Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВРЕДИ

taravari-vredi-koalicija-h

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност, го враќаме достоинството на Албанците кои не се декор во оваа држава

Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ се пофали дека со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историската рана, со што ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува. Но, времето на неправдата завршува. Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение велат дека ова не е политички чин, туку чин на правда.„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од ВРЕДИ.Нагласуваат дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_5383

Пратеничката Мимоза Муса го напушти Таравари

И Мимоза Муса, пратеничка од Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата ВРЕДИ. Ова значи дека Таравари останува со што останува без уште еден пратеник.,,Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса”, напиша Муса.Таа ветува дека нема да ја изневери довербата од гласачите.,,Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму”, вели Муса.ВРЕДИ и даде целосна поддршка на пратеничката Мимоза Муса, кој, велат, покажала висок политички и институционален интегритет во чувствителен период.

Македонија | пред 8 месеци

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 9 месеци

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари претставува разочарување за секој Албанец кој гласал со надеж за промена. Меџити порача дека коалицијата Влен ќе продолжи со борбата за промени и ги повика сите активисти, поддржувачи и гласачи кои се чувствуваат изневерени и изоставени да им се придружат.Од друга страна, Арбен Таравари синоќа по состанокот во Тетово соопшти дека неговата партија ја напушта Владата и преминува во опозиција. Тој изјави дека, иако лани ја донеле промената во албанскиот политички блок по две децении, промените кои граѓаните ги очекувале не биле реализирани, поради што тие секојдневно се соочувале со критики.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-ahmeti

Ахмети: Чекорот на Таравари е храбар, разбра дека оваа Влада е антиалбанска

„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: 'јас не сум роден во влада', и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

Меџити и Таравари ја растурија „калимерата“, а и коалицијата

Коалицијата Вреди смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, рече претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција. Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, се самоисклучил. Вели дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.„Јасно е дека преговорите имале за цел разединување на коалицијата 'Вреди' и враќање од клиничка смрт на ДУИ. Колкава била цената на оваа операција и дали вредело сето тоа, ќе се дознае многу брзо“ рече Меџити.На ова врати Арбен Таравари.„За жал, знаев дека и овој момент ќе биде вклучен во долгата серија што започна. Предлагам сите да се фокусираат на заедничката мисија на благосостојбата на општеството. Тоа не значи дека тргнуваме по различни патишта и одеднаш стануваме непожелни. Заморната политика на обвинувања и озборувања е стара и повеќе не држи вода. Среќен сум и благодарен за секоја личност или партија со која сме соработувале. Сакам да ги зачувам овие добри чувства и нема да станам плен на провокациите на оние кои сакаат политички спектакл“, вели Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-11.45.10

Изет Меџити: Барам Таравари да ги прекине преговорите со ДУИ, не може и со нив и со Вреди

Првиот заменик претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити смета дека спојувањето на четирите албански политички партии не е нова идеја. Тој е дециден дека Арбен Таравари, бил информиран за ова. Истовремено, посочува дека спојувањето на партиите во Вреди се случува за целиот минат период.„Таравари е информиран за ова. Идејата за спојување на Вреди е од почеток. Чекавме соодветен момент за усогласување на структурите, идеите, програмите, за Вреди да стане еден субјект. Овој процес на спојување, делумно, го почнавме лани. Ние имаме кадровска комисија која се составува од Таравари и сите три други субјекти. Исто така организирањето на ПР е заедничко - значи дека е почнато спојувањето на Вреди. Но ако Таравари мисли дека може да има две опции за да се излезе со јасна визија, ние мислиме дека е време да одиме кон унифицирање, кон градење на Вреди како еден субјект. Добивме 107.000 гласови“, рече Таравари.Тој порача: „Јас Таравари го гледам како дел од Вреди, само барам да ги прекине преговорите со ДУИ. Нема смисла преговори со ДУИ и дел од Вреди. Изјавите дека ако не се договори со Вреди, дека ќе оди сам, а некаде ќе соработува со ДУИ, некаде со Вреди - тоа го нема во политичката теорија, а не пак во пракса. Тоа значи пример во Сарај ќе се тепаме, во друга општина да барам од членството да го поддржат Таравари“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-07-at-13.20.08

Таравари: Не сме добиле понуда од Вреди да се споиме во една партија, ако они одлучиме им го даваме името да го користат

Арбен Таравари, кој води дел од Алијансата на Албанците, вели дека не добил понуда од другите партии за да се спојат во еден политички субјект.„Јас немам информација, последен пат кога сме зборувале за ваква тема е јули или август минатата година. Ми се допаѓа идејата дека се угласиле, супер е тоа. Нас ни се допаѓа таа идеја. Нека продолжат што побрзо да се спојат, ние како Алијанса на Албанците не сме добиле ваква понуда. Ние имаме пет пратеници, ако се договориме тука сме да разговараме за такви теми. Јас се радувам кога 2-3-4 партии се спојуваат“, рече Таравари.Прашан дали преговарале со ДУИ, тој негираше.„Ние досега не сме имаме понуда од Вреди да бидеме една партија, ако имаме тоа ќе го разгледаме. Но и ако одлучиле досега, ние името им го даваме нека се викаат Вреди“, додаде Таравари.Според него, од Вреди добил ултиматум а не можност да разговараат. Тие му рекле дека тие четири партии одат во еден субјект, тој ако прифати ќе биде добро, ако не - ништо.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-9-vlada

Ниту Таравари заминува, ниту Димитриевски доаѓа: Реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да има реконструкција на Владата пред локалните избори. Ова доаѓа откако дел од медиумите објавија дека Максим Димитриевски се подготвува да биде нов министер за одбрана.Ова би значело дека и Арбен Таравари останува министер за здравство, наспроти информациите во јавноста дека тој ќе замине од функцијата.Претходно на ова прашање одговараше Изет Меџити од Вреди, кој рече дека реконструкција на Владата е возможна, но не е планирана.

Македонија | пред 10 месеци

izet-m

Изет Меџити: Таравари гледа можност за соработка со ДУИ, треба да си ги расчисти дилемите, ама соработка со нив не е природна

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е претседател на партијата Демократско движење, која е дел од Вреди, рече дека само Арбен Таравари размислува за соработка со ДУИ, но не и останатите коалициони партнери.„Односите се добри, комуницираме. Сите треба да имаат во предвид дека Вреди е коалиција која победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Работиме таа да се тера до крај и да го почувствуваат граѓаните. Вреди продолжува понатаму за сите сплотени политички субјекти да се претопат во Вреди како опција која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Сите ние немаме дилеми, единствениот кој има дилеми и кој гледа можност за соработка со ДУИ е господинот Таравари. Но мислам дека Вреди ги доби 107.000 гласови како контра-ДУИ. Таравари треба да си расчисти со дилемите. Ама Вреди и соработка со ДУИ - не е природно“, рече Изет Меџити.Тој рече дека Вреди ќе има еден кандидат, еден штаб, една листа на претстојните избори.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-vredi-koalicija

Пука ли ВРЕДИ по изборни шавови

Дали престојните локални избори и апетитите за поголем дел од изборниот колач, ги раскара партнерите во владината коалиција ВРЕДИ?Изјавите на лидерот на Алијансата на Aлбанците и министер за здравство, Арбен Таравари, дека е во комуникација со ДУИ, ги налути партнерите од ВРЕДИ.Демократското движење демантираше дека има каква било комуникација со ДУИ. Од партијата на Изет Меџити, преку соопштение оценуваат дека како партија и понатаму ќе бидат дел од ВРЕДИ.„Демократското движење нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција”, децидни се од Демократско движење.И Алтернатива демантира дека има комуникација со ДУИ.Движењето Беса негира дека нејзиниот лидер Биљал Касами комуницирал со Демократската унија за интеграција и Али Ахмети.Таравари предложил самостоен настап на секоја од четирите партии на советничките листи, а заеднички кандидати за градоначалници, што не било прифатливо за партнерите во коалицијата.Веста дека Таравари има проблем во коалицијата, како и дека сакал да ја напушти кружи во јавноста изминативе денови. Истовремено, тој демантираше и рече дека останува на функцијата и во Влада.

Македонија | пред 10 месеци

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 1 година

stekli-pukanje

Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато, вели ВРЕДИ

„Помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици. Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато“, вели ВРЕДИ и додава:Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат.Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата ВЛЕН и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата.И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија.Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност.Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции.ВЛЕН е гаранција за стабилност и безбедност. ВЛЕН е иднината на Албанците.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

„Вреди“ за Костадинов: Тој е маргинален проруски политичар во Бугарија

И „Вреди“ ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој напиша дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.,,Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од ВРЕДИ.За нив Костадинов е маргинален проруски политичар од Бугарија.,,Коалицијата Вреди во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања