Промени тема
Контакт

ВРЕДИ до ДУИ: Првото нешто што треба да го направи овој „СПАК“ е да побара екстрадиција на Артан Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
grubi-41

ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“ (Албанско специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја „откриле Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

Според коалицијата Вреди, корупцијата има познати лица како што се Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во Фондот за здравствдно осигурување (ФЗО), Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и „многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи“, се наведува во соопштението на Вреди.

— реклама —

Вреди, се потенцира во соопштението, го поздравува овој „СПАК“ на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња.

— реклама —

„Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ. Ако овој ‘СПАК’ е сериозен, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи. Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „”СПАК за фејсбук’, а не за правда“, велат од коалицијата Вреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Македонија | пред 1 седмица

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 1 седмица

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Груби останува во куќен притвор под надзор, продолжена истата мерка по барање на обвинител

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања