„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вреди

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Во Собранието пристигнаа предлогот за новите министри од Коалицијата Вреди, информираа од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.Новите министри треба да дојдат на местото на сега избраните градоначалници, Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртезани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.За седницата за избор на нови министри нема пропишан рок во деловникот.Дали ќе има промена во ресорот здравство но и во други министерства ќе се знае по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.

Македонија | пред 3 седмици

bekim-sali-31

ВРЕДИ ја финализира листата: Сали за прв вицепремиер и евроинтеграции, Хоџа во животна средина, Бакиу во здравство

По неколкунеделни интензивни разговори, коалицијата ВРЕДИ ја усогласи листата на функционери што ќе му ја предложи на премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите позиции во Владата. Според извори од партијата, кадровските решенија се договорени и се чека финалната потврда од Мицкоски.Беким Сали е предвиден да ја преземе функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Мухамед Хоџа ќе го води ресорот животна средина, додека Башким Бакиу треба да стане нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.Алиу, пак, по заминувањето од Министерството за здравство треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.Дополнително, Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел.Промените стануваат потребни по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, со што неговите дотогашни функции останаа празни.Доколку премиерот ги одобри предложените имиња, очекувањата се дека до крајот на неделата документите ќе бидат доставени во Собранието и ќе започне постапката за избор на новите министри.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВРЕДИ без нови ресори: Еден човек ќе биде и вицепремиер и министер, потврди Мицкоски

По заминувањето на Изет Меџити од Владата и преземањето на градоначалничката функција во Чаир, премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да има проширување на владиниот состав и дека ресорите под ВРЕДИ ќе останат непроменети.Тој нагласи дека не се планира отворање нови министерства ниту ангажирање дополнителни функционери, туку дека исто лице ќе ги извршува двете функции – вицепремиер и министер.„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер“, рече Мицкоски.Премиерот додаде дека одлуките се веќе договорени во рамки на владејачката коалиција.„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, изјави тој.Во однос на кадровските решенија, Мицкоски посочи дека очекува имињата да ги достави во понеделник, откако ќе биде донесена конечната одлука, додавајќи дека станува збор за личности чии имиња веќе кружат во јавноста.

Македонија | пред 4 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: ДУИ го газеа европскиот пат со промена на КЗ отворајќи пат за враќање на Груевски и ослободување на Мијалков

ВРЕДИ одговори на прес конференцијата на ДУИ.„Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми се разбудија од зимски сон за да го изразат својот наводен загрижен став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков”, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик...Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Македонија | пред 1 месец

media-library84h253pgngf1duV5Mie

Претеничката Салиу тврди:Беким Сали наскоро ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија

Пратеничката Имерлије Салиу од коалициската ВРЕДИ, на социјалните мрежи напиша дека премиер на Албанците во Македонија.,,Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија”, напиша Салиу објавувајќи заедничка слика.За Сали, портпаролот на ВРЕДИ изјави дека тој ќе биде новиот прв вицепремиер кој доаѓа на местото на Изет Меџити кој е избран за градоначалник на Чаир.ВРЕДИ не ја исклучија можноста и за министерството за животна средина да номинираат друг кандидат.Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека има добро мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека Влен ќе добие два ресора.Сали е актуелен пратеник и поранешен министер за здравство во периодот од јануари 2022 до февруари 2023 година.

Македонија | пред 1 месец

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Заврши ерата на ДУИ?

Коалицијата ВРЕДИ по завршувањето на вториот круг од локалните избори соопшти дека резултатите претставуваат „јасна пресуда на народот“ против, како што наведуваат, оние кои 23 години го држеле албанскиот народ како заложник на лаги и измами.„Изборите што ги нарекоа ‘референдум’ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од коалицијата.Од ВРЕДИ истакнуваат дека двата изборни круга потврдиле драматична промена во албанското гласачко тело и „пад на ДУИ од политичката карта на Северна Македонија“.„По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВРЕДИ, туку слободниот глас на Албанците“, се наведува во соопштението.Во првиот круг, коалицијата освои победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, додека во вториот круг триумфирала во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.„Овие победи не се случајност, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата“, нагласуваат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение се наведува дека Албанците јасно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува, истакнувајќи дека ова гласање означува крај на една ера и почеток на „нова визија за албанската политика“.„ВРЕДИ го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците, бидејќи Албанците веќе проговорија“, стои во завршниот дел од реакцијата.

Македонија | пред 1 месец

bujar-osmani

„Бујар Османи е 20 години на функции без проекти за Чаир“ - Вреди порачува, „Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава“

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.Во него се додава дека Османи не придонел ниту за други албански општини. „Фактите се јасни: беше осомничен во предметот ‘Пациент’ и доби амнестија за незаконски набавки. Треба да одговори кому му должи за таа амнестија. Како министер за здравство има повеќе негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконско трошење милионски суми. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без соодветна документација, а заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во земјава,“ наведува „Вреди“.Во соопштението се истакнува дека Чаир не заслужува кандидат кој две децении живее од политички функции, без работа за граѓаните. „На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава, а не политичар кој се појавува само за да си ја пополни биографијата. Османи нека објасни зошто, иако целата своја кариера бил министер, не обезбеди ниту еден проект за албанските општини и не придонесе за изградба на улици, булевари, градинки или училишта во Чаир и западниот дел на државата,“ се вели во реакцијата.

Скопје | пред 4 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност, го враќаме достоинството на Албанците кои не се декор во оваа држава

Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ се пофали дека со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историската рана, со што ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува. Но, времето на неправдата завршува. Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение велат дека ова не е политички чин, туку чин на правда.„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од ВРЕДИ.Нагласуваат дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5383

Пратеничката Мимоза Муса го напушти Таравари

И Мимоза Муса, пратеничка од Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата ВРЕДИ. Ова значи дека Таравари останува со што останува без уште еден пратеник.,,Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса”, напиша Муса.Таа ветува дека нема да ја изневери довербата од гласачите.,,Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму”, вели Муса.ВРЕДИ и даде целосна поддршка на пратеничката Мимоза Муса, кој, велат, покажала висок политички и институционален интегритет во чувствителен период.

Македонија | пред 7 месеци

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 7 месеци

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари претставува разочарување за секој Албанец кој гласал со надеж за промена. Меџити порача дека коалицијата Влен ќе продолжи со борбата за промени и ги повика сите активисти, поддржувачи и гласачи кои се чувствуваат изневерени и изоставени да им се придружат.Од друга страна, Арбен Таравари синоќа по состанокот во Тетово соопшти дека неговата партија ја напушта Владата и преминува во опозиција. Тој изјави дека, иако лани ја донеле промената во албанскиот политички блок по две децении, промените кои граѓаните ги очекувале не биле реализирани, поради што тие секојдневно се соочувале со критики.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања