VMRO

naum

Стоилковски: Што бара Радмила со Катица кај Боки 13?

Радмила Шекеринска цел ден молчи откако во јавноста вчера излезе снимка од која што се гледа како таа седи во опуштена атмосфера со извршителите во случајот „Рекет“, Боки 13 и Катица Јанева. За кои што половина СДСМ тврдеше дека не ги познава и дека се знаат само од телевизија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Шекеринска мора да одговори за што разговарала со двајца сега веќе осудени за случајот „Рекет“? Уште повеќе, зошто Шекеринска во јавноста ги негираше средбите во домот на Боки13? Што крие Радмила Шекеринска од јавноста, кога не признаваше дека имала средби со Боки13? Што се разговарало на тие средби за кои што таа не сака и сокрива од јавноста?Откако дознавме дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заев, сега гледаме и дека на Боки13 на гости му одела и Радмила Шекеринска, вториот човек во СДСМ.Видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи директно ја покажува сета спрега на СДСМ и нејзината рекетарска влада!Видеото ја покажува блискоста на СДСМ со специјалната јавна обвинителка, сега затвореничка, и како што сами ја нарекуваа, провладината телевизија!Видеото покажува и какви ли се не докази се сокриени од страна на ЈО, јавните обвинители Јовески и Русковска!Што ли уште треба да се појави во јавноста за конечно да се расчисти главата, нарачателите и главните луѓе во случајот „Рекет“?За потсетување, телефоните на сега обвинетите не се вештачени, иако беше посочувано од осудените среде судот, среде судскиот процес за „Рекет“.Беше барано, а ЈО молчи и одби вештачење на телефоните на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и шефот на Радмила Шекеринска!Ова е директен доказ за трас-трас судството и Луј Витон обвинителството за неправосудството во Република Македонија. Македонија повеќе не може да издржи компромис со криминалот. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

ivanka

Василевска: ДКСК да отвори постапка и да ја запре исплатата на пола милион евра кон НВО во ек на избори

Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи.  СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?!Имено само за потсетување на ДКСК уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта  распишаа оглас на 06.06.2020 година, кој траеше не цели 5 дена односно до 11.6.2020 година до 12 часот и беше со скратена документација, за потоа во рок од само 48 часа, време кое го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал да изберат само 40 НВО - кои добија грант.Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.СДСМ ја тоне државата.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткање на кичмата. Исправи се Македонијо! Обновата доаѓа, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски од Василево: СДСМ можеше да го подобри стандардот на граѓаните само требаше малку повеќе да работат наместо да крадат

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски ја посетија општината Василево. При самата посета, Мицкоски на граѓаните порача дека на 15-ти јули ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи Обновата. А, со Обновата ќе дојдат подобри времиња за граѓаните на Република Македонија и за самата држава.„Ова не се обични избори, ова се избори во кои што ние сите заеднички одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме. Ова се избори во кои што ние одлучуваме за иднината на нашите семејства но истовремено одлучуваме и за иднината на нашите потомци. Се наоѓаме пред сериозна раскрсница, дали ќе го одбереме едниот пат или ќе го одбереме другиот пат. Но не треба да се потцени ниту делото на нашите предци кои што со живот го платиле ова што денеска ние го живееме. Затоа изборот е исклучително тежок и не смее да се потцени. Но јас сум убеден дека на 15-ти јули овде во Василево, Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне историски рекордна победа. Затоа што тоа е важно за сите нас“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека граѓаните ќе одлучуваат помеѓу транзиционите политичари или ќе одберат луѓе кои имаат визија, кои имаа решение на секој проблем, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.„Јас знам дека ќе дојдат на ова исто место и нашиот политички противник. Знам дека ќе ја стави раката на срцето и ќе ја навали главата налево, надесно и ќе се изнаслушате за неговата жица, за неговото семе, време итн. Но истовремено ќе се изнаслушате и за многу невистини, многу лаги кои што ќе ги каже секаде, но неговата лага веќе не е 500 евра просек плата, 30.000 денари. Сега најновата лага е 34.000 денари“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека СДСМ се што ветува ништо нема да испорача, а тоа се согледа и во претходните три години.„СДСМ можеа да го подобрат стандардот на граѓаните само требаше малку повеќе да работат наместо да крадат. Можеа навистина да ги донесат и Гугл и Фејсбук, и сите оние инвестиции кои што практично ги најавуваа заедно со оној автомобилски гигант, но за жал и тие што ги наследија од претходната влада не успеаја да ги задржат туку сега домаќини на тие веќе договорени инвестиции се нашите соседни држави“, појасни Мицкоски.Мицкоски додаде дека неспособната влада на СДСМ не можеше да обезбеди повеќе работни места за граѓаните иако тоа го ветуваа на голема врата. Тоа е исто како што ветуваа дека кога ќе дојдат на власт правдата ќе дојде. Но за жал дојде само криминал, корупција, рекет.„Многу внимателно ја создававме нашата програма. Буквално целата структура во рамките на партијата беше вклучена заедно со општинските комитети, комисиите. Многу експерти кои што се партиски определени, но и партиски неопределени од земјава и странство учествуваа во изработка на оваа програма. Многумина од нив го ставиле својот печат и додале вредност на истата, вклучително и вие граѓаните преку разговорите за обнова на Македонија“, истакна Мицкоски.Мицкоски појасни дека во програмата секој имаше можност да остави своја трага и печат. Мерките кои што се предвидени во самата програма се креација и на граѓаните. Преку проблемите на граѓаните се креирани мерки кои што ќе помогнат во нивниот секојдневен живот и ќе ги реши нивните проблеми.„Во програмата ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до поголема просечна плата во еден мандат за најмалку 25% од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии, најмалку 20% поголеми пензии од тоа што е денес и враќање на старото законско решение кога пензијата растеше двапати годишно. А, не како што тоа денеска се случува, едно покачување добија пензионерите предизборно, мислејќи дека изборите ќе се случат во април месец“, потсети Мицкоски.Мицкоски на крајот вети на граѓаните дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти јули, ќе дојдат подобри времиња за граѓаните и за Република Македонија. 

Слајдер | пред 5 години

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: СДСМ е мафијашка партија и Македонија ја направи мафијашка држава

Зоран и Вице Заеви директно нарачувале палење на автомобили на сите оние кои се против нивните криминални и криминогени политики.СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.Почитувани,Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал.Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија.Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ.

пред 5 години

mickoski-prilep-kampanja

(Видео) Мицкоски: Цела Македонија боледува од тригодишната пандемија на Заев и СДСМ

Чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена овде во Прилеп, коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа во независна Македонија, рече во обраќањето во овој град лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Клучното прашање кое што го поставивме до прилепчани е дали живеат подобро, а без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо од порано“, кажа Мицкоски и нагласи дека искуствата од досегашната кампања покажуваат оти пандемијата од раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли и репресија врз граѓаните

Она што го говоревме неколку години наназад откако СДСМ и Зоран Заев и кланот Заеви се на власт, сега овој период веќе се потврдува.  Мафија владее со Република Македонија. Вчерашните аудио материјали тоа го потврдуваат. Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Овој материјал покажува како функционира власта на Заеви, со уценување, рекетирање, но и со сеење на страв на политичките противници кои не мислат како Зоран Заев и СДСМ. Тоа што Заеви комуницираат со подземјето и не е некоја новост, но новост е дека тие директно  издавале наредби, според она што можевме да го чуеме.Дополнително од овој материјал доколку се слушне целиот, дознавме дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните.Овој материјал е големо сведоштво за начинот на мафијашко владеење на Зоран Заев, Вице Заев и целата фамилија Заеви.Ако и ова не е доволен доказ за Вилма Русковска односно Русковска обвинителството да се разбуди конечно, тогаш не знаеме што уште треба јавноста да чуе, за Зоран Заев, Вице Заев и другите членови на оваа политичко мафијашка структура да бидат повикани и нивните активности да бидат истражени од страна на Јавното обвинителство. Но најверојатно Русковска наместо да се бори со криминалот, зафатена е со гледање на рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката кампања.Полека, но сигурно се разјаснува сликата. Бојан Јовановски вели дека сите рекетирани пари од рекетот во Република Македонија завршувале директно кај Зоран и Вице Заеви, контроверзниот про-руски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ слушнавме дека тврди дека очекувал бизнис од Заев и дека платил 300 илјади евра и дал 2.000 метри квадратни земјиште, а сега слушаме дека рекетари добивале зелено светло од Вице Заев за своите криминални дејанија.Изминативе 3 години се запалени над 50-тина автомобили во државава, да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби. Дали е тоа Вице Заев, лично и персонално, братот на Зоран Заев? После 15-ти јули институциите ќе го докажат кој е нарачателот.Ова го нема ниту во мафијашките филмови, а верувајте дека ќе го снема после 15-ти јули во Република Македонија.Македонија е претворена во нечија лична своина во која се одлучува кој смее бизнис да работи, кој смее да се рекетира, чиј имот треба да биде уништен, запален или демолиран. Затоа Република Македонија на сите листи тоне во криминал, корупција, рекетот цвета, а граѓаните тонат во сериозна сиромаштија.Граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15-ти јули. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само да нанесуваат порази на граѓаните и на оваа држава. Да ставиме крај на виткањето кичма. Да ставиме крај криминалот и корупцијата. Да ставиме крај на мафијашкото однесување на кланот Заеви. Затоа на 15-ти јули гласаме за ВМРО-ДПМНЕ број 14. И затоа граѓаните ќе одберат обнова, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Не очекуваме на Рускоска и Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ

Не очекувавме на Вилма Рускоска и Добрила Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не и се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот.Вилма Рускоска молчи за изјавата дека се дадени 300 илјади евра на Рашкоски и Заев, за 6-те милиони евра изнуда на братот на судијката Димишкова, за туцето пари на Ден Дончев, за тоа како луѓе од власта нарачуваат палење на автомобили и други случаи. Нема потреба од нови амнестии за Заев, обвинителството го прави тоа за него.Очигледно Вилма Рускоска и Добрила Кацарска освен тоа што не реагираат за криминалот во државата, се чини дека стануваат и адвокати на Зоран Заев.Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната  улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името „Вилма“ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев.Во однос на спотот сите совпаѓања со спотот на ВМРО-ДПМНЕ се случајни, освен оние кои не се!А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа  ќе се реформира по 15 јули.фото: Архива  

Слајдер | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде не го пишува во договорот

Синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „360 степени“ при што посочи дека ултиматумите ќе потсетуваат на предавството и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ. И тука нема апсолутно никаква дилема.„Никаде не пишува да се променат сведителствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени сведителствата, кога ние се уште не сме го отвориле поглавјето“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека студенти кои што завршуваат и дипломираат и на диплома на која им пишува Република Македонија, и пак го продолжуваат своето образование во врвните универзитети по светот, и никој не им прави проблем ако пишува на дипломите Република Македонија.„Јас сум сигурен во ова што ви го зборувам,  јас можам и примери да ви ускажам. Има студенти кои студираат без проблем во Франција - Париз, во Швајцарија. Ние имаме дипломци кои по светот студираат со дипломи на кои пишува Република Македонија. Немојте да мислите дека оваа административна пречка го натерала Зоран Заев. Не, затоа што тие кога имаа слабост во сите области корупција, криминал, немање реформи, лоша економија, буквално катастрофа во се, единствено најлесно што останува е вратоврската  и да потпишете една ваква капитулација“, нагласи Мицкоски.             фото: Архива  

Слајдер | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години.Мицкоски истакна дека да се заблагодарува на сите кои од доцните осумдесети и раните деведесети години учествувале во создавањето на суверена и независна држава, фудбалска репрезентација, македонска армија, македонски банкноти.Исто така Мицкоски се заблагодари на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, на сите структури кои се двигател на партијата. Еден од најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ е исто така коалициониот партнер Љупчо Димовски кој со сите свои постапки покажа дека е ВМРО.Христијан Мицкоски потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.Изборот на овие избори е историски. Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава.ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци.ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни.На 15-ти јули уште во седум часот наутро ќе се наговести најголемата победа во историјата на Република Македонија. На 15-ти јули Сопиште ќе ја поддржи Гордана Силјаноска Давкова.Оваа апокалипса која што и се случува на Република Македонија мора да престане. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ја сопре оваа појава и да ја донесе обновата.Мицкоски истакна дека никогаш повеќе не смее да се дозволи државата да ја водат неразбрани политичари кои би се дрзнале на распродажба да стават национални интереси, само за сопствени придобивки.На 15-ти јули народот ќе го заокружи бројот 14 и ќе го победи Зоран Заев и СДСМ. Тука завршува нивната лажна приказна.Императивот на ВМРО-ДПМНЕ не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ, туку Македонија.СДСМ и Зоран Заев за три години не направија ништо од ветеното. Ниту автопати, ниту студентски домови, ниту 500 евра просечна плата, ниту пак ги вратија оние млади луѓе на кои им ги оставија чевлите пред Владата на Република Македонија.СДСМ лажеше за тажни судбини. Ги искористија на подол начин судбините на децата од Смилковско, на Јанушев, Кољо, Младенов.Лажеа за илјада работи, манипулираа со човечки животи. Но за сето тоа ќе има правда. Во првите шест месеци од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ правдата ќе биде безусловна, а толеранцијата сведена на нула. Таа правда ќе важи за секој подеднакво.ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне ветингот од сопствениот двор. Секој политичар ќе мора да докаже како го стекнал својот имот. Да се види кој чесно работел, а кој творел на грбот на народот.Независно за кој политичар се работи и дали е од една или друга политичка партија, правдата ќе важи за секој подеднакво. Без исклучок.Сето тоа е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Проект – Обнова. Испишани 360 страници на кои има над 1000 проекти. Во неа има 25% поголема просечна плата за еден мандат, 20% поголеми пензии за еден мандат, најмалку еден универзитет од првите 1000 во светот. Проекти со јасна методологија за народот да следи, а ВМРО-ДПМНЕ да даде отчет за сработеното.Оваа програма е напишана со врвни професионалци од сите сфери кои се дел од партијата, дел од структурите на партијата, некои и не се дел од партијата но се пријатели кои искрено сакаат да помогнат во обновата на Македонија.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да обезбеди сигурно здравство, а не да стравуваме за животите на нашите сограѓани поради несоодветен пристап. Здравството е еден од најважните темели на една држава.Мицкоски додаде дека во програмата е јасно кажано дека ВМРО-ДПМНЕ посакува НАТО и ЕУ интеграции, но никогаш под туѓ диктат и под уцена за распродажба на националните интереси.Факелот за Македонија ќе гори се додека не екне во полн сјај онака како што заслужува нашата татковина.Мицкоски беше дециден дека нема да дозволи ничив образ да биде оцрнет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи деноноќно за исполнување на сите ветени проекти од изборната програма.На 15-ти јули да се заокружи бројот 14 пред професорката Гордана Силјановска Давкова. Да се поддржи жената која е инспирација сама по себе.Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и тоа е неминовно.Да е вечно ВМРО-ДПМНЕ!Да е вечна Македонија!

Актуелно | пред 5 години

janusev-1

Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари

Игор Јанушев, носителот на листа на изборна единица 3 и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на општина Делчево каде што ја посети текстилната фабрика Витекс во Делчево.Јанушев посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање на нови високо платени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странски инвестиции, но и зголемување на извозот.Јанушев вели дека со проектот Обнова на Македонија се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип на државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање на таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара низ светот.Ја посетивме текстилната фабрика „Витекс“ во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на оваа гранка, кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси, вели Јанушев.

Актуелно | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на сите политичари, ќе почнеме од мојот па се до последниот во земјава

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија. Мицкоски истакна дека 15 јули е шанса  граѓаните да си ја вратат  државата на правите патеки со глас за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ и да се направат проекти за секој граѓанин од програмата „Обнова“.- Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност,  верска определба или политичка неопределба.  15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци  кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме, истакна Мицкоски.Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе   и да го  почитуваат уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека  мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи  како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен посочи Мицкоски.- За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бодат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток . А ја велам еве почнете од мене , јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата влада соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил . дали имало нешто алашвериш . Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го  крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното појасни Мицкоски.Мицкоски кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со своите експерти и во соработка со граѓаните и нивните идеи има програма кога нуди 1.000 проекти кои ветуваат 25 % просечни плати, 20 % поголеми пензии во еден мандат, 640 милиони субвенции за земјоделците, унапредено образование со најмалку еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа, најнизок данок од 8 % , 1.000 км нови патишта и т.н. Мицкоски увери дека во обновата има политики и проекти буквално за секој граѓанин.- Предвидовме минимум 25 % повисоки  просечни плати за еден мандат со јасна методологија и јасен алгоритам како а не гола  реторика и филозофија. Таму во програмата  предвидовме до 20 % поголеми пензии во еден мандат, предвидевме 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците, таму предвидовме најмалку 1 универзитет во првите 1.000 според листата на Шангај а сега немаме ни во првите 2.000. Предвидовме најнизок данок за работодавачите од 8 % во Европа, предвидовме 0 данок за луѓето до 29 години.  Најмалку 1.000 км нови реконструирани локани и регионални патни правци. Предвидовме во нашата преодна стратегија 18 % ДДВ за угостителите до крај на 2021  на го намалиме на 10 %. Предвидовме ослободување од онаа симболична помош за месеците април и мај и продолжување на истата до август. Има 1.000 проекти и политики буквално за секого рече Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 15 јули  да излезат во што поголем број  и  препорача  да се почитуваат сите здравствени препораки пропишани за денот на гласањето и да го заокружат бројот 14 за држава спротивна од таа што на нуди Заев а тоа е понижена , држава на  лаги криминал и корупција туку за Македонија горда, достоинствена и економски просперитетна.- На 15 јули рано наутро од 7 часот да се заштитиме најпрво а потоа рамо до рамо еден по еден да излеземе и  да го заокружиме реден број 14 бројот пред името на маестро Дурловски бројот што ќе донесе историска најголема победа за коалицијата „За Обнова на Македонија“ која што ја предводи ВМРО- ДПМНЕ. Јас ве повикувам на 15 јули тоа да го сторите масовно. За онаа втората не онаа понижената, излажаната, омаловажената Македонија туку онаа втората горда, достоинствена чесна, честита каква што е Македонија земја на домаќини, домаќинки чесни, верни луѓе, не Македонија на  неранимајковци, луѓе кои што не ја говорат вистината, истакна Мицкоски.

пред 5 години

siljanoska

Силјановска Давкова: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.„Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки“, рече Силјановска.Професорката објасни дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.„Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а  јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус. Незнаење и на јазичната политика на ЕУ дека само во Европскиот парламент има јазичен мултилингвизам, дури и во Судот за правдата францускиот е службен, во Европската банка англискиот е службен, значи дури по завршување на преговорите кога ќе се соочиме со регулативата од 1958 година тогаш ќе стане официјален“, објасни професор Силјановска.Според Силјановска „нема крај на радоста по не знам кој пат се радуваме“, рече таа и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за датум на преговори“.„Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер“,  рече Силјановска.Она што ме  загрижува, рече Силјановска, и посочи на Коѕијас кога во еден документ вели дека Грција се води од националните интереси, а не од евроинтеграциските аспирации на соседот. Се надевам работите во од, ќе добијат друга димензија, кажа Силјановска. 

пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Земете си ги подароците бидејќи тие се купени со ваши пари, а потоа завртете им го грбот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во рамките на кампањата „За обнова на Македонија“ се обрати пред жителите Македонски Брод.Тој им сугерираше да не потклекнуваат и да не им веруваат на подароците од власта што ги добиваат пред изборите со лага дека се работи за помош.„Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот“, порача Мицкоски.Пред присутните нагласи дека неговата партија има читанка (како што ја наречена изборната програма), од 360 страници, со план како да се зголемат платите за минимум 25 проценти од просечната во рок од еден мандат.„Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија“, повика во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1482053268665055/

Слајдер | пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Пласница: Точно знаеме како до 25 % повисока просечна плата во еден мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Пласница порача дека ова не се обични избори, ова се избори во кои многу внимателно треба да заокружиме за онаа коалиција која ќе ни гарантира и ќе не убеди каква иднина сакаме да имаме, во каква држава сакаме да живееме. Амбиентот во кои се случуваат овие избори е многу поразличен од вообичаениот амбиент кога се случуваат парламентарните избори. За мене не постои дилема туку на 15 рано наутро ќе излезам и ќе заокружам пред редниот број 14 затоа што се одлучува за иднината на мојата земја за иднината на моите два сина но се одлучува и за иднината на мојот народ на сите кои живеат во оваа наша преубава татковина Македонија.Убеден сум во овие 360 страници наречени проект Обнова кои се внимателно направени. Главен приоритет во нашата програма е економијата јас сум апсолутно свесен секаде каде ќе поминете низ Македонија луѓето ќе видат политичар прво што им доаѓа на памет е дека Сега овој дојде да лаже да го подржиме и после да краде. Така завршуваат сите разговори во Македонија затоа што 30 години тонеме во ова политичко мочуриште кое за жал генерации политичари не го убедија нашиот народ да го убедиме во спротивното. Јас сум убеден дека по 15 јули и овие што не веруваат во тоа ќе се убедат дека можело поразлично, дека има политичари кои стојат до зборот. По 15 јули политичарите ќе ги слушаат граѓаните а потоа преку проекти ќе ги решаваат проблемите. Политичарите се ништо повеќе од обични чиновници платени со народни пари. Заврши времето кога политичарите се елита во државата, истакна Мицкоски.Христијан Мицкоски заклучи дека овие последни 3 години се најлоши. Не ги амнестираме ни грешките што во претходните влади ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше многу добри работи. Но ние учевме од нашите грешки. Внимателно го слушав секој еден од вас внимателно слушав што ме мачи што ве тишти и кога ќе ја добијам можноста да не ги повторувам тие грешки. Од тие грешки да извлечам поука и да се корегирам како претседател и да ги поучам луѓето што ќе бидат во парламентот и што ќе вршат одредени функции да не ги повторуваат истите тие грешки. Учевме овие 30 месеци, не беше лесно имаше многу критика но како велат критика од татко мајка брат сестра не боли туку те прави посилен.Тука пред вас ви велам дека овие 4 години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат. Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Во април оваа година просечната плата е 25.800 денари. Во мај 2017 година пред точно 3 години кога ја преземаа владата просечната палта беше 22.800 денари. Со сиот интервенционизам со целата репресија што ја прават врз работниците и работодавачите успеаа само 3000 денари да ја зголемат просечната плата. Да ве потсетам претходната вада од 12.000 денари просечната плата ја зголеми на 22.800 денари и тоа без владин интервенционизам туку со раст на продуктивноста и извозот, вети Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Сега ќе го видите Заев како ја става раката на срцето и ќе ви вети 34.000 денари, а заборавил претходно што ветувал. Него му требаа 3 години за да ја зголеми платата за 3.000 денари, а сега за 4 години мандат ќе ја зголемеле за 9.000 денари. Ете тоа ќе биде новото ветување на Заев. Но убеден сум во мудроста на граѓаните. После 10 години за прв пат не може да излезете Европа зошто ни ја затвори границата поради пандемијата. Од пред некој ден не можеме да ја напуштиме државата. Нема безвизен режим сето тоа било попусто поради неспособноста на овие политички измамници ние денес сме на дното на Европа, предупреди Мицкоски.Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем. Коа ја составувавме програмата во здравството со академик Кедев и доцент доктор Николов многу време посветивме како таа да изгледа. Заедно со професор Силјановска, Каракамишева, Спасеновски, Климовски, и со професор Славески, Андреевски, Лазаров со многу претставници на реалниот сектор. Како да имаме универзитет во првите 1000 во светот. Ние чуда не ветуваме не сме волшебници тоа е невозможно, им се обрати Мицкоски на жителите на од Општина Пласница.Маестро Дурловски е човек кој е сакан дома а почитуван надвор од Македонија. Пред неговите изведби без зборови останува публиката во западно европските земји Америка, Канада, Австралија. Човек што си ја љуби Македонија. Кој си ги почитува соседите, граѓаните. Затоа заокружете го бројот 14, истакна Мицкоски.  

Слајдер | пред 5 години

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат

Со СДСМ и Константин Георгиески селото Лескоец остана без инвестиции и ветените проекти. Безобразно е Георгиески да лаже дека извршиле комплетна реконструкција на Домот на култура во Лескоец кога сите знаат дека тоа беше проект од претходната локална власт преддводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.Тоа е лесно проверливо и може да го види Георгиески во потпишаниот договор за рекоснтрукција на Домот за култура во МЗ Лескоец.Зошто не се донесе отпочнатиот урбанистички план за Лескоец според кој ќе се овозможеше издавање на одобрение за изградба на спортската сала?Средствата Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше обезбедено, а сегашната власт веднаш ги пренамени истите во други цели.За ваша информација и локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Лескоец инвестираа над 2 милиона евра во инфраструктурни проекти.СДСМ за Лескоец знесе најповеќе лаги, а ветените проекти останаа нереалзирани.СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат одговорно и посветено за потребите на граѓаните.Со Обновата доаѓаат и проектите во Лескоец, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Актуелно | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања