што беше немоќна поради хибридниот режим да се спротивстави. Да го споменувам ли антисемтизмот посипан во 21 век врз Рашела Мизрахи чии перјаници денес се блиску до вас во оваа кампања.Тргнавте во атак врз дваесетина години возрасна девојка, затоа што немате што друго да понудите.Атакот врз Тамара е ваш срам, и пример за тоа каков однос имате кон жените во Македонија. И иако тие закани, навреди, и сексизам изгледаат многу бучни по социјалните мрежи, тие се израз на немоќ, доказ за паника и чувството на страв од пораз. И колку погласно се обидувате да атакувате врз жените толку поголем ќе ви биде поразот.Билбордите на кои сте сликани со женски кандидати не ве прави почитувачи на правата на жените туку секојдневниот однос кон нив.И да, очекувам да се извините, поради срамот и атакот на социјалните мрежи од вашите активисти врз млад човек, жена. Тоа е и ваш срам.А Тамара, и сличните како нејзе ќе останат во Македонија, и ќе продолжат со бунтовноста, затоа што за правата на жената постојано се бори, во секој час во овој ден, и насекаде.Иво Андриќ ќе напише “жената стои, како капија, на излезот како и на влезот на овој свет”, очигледно со овој атак врз жените вие излегувате и се пензионирате од светот на политиката. 

пред 5 години

janusev-2

Јанушев: Со обновата предвидовме над 100 милиони евра поддршка за земјоделците годишно

Во посета на Штип денеска беше носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев каде кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена и потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.„Она што го гледаме огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите . Луѓето едноставно се уморни доста и е од сите сивила од сите мочуришта во кој што не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите која што ја имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред се во однос на земјоделието. едноставно граѓаните се желни за примени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред“, истакна Јанушев.Јанушев како носител на изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ветувањата дадени пред земјоделците ќе бидат исполнети и дека земјоделците се ставени во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова за Македонија“.„Она што ние го ветивме пред земјоделците е континуирано најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка  за нив но и многу други проекти кои што ќе овозможат пред се подобро искористување на ИПАРД фондовите, но исто така помош при маркетингот на нивните производи. Но она што е најбитно и она што е најкруцијално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите а тоа ние како ВМРО ДПМНЕ го ветуваме и тоа за нас ќе биде завет, тоа за нас ќе биде аманет за да можеме да го направиме во следниот 4 годишен период“, рече Јанушев.Дополнително Јанушев додаде дека планирано е завршување на сите проекти воедно и инфраструктурни како патишта и слично кои беа запоставени од СДСМ. Носителот на изборна единица 3, Јанушев дополни дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин без исклучок.„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.„Знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница. Овде сме ќе бидеме со граѓаните бевме во целиот овој период од 2 ипол – 3 години со граѓаните и понатака ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за доброто на сите. Буквално битен ни е секој еден човек. И во следните 4 години ќе се потрудиме ниту еден човек да не биде заборавен и буквално секој еден граѓанин да биде приоритет“, нагласи Јанушев.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

stoilkovski-2

Стоилковски:Заканите по живот се мафијашка порака од Заев?

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред  Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?Заканите кон Боки 13  една недела откако тој на суд, пред целата јавност кажа дека милионите од Рекет завршиле кај браќата Заеви, се мафијашки пораки на Заев до Боки 13, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Боки 13 е човекот кој што сите го видоа како ја носи чантата Луј Витон полна со рекетирани милиони, и самиот тој кажа дека токму тие милиони завршиле кај Зоран и кај Вице Заеви.Затоа ли исказот на Боки 13 наместо да заврши веднаш и да се започне со постапка, завршувањето на неговиот исказ е закажан за 3 јули, односно после цела недела откако се упатени заканите.Се остава ли простор, за дополнителни закани, за упатување на пораки, правно кажано за влијание врз пријавувачот среде исказ за да се предомисли и да ги сокрие вистините, за кој што тој одлучил да зборува?!Се остава ли простор повторно да се сокрие вистината, кој стои зад Рекет и кои се нарачателите на најголемиот скандал во Македонија, за кој што веќе има правосилна пресуда за извршителите?!Никој веќе не верува дека шоуменот Боки 13 е креатор, творец и извршител на милионски рекет. И дека зад тоа нема политички силни фигури, со злоупотреба на државни институции и функции.Уште што треба да се случи за Русковска и Јовевски да се симнат од скутот на Зоран Заев?Ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт, која што ја има заробено Македонија повеќе од 3 години.Македонија повеќе не може да прави компромиси со криминалот, рекетарските здруженија и мафијашките кланови на забеганото СДСМ.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски на средба со пензионерите: Обновата на Македонија ќе донесе за 20 проценти повисоки пензии за пензионерите

Носителот на изборна единица 2 и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес оствари седба со пензионерите од општина Бутел, каде што истакна дека во изборната програма Обнова за Македонија е предвидено зголемување на пензиите.ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижело за пензионерите, секогаш биле приоритет и се надевам дека со новата програма „Обнова за Македонија“ набрзо тоа ќе го почувствуваат со зголемување на вашите пензии, вели Мисајловски.Мисајловски ја побара поддршката од пензионерите повикувајќи ги да излезат и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија, за заедно да ја променат оваа власт.Сакам да ве замолам сите вас да излезите на 15 јули и да ни дадете поддршка. Да издржиме и да ја промениме оваа власт, бидејќи спротивно нема да се зголемат пензиите, нема да се даваат оние субвенции кои што се давале претходно. Во нашата програма посебно како целна група се предвидени проекти за вас пензионерите. Но, јас не ве гледам само како пензионери, туку како луѓе кои што можете да ни дадете шанса за ние помладите да работиме за вас.фото: Архива

пред 5 години

image-26-06-20-12-30

Петкоска: Посебен фокус ќе ставиме на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците.Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење.Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување.Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени со цел да оценат дали се соодветни за понуденото работно место, а ќе ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери. На тој начин ќе се намали недостатокот на работна сила, а ќе се зголемат можностите за дополнување на семејните буџети.Младите ќе ги развијат работните навики, одговорноста, етиката и моралот, а работоспособните пензионери ќе го продолжат работниот век без да ги загубат своите пензии.Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка, со што ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места.15-ти јули е блиску, а изборот никогаш полесен!14 за силен и конкурентен бизнис-сектор!14 за силна и стабилна економија!14 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија!14 за обнова на Охрид и Македонија, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.фото: ВМРО ДПМНЕ 

пред 5 години

durlovski-1

Дурловски: „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола

Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски даде изјава од центарот на градот Битола при што посочи дека со „Обновата на Македонија“ ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола.„Битола е град музеј на отворено. Динамичен и жив сведок на силниот дух и моќта на македонската, културна и уметничка традиција. Затоа „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола“, истакна Дурловски.Дурловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе го обнови сјајот на богатата градска архитектура на Битола со конзервација и реставрација на сите фасади на објектите кои што се заштитено културно наследство во целата Општина.„Овој проект ќе се надоврзе на веќе извршената обнова на фасадите на 50-тина објекти на Широк сокак, кои беа реализирани во 2017-та година и ќе овозможи и останатите сегменти на централното градско јадро да му парираат на Широк сокак со богатствата на своите објекти. Без културна интеракција со минатото нема иднина. Обновата доаѓа“, порача Дурловски од Битола.

пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Обнова на здравството со четири нови клинички центри, нова опрема и повисоки плати за медицинскиот персонал

Македонија ќе се исправи. ВМРО-ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Се обврзуваме на многу работа, труд и посветеност, со цел Македонија да стане модерна и просперитетна земја, рамо до рамо со земјите од ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Здравството е еден од главните столбови на нашата програма.Ветуваме дека ќе работиме во насока на креирање на модерно здравство, со врвни и квалитетни услуги. Ќе инвестираме како во болници и апарати, така и во човечки потенцијал.Достоинството на лекарите и медицинските работници мора да биде вратено.Предвидуваме изградба на четири нови Клинички центри: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска клиничка болница – Штип и Универзитетска клиничка болница Тетово.Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати. Специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства.Комплетно ќе се посветиме за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта.ВМРО-ДПМНЕ нуди квалитет и сигурни резултати. СДСМ рекет, криминал и корупција.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Струга: Граѓаните на 15 јули ќе изберат обнова и ќе ја исправат Македонија од неправдите СДСМ и Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Струга каде што истакна дека  благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, денеска Македонија бележиме рекорди по број на заболени и луѓе кои за жал го губат својот живот и токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија од руината која СДСМ ќе ја остави.Мицкоски пред стружани потенцираше дека во петтата Изборна Единица изборот е јасен, помеѓу Дурловски човек кој е почитуван во целиот свет и покажа и докажа колку се сака Македонија и од друга страна Шекеринска која велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор и е човек од времето на транзицијата до денеска донесе многу неправди, пред се во Струга.- Изборот е јасен, нема дилема.  После 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават. Денеска го слушам Зоран Заев, вели ќе ја обновеле Македонија, ние една година велиме дека ни треба обнова на Македонија, а нему денеска му текна, дека навистина требало. Прв пат ќе се сложам со Зоран Заев, навистина треба обнова, но тоа нема да го амнестира  од сето разурнување, од сиот срам кој заедно со СДСМ го нанесоа на Македонија и на граѓаните изминативе три години. Имаме тригодишна пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев, рече МицкоскиТој изјави дека кога СДСМ и Заев ќе викаат дека можат треба да зборуваат во минато време дека можеле како што можеа да не го продадат достоинството и честа на Македонија и граѓаните, но истите ги распродадоа за пуста власт и пусти пари.- Можевте да донесете подобар живот, како што ветувавте ама не успеавте, донесовте порази и неправда и донесовте разочарувања кај нашите сограѓани. Секаде каде што изминав овие три години е присутно тоа разочарување, безнадежност и безидејност. Повозрасните велат ми замина внукот, ми замина ќерката, ми замина синот. Оние кои останаа тука велат чекам првиот автобус да дојде и јас да се качам и да го напуштам родниот дом. Гледам луѓе кои не ја гледаат иднината сопствената и на сопствените семејства овде. Тоа  можевте, да вратите малку самодоверба кај овие луѓе, да ја кренат  главата гордо и да не се почувствуваат понижени, ама напротив направивте тие луѓе да се разочараат, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ ветуваа 5% раст на БДП, ветувате 30.000 денари плата, домашни инвестиции исто како и странски, а донесоа една голема нула, празни ледини, никаде ги нема ниту Фејсбук, Гугл и гигантот од автомобилската индустрија кој го ветуваа.- За жал полињата останаа празни неизградени, а луѓето ги напуштија своите огништа. Тоа е таа сурова реалност која денеска е во Македонија.  Можевте да направите вистински бесплатно здравство како што ветувате, а погледајте ги денеска болниците и клиничките центри низ државата, ветувате клинички центар најпрво во едно предградие во Скопје па друго.  Ветувавте бесплатно образование, поквалитетно образование, а денеска немаме ниту еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа. Ветувавте правда за секого, ветувавте реформи во обвинителството, судството, а донесовте  Луј Витон обвинителство и „трас трас“ судство, истакна МицкоскиТој додаде дека единствено нешто што направи СДСМ е амнестија за самите себе од она кое што му го приредија на македонскиот народ, амнестија од евро за Вицето и евро за црквата и тоа е единствената реформа која што ја направија во судството.- Ветувавте бројчаници на Триумфалната капија во Скопје, па направивте една парада, закаливте еден бројчаник. Колку заврте господине Заев, да заврте ама во вашиот џеб и во џебот на вашето семејство. Јас ви ветувам дека секој денар кој што го завртевте во вашиот џеб и џебот на вашето семејство после 15 јули ќе заврти на бројчаникот кој што го монтиравте  на Триумфаланта Капија во Скопје. Мора правда да дојде. Луѓето ја изгубија надежта затоа што се чувствуваат беспомошни, затоа што гледаат дека нема правда во оваа држава, дека законите не се почитуваат. Законите мора да се почитуваат од Струга до Куманово, од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Крива Паланка, изјави МицкоскиТој нагласи дека токму затоа треба да се поддржи Обновата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да неа подвиткување на кичмата и коленичење пред неразумни политичари кои полнат полнат куферчиња Луј Витон.- Работевме на една читанка, т.н Проект Обнова. Во таа читанка може да се пронајде секој еден граѓанин.  Таму ќе најдете поглавје за земјоделецот, каде што се обврзуваме да обезбедиме 640 милиони минимум. Земјоделецот ќе биде безбеден бидејќи ќе има обезбеден откуп. Не смееме да дозволиме да се сече крошна од јаболка во Ресен, не смееме да дозволиме да се истураат сливите во Пијанец, не смееме да дозволиме да стои необрано житото низ Пелагонија и да не бидат обрани лозовите насади во Тиквешијата, рече Мицкоски.Тој додаде дека во обновата на ВМРО-ДПМНЕ има минумум 20% повисоки пензии од тоа што е денеска. од 8 до 12 милиони во спортот, од 8 до 12 милиони евра годишно назад во културата, од 8 до 12 милиони евра за реновирање на училишта, за најмалку еден универзитет на Шангајската листа, за реновирани студенски домови.Но за тоа да се случи Мицкоски истакна дека потребна е масовност на изборите, да ја одбереме обновата на ВМРО-ДППМНЕ за да можеме да ја исправиме Македонија и да имаме држава која ќе биде пример на Балканот изградена за нашите наследници. 

пред 5 години

stojanoska

Стојаноска: Гостивар и гостиварчани силно посакуваат Обнова на Македонија!

Носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска денеска беше помеѓу граѓаните во Гостивар, каде што оствари мини средби со луѓе од сите етнички заедници кои живеат во градот, како и средба со младите луѓе од Гостивар. Единствениот впечаток кој Стојаноска го има од денешниот ден поминат со своите сограѓани е дека сите сограѓани од сите етникуми се согласуваат за сиромаштијата која што владее во државата. Граѓаните на Гостивар се гневни на СДСМ и Зоран Заев не само поради пустошот и понижувањето врз Македонците во Гостивар, туку и поради пустошот кој им го приредија на сите граѓани кои живеат во Гостивар, независно од нивната етничка припадност.Гостиварчани се спремни да го казнат Зоран Заев. На 15-ти јули ќе му се соопшти веста за неговиот пораз на сите можни јазици кои се употребуваат во Република Македонија, но тоа нема да го спаси од голата вистина дека ќе замине во историјата на најголемите предавници.Гостивар силно посакува Обнова на Македонија!

пред 5 години

stoilkovski-1

Стоилковски:Кој му се заканува на Боки 13 додека дава исказ пред ЈО откако само пред неколку дена на суд кажа дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заеви?

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев?!Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред Јавен обвинител да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава.Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат.Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите.Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.Зошто се остава толкав простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

Mickoski

Мицкоски од Вевчани: СДСМ три години имаше можност да направи нешто, но тие докажаа дека единствено можат да ја подвиткаат кичмата

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани, при што оствари средба со мештаните и посочи дека на 15-ти јули ќе се стави крај на вирусот Зоран Заев, а потоа ќе започне обновата на Република Македонија. Време е Република Македонија да започне да се движи по вистинскиот правец, а тоа ќе биде заедно со ВМРО-ДПМНЕ.„На 15-ти јули е нашата шанса  да го сонуваме сонот кој што сакаме да го сонуваме, но најпрвин треба нив да ги победиме. Најпрвин треба оваа пандемија да ја победиме. И затоа секогаш зборуваме отворено и искрено, отворено и искрено и за нашите слабости. Затоа што човекот е голем онолку колку што може да ги признае и сопствените слабости. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата и најорганизираната политичка партија во нашата држава научив да живеам со слабостите на луѓето. Но луѓето не треба да научат да живеат со слабостите на властодршците. Затоа што народот е тој кој што дава и тој кој што зема. На 15-ти јули јас сум убеден во мудроста на Вевчани и убеден сум во мудроста и храброста на граѓаните на нашата Македонија дека ќе излезат масовно и масовно ќе ја поразиме оваа пандемија која што ја донесе ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе си ја обновиме државата“, нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на Вевчани масовно на 15-ти јули да излезат и да гласаат за  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да гласаат за обнова на Република Македонија.„Разговаравме со многу луѓе и пред кампањата и сега ќе поминеме за време на кампањата многу градови и многу села и ќе разговараме со многу сограѓани. Истото она што го слушав и пред една година, пред две години, и пред три години истото го слушаме и денес. Тешко се живее, мачно се живее. Од друга страна пак се попусти ни се селата, се попусти ни се градовите, луѓето се иселуваат , младите ги напуштаат домовите, а повозрасните тажат за луѓето кои што ги напуштаат огништата. А, тие пак кои што се останати критикуваат за тешкиот и мачен живот, за беспарицата, за лошата живејачка и лошиот стандард, бесперспективноста и немањето визија од страна на овие властодршци“, истакна Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

durloski

Дурловски од Вевчани: Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат

Носител на изборна единица 5, Игор Дурловски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани. Од Вевчани, Дурловски посочи дека сите сме Македонци и веруваме во Македонија. Таа верба не може да ја уништи никој, ниту оваа власт.„Што би правела Македонија без едно Вевчани? Што би правел без вас Вевчанци? Чест и задоволство ми е што сум денес со вас. Секоја година од овде од пркосно Вевчани преку познатиот Вевчански карневал светот се запознава со нашата изворна македонска традиција, која се пренесува од генерација на генерација. И тоа како најскапоцена семејна вредност“, појасни Дурловски.Дурловски додаде дека Вевчанци директно в лице им ја кажува вистината на сите, упатувајќи една силна порака Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат.„Затоа сум сигурен дека и овојпат Вевчани ќе ја одбере страната на вистината, и ќе ги земе работите во свои раце. Доста беше, оној кој лаже мора да биде поразен од народот. Време е за промени. Ние ќе го носиме товарот на вистината и со тоа, а и со својот авторитет  ќе дадеме глас на вистината“, појасни Дурловски.Дурловски потсети дека три години пред очите на граѓаните се газеше националното достоинство, се редефинираше идентитетот, ја понижија Република Македонија. Поради оваа власт се е предмет на пазар и ништо не е сигурно.„Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме, ова е шанса за нас и за нашите семејства. Ние сме Македонци и веруваме во оваа земја Македонија. Таа верба не можат да ја уништат група на лакоми политичари, кои лесно можат да бидат победени. Да им докажеме заедно дека нема да дозволиме да не потценат и прелажат . Да им докажеме дека сме подобри и помудри од нив“, порача Дурловски од Вевчани.фото: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

siljanoska

Силјаноска Давкова: Наша цел во четиригодишниот мандат е да влеземе во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа

Д-р Гордана Силјаноска Давкова, носител на изборна единица 1 денеска на улица Македонија при отворање на штаб истакна дека како Универзитетски професор и е срам што на Шангајската листа се наоѓаме по 1800-тото место.„Срам  ми е бидејќи  доаѓам од Универзитет да кажам дека сме некаде на 1800 место на Шангајската листа. На перифирејата, на периферијата. Како што сме сега во поглед на хибридниот режим. Скромни сме во целите бидејќи она што го ветуваме ќе го исполниме и затоа нашата цел е  барем во четири годишниот мандат да влеземе  во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа“, нагласи Силјаноска.Силјаноска како носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во обновата ваучерите ќе бидат за концерти, за спортски настани, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух овде.„Сите што се по светот ќе ги собериме во една алумни асоцијација, постојано ќе комуницираме, плати ќе понудиме за нив повисоки за да ги задржиме овде“, додаде СилјаноскаСилјаноска посочи дека крајно време е да имаме образование кое е компактибилно со европското. Силјановска исто така истакна дека е крајно време да имаме можност за доедукација да имаме можност за мобилно образование и да ја демократизираме ситуацијата на универзитетите.„Не е универзитетот база осамена, она што се случува во  моментот е сликата на Македонија во мало за жал, таму каде што треба да се негува критичкиот дух, се негува партискиот  поданички дух и повторно имаме битки на ректори чии што статус зависи од партиите. Одлика на антикорупциска не се почитува“, истакна Силјаноска.Таа посочи дека еден од првите предлози е да свикаат уставно-правна комисија бидејќи веќе ги детектирале веќе најголемите мани што произлегуваат од Уставот.„Ветото сетете се формирање на влада, сето тоа мора да има решение овде па и да го оставиме во иднина некому важно е да размислуваме системски“, нагласи  Силјаноска.

пред 5 години

nikoloski

Николоски: Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата

Апсолутно очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори, но ако ме прашувате дали тоа ќе се случи мислам дека нема да се случи, истакна Александар Николоски, Носител на Изборна единица 4, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува фер и демократски избори.„Видовме предизборниот период покажа многу работи. Еве ќе набројам неколку работи, поставена е бомба во објект на мојот колега потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, до денес сеуште немаме никакво сознание кој стои позади тој грозоморен чин кој што можеше да заврши пофатално од тоа што заврши. На само еден ден пред почетокот на кампањата како во Северна Кореја, Владата донесе едностран акт за промена на изборниот законик со кој што правото на опозицијата да има свое претставување во медиумите како и буџетот определен за тоа се намали за половина, за 50%. Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата без разлика кој бил во опозиција. Ова е прв пат на само еден ден пред почеток на кампањата. Понатака имаме замрзнат имот на нашата политичка партија, имаме притисок и опструкции кон целокупното членство на партијата. Тоа е она што го гледаме досега, а она што го гледаме и пред почетокот на кампањата и откако почна кампањата е еден силен наплив на лажни вести и лични навреди и дискредитација. Но, ние тоа ќе го надминеме, народот е со нас, јас сум убеден дека сето ова што го прават само конта ефект има кај народот, ќе го развие гневот уште повеќе ќе го поттикне гневот и се повеќе луѓе ќе излезат и ќе ја казнат актуелната власт“, истакна Николоски.На прашањето пак како гледа ВМРО-ДПМНЕ на разногласието на Комисијата за заразни болести, Николоски вели:„Тоа е нешто што трае во континуитет некаде таму од почетокот на мај, имено сите дадовме на почеток поддршка на таа комисија за заразни болести да се избори со ова зло, со оваа напаст, која што го зафати светот. Тоа е корона вирусот. Во оној момент кога почна комисијата политички да се управува од страна на Зоран Заев и Венко Филипче, а тоа беше некаде на почетокот на мај, кога да  ја потсетам македонската јавност и локалната јавност во Гевгелија и Венко Филипче и Зоран Заев прогласија победа над корона вирусот. Изјавата на рејсот следуваше малку повеќе, него луѓето му се смеа, ама овие ги сфатија сериозно и почнаа луѓето нормално да функционираат како претходно, што резултираше со еден непосакуван, би рекол дури и неочекуван бум кој што доведе до огромно зголемување на бројот на оние кои што за жал се инфицирани од корона вирусот, а се повеќе луѓе за жал го губат и животот. Во таа насока сите одлуки кои што се донесоа од мај месец до денеска се исклучително политички и беа во функција на остварување на политичка цел, а тоа е целта на Заев беше што порано да има избори со цел луѓето да се уплашени за да не излезат на гласање и на тој начин да проба да помине со помал пораз. Изборите на 15 јули единствено за што ние се залагавме беше да има меѓународен мониторинг и силни здравствени протоколи за никој кој што ќе гласа да не му е здравјето загрозено. Тоа успеавме да го договориме и можам да кажам на сите кои што ме гледаат дека гласањето ќе е безбедно и ќе може безбедно да гласаат. Сите други работи се манипулација, поврзани со покажување на некаква нормалност. Мене ми е жал за тие луѓе кои што седат во Комисијата за заразни болести затоа што врвни стручњаци станаа партиски апарати изманипулирани во партиски цели“, истакна Николоски.

пред 5 години

misajlov

Мисајловски од индустриската зона Речица: Нема странски инвестиции во Куманово, на граѓаните им се потребни проекти а не гола реторика

Денеска сум во посета на Куманово. Досега имав неколку средби, со кумановчани разговаравме за нивните проблеми. Разговаравме за она што навистина сакаа да го слушнат, разговаравме из а она што ни се случува последните децении тука во Куманово. Постојано се ветува од политичарите дека ќе се направат многу работи, но како што знаете СДСМ тука владее многу долго. Нема капитални инвестиции, на ова место позади мене требаше да има десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона, изјави потпретседателот и носител на Изборната единица 2 Владо Мисјаловски при посета на индустриската зона Речица во општина Куманово.Мисајловски нагласи дека на граѓаните на општина Куманово им се потребни проекти и странски инвестиции за поголеми примања а не само сува реторикакако што тоа го правеше СДСМ изминатиот период.Јас кога бев министер за транспорт овде се започна една постапка и се обезбедија средства за индустриска зона да се испроектира бидејќи без тоа не може. Но , гледам дека ништо од после тоа не е направено. Ако сакаме граѓаните на Куманово да останат тука во Куманово да работата и да имаат добри примања нас ни се потребни странски инвестиции, а не само сува реторика.  СДСМ тоа постојано го прави, со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите дека навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга. Реалноста е ова позади мене што го гледате, реалноста е дека нема странска инвестиција, рече Мисајловски.Куманово е најголем град после Скопје каде што нема доволно инфраструктура, каде што нема доволно проекти, нема доволно работни места. Затоа ВМРО-ДПМНЕ тргна на терен да разговара со граѓаните со позитивна кампања преку нашата програма Обнова за Македонија секој еден граѓанин да се пронајде, вели носителот на изборна единица 2 Мисајловски.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања